Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни. Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип. -Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, ...
Настапот на Шакира на Светското првенство во Мексико предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многумина признаваат дека ги вратил спомените на незаборавната атмосфера од Мундијалот во 2010 година. View this post on Instagram A post shared by Bad Habit (@ourbadhabit) Колумбиската ѕвезда тогаш го одбележа шампионатот со хитот „Waka Waka (This Time for Africa)“, песна која и денес важи за една од најпрепознатливите фудбалски химни. Со ...
Соопштение на Левица: Со новиот правилник за снабдување со електрична енергија, РКЕ повторно отвора простор за незаконско фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка, односно паушални сметки, во случаи кога броилото не било отчитано, посочуваат од Левица во соопштение. Иако, Законот за енергетика е јасен, согласно член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само „ако не е извршено мерење на ...
Нова сцена на вандализам ги вознемири жителите на Карпош 4, откако група тинејџери вчеравечер насилно урнала канделабра во близина на фитнес-паркот во населбата. Случајот бил снимен и објавен во фејсбук-групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, по што следуваа бројни реакции од граѓаните. Во коментарите, дел од жителите претпоставуваат дека станува збор за деветтоодделенци од основното училиште „Петар Поп Арсов“, иако засега нема ...
Северна Македонија станува една од базите за производство на дезинформативни содржини и постои растечка опасност од манипулација со содржини со употреба на вештачка интелигенција и „deepfake“ технологии. Тоа се нагласува во анализата „Медиумско известување за справување со минатото“. Авторите предупредуваат дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со политички притисок врз медиумите, дезинформации и историски ревизионизам, а новинарите ...
Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“. Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од текстот е комплетиран, иако САД „постојано го менуваа ставот“. Тој рече дека Катар и ...
Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Американски Држави денеска пораснаа откога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин на тримесечната војна во која загинаа илјадници луѓе и која ...
АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што директно се заштитува буџетот на државната компанија за производство на електрична енергија – вели ...
Полицијата од албанскиот град Елбасан уапсила македонски државјани во чие комби возило открила еден килограм хероин, со кое илегално, преку зелениот појас ја минал македонско – албанската граница, каде го чекал албански државјанин. – Сомнителното возило, во кое патувале државјанинот од Република Македонија, Л. Г.(32) од Струга и албанскиот државјанин А. Б.(45) од Драч, било запрено за проверки на патниот правец Булќиза-Либражд. При контрола ...
Позитивните сигнали за можен мировен договор меѓу САД и Иран предизвикаа силна реакција на светските пазари, при што цените на нафтата се спуштија на најниско ниво во последните два месеци. Според „Ројтерс“, инвеститорите ги намалија стравувањата од натамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и можни прекини во снабдувањето со енергенси, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Техеран би можел да биде ...
Владата до Собранието достави нов Предлог-закон за оружјето со кој целосно се заменува постојниот закон што е во примена од 2005 година. Наместо нови измени и дополнувања, предлагачот се одлучил за целосно ново законско решение, образложувајќи дека досегашниот закон бил менуван 15 пати и повеќе не ги следи европските стандарди и современите безбедносни потреби. Според образложението, законот е усогласен со најновата европска директива за ...
Кинеското Министерство за државна безбедност соопшти дека странски разузнавачки служби користат морски животни опремени со сензори за собирање чувствителни информации во кинеските територијални води. Во објава на социјалните мрежи Министерството предупреди за употреба на „нови видови шпионска опрема“ за прибирање морски податоци што би можеле да имаат воено значење. Според соопштението, во кинески води биле забележани поголеми морски животни, ...
Aмериканскиот државен секретар Марко Рубио објави дека турнирот во мешани боречки вештини – Ultimate Fighting Championship (UFC/MMA) в недела по повод 250 годишнината од објавување на независноста на САД, ќе биде попривлечен за публика отколку драма на Шекспир. Рубио вели дека тој настан ќе го гледаат милијарда луѓе ширум светот. Ќе се одржи в недела кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе прослави 80-ти роденден. На јужниот тревник ...
Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека Постапките за јавна набавка за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...
Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир, се вели во соопштението од ДУИ. Од опозициската партија велат „Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две ...
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, повика на формирање на привремена влада за организирање на идните избори во земјата. Според него, Албанија е во длабока политичка и институционална криза, а довербата во изборниот процес е сериозно разнишана. Бериша ја даде својата изјава за време на конференцијата на Европската народна партија во Сараево, каде што изјави дека протестите што се одржуваат во земјата ...
СООПШТЕНИЕ НА СДСМ Мицковски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба, растечката сиромаштија. Нема област во земјата каде состојбата е добра, напротив, за само 2 години состојбата е од лоша – полоша. И допрва ќе се влошува. Народот живее полошо, со помалку пари, со празни паричници, ...
Кипарската црква издвои 2,8 милиони евра за поддршка на семејства со три и повеќе деца од родители кои склучиле црковни бракови и тие пари се издвојуваат во рамките на програма за обиди за решавање на проблемот со ниската стапка на наталитет. Мерката е за семејства со три или повеќе деца. Планирано е секое дете да добие 1.500 евра по крштевањето и 1.000 евра по запишувањето во основно училиште, средно училиште. Секое трето или следно дете ...
„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“ соопштија утринава од СДСМ. Од опозициската партија велат „Кризата со откупот се ...
Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. Станарите, разбудени од силен чад, полициски тропања и детонации што личеле на експлозии, панично ја напуштале зградата, пренесе4news. Причина: Според станарите, пожарот почнал од електрична инсталација на која претходно се работело Зградата е без електрична енергија; жителите стравуваат од подолга санација Како започнал ...
Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале на местото на несреќата, додека четири биле тешко повредени. Еден од повредените ...
Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 ...
Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата. „Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го номинира сојузниот обвинител Џеј Клејтон за нов директор на националното разузнавање на САД. Претседателот изрази високо почитување за неговиот профил во правната заедница и побара брза реакција од законодавната власт. „Малку луѓе во правната заедница се почитувани на нивото на Џеј. Го повикувам Сенатот на САД да го потврди изборот на Џеј што е можно поскоро“, напиша Трамп во објава на ...
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ги откажал воените напади против Иран планирани за вечерва, само неколку часа откако се закани со нови бомбардирања и изрази намера за преземање контрола врз островот Харг, главниот центар на иранската нафтена инфраструктура, пренесува Ројтерс. Американскиот претседател појасни дека одлуката за запирање на воената акција уследила по добиените гаранции од Техеран дека преговорите се подигнати на ...
Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град Тирана во досега најголемиот протест против изградбата на луксузен туристички комплекс зад кој стои зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пренесува Ел Џазира. Демонстрантите во средата носеа транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и извикуваа „Нова Албанија“ пред кабинетот на премиерот Еди Рама, додека колоната протестанти се протегала речиси еден ...
Белата куќа денеска пред новинарите ја претстави големата арена подигната во претседателскиот комплекс, на која в недела ќе се одржат ММА борби по повод 80-тиот роденден на Доналд Трамп. Претставниците на медиумите првпат добија пристап до масивната структура со висина од 28 метри – што ја надвишува и самата зграда на американското претседателство – која работниците ја градеа неколку недели на Јужниот тревник на Белата куќа. Во центарот на ...