Македонија е земја на чудата. Чудо е како функционираше ресорот за „добро владеење“. Арбен Фетаи си замина за Белгија со, вели ,,крената глава и чиста совест“, откако со месеци не се појави ниту на работа, ниту на владини седници. И зошто би доаѓал? Човекот својата мисија ја исполни, докажа дека најдобро се владее од кафеана и со добро мени. За само неколку месеци „интензивно работење“, вицепремиерот за добро владеење успеа да ни покаже ...

Мариус Борг Хојби, син на норвешката принцеза Мете-Марит, нема да биде пуштен од притвор за да ја посети својата болна мајка в болница, објавија тамошните медиуми, повикувајќи се на одлука на Апелацискиот суд. Известувањето доаѓа откако понискиот суд во Осло во понеделникот му дозволи на Хојби (29), кој е обвинет за силување, да биде пуштен на слобода. Обвинителите веднаш поднесоа жалба на одлуката. Тој се соочува со низа обвиненија, меѓу ...

Според податоците на УНХЦР, во текот на минатата година 5,4 милиони луѓе ги напуштиле своите домови, додека вкупниот број на бегалци и лица во слични ситуации достигна 41,6 милиони ширум светот, вклучувајќи и околу шест милиони палестински бегалци. Агенцијата наведе дека истовремено околу 14,7 милиони бегалци и внатрешно раселени лица се вратиле во своите домови, што претставува пораст од 50 отсто во однос на претходната година и еден од ...

Претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, би можело да донесе сериозни логистички и здравствени предизвици поради екстремните временски услови. Според најновите климатски студии презентирани во дебатниот магазин „Мундокаст“ на 4ТВ, дури 25% од натпреварите ќе се играат на температури повисоки од 26 степени Целзиусови, а голем дел ќе надминат и критични 28 степени. Кога САД последен пат беше домаќин ...

На 13 јуни на Викендот на гордоста, со почеток во 21:00 часот во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се изведе технобурлеската „Крадци на слики” (Technoburlesque – Image Snatchers) на словенечкиот колектив The Feminalz, реализирана со локална поддршка од Бучкуруж и копрограмирана заедно со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Колективот The Feminalz започнува да ја создава технобурлеската „Крадци на слики” ...

Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на загинатиот Андреј од ДНК во ,,Претрес со Ландов”, вели дека е благодарна за секоја поддршка од јавноста. ,,Од државата очекував многу повеќе, не мислам на финансиска помош. Од Владата и претседателката добивме само про-форма писма со сочувство. Треба општа свест и поука ваква трагедија да не се повтори и треба сплотување на јавноста”, вели сопругата на загинатиот Андреј. Прашањето дали колегите го забораваат ...

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно застанал во одбрана на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, откако пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за негова одговорност. Од опозициската партија велат дека со ваквиот потег Владата им свртела грб на македонските земјоделци, кои, според нив, со месеци барале оставка од министерот поради состојбите во секторот. „По директен ...

Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите. Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека планира да поднесе оставка во наредните три до четири месеци, а можеби и порано, отворајќи нови политички дилеми за иднината на власта во Србија. За можните термини за одржување вонредни избори, Вучиќ порача дека неговото заминување нема да биде изненадување за јавноста. „Не зборувам за скратување на мандатот, туку за поднесување оставка“, изјави Вучиќ. Како дополнителен сигнал дека ...

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град. Температурата низ државата се очекува да се ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност, но попладне и во текот на ноќта се очекува промена на временските услови со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и проследени со пообилни врнежи и појава на град. Метеоролозите ...

Турски државјанин е лишен од слобода поради сомнение за криумчарење на околу 177 квадратни метри кожен материјал, информираат од Министерството за внатрешни работи. Акцијата ја реализирал Мобилниот тим од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција. На 10 јуни, околу 16:15 часот, на подрачјето на СВР Куманово, при движење на патниот правец Куманово – Крива Паланка, полициските службеници запреле ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. ...

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите ...

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците спречи огната стихија да зафати куќи и викендички, потврдија локалните власти и претставниците на доброволните друштва. Огнот започнал во преквечерието во непосредна близина на населбата Плуждино, по што брзо се проширил кон населбата Кадидере, која ...

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип ...

Кабинетот на бугарската претседателка Илијана Јотова соопшти дека на денешната средба со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова посочила дека Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во ЕУ односно дека „мора да го спроведе францускиот предлог од 2022 година“. Според Јотова, „ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања“. – За да започне преговори, Скопје ...

На помалку од 24 часа до првиот натпревар на Светското првенство во фудбал главниот град на Мексико, Мексико Сити се соочува со бран на демонстрации. Илјадници незадоволни наставници најавуваат блокади на стадионот Астека каде ќе биде и отворањето на Мундијалот. Во меѓувреме дојде и до конфликт со полициските сили. На протестите им се приклучија и земјоделците, здравствените работници и мајки на исчезнати деца, сите бараат поголеми плати и ...

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип ...

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на неговата посета на американската воена база во заливот Гвантанамо ја предупреди владата на Куба дека би било неразумно да се набавува оружје што би можело да достигне до американска база или до копното. – Тоа би предизвикало конфликт што тие не само што не го сакаат, туку и не би можеле да го издржат, наведе Хегсет, додавајќи оти „ниту една земја во светот не може да се спореди со ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) донесе одлука за намалување на референтните цени на ХПВ-тестот и ликвидниот ПАП-тест – два важни теста за рано откривање на рак на грлото на матката. Според одлуката, која е веќе во сила, референтната цена на ХПВ-генотипизацијата се намалува од 5 500 на 3 310 денари, а партиципацијата за пациентките се намалува од 550 на 350 денари. Кај ликвид ПАП-цитологијата, цената се намалува од 2 200 на 1 250 ...

За речиси 24 часа од сега започнува Светското првенство во фудбал, кое првпат ќе се игра во три држави домаќини и ќе учествуваат рекорден број репрезентации – 48. Сепак, првпат во историјата на независна Македонија, јавниот сервис – МТВ нема да врши пренос од натпреварите. ТВ правата за овој пазар ги има обезбедено Арена спорт на српски Телеком, но преносот на натпреварите од Мундијалот ќе одат само на премиум каналите кои кај операторите се ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната безбедност. Тој, на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија, што се одржува во седиштето на НАТО во Брисел, ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема. Според него, издвојувањето за ...

Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите околу историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ. – Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време. -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени и реформи во образованието треба време, во краток период не може да се нрапават многу ...

САД денеска објавија нов пакет санкции насочени кон 11 поединци и правни лица поради поддршка на иранските воени програми. Санкционираните помагале во набавка на оружје за Иранската револуционерна гарда и за иранската армија, а нивните седишта се во Кина, Хонг Конг, Иран и во Белорусија. На списокот има девет поединци и компании со седиште во Кина и во Хонг Конг, кои и помагале на иранската армија да набави оружје. Санкционирана е и една ...

Предводникот на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите откри и дека челниците на Шкендија Тетово одбиле финансиска помош од ФФМ. Тетовци добиле понуда што ретко кој клуб би ја одбил во делот на опремувањето на стадионот кој се реновира веќе извесен период, но решиле да не ја прифатат од причини кои не ги навеле. „Ние имавме средба со луѓе од Шкендија на која тие одбија финансиска помош за стадионот од 700.000 ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
75%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
81%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
87%
1013
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
74%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54