Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Од МВР информираа дека е расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош. -На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес ...
„На луѓето навистина им е преку глава од избори бидејќи ние гледаме дека од изборен циклус во изборен циклус ништо не се менува, државата осиромашува, институциите стануваат нефункционални и мислам дека треба да заврши она време што го паметиме, времето на Груевски, кога се одеше на секои две години на нови избори“, смета претседателката на ЛДП, Моника Зајкова Претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП) и пратеничка во ...
Нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи вечерва во скопската населба Даме Груев (Геге). Според првичните неофицијални информации, до несреќата дошло кога автомобил при вклучување од споредна на главна улица удрил во мотоциклист. На местото на настанот може да се забележи дека дел од мотоциклот завршил под автомобилот, што укажува на силата на ударот. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на ...
Дваесет и четиригодишен скопјанец бил лишен од слобода откако по семејна расправија му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година околу 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.К. (24) од Скопје. Како што соопшти МВР, претходно неговиот ...
Доналд Трамп најави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според него, целосно ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Трамп, исто така, тврди дека веднаш по потпишувањето, Ормускиот теснец ќе биде отворен за целиот сообраќај, објави тој на социјалната мрежа Truth Social. Трамп остро го критикуваше претходниот договор, познат како JCPOA, кој беше постигнат од администрацијата на Барак Обама со Иран. Тој го опиша како ...
Јанез Јанша е феномен на словенечката политика. Тој беше министер за одбрана во првата независна словенечка влада во 1991 година, а сега повторно се наоѓа на премиерската функција – по четврти пат. Назначен на 22 мај, Јанша веќе предизвикува контроверзии. Меѓу нив се и прашањата за односот кон лица осомничени за соработка со нацистите кои биле погубени без судење по Втората светска војна, но и актуелните економски политики. Предложените ...
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М., при што Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, ...
Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изрази загриженост поради најавите за изградба на дата-центри во земјава, оценувајќи дека ваквите капацитети ќе имаат големи потреби од електрична енергија и вода. Во реакција објавена на социјалните мрежи, од иницијативата се повикуваат на изјава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во која, според нив, како едно од можните решенија за обезбедување дополнителна електрична ...
До ова дошло во два наврати во петокот, над јужниот и северниот дел на Балтичкото Море, а шведскиот воздушен простор не бил повреден. Односите меѓу Шведска и Русија се на историски најниско ниво што во голема мера е обележано со влезот на Шведска во НАТО и брзото влошување на безбедноста во регионот на Балтичкото Море Шведската војска денеска соопшти дека со свои борбени авиони пресретнала два руски борбени авиони над Балтичкото Море, во ...
Патниците во Европската Унија и понатаму ќе можат да бараат паричен надомест доколку нивниот лет доцни повеќе од три часа, откако земјите членки постигнаа договор да не се менуваат постојните правила за заштита на авионските патници. Со одлуката останува во сила регулативата што се применува од 2004 година, според која патниците имаат право на компензација од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот. Така, ЕУ реши да ги задржи ...
Повеќе од 48 часа не функционира апликацијата Мој ДДВ. Илјадници граѓани се револтирани бидејќи не можат да пристапат до апликацијата и да скенираат сметки. При внесување на пинот за најава, се добива порака Нема конекција од УЈП. На официјалната страна на МОЈ ДДВ е соопштено дека апликацијата функционира со повремени забавувања, но без да прецизираат кога ќе биде повторно вратена во функција. Ве информираме дека апликацијата МојДДВ ...
Сезоната на годишни одмори ги донесе првите големи гужви на граничните премини кон Грција. Според сведоштва на патници, на граничниот премин Евзони се чека со часови, а колоните возила се движат многу бавно. „Чекаме веќе три часа, а границата сè уште не се гледа. Работат повеќе царински пунктови, но бројот на возила е огромен“, изјавил еден патник од Србија кој патувал кон Грција со семејството, пренесе „Блиц“. Возачите се советуваат пред ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, наговести дека нема да продолжи да ја води партијата во иднина, наведувајќи дека сака да се приклучи на редовите на ветераните. За време на својот вчерашен говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога. Од поранешните раководители, Ахмети го спомена ...
Федерален судија ѝ наложи на американската Влада да ги поништи промените направени на спомениците, спомен-обележјата и плочите што го одбележуваат ропството, расизмот и дискриминацијата во националните паркови и јавните простори. -Целта на дејствијата на владата беше да прекројување на националната историја, објасни американската окружна судијка во Бостон, Ангела Кели. Нејзината привремена пресуда е насочена кон Службата за национални ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. „Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми. Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за ...
Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено ...
Швајцарците во недела, на 14 јуни, ќе гласаат на референдум за иницијатива со која бројот на жители во земјата би се ограничил на 10 милиони, а владата би била обврзана да воведе построги мерки за управување со миграцијата. Доколку биде потребно, предлогот предвидува и раскинување на договорот за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската и евроскептична Швајцарска народна партија (СВП), која е најсилна ...
На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден починат маж(46) од Битола. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден ...
31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на ...
Покана за во затвор добил, пресуда не. Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски се пожали дека му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд. Смета дека и тоа што судот се уште не му ја врачил пресудата е под притисок на актуелната власт. Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот ...
Дваесетгодишен жител на општина Карбинци пријавил дека бил физички нападнат и ограбен на паркинг простор во Штип. LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С. (20) од село Карбинци пријавил дека околу 21:30 часот едно лице физички го нападнало на паркинг простор во Штип. По нападот, напаѓачот му ги одзел прехранбените производи кои претходно ги купил, а се наоѓале во неговото возило. ...
Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и против своја волја однесен од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е. (36) од скопско пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила – „хјундаи“, ...
Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила ...
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на првиот човекл на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи. Портпаролот на правосудството, Али Асгар Џахангир, објави дека одлуката е донесена „од хумани причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“. Според него, помилувањето не ги вклучува лицата осудени за дела против ...
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 12 јуни во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот очевидец извлекол машко лице кое се давело во водите на Вардар. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој, според информациите, имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска ...
На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година. Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...
Министерот Александар Николоски информира дека почнува изградба на нов автопат, Скопје-Блаце, кој ќр биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора. -Работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што разговаравме за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг ...
Четворица возрасни и четири деца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопско. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека се судриле патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.М. (35) од село Љуботен и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Љ. (20), исто така од Љуботен. -Во несреќата со ...
Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните. Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и поврат на ДДВ, што укажува на ...