Денеска во КИЦ Битола во чест на празникот на жените и одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Оваа година на 11.03.2023 се одбележуваат осумдесет години (80) од депортацијата на 7144 евреи од Македонија во Треблинка. Како и минатите години така и оваа година во сеќавање на жртвите ќе се одржи манифестацијата „Маршот на живите“ во Битола и Штип. Денеска на 08.03.23 ќе биде одбележан денот на жените 8 Март ...

Во Гевгелија, минатата година, 2022, биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“. Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, ...

„Ладна зима полека заминува, ливадите разеленуват, ластовички летаат од гранка на гранка, вредни пчели од цвет на цвет, собираат мед, убаво време дојде, добре дојде пролет. За зимата нема место, време е за пролет, нема веќе студој снегој, се појави сонце, ајде деца да играме не седете домче…“ Приказната за Зајко кој го изеде носот на Снешко, за итрата Кума Лиска која го даде Зајко на шумскиот суд кај баба Меца за да му суди за стореното дело. Со ...

Четврток, 9.Март, “Марија Димитријевиќ квартет” ќе музицира во скопскиот концертен клуб Аудиокултура, новата музичка мека на современите македонски музички уметници. Џез, варијации на џез, латино, потемпераментни ритми, музички коктел во нејзин препознатлив манир. Концертот почнува во вообичаениот концертен термин на клубот 19.30 часот и трае нешто повеќе од еден час. Погледнете ја и програмата за другите мартовски настапи кои нѐ очекуваат на ...

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на македонската ...

Тимот на „Семос Едукација“ организираше целовечерен колоритен настан во духот на Оскарите на кој беа доделени 20 „Semos Academy Awards“ за најдобритe студенти од вкупно 15 Академии и две награди за талент партнерите и општествено – одговорните компании. Беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за општествено одговорни практики „Година на дарување”. ...

Гевгелија, 7 март 2023 Играорците од Ансамблот „Бојмија“ освоија Гран при на Меѓународниот фестивал на изворна музика „Тодорица 2023“ во Свети Николе со освоена Гран при награда на Фестивалот. На овој реномиран фестивал се претставија со влашки изворни песни и ора од гевгелискиот крај. Со ова, „Бојмија“ го повтори успехот од 2018 година, кога, исто така, ја освоија првата награда на овој фестивал. Инаку, со овој Меѓународен фестивал на изворен ...

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија распиша Јавен конкурс за поетски творби од роднокрајни автори во пресрет на уредувањето на годинашното 10. јубилејно издание на стихозбирката „Метрички карван: Гевгелија – Кочани“. На Конкурсот, со по три необјавени, поетски творби можат да учествуваат роднокрајни автори кои потекнуваат од подрачјето на општина Гевгелија или се поврзани на друг начин со Гевгелија и Гевгелиско. Темата е слободна. Јавниот ...

Скопје, 5.03.2023 Голем интерес помеѓу посетителите, широки насмевки и љубопитни очи уште на првиот ден од отворањето на петдневниот маркет во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март, кој го организира Скопје Сити мол. На базарот „За сите посебни дами во вашиот живот“ кој ќе биде отворен до 8 март, 20тина индивидуалци, успеаја да го свртат вниманието на посетителите со рачно изработените современи креации. Веќе препознатливите артизани: ...

Актерите од ансамблот на Театар „Провокација“ уште еднаш ќе ги насмеат гевгеличани, но овојпат со нивната актерска игра во урнебесната комедија „Пациенти“. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, „Пациенти“ ќе биде изведена во Народниот театар- Гевгелија на 9 март, со почеток во 19.30 часот. Влезот чини 200 денари, а билетите се пуштени во претпродажба од денеска и можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија од 08 до ...

И годинава, жената ќе се чествува со стихови и музика во рамките на поетско- музичка манифестација „За тебе љубов моја“. 21. издание на „За тебе љубов моја“ ќе се одржи на 7 март, во просториите на хотел-казино „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен. Организатори на настанот се професорите по македонски јазик и литература, Даниела Џишева и Тони Аврамов, кои преку Здружението „Од станица до граница“, годинава, добија ...

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш се чествува секоја година. По овој повод ...

Од печат излезе првата збирка поезија на Блаже Петревски со наслов „Врвот Дно” во издание на Академска мисла – Скопје. Песните, распоредени во три циклуси („Од врвот на дното”), („Легии на свеста со штитови од мисли”), („Испарувања”) се нов силен поетски глас на македонската поетска сцена. За дебитантското поетско остварување на Петревски, современиот македонски писател Стефан Марковски пишува: „Словото на Блаже Петревски (Охрид, 1987), ...

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто. Ова беше 43. издание на фестивалот кој се одржува во португалскиот град Порто. Како еден од наградените филмови, „Кајмак“ имаше специјална дополнителна проекција на затворањето на Фантаспорто. Oва е најнова награда за Манчевски, најтрофејниот македонски режисер, кој има освоено повеќе од 60 ...

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на македонската ...

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија е организатор на уште еден културен настан од областа на македонскиот фолкор и богата традиција. На 3 март, 2022 година, со почеток во 19:00 часот, во Клуб-галеријата на Народниот театар (прв кат), ќе биде отворена Изложбата на етнокореологот Бојан Петковски: „Скутина, фута, бовча, диљка“. Влезот е слободен. – Кон крајот на ЏИЏ век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во ...

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир ...

4 Март 2023 година Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, синоќа, 3 март, со проекција на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата. Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред самата проекција рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во којашто се споделуваат вредности како мирот, правата на човекот и ...

Википедија: Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982) — македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија. Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во ...

На сцената на Националната опера и балет на 8 март со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски (баритон) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт- мајстор: Климент Тодороски. ...

Сите проекции на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на белградски ФЕСТ се распродадени во рекорден рок. Првата проекција е вечерва на 3 март. Ова е засега единствен филм на овој реномиран фестивал за кој се распродадени сите билети. Сите филмови на Манчевски се прикажани на ФЕСТ („Мајки“ е добитник на награда на ФЕСТ), а белградската публика особено го почитува нашиот најтрофеен режисер. Неговите филмови, прес конференции и разговори со ...

Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors.Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни. Денес Суперхикс полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат ...

Од националната галерија, на чело со д-р Дита Старова Ќерими, директор и тимот на Национална галерија на Република Северна Македонија, ја објавија годишната програма. Во оваа прилика, плодна културна програма најавувија и за цела 2023 година. Тие велат: Најнапред, во годината во која одбележуваме 75 години постоење, Националната галерија изразува благодарност до Министерството за култура на Република Северна Македонија за поддршката и укажаната ...

Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата Суперхикс. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors.Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни. Денес Суперхикс полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат ...

По неколкугодишна пауза, во Гевгелија, од оваа година се возобновува Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, еден препознатлив гевгелиски музички бренд. По тој повод, на прес- конференција за организацијата и активностите околу одвивањето на Фестивалот зборуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, уметничкиот директор Александар Стојанов и директорката на Дом на култура „Македонија“, м-р Мирјана Крстева Массетти. ...

На Меѓународниот конкурс за поезија и театар „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија, ученичките Боркица Ѓоргиева, Данче Стоименовска и Емилија Ванчева, под менторство на професорките Тања Чугунцалиева и Емилија Дуганова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, се наградени со специјална награда за училиштен проект, поема со наслов: „Насмевки на душата“. На натпреварот учествуваа илјадници млади поети од 90 земји од светот. Тоа е единствениот ...

„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Разбирање на кина: 100 клучни термини“, која претставува толкување на кинеската мисла и култура од аспект на филозофската, историската и животната мудрост. Книгата содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина. За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските ...

Од ВБУ Музички регистар нѐ информираат дека згаснува нивниот музички билтен. Тие напишаа: Почитуван читателу на месечните музички билтени креирани од тимот на ВБУ Музички регистар. Сакаме да те информираме дека декемврискиот билтен минатата година е нашиот последен во серијата 24 билтени. Од јануари 2023 повеќе нема да ги креираме месечните билтени. Прекин на месечните музички билтени. ПРИЧИНА Под „чадорот“ наречен ВБУ Музички регистар во текот ...

118-годишнината од смртта на народниот херој и борец, Сава Михајлов, беше одбележана во Гевгелија со полагање цвеќе пред спомен-обележјето во центарот на градот. Цвеќе положија: делегации од Општина Гевгелија, Сојузот на борците од Гевгелија, Здружението на пензионери од Гевгелија и претставници на политичките партии. За животното дело, мисија и придонес во македонското револуционерно движење на Сава Михајлов, пред присутните зборуваше ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
51%
1026
weather icon

Загреб

24ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1025
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
36%
1027
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.46
38%
1027
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1025
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
6.71
41%
1023
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1023
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1024
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
54%
1027
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
66%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
46%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941