НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија од 19 до 22 април ќе биде домаќин на Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“. Во Охрид се очекува да допатуваат поетите: Јон Деаконеску, Константин Барубу од Романија, Тибор Залан – Унгарија, Бојко Ламбовски – Бугарија, Атила Балаж – Словачка, Градимир Гојер- Босна и Херцеговина, Јетон ...

Поп пејачката Мијата ја претставував својата најнова песна, насловена „Ме Боли“ а која е музичка соработка со, како што вели таа, нејзините франкофонски побратими од Битола, групата “Фолтин”. -Станува збор за моја авторска француско- македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото “Алшар” во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се “Фолтин”, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував, и ...

Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 до 27 април. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба. Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање ...

Избор поезија од современиот македонски поет, романсиер и драматург Стефан Марковски ќе биде претставен во рамки на фестивалот Пронајдени во преводот во Гдањск, Полска. Изборот насловен Prędkość snu- A Dream’s Pace- Брзина на сонот е објавен на полски, англиски и македонски јазик, а преводот на полски јазик е направен од Зофиа Дембовска. Изборот на поезијата на Марковски ќе го промовира полската поетеса Хана Лозовска, а во рамки на истиот настан ...

На 7 април во организација на НУ Библиотека ,,Григор Прличев” во Охрид се одржа Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари. На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од 6 училишта, со вкупно 13 ученици. На 13 април беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата во состав: Никола Ристовски- претседател, Бети Лазеска– Симоноска и Христина Трпеска- членови соопшти ...

Младиот уметник, Петар Шулевски, ќе ја претставува Македонија на Светското финале на Red Bull Doodle Art На 8 април, во променливо облачни временски услови, на Факултетот за Ликовни Уметности, се одржа националното финале на Red Bull Doodle Art!… и дознавме кој ќе ја претставува Македонија на светското финале во Амстердам! На националното финале кое се одржа на Факултетот за Ликовни Уметности, и ги содржеше делата на 20 креативци од Македонија, ...

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Од тогаш 18-ти април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и повредливост, за неговите потреби и за потребата за неговата конзервација. Подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство ...

Прес- конференција по повод премиерата на првиот долгометражен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, ќе се Неделава ќе се одржи премирата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. ...

Скопје,16 април 2023 -Mинистерството за култура изврши корекција на доделените средства за OFFest. Исправени пред дилемата – дали да опстоиме на веќе донесената и објавена тешка одлука за откажување на фестивалот или да вложиме огромни напори во мошне краток временски рок да подготвиме програма што ќе биде на нивото на досегашната фестивалска традиција, решивме, сепак, да им удоволиме на желбите на нашите поддржувачи и да го одржиме 22. ...

Како работиме во (независната) сцена на изведувачки уметности? Средба на француската организација ONDA Скопје 20-23.4.2023 “Локомотива” во соработка со ОНДА, организира и курира програма што вклучува изведби, разговори со уметници, дискусии и средби со цел да ја запознае македонската современа изведувачка уметност со 25 куратор(к)и од различни театри и фестивали во Франција. Француските куратор(к)и ќе имаат можност да се сретнат со уметниците и ...

По попладневната церемонија на „Преземање на Благодатниот оган“, македонската делегација вечерва ќе пристигне во Скопје, од каде што светата светлина ќе биде пренесена до МПЦ-ОА, и ќе биде раширена до сите епархии и храмови во земјава. Пренесувањето на Благодатниот оган е чин на голем благослов за сите правослвни христијани, за здравје, успех „Прв пат имаме шанса директно од Ерусалим да го однесеме дома Благодатниот оган, во нашата држава, да го ...

Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм Гласот на тишината / Rebirth: Voice of silenice на Илија Павлов. Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како Heyhato. Гласот на тишината / Rebirth: Voice of silenice имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. ...

Слободан Маруновиќ е славен црногорски актер, чие портфолио импресионира. Тој, се разбира, согласно талентот и можностите на времето во кое живееме, има остварувања на сите меридијани. Ако со некого треба да го споредиме, иако споредбите се неблагодарна работа и секој си е за себе “нај- нај”, најсоодветен би бил Раде Шербеџија- што е тој за филмот, тоа е Слободан за театарот. Но, ајде да се запознаеме одблиску со името кое во иднина повеќе ќе ...

На 27 април 2023 година во 20 часот ќе се случи првата активност на Артактум – во соработка со Кинотеката на Македонија ексрлузивно ќе биде проектирана првата претстава од проектот ТЕАТАР НА ПЛАТНО – CAFÉ MÜLLER на легендарната Пина Бауш. Пред почетокот Искра Шукарова накратко ќе нè запознае со некои интересни детали за Пина Бауш и нејзиното творештво. Во современиот танц некои од нас ги доживуваaт претставите емоционално, други сакаат да си ...

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, во Народниот театар, се одржа литературниот настан „Книжевен портрет на Ефтим Клетников, македонскиот поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. На присутните љубитељи на убавиот пишан збор, преку осврт на директорот на ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски и македонистот Пепи Стамков, читање на биографијата од страна на модераторката Емилија ...

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, беше одржан Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2023 година“. На натпреварот, учество земаа 8 ученици од осмо и деветто одделение во гевгелиските основни училишта. Првото место на годинашниот натпревар го освои Теодора Ристова од ООУ „Климент Охридски“- Миравци, под менторство на наставничката Маја Танова, продолжувајќи да се натпреварува и на Републичкиот натпревар „Млади ...

Струмица, 12.04.2023 – Во организација на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија денес се одржа петтиот регионален настан во општина Струмица на кој присуствуваа претставници од општини, училишта, невладини организации, општествено одговорни компании и медиуми од југоисточниот плански регион. Во обраќањето на менаџерот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, г-ѓа Бранка ...

По прес конференцијата одржана од страна на Филхармонија, сметаме дека немаме избор и мора да реагираме. Ова е наше последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација, бидејќи сметаме дела сè е кажано. За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или “ рекла- кажала “ муабети, ...

На 7 април 2023, во 10.30 часот се заокружува еколошкиот проект „ Птици“ изработен од Националната галерија “Чифте амам” во соработка со Зоолошката градина Скопје и Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн и училиштата. -Со проектот традиционално го одбележуваме денот и месецот на лицата со аутизам. Учествуваа деца од различни училишта, различна возраст, деца од редовна настава и деца со попреченост; учениците од ОУ Невена Георгиева Дуња, ...

Италијанската организација „Ла Драматурџи” по повод организацијата на меѓународната изложба „Екологија на идеи” (Ecology of Ideas) во рамките на интернационалниот проект „Патиштата на хероите” поддржан од програмата „Креативна Европа” на Европската Унија во 2020 година организира изложба и промоција. Во својата основа проектот се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. ...

По повод отворањето на годинешното 6. издание на “Џез фактори фестивал“ закажано за 13. април 2023 година, во Центарот за култура се одржа прес конференција на која зборуваа директорот на Народниот Театар од Битола, институција која се јавува како домаќин на фестивалот, Иван Јерчиќ и професорот Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“. „ Битолскиот театар е домаќин на фестивалот веќе шеста година, а мене ми е чест и ...

Во типичниот сакрален амбиент на црквата „Света Софија” во Охрид, Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” вчеравечер 12.04.2023 година, приреди прекрасно спиритуално чествување во духот на православното црковно пеење. Велигденскиот концерт под наслов „Воскресение твоје” се одржа во организација на НУ „Охридско лето”, установа која останува доследна на презентирањето и промовирањето на високите уметнички вредности. Репертоарот на прекрасниот ...

Во организација на НУ „Охридско лето” а по повод големиот верски празник Велигден вечерва, 12.04.2023 година, во црквата „Света Софија” во Охрид со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Воскресение твоје” со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” од Скопје под диригенската палка на Летка Димовска Полизова a ќе настапат солистите Надежда Рубен, Јасмина Димитровска и Анета Баталаковска. Од НУ „Охридско лето” велат дека ваквата новина е на ...

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ е во потрага по петтата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин, и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања: 1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од ...

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, кој е финансиран од Европската Унија, има за цел да придонесе кон обезбедување рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, грантови и обуки за училиштата, како и развивање на јавната свест. Овој проект се заложува за квалитетно и инклузивно основно ...

Иницијативниот одбор на пензионерското движење (ИОПД) „Тука сме“, денес (11.04.2023) одржа состанок на кој беше дефинирано натамошното дејствување на овој субјект за запирање на работата на нелегитимно и незаконски избраните лица во здруженијата на пензионери (ЗП) и Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ). Поради непостапувањето на водствата на ЗП и СЗПМ по барањата што беа искажани и доставени на неодамнешниот протест на ...

Денес, вторник, 11 април 2023 година , во Струга, во Паркот на поезијата во 12 часот, НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираа свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон Во рамки на Програмата на настанот, во присуство на претставници на локалната самоуправа и љубители на поетскиот збор, свои обраќања имаа Тодорче Тасевски, директорот на СВП, како и Ернесто Хередеро дел ...

Утре, 12.04.2023 година со почеток во 11 часот во големата сала на Филхармонија ќе се одржи прес конференција по повод актуелните случувања врзани со новоформираниот Џез Оркестар и одлуката на Министерството за култура, истиот, просторно да биде сместен во објектот на Н.У Филхармонија на РСМ. На пресот ќе говорот директорката на Филхармонија – Тина Иванова, претседателот на Синдикатот на Филхармонија – Владимир Лазаревски и претседателката на ...

Свечено отворање на изложбата „Расна дијагноза: Циган”- нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање. Настанот ќе се одржи на 12 април 2023 година (среда) од 11.30 до 13.30 часот во Национална Установа Музеј на Македонија (https://museum.org.mk/), ул. Јосиф Михајловиќ, бр. 7, Скопје). Во организација на Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација, РРОМА. Во НУ Музеј на Македонија, Скопје, Свечено отворање на ...

11 април 2023 Издавачката куќа „Прозарт медиа“ информира дека деновиве, во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана, излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев. За преводот се погрижи Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото. Д-р Субиото, инаку редовна професорка на Катедрата за македонски јазик и литература, непресушен толкувач и афирматорка на македонските автори, го означува Прокопиев како еден ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1027
weather icon

Загреб

16ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.9
62%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.33
99%
1026
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.92
52%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1023
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
84%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941