„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од авторката Марина Димитриева–Ѓорѓиевска која содржи триесет кратки прозни текстови во кои доминантни теми се љубовта, чесноста, почитта, човекољубието, праведноста, женската вистина во општествените, партнерските и семејните односи. Секој текст е напишан како лична размисла која алудира на автореференцијалност, најмногу поради првото лице во ...

Преку рефлексија на достигнувањата на Младински образовен форум (МОФ), но и преку отворена дебата за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество, на 7 јуни 2024 година, Младинскиот образовен форум (МОФ) одбележа 25 години постоење. Конференцијата по повод јубилејот се одржа во „Станица 26“, ја отвори извршната директорката на Младински образовен форум – Теодора Столевска која во воведот посочи дека МОФ е заедница на млади ...

На 7 и 8 јуни 2024 година, во Македонскиот народен театар се одржува Фестивалот за класичен балет и модерен танц, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. Уметничката директорка на фестивалот е Маја Каревски. Награда за животно дело ѝ е доделена на професорката Елисавета Кушовска, а во нејзина чест, на неколку дела ќе играат нејзини некогашни ученици, а денешни солисти во Националната опера и балет. Втората фестивалска вечер ќе се ...

Оваа сабота, на 1 јуни, во Музејот на современата уметност ќе се одржи целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во рамките на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Целодневната интердисциплинарна програма е бесплатна и е наменета за целата публика! Програмата вклучува градска пешачка тура „МАПИРАЊЕ НА ЖЕНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО „НАШИОТ ПАТ” со Ивана Драгшиќ во 13 часот, а во ...

На 8 јуни 2024 година во големата сала на Домот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово се одржа фестивалот “Распеано детство 2024”, со дваесеттина учесници од Македонија, но и гости од Србија и Бугарија. Директорот Драган Јаким откри дека фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД, носач на звук, и ќе биде достапен на јутјуб каналот на здружението “Ризница”, кое е организатор на фестивалот. ...

На 28 мај, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје се отвори интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. На официјалното отворање зборуваа кустосот Бојана Јанева, а по отворањето на изложбата следуваше диџеј сет со Нино Делиниколов. Уметници чии дела се ...

По првите две извонредно успешни фестивалски вечери, OFFest продолжува да го чекори своето 23. издание. Во рамките на третата вечер, во Националната опера и балет, вечерва 8 јуни 2024 година ќе настапи најголемиот фламенко гитарист денес, ВИСЕНТЕ АМИГО. Тој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето ...

8 јуни 2024, Прилеп: Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. Промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас, ние сме промената! Педесет и осум пати во овие педесет и девет години овде во Прилеп почнувал фестивал кој влијаел, влијае и ќе влијае на сите нас. Вечерва по педесет и осми пат почнуваме да го славиме театарот, уметноста ...

Наш специјален известувач од Атина Валентина Ѓоргиевска Парго Рекордна посетеност и динамични дискусии беше сликата на 29. Форум за електрична енергија кој се одржа во Атина на 5 и 6 јуни, во Виндам Гранд хотел, привлекувајќи значителен број присутни од целиот свет, а во организација на Energy community. Дводневниот настан се фокусираше на дискусии и дебати во врска со пазарите на електрична енергија на Енергетската заедница, кои можеа да се ...

На 26 јуни 2024 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024. На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра ...

На 31 ви Мај 2024 година во Скопје, 14-годишниот Христиан Ангел Јовановски е прогласен за Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир. Господинот Живко Поповски – Цветин кој да доделува оваа награда кажа дека до сега Христиан е најмладиот добитник на оваа награда. Неодамна Христиан доби и една од четриесете честитки на кој има примерок од писмото што хуманиската Мајка Тереза му го испрати на Господинот Цветин каде што го ...

Скопје 27.05.2024 Вчера во Скопје, за време на одржувањето на Фолк фестивалот во Валандово, на кој беше еден од основачите, почина музикологот Костадин Костадиновски. Костадиновски освен што беше музиколог, беше и публицист, критичар и композитор кој остави неизбиришливи траги во македонската музичка историја. Творец е на шест фестивали, ко-основач на првиот фестивал на новосоздадени песни “Фолк фест Валандово“(1985), на првиот македонски ...

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ. Сабота, 1 јуни, 13 во Буква / Bookva Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов – вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски – гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а ...

02 Јуни 2024 Скопје На 31 ви Мај 2024 година во Скопје, 14-годишниот Христиан Ангел Јовановски е прогласен за Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир. Господинот Живко Поповски – Цветин кој да доделува оваа награда кажа дека до сега Христиан е најмладиот добитник на оваа награда. Неодамна Христиан доби и една од четриесете честитки на кој има примерок од писмото што хуманиската Мајка Тереза му го испрати на Господинот ...

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Традиционално оваа манифестација во Битола е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година повторно беше организирана во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Хрватскиот културен центар, покрај Денот на државноста го одбележа и јубилејот 30 години постоење. Препознатливиот далматински мелос, ...

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Традиционално оваа манифестација во Битола е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година повторно беше организирана во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Хрватскиот културен центар, покрај Денот на државноста го одбележа и јубилејот 30 години постоење. Препознатливиот далматински мелос, ...

1 Јуни 2024 Со Одлука на Управниот одбор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, продолжен е рокот на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024. Крајниот рок за пријавување е 14 јуни, 2024 година. Ги поттикнуваме младите автори дебитанти да се пријават на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024, распишан од Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во ...

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во ...

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во нашата држава. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст ...

1.06.2024 „АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time “ на ...

На 1 јуни 2024 година, Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој ...

Ние ги уживаме, светот ги признава! Националниот џез оркестар вечерва, Први Јуни 2024 година, оствари уште еден голем концертен успех со кој повеќе од дефинитивно со голема комотност во констатацијата може да се каже дека го продолжуваат просветителското дело на некогашните просветители, првенствено на Свети Климент, како и на Свети Кирил и Методиј, но во една поинаква, современа варијанта, ширејќи ги вредностите на уметничките достигнувања и ...

Со воведен говор на промоторот Костадин Шурбановски, потоа и со обраќање на Пијан Славеј и на крај со изведба на три песни од албумот во живо, во кафе- книжарница „Буква“ во Скопје на 1 јуни 2024 година беше промовиран албумот “Нудист“. Ова е негов вториот студиски проект, кој воедно е 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е самиот тој, Бранислав Николов (алијас Пијан ...

“Калинката што цути” во дворот на семејството Јаневски во Аеродром, каде е сместен нивниот семеен занает, беше мотив околу тоа плодоносно стебло, да се соберат врвни уметници-поетеси, поети, шампиони, да одржат оригинален и незаборавен пладневен настан, кој крадеше воздишки на минувачите. На 31 Мај 2024 година, на зборното место, а во организација на македонското здружение за култура обичаи и традиција “Гороцвет” и во соработка со Марина и ...

На 29 мај 2024 година, во киносалата на Кинотеката на Македонија се одржа свеченото доделување на „Златниот објектив“ на големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов. Ова признание Попов го доби за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија- како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во ...

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година. Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност Државната награда се доделува на ...

Вечерва, 31 мај со почеток во 20.00 часот ќе се затвори 52. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ со величествената „Аида“ од Џузепе Верди. „Аида“ Џузепе Верди Опера во четири чина Диригент: Нимрод Давид Фефер На сцената на НОБ пренел и адаптирал: Дејан Прошев Кореограф: Луиза Балдинети (Италија) Асс.кореограф: Саша Евтимова Асс.режисер: Љупка Јакимовска Концерт мајстор: Верица Ламбевска Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина ...

По успешните претставувања на изложбата од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ пред прибирливата публика во Софија, и пред публиката од различни возрасти во Виница, „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ се враќа во своето почетно место – Штип. Со отворањето во „Галерија 22“ на Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип на 28 мај 2024, со почеток од 12:00 часот, делата од дипломираните и актуелни студенти ќе ја заокружат ...

Вчеравечер во изложбениот простор на Домот на културата “Кочо Рацин “ во Скопје, беше отворена завршната изложба на годинешната школа за цртање и сликање за деца и возрасни, која е седма по ред. Работата во оваа учебна година Ателјето за цртање и сликање, ја заокружи со оваа изложба, на која со свои дела се претставени сите учесници, кои во текот на годината го посетуваа Ателјето и ги учеа ликовните вештини, во различни групи. На оваа изложба ...

На 28 мај, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ- Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова . За посетителите кои се заинтересирани да ја погледнат изложбата со личен кустос водич, истата вечер во 19.30 часот, пред официјалното отворање, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
38%
1026
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
44%
1026
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
60%
1026
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1027
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
36%
1026
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
6.26
38%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
68%
1023
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
57%
1024
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
50%
1025
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
52%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941