Просечната нето-плата во државата за две години е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти, истакна денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Според него, официјалните податоци покажуваат дека просечната нето-плата во март 2024 година изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. Стојаноски посочи дека во истиот период растот на цените изнесувал 7,8 проценти, а по ...

Влијателната агенција Блумберг го објави попладнево целосниот нацрт на договорот меѓу САД и Иран, со што овој документ повеќе не е само неофицијално „испитување на теренот“. Текстот од 14 точки што го објави Блумберг е целосно, збор по збор, идентичен со нацртот што вчера ексклузивно го објави арапската телевизија Ал Арабија. Оваа потврда од врвот на западното финансиско и политичко новинарство ги отстранува сите сомнежи за автентичноста на ...

Во Битола се одржа традиционалниот марш „Вистинска парада на гордоста“ кој според организаторите е контра марш на манифестацијата Парада на гордоста што се одржа во Скопје. Според Игор Петковски, претставник на организаторот, секој има право на свое мислење, без да навредува и шири омраза. -Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонатано и е одговор на контра парадата што се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме ...

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија. Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели, јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените ...

Во обраќање полно со лаги и навреди, бугарската европратеничка Рада Лајкова пред европските институции го почна говорот со палењето на дипломатските возила пред бугарската амбасада во Скопје и упати барање до Европската Унија за заштита на правата на Бугарите во Македонија. Таа обвини дека за време на инцидентот биле присутни полициски службеници кои не интервенирале, што, според неа, му овозможило на сторителот непречено да го изврши делото. ...

Премиерот Христијан Мицкоски, пред медиумите изјави дека очекува реорганизацијата на владата да биде формализирана до крајот на месецот, додавајќи дека очекува новите имиња ќе бидат во Собранието најдоцна до 1 јули. Мицкоски зборуваше и за вчерашната средба со двајцата копретседатели на ВЛЕН, Меџити и Касами, кој рече дека средбата се одржала во добра атмосфера, додавајќи дека било разговарано и за промена на некои министерства, но без да ...

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и ...

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го совлада Косово со 3-0 во сетови. Ова беше трет триумф за македонските одбојкари во петтиот меч од Европската лига. Нашите одбојкари одиграа доминантен натпревар и уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра, не дозволувајќи му на домаќинот да се надева на позитивен резултат. Македонија започна моќно и експресно го реши првиот сет во своја корист. Домаќинот беше оставен на минимални ...

Шеиците брзо ги исклучија телевизорите во Катар за да заборават побргу што се случи, а во Канада започна славје како да е државен празник. Победата од 6-0 во второто коло од Групата Б беше нарушена само од сериозната повреда на Исмаел Коне. Канада се покажа во неспоредливо подобро светло отколку во првото коло, додека Катар целосно го разочара Ѓулен Лопетеги, а натпреварот дури заврши со двајца играчи помалку. Канада напаѓаше од првиот до ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Историската публикација „Придонесот на Македонцја во светската цивилизација“ (2004). чии автори се: покојниот академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград и Славе Николовски-Катин од Скопје, е преведена и на англиски јазик со наслов „Macedonia in Ancient Times“ (2010) (Македонија во античкиот период), во превод на Ристо Стефов од Торонто. Тоа е издание на „Македонска искра“, Скопје, во 2010 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на самитот на Г7 во Евијан, Франција, изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава и дека ќе се сретне повторно денеска попладне. „Видете, Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото и Украина. Минатиот месец, тие изгубија 35.000 војници меѓу нив; тоа е на месечна основа. Просечно имаат по 25.000 луѓе, ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ги продолжува политиките на поранешното раководство на партијата во однос на односите со Бугарија. Според Петрушевски, додека СДСМ била на власт, тогашното раководство предводено од Зоран Заев и Венко Филипче прифатило решенија кои, како што рече, не биле во согласност со националните ...

Предвремени избори официјално не се планираат, но темата веќе ја размрда политичката сцена. Додека власта зборува за реконструкција на Владата, партиите пресметуваат кому би му одговарало ново гласање напролет, а кому само му служи како притисок. Прво реконструкција, па можеби предвремени парламентарни избори. Или обратно: најава за предвремени парламентарни избори како обид да се изврши притисок пред реконструкцијата. Затоа и најавите од ...

Во врска со процесот за најавената реконструкција на Владата, во текот на денешниот и утрешниот ден предвидени се средби со политичките партии ЗНАМ и Влен, брифираат од Владата. Сепак, оттаму нагласуваат дека разговорите во моментов се во рана фаза и претставуваат чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап поради што не соопштуваат дополнителни кадровски детали. Единствено велат дека јавноста ќе биде целосно информирана штом се ...

Патниците што ја користат железницата од Скопје кон Велес, Битола и Гевгелија од понеделник ќе останат без редовен превоз, поради завршните градежни работи за проектот „Градски воз“. Од 22 јуни до 1 јули привремено ќе бидат укинати патничките возови што сообраќаат на јужниот железнички правец, информира Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура. Работите ќе се изведуваат на пругата Скопје – Велес, поточно на делницата од Железничката станица ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го потврди првиот регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија. Станува збор за македонски државјанин кој се заразил за време на престој на Малдиви, каде најверојатно бил каснат од инфициран комарец. Според информациите од ИЈЗ, лицето престојувало на Малдивите во периодот од 20 до 28 мај. Првите симптоми се појавиле уште за време на патувањето и вклучувале треска, болки во мускулите и ...

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е уапсен во голема акција на Обвинителството, МВР и Финансиската полиција. Долгогодишната истрага открива сомнежи за огромна проневера на дури 2,4 милиони евра од буџетот на македонската Куќа на фудбалот. Заедно со Ѓорѓиоски е приведена и Олгица Младеновска, која работеше како раководител на секторот за финансии во фудбалската федерација. Истражните органи во овој голем финансиски ...

Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и можат да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова Чамова во врска со најавената блокада на три гранични премини на 21 јуни. Ваквите акции ќе бидат контрапродуктивни, не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес ...

Дијалогот меѓу Македонија и Бугарија мора да продолжи, но самите разговори нема да бидат доволни без конкретни политички чекори, порача известувачот на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц. По усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија, Вајц нагласи дека надминувањето на застојот бара политичка волја, спроведување на реформите и исполнување на преземените обврски во процесот на европска интеграција. Според него, Македонија ...

Млади лидери, претприемачи, претставници на институциите, академската заедница, технолошкиот сектор и македонската дијаспора вчера во Скопје дискутираа за иднината на Македонија во дигиталната ера, улогата на вештачката интелигенција и можностите за развој на младите таленти во рамките на настанот „Брејнс бионд бордерс: Млади, иновации и технологија“, организиран од Обединета македонска дијаспора (ОМД) преку младинската иницијатива „Џен Ем“, ...

Бугарската фондација „Македонија“ го откажа најавениот протест кој требаше да се одржи в недела на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија – Македонија – Ѓуешево-Деве Баир, Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село. Ова го потврди претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов, кој појасни дека одлуката е донесена по консултации и разговори со претставници на Министерството за надворешни работи на Бугарија и бугарскиот амбасадор ...

Почина Љупчо Грнчиштанов, долгогодишен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше меѓу обвинетите во главниот предмет за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство на Република Македонија, од каде што велат дека се известени за случајот и дека обвинетиот починал откако му се слошило дома. Оттаму додаваат дека Основното јавно ...

Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој на крајот заврши со победа на Англичаните, кои на тој начин направија голем чекор напред кон втората фаза од натпреварувањето. Хари Кејн ја доведе Англија во водство со гол во 12-тата минута. Лука Модриќ го фаулираше Нони Мадуеке во шеснаесетникот, а ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Едно од значајните мои публикации е, секако делото “Илинден 1903-2003 и македонските иселеници” (2003), „Македонска искра“, на 232 страници, на македонски јазик. Реценсенти на оваа публикација се д-р Вера Стојчевска – Антиќ и д-р Цане Мојановски. Таа е публикација со богат опус за македонекото исепеништво во светот. Ова дело кое е посветено на големиот Илинден, претставува ретко оригинално ...

Македонија блеска досега на Европското училишно првенство во баскет 3х3 што се одржува во Белград, Србија. Нашите натпреварувачи редат победи, а последната ја остварија над домаќинот Србија 1. Во еден супер драматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16. Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ...

Цените на гасот во Европа значително паднаа откако Иран и САД се согласија за текстот на меморандумот за разбирање за ставање крај на војната и најавија отворање на Ормутскиот теснец по потпишувањето на документот. Мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше за 43,55 евра попладне на холандската дигитална берза TTF, што е пад од 7,4 проценти во однос на крајот на минатата недела. Тоа беше и најниската цена од почетокот на мај. ...

Бугарската Фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини помеѓу Бугарија и Македонија. Блокадата, како што соопштија од Фондацијата, е координирана со Министерството за внатрешни работи на Бугарија и ќе трае два часа, од 11 до 13 часот. Целта на блокадата, како што посочуваат од Фондацијата во објава на Фејсбук, е на премиерот Христијан Мицкоски демонстративно да му се покаже дека не може да продолжи со ...

Европскиот парламент денеска, со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани го усвои Извештајот на известувачот Томас Вајц за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија. Амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше да се избрише ставот 73 од идната резолуција, беше отфрлен. 338 пратеници гласаа против бришењето на текстот, а само 126 го поддржаа неговото бришење. Ако амандманот беше усвоен, текстот немаше конкретно да го ...

Петок и сабота почнуваат преговорите на владините коалициски партнери околу раконструкцијата на владата . И денеска од Илинденска посочија дека очекуваат конструктивни разговори на кои ќе се дојде до решение и за испразнетите министерски места но и за евентуалните рокади Влада на Р.М: Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ . Сега не е време на предвремени избори туку се наоѓаме во втората ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53