Тринаесет дечиња од Драмската секција при ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова, го одбележаа Светскиот ден на театарот (27.03.2023) со камишибаи интерпретација на сказната „Пепелашка“. Присутната публика имаше можност аудитивно и визуелно да ја доживее „Пепелашка“ преку детскиот глас на членовите на Драмската секција и менување на илустрациите во сценско кутивче, нацртани од ликовниот уметник ...

Скопје, 22.03.2023 Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 23 март 2023 година во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат, локал 306 во Скопје со почеток во 20 часот. Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и ...

На 29 март, во хотелот Александар Палас, со почеток во 19 часот, македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот. На настанот ќе биде промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја ...

Комедијата ,,Обвинителка” чиј автор е Огнен Неделковски во среда, 29.03.2023, ќе ја има својата премиера. Ова е праизведба на текстот на Неделковски. ,,Обвинителка” ја отсликува денешница на еден многу суптилен начин. Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? Претставата е плод на меѓународна соработка на македонски уметници со уметник ...

На 21 Март, Денот на поезијата, реномирани поети рецитираа поезија во предворјето на Спомен собата на “Мајка Тереза” и како завршница на целиот тој настан посетија една мошне креативна изложба, насловена “Stimulate your senses”, од Елита Алити. *Вие сте авторка на изложбата која сѐ уште може да се посети во просториите на Спомен собата, станува збор за интересна, необична и во секој случај поинаква креативна изложба од само неколку дела, а во ...

На 21 Март, Денот на поезијата, реномирани поети рецитираа поезија во предворјето на Спомен собата на “Мајка Тереза” и како завршница на целиот тој настан посетија една мошне креативна изложба, насловена “Stimulate your senses”, од Елита Алити. *Вие сте авторка на изложбата која сѐ уште може да се посети во просториите на Спомен собата, станува збор за интересна, необична и во секој случај поинаква креативна изложба од само неколку дела, а во ...

На големата сцена на Националната опера и балет на 28 март 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април 2023 во 20 часот. Премиерно, балетската претстава се одржала во 2011 година во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор Јаременко, ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор АронКопланд. На програмата се неговатаТрета симфонија и Концертот за кларинет и оркестар, а како солистка ќе настапи една од најдобри клариентиски на светската музичка сцена во моментов- Шерон Кам. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Арон Копланд (1900-1990) е ...

Утре, 28 март 2023 година (вторник) Сојузот на Стопански комори на Македонија, предводени од Претседателот г-дин Трајан Ангелоски заедно со членките на Сојузот ќе имаат работна средба со главниот извршен директор на Македонска берза АД г-дин Иван Штериев и неговиот тим. Целта на средбата е бизнисите одблиску да се информираат за можностите што ги нуди Берзата и македонскиот пазар на хартии од вредност, подетално да се запознаат со условите за ...

Иницијативен одбор на пензионери на Македонија утре, вторник, 28.03.2023 година, во 11.00 часот организира протестот пред седиштето на СЗПМ , до поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на, според нив, процесот на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари. Ексклузивно го објавуваме говорот кој утре ќе се прочита и ...

Два новогодишни концерти за деца “Музика и танц” ќе се одржат во недела 19 декември Дом на АРМ 11 и 13 часот. На концертот децата ќе имаат можност да уживаат во класичната музика наменета за танцување како менует, валцер и танго . Тие ќе се запознаат со музиката на Бокерини, Моцарт, Бизе и други композитори. Ќе настапи Пламенка Трајковска гудачки квартет и специјален гостин е Дедо Мраз. 19 декември, Дом на АРМ 11 и 13 часот. Билети преку ...

Државното музичко училиште Битола со уште еден културен настан за поздравување. Имено по повод „Светскиот ден на пијаното“ оваа Среда на 29.03.23 од 10 до 19 часот. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола ќе се одржи „Пијано маратон“. На програмата се три големи концерти: 10.00 часот за најмалата публика од градинките 12.00 часот за децата од училиштата 19.00 часот Свечен концерт -Ве очекуваме заедно да уживаме во звуците на пијаното и ...

Денеска на 27 март од 19.30 часот, театарот “Војдан Чернодрински” од Прилеп ќе ја изведе претставата “Да инспекторе…” со која ќе го одбележи Светскиот ден на театарот. Во Театар Комедија во Скопје, публиката ќе има можност да ја види претставата “Стјуардеси“ која ќе ја има својата 150-та изведба, а во Велешкиот театар вечерва (20 часот) на репертоарот е “Синиот портокал“ во режија на Александар Ивановски. “Денес вам ви се обраќам, но не само ...

Кинотеката на Република Северна Македонија потсетува на својот настан, во среда, на 29 март, во 12 часот во киносалата ќе го промовира своето најново печатено издание, автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, насловена „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело конечно ќе стане достапно на македонски јазик. Издавањето на книгата е овозможено благодарение на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и ...

“Незадоволството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и ...

Незадовоството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и ...

По пауза од неколку години, се враќа познатиот женски маскенбал на Клубот на жени со визија “Лоза” од Скопје. Имено, преку шеесеттина учеснички и по некој учесник ќе го изведат маскенбалот во среда на 29 Март 2023, во ресторанот “Камин Кама” во Ѓорче Петров од 18 часот. -Враќањето на маскенбалот беше неизбежно, поради големиот интерес. Клубот “Лоза” две децении наназад во текот на годината редовно организираше бројни настани, особено со ...

Охрид, 25 Март 2023 На денешен ден пред 163 години, на традиционалниот конкурс за поема, што се одржал во Атина, големиот поет и преродбеник Григор Прличев го добил Ловоров венец за поемата „Сердарот“ и бил прогласен за втор Хомер. Во сеќавање на тој настан НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова вчера во родната куќа на татко ѝ организираа книжевен настан под наслов: „Григор ...

25.03.2023, Скопје Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и косопственик на компанијата „Ариљеметал” учествуваше на деветтото издание на Меѓународниот саем за индустрија на сврзувачки елементи во Штутгарт Германија. Овој настан е меѓународна трговска изложба на производители, трговци на големо, дистрибутери и добавувачи на технологија за прицврстување, која обединува повеќе од 1.000 изложувачи кои доаѓаат од сите краеви на ...

Танцовото студио „Мистик“ ја претстави Гевгелија во најдобро светло, освојувајќи 6 награди- први места на International Dance Open Белграде 2023 година. Имено, во сите 6 категории на кои учествуваше, „Мистик“ со 37 члена, двајца солисти и три групи меѓу 3.000 натпреварувачи од девет земји ги понесе првите награди. Задоволен од постигнатите резултати, кореографот Александар Аврамов истакна: -Ова е заеднички успех на сите и е едно од поуспешните ...

Штип, 23.03.2023 Во Домот на Младите во Штип, едно од култните збиралишта на креатори и почитувачи на сценската уметност, за празникот “Чет’рсе”се одржа деветтото поетско читање, со преку педесеттина поети од речиси цела земја. Поетите поетизираа, аплаудираа на секој кажан стих, во преубавата атмосфера во Домот, впрочем како и секоја година на оваа средба, позната првенствено по убавото дружење и меѓусебното почитување на присутните кои се ...

Скопје, Март,2023 21. Март е Светски ден на поезијата и на пролетта. 21. Март се слави и како Ден на екологијата. Но, 21. Март е ден на уште еден значаен момент од духовно заветниот живот, токму на тој ден во 1984 година Гонџа Бојаџиу – познатата нобеловка за мир Мајка Тереза, сега и светица, му испратила топло писмо на нашиот познат цветен уметник и нобеловски кандидат Живко Поповски- Цветин, како знак на возвратна почит за цртежот со цвеќиња ...

Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување е резултат на соработката помеѓу двете ...

Скопје 23.03.2023 Во чест на Светски ден на водата, кој со одлука на ООН од 1993-та се одбележува на 22 Март, поетот Илко Димитриевски познат и како Илко Шарпланинец, во градската кафеана “Пелистер” одржа поетско матине со неколку поети и уметници. Илко, по осамостојувањето на Македонија, станал прв директор на една наша позната компанија за минерална вода, но неговиот култ кон водата е многу поширок, и, на поетски план таа претставува голема ...

Скопје, 23.03.2023 година На 19 Март се слави денот на ластовичлте, денес по тој повод во Паркот на уметноста беше одржана посветена поетска приредба, и изложба на цртежи на Живко Поповски Цветин. Поетите од Друштво на Писатели на Макеоднија Горан Анчевски и Мирче Нешовски рецитираат своја поезија. Свои стихови за пролетта прочита и Викторија Велева, а Валентина Ѓоргиевска Парго ја прочита “Мојата сина птица” од Анте Поповски. Програмата ја ...

Изложба на младата уметница Надја Петровиќ ќе се одржи во Музеј на Град Скопје , под наслов “Кршливост на светулките ” чие отворање ќе е во среда,15 Март 2023 година, во 19.30 часот. Надја Петровиќ (родена на 20 јули 1991 во Битола) — македонска академска сликарка од домашно и меѓународно значење која живее и работи во Скопје и Фиренца. Уште во раната младост учествувала на Малиот битолски Монмартр, каде ја освоила Плакетата „Македонија“. ...

(фото: Википедија) На 21 март 2023 година, во НУБ „Св. Климент Охридски“, се одржа настан, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент ...

23 март 2023 година Во пресрет на 25 март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова во петок на 24 март органзираат книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“. Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од ...

КИЦ најавува уште еден музички настан во КИЦ Битола- Офицерски дом. Третото издание на „Ден на пијаното“ во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола. Спектакуларен Пијано Викенд во чест на прославата на “Ден на пијаното” со учество на 50 млади музички таленти од 7 музички училишта низ државата. Предавање- психолог Нина Тасевска на тема “Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен ...

Четврток на 23.03.2023 година во Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 20.00 часот најавен е Јован Милошевски на класична гитара, со концерт на шпанска и македонска музика за класична гитара „Жолто на црвено“. ЈОУ Културен и информативен центар Битола со поддршка на Општина Битола со особено задоволство го најавува концертот на битолската и македонска музичка гордост, светски познатиот музичар, човекот чие присуство секогаш носело радост ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1028
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Загреб

20ᴼ / 15ᴼ
0.0
75%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 15ᴼ
1.54
35%
1029
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
54%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
7.15
44%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1026
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
77%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941