Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...
Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...
Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...
Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...
Бројот на заболени од западнонилска треска во Грција продолжува да расте, откако во изминатата седмица биле регистрирани уште 45 нови случаи. Со тоа, од почетокот на летото досега се потврдени вкупно 110 заразени, покажуваат податоците на Националната организација за јавно здравје на Грција. Во истиот период биле регистрирани и три нови смртни случаи. Од вкупниот број заболени, дури 81 пациент развил симптоми поврзани со централниот нервен ...
(Прв пат објавено во 2004 година) Денко Малески „Сè уште не знаеме што ни се случи во 2001“, е рефрен кој, во Македонија, со неподнослива леснотија го повторуваат политичари и интелектуалци, од кои, сепак, се очекува да знаат.Во меѓувреме, навистина не знаејќи што ни се случи во 2001, една сосема нова генерација ученици и студенти, со чувство на загубено достоинство, протестираат по улиците на македонските градови.Тоа чувство нема да ...
Падот на нивото на реката Дунав ја принуди романската нуклеарна централа „Чернавода“ да започне контролирано исклучување на својот втор реактор. Од компанијата „Нуклеарелектрика“ соопштија дека постапката е започната поради континуираниот и значителен пад на водостојот на Дунав. Се очекува вториот реактор околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. Одлуката, како што ...
Само неколку дена по смртта на својот татко, Лионел Меси повторно се појави на фудбалскиот терен, приредувајќи емотивен момент за навивачите во Мајами. We missed you, Messi. Welcome back. ❤️ pic.twitter.com/WE83EqfBx4 — Major League Soccer (@MLS) August 13, 2026 Аргентинскиот фудбалер во неделата го погребал својот татко Хорхе, кој починал на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување. Само пет дена подоцна, Меси повторно го облече ...
СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања надвор од нивните ресори. Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од небезбедна вода во повеќе од 50 населени места, загадени реки и појава на западнонилска треска. Според СДСМ, додека премиерот Христијан Мицкоски е отсутен, министерот за внатрешни работи Панче ...
По повеќе од две децении американско воено присуство, САД планираат до 30 септември да ги повлечат преостанатите свои војници од Ирак и да ја завршат воената мисија на меѓународната коалиција против Исламската држава во земјата. Одлуката следува по средбата на ирачкиот премиер Али ел Заиди со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД. По состанокот беше потврдено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум“ за завршување ...
Во Македонија е регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска годинава. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Според Институтот за јавно здравје, кај пациентот симптомите започнале на 2 август со покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест. Кај него била дијагностицирана и ...
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери ...
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот Без вода денеска од 8:30 часот ...
Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN. Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. – – – Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес ...
Пожарот во Рамни Габер, Општина Студеничани се уште не е изгаснат, информираше од терен директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој во видео изјава потенцира дека пожарот во моментов е најтежок, а утре рано наутро трите ер трактори повторно ќе гаснат на ова место. Денеска значително ја олеснија работата на пожарникарите но вели тој, линијата на огнот е долга. Пожарот во Рамни Габер, Општина Студеничани се уште не е изгаснат, информираше од ...
Ретко целосното затемнување го достигна својот врв во Исланд, додека е во тек и во други делови од Европа, вклучително и Шпанија. Целосно затемнување на Сонцето ќе помине низ делови од Европа и Северниот Атлантик, при што патеката на целосното затемнување ќе се движи низ Гренланд, Исланд, Шпанија и мал дел од североисточна Португалија. Според Европската вселенска агенција, околните области низ Европа доживуваат делумно затемнување на ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на ...
„Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта“, велат од Левица по денешната прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје Орце прави спектакл за да си го крене рејтингот, велат од Левица по денешната вонредна прес-конференција ...
Шпекулациите за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод, кои брзо се раширија преку приватни пораки и социјални мрежи, за кратко време предизвикаа масовна паника меѓу граѓаните и стопанството. Иако официјалниот лабораториски извештај бр. 6637 на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потврди нула присуство на штетни бактерии, со што беше демантирана небезбедноста на ...
Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места. -Поради ...
Чистењето на депонијата, вели градоначалникот, се спроведува иако не е под надлежност на Град Скопје По обвинувањата на СДСМ дека во заштитеното еколошко подрачје на Рашче тлее нова еколошка катастрофа од која под закана се доведува изворот кој го снабдува главниот град со вода, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека, и покрај тоа што не постои основа за ваквите тврдења, депонијата денеска се расчистува. Чистењето на ...
Четиригодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќа, детето е пронајдено и е заедно со своите родители Четиригодишниот Богдан од ...
Во повеќе скопски населби и општини е прогласена епидемија на западнонилска треска, откако од почетокот на годината се потврдени 24 случаи на заболување. Регистрирани се и два сомнителни случаи, а здравствените власти информираат и за еден смртен исход. Епидемијата го опфаќа подрачјето на Кисела Вода, односно реонот на Пржино, како и Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Од 24-те потврдени случаи, 20 ...
Масовна кражба на уметнички скулптури во Салцбург го прекина предвреме проектот посветен на 270-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт. Од поставените фигури исчезнале дури 210 минијатурни позлатени скулптури на познатиот композитор. Германскиот концептуален уметник Отмар Херл во јули поставил стотици позлатени скулптури во родниот град на Моцарт, во соработка со Фондацијата Моцартеум. Фигурите биле високи околу 50 сантиметри и ...
Рекорден број пожари се регистрирани во текот на денот, со 21 активен пожар на територијата на земјава до 17 часот, информира Центарот за управување со кризи. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека станува збор за рекорден број пожари ова лето, а службите се максимално ангажирани на терен за нивно локализирање и целосно гасење. Пожари се регистрирани во повеќе општини низ земјава. Најголем дел зафаќаат ниска вегетација, шума и грмушки, ...
Долгот на Американците по кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годинава, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари забележани на крајот од минатата година, покажаа податоците на Федералните резерви на Њујорк. Долгот за три месеци е зголемен за 21 милијарда долари, а економистите овој раст го поврзуваат со високата потрошувачка и порастот на цените на храната, горивото и другите основни производи, ...