
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Скопје, 30.05.2024 „Македоника литера“ деновиве го објави романот „Мојот татко спие со ангелите (мал воен дневник)“ на познатиот хрватски писател Стјепан Томаш, во превод од хрватски јазик на Славчо Пеев. Романот „Мојот татко спие со ангелите“ првпат е објавен во 1992 година. Потоа Стјепан Томаш ја продолжи приказната и напиша уште два дела и како проширено издание беше објавен со наслов „Мал воен дневник“ (1994). Но во наредните изданија (од ...
Од 31 мај до 2 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат филмскиот викенд „ХАЈ- ФАЈ“. ХАЈ- ФАЈ е нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки филмови на колеги од Србија, Косово, ...
30 мај 2024 година Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, претставници од институции, НВО, младински организации, ученици, млади и деца од општина Виница беа главните говорници на локалната конференција „ВИНИЦА – Општина посветена на децата“. Оваа конференција има за цел да промовира инклузивна и поддржувачка средина за децата со споделување на веќе постоечки позитивни практики за детско учество во општина Виница. Како ...
Во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп во текот на наредните десет дена, во галеријата Чифте амам, ќе биде поставена изложбата на Али Фети Окјар, истомисленик и соработник на Ќемал Ататурк, која беше отворена на 21 мај 2024 година. Изложбата “Али Фети Окјар истомисленик и соработник на Ататурк” пропратена со истражување е проект на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и ...
29 мај 2024 година Во рамки на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“, во Europe house Veles, се одржа локална конференција на тема „Велес– општина посветена на децата“. На конференцијата претставници на локалната самоуправа, образовни институции, детски градинки, јавни институции дебатираа на прашања поврзани со поттикнувањето на детското учество во планирањето и носењето одлуки. Во своето воведно обраќање претседателот и ...
Автори, композитори, текстописци и вљубеници во староградската музика. Со особено задоволство ги објавуваме резултатите од конкурсот за мелодии кои ќе бидат дел од фестивалот на староградска музика „ Ех, таа серенада“ 2024 . Наскоро ќе излеземе и со детални информации за изведувачите на селектираните композиции. Второто издание на фестивалот ќе се оддржи на 11.07.2024 на Платото на Офицерскиот дом-КИЦ Битола. кои воедно се и организатори на овој ...
Јуни, месец на липите. Месец на нивниот опоен мирис, кој се шири насекаде и не може да не се почуствува неговата миризба. Така некако со опојни квалитети ќе се одвива кино програмата во првиот месец на летото во Кинотеката, која како секое лето се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини. Проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на ...
М-р Весна Недановска работи во ООУ ,,11 Октомври,,- Скопје, Центар како одделенски наставник. Магистер е по одделенска настава станавте со магистратура во 2016 година, на Педагошкиот факултет ,,Св.Климент Охридски,, – Скопје. Наставничка за која вреди да се кажат сите суперлативи, и да се слушнат бурни аплаузи. Кога би ги сместиле Вашите 25 успешни години во една слика, како би изгледала таа? -Целото мое работно искуство во една слика, навистина ...
Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје е организатор на вториот по ред Фестивал за класичен и современ танц Credеnce Dance Festival кој ќе се одржи од 1 – 5 јуни во Националната опера и балет. Фестивалот е профилиран како платформа за презентација на искуствата и знаењата. Структуриран е во три вечери, две на современ танц (1 и 5 јуни) и вечер на класичен танц (4 јуни). На програмата се современи дела кои ...
” Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на уникатниот, трети по ред спортски спектакл кој нуди сè што ви е потребно за комплетно петдневно уживање. Спортски Игри Велес е уникатно и незаборавно прославување на пет различни спортови во исто време и на исто место со локација во Градскиот Парк-Велес. Одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт се спортовите во кои учесниците ќе имаат прилика да ги прикажат своите квалитети и ...
Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, на 23 мај 2024 ќе се реализира самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура. Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање на изложбата кое е закажано за 20ч ќе се обрати проф. д-р Милаим Фетаи, ...
Претставата “Мац, мац!” во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар “Џинот”- Велес и Гете Институтот ја доби наградата за најдобра претстава од студентското жири на овогодинешниот Интернационален театарски фестивал во Приштина (Prishtina International Theatre Festival) кој се одржа помеѓу 20 и 26 мај. Во натпреварувачката програма на фестивалот учествуваа Народниот театар од Сарајево, Интегра од Приштина, ...
Познати дела од класичната музика, до композиции од хрватски автори ќе изведе Хрватскиот гитарски квартет. Утревечер, 28 мај 2024 година, во 20.30 часот, на големата сцена во Македонската филхармонија, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. „Со големо задоволство го најавуваме нашиот прв настап во Скопје. Нашата програма е идеална ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. Сигурно си чул/а некој од постарите како вели: „Денес е лесно, со тоа телефоните во џебот, можете сѐ да снимате и одма на Инста“. Ама не е баш така. Отвори во галерија и биди искрен/а… Колку од твоите видеа имаат приказна? ...
Во среда, 29 мај, точно на пладне во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи свеченото доделување на „Златниот објектив“ на големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов. Ова признание Попов го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и ...
Интимниот концерт на Ема Попивода во културниот клуб центар “Аудиокултура” беше пролетно доживување кое (о)стави убав печат во рамките на општата претпразничната прослава на Свети Кирил и Методиј. Тоа сосема може и така да се протолкува во општ контекст на сето тоа, со оглед на тоа што духот на описменување на сесловенските просветители сѐ уште и сѐ посилно наидува на творечка вибрација, а само духовно писмен човек може да ги восприми убавите ...
Наскоро излегува книгата „Кој ти рече дека не можеш!?“ од Д-р Јадранка Бибан и дипломиран Психолог Калин Бибан која е достапна за нарачки во претпечатење. *** Цел живот сум позната како малото слабичко човече. Син ми често се шегува дека сум била „џебна мајка“ и можел лесно да ме пренесе каде сака. Но, вистината е малку поинаква. Ретко кој знае за тајната за мојот „имиџ“ и до какви само проблеми ме донесе таа. Работите стоеја вака: Вистината е ...
На 24 мај 2024 година во преспанското крајјезерско Стење се одржа втората традиционална средба на поети во организација на здружението за граѓанска иницијатива во културата „Жар“ Преспа од Ресен. Во кругот на манастирот кој е во изградба „Св. Кирил и Методиј“ своите песни ги прочитаа учесници од повеќе градови и места од нашата земја, како и гости учесници од странство, посветени на големите просветители. Овој настан имаше и хуманитарен карактер ...
“Две во едно” беше насловен настанот со која свечено се одбележа Денот на Власите и празникот Свети Кирил и Методиј, а се одржа на 23 Мај 2024 година во Домот на културата “Кочо Рацин”, Ко-Ра. Темата на манифестацијата беше прослава на два празника, два јазика, две мајки, две презентации. Аплаузот и насмевката на присутните беа доказ за нивното уживање во оваа манифестација, на која се испреплетуваа музика, песна, рецитации, на влашки и на ...
Уште едно име кај нас се приклучи на листа на стенд-ап комичари, Александар Георгиевски, и ние веќе имаме можност да се насмееме со неговите претстави, на оф- сцената во Скопје, поточно во скопските локали. * Што ве мотивираше или убеди да се обидете, како почна сето тоа? -Јас бев оној кој постојано ги забавува другите, кои се шегува, кој не е сериозен… Желба од мал ми е нешто вакво. Сум глумел и во претстави, филмови, пораснав со “К-15”, “Солза ...
24 Мај 2024 година Денес е голем Празник Свети Кирил и Методиј, 24 мај, и е неработен ден во Македонија Свети Кирил и Методиј се Свети Кирил и Методиј- македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на ...
По долги подготовки, на 15 мај 2024, еден од најдобрите проекти за годинава го постеливме во храмот на уметноста резервиран за великаните на модерната и современа македонска ликовно-уметничка сцена, на наше и ваше големо задоволство. Бројната публика на самото отворање го маркира интересот за творештвото на Масин на највисокото ниво на скалата на почит и интерес за оригиналноста на Мирослав Масин како автор и како урбан лик. На самиот официјален ...
На ден 22.05.2024 година во пресрет на празникот 24Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во Музејот на Македонската борба за самостојност, се одржа поетскиот настан “Светот што лебди”. Настанот беше организиран од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје а го модерираше претседателката на здружението Катерина Митковска. “Светот што лебди” е според истоимената стихозбирка со хаику поезија на ...
Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“ ќе се одржи на 23 мај 2024 – Youth and Community Center, Гостивар, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. Како што веќе знаете, изминатите 12 месеци, во Гостивар спроведовме информативни сесии, фокус групи и низа обуки за зајакнување на капацитетите на воспитно – образовните институции и локалните власти со цел унапредување на правата на децата и нивно ...
52. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Гостува: СЛОВЕНЕЧКИ КАМЕРЕН МУЗИЧКИ ТЕАТАР, ЉУБЉАНА 28.5.2024- 20.00 часот „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го ...
Вториот квартал од програмските содржини на Националната галерија за 2024 поддржани од Министерството за култура, на сцена ја донесува ретроспективната изложба на Драган Верговски– Алпи, советник козерватор, современик на Борко Лазески и Димитар Кондовски. Отворањето е на 23 мај 2024 (четврток) во галерискиот простор на Чифте амам, во 20 часот. Изложбата ќе биде поставена во текот на еден месец и ќе трае до 23 јуни 2024 година. Драган ...
21 мај 2024 Скопје: Трка каква што ù доликува на една метропола се случи завчера во Скопје, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдобро од триатлнската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Главен спонзор на трката беше Стопанска лизинг АД Скопје. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, ...
21 мај 2024 година, во 20 часот Галерија КО-РА Во рамки на проектот „Цртај на македонски“ на Министерството за култура м-р Славица Танеска ја организира нејзината деветта самостојна изложба насоловена „МАКЕДОНСКА МИСЛА“.Самиот проект го афирмира македонскиот јазик и кириличното писмо преку ликовната уметност и дизајнот. Вусшност станува збор за типографски дизајни во кој се вметнуваат и илустрации. Текстовите се македонски народни мудрости ...
Локалната конференција во Кисела Вода се реализираше под мотото „Одлучувам, значи постојам“ од кое јасно се согледува нејзината цел. Таа е да се зајакнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво во контекст на унапредување на детските права преку вклучување на децата во процесот на одлучување. Учесници од јавните детски градинки беа стручни соработници, воспитувачи и негователи. Од општинските основни училишта учествуваа одделенски и ...
Скопје, мај 2914 година Неодамна се одржа промоција на новата книга на познатата македонска поетеса Марина Мијаковска, насловена “Свилени времиња”. Триумфална според пројавениот интерес на присутните, возбудлива по содржината на нејзината нежна поетска креација, овој пат ни претстави книга со стихови кои ги допираат чувствата и откриваат уште еден нејзин нов женски поглед на нештата, од поетските пластови во неа, кои еден по еден ни ги прикажува ...