Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Министерството за правда денеска соопшти дека е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради отсуство на претставниците на опозицискиот СДСМ, кои претходно најавија дека ќе ја бојкотираат работата на работната група ако власта не се откаже од укинувањето на техничката влада. Министерот за правда Игор Филков информира дека додека останатите политички партии и институции вклучени во процесот на ...
Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава – истакна денеска претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење, ...
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Според пријавата, во текот ...
Не би сакал воопшто да ја коментирам одлуката на судот во однос на основот и висината на казната, но морам да кажам дека обвинетиот Раде Трајковски во целиот тек на постапката тешко ја следеше расправата и затоа тешко се обезбедуваа докази кои одат во негова одбрана, изјави денеска бранителот на Раде Трајковски – Штекли, адвокат Александар Новаковски, по одлуката на Основниот кривичен суд – Скопје за казна затвор во траење од осум години за ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на масовен протест на 1 Мај, порачувајќи дека Меѓународниот ден на трудот не е ден за пикник, туку ден за работничка солидарност, гласен отпор и борба за повисоки плати, подобри услови за работа и поголема безбедност на работните места. На денешната прес-конференција во пресрет на 1 Мај, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и ...
Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите. Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одѕваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа ...
Работник од струшко е тешко повреден при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево. – На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од село Мороишта, струшко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, ...
Кралот Чарлс ја возвиши важноста на „специјалниот однос“ на Велика Британија со САД во говорот пред Конгресот, во кој се осврна на важноста на НАТО, одбраната на Украина и климатската криза. Во говорот што ќе се чита како прикриен апел до Доналд Трамп да се врати на традиционалните европски сојузи на САД и да ја врати улогата на неговата земја како бранител на либералните вредности, Чарлс рече: „Зборовите на Америка имаат тежина и значење, ...
Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога. Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана. „Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. Обвинетиот Стефан Китанов судот го осудува на затвор од пет години. Александар Бучевски го ...
Компанијата Мастербет продолжува со поддршката на младите спортски таленти и во промоција на врвните спортски вредности, преку поддршка на еден од најуспешните македонски кик-боксери од младата генерација – Силвио Мировски. Силвио Мировски веќе девет години активно се занимава со кик-бокс и важи за еден од најперспективните млади спортисти во Македонија. Настапува во категоријата до 71 килограм и зад себе има импресивни резултати на ...
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла. Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност. За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното постапување на МВР јасна е одговорност на ...
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, истакна на прес-конференција пртаеничка и потпретседателка на СДСМ Јована Тренчевска. Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ја урива оваа законска обврска на шверцерски ...
„Иран не може да се смири. Не знаат како да потпишат договор за ненуклеарно оружје. Подобро брзо да се вразумат!“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во нова објава на неговата социјална мрежа Truth Social со слика од себе како држи автоматска пушка. Над сликата пишува „Нема веќе Господин Добро момче“ со американското знаме. Објавата доаѓа откако тој им кажа на своите помошници да се подготват за продолжена блокада на Иран. На ...
Филипче и СДС повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. За ситни политички поени, Филипче и СДС го манипулираа народот и ги лажеа земјоделците. Лажеа дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани и дека европските пари паѓаат во вода. Поранешниот ...
Професорот Дарко Данев, по завршувањето на изборниот процес за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ѝ го честита реизборот на проф. д-р Биљана Ангелова, посакувајќи ѝ успешен мандат на чело на најстарата и најзначајна високообразовна институција во државата. Во својата реакција по изборите, Данев изрази очекување Ангелова во наредниот период да придонесе кон подобрување на функционирањето на Универзитетот, со фокус на ...
Во врска со случајот на врсничко насилство во Ѓорче Петров каде околу десетина девојчиња од основно училиште тепале, малтретирале и понижувале нивна соочуеничка порталот 24инфо.мк во разговор со роднини на деца кои учат во истото училиште дознаваат дека 12-годишното девојче малтреирано во паркот не било единствената жртва на оваа насилничка група, но истата била најмногу малтретирана. Девојчето кое на 30 март било злоставувано во паркот во ...
Денеска беа примени дојави за поставени бомби во средните училишта „Димитар Влахов“, СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје попознато како ПТТ и СУГС „Марија Кири – Склодовска“ попознато како Хемиско. Надлежните институции се на терен, по што учениците и вработените се евакуирани од објектите. Засега нема информации за повредени лица, а наставата е привремено прекината додека траат безбедносните проверки. Од Министерството за внатрешни работи ...
Поранешната советничка во Советот на Општина Битола од „Поинаку“ и кандидатка за градоначалник, Габриела Илиевска, во објава на социјалните мрежи укажува на сериозни пропусти во работењето на локалната самоуправа во Битола. – Поминаа неколку дена од театралното извинување на Тони за улицата кај „Уредот“. Поминаа и денови исполнети со силен ПР, со кој се обидува да го убеди јавноста дека ТРАНСФОРМАТОРОТ не е грешка. Наместо одговорност, ...
Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од почетокот на наредната недела, односно од понеделник, се очекува постепено стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви ...
Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 2,9 проценти за годинава, што е за 0,1 процентен поен пониско од претходната проекција. За 2027 и 2028 година се очекува раст од по 3 проценти. Во најновиот извештај на Групацијата Светска банка се наведува дека економскиот раст во земјите од Западен Балкан ќе продолжи да забавува во 2026 и 2027 година. Како главни причини се посочуваат конфликтот на Блискиот Исток, упорната ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење. Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите ја силувал неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период ...
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса. -Тие го одбрале тој пат да одат по улици, тоа е нивната стратегија и така нека продолжат, кажа ...
Во нормална држава, кога известувачот за Македонија во Европскиот парламент ќе каже дека нема реформи, нема напредок и нема сериозен чекор кон ЕУ, власта во најмала рака би се засрамила и замислила. Но кај нас, власта слави. Не затоа што нешто демантирале, туку затоа што откриле дека изјавата на Томас Вајц не била дадена оваа недела, туку пред еден месец. И сега, читаме трагикомичен вмровски спин дека, всушност претседателот на СДСМ, Венко ...
Денко Малески Со години се жалевме на фактот дека сме во чекалната на ЕУ. Доколку ја пропуштиме приликата да се приклучиме на најавеното проширување со Црна Гора и Албанија, а таквиот исход станува се поизвесен, за некоја година, ќе се најдеме надвор и од чекалната. Имено, додека ние се мислиме и премислуваме, светот се смени. ЕУ, која,во иднина, ќе биде преокупирана со својата безбедносна дилема, ќе ја затвори и чекалната па ке се најдеме во ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата, изјави дека засега не се разгледува намалување на акцизите за дизел-горивото, додавајќи дека Владата во моментот води разговори со ОКТА за продолжување на постојниот попуст. Тој појасни дека акцизите остануваат непроменети и дека одлуките ќе се носат врз основа на движењето на просечните цени на нафтените деривати во втората половина од април. Според ...
Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. -Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена „ексклузивна“ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад“, посочи на прес-конференција ...
260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра, објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во пресрет на протестот на 1 Мај. – Нешто над 50% во просек од вкупниот број на работници во 2025 година примаат плата под 600 евра или колку што бараа работниците да изнесува минималната плата. Прашање е што се подготвени овие работници да направат за да си го подобрат животниот стандард: а) Да протестираат на 1 Мај б) Да не направат ...
Општина Центар соопшти дека започнува со доделување субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема, со цел поттикнување на здрави навики и унапредување на еколошката мобилност во градот. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека мерката е насочена кон намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж, нагласувајќи дека велосипедот претставува практично и здраво решение за секојдневно движење низ градот. Според ...