Драгоцено ни е споделувањето на хрватското искуство во туризмот Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Загреб оствари билатерална средба со министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, со што ја започна дводневната работна посета на Хрватска. На средбата, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, беа разменети мислења за развојот на туризмот и унапредување на соработката меѓу двете држави. Министерот ...

На 27 септември со почеток во 20.00 часот Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 септември со почеток во 20.00 часот. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е ...

Од денеска 18.09.2024 до недела 22 септември во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе се одржи седмото издание на Меѓународната уметничка колонија “Трпејца 2024”. Годинава на колонијата ќе учествуваат уметниците: Нина Тодоров и Владисав Богичевиќ од Ниш, Данчо Ордев од Скопје, Николаос Тамоутселис од Лерин и Наташа Попоска- Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид. По традиција тие ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште ...

Убаво беше да си дел од саботната изведба на Вердијевиот “Набуко“ на сцената на Македонската опера и балет. Убаво беше да ја почуствуваш енергијата, спонтаноста и љубовта на одличните уметници, што се дел од oваа поставка на “Набуко “, која беше изведена и во рамките на годинешните Мајски оперски вечери а само пред 10-тина дена се претстави и пред Софиската публика. И кога набројуваме што беше убаво, почнуваме со одличните солисти: насловната ...

Во Виена, Австрија на 19.09.2024 година во Амбасадата на Р.С. Македонија, беше промовирана книгата од авторот Виолета Калиќ насловена “Осврти- рефлексии, илуминации и реминисценции”. Книгата ја промовираше НЕ Освит Росоклија, амбасадор на Република С. Македонија во Виена, во присуство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, екселенции од Мировната мисија на ОБСЕ, претставници од дијаспората, од здружението и студиото на архитектите, од ...

22.09.2024 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов. Станува збор за луксузно издание, на македонски и на словенечки јазик, илустрирано од реномираниот уметник Боге Димовски, кое ги обединува сите препејувачи кои во текот на последниве шест децении го ...

22.09.2024 На петтата Интернационална поетска манифестација “Сплоти се Македонијо”,денес доделени се наградите за поезијата на наградените поетеси и поети од Македонија и дијаспората. Во категоријата “Песни од Македонија” Гран при е доделено за Божана Тренческа, прва награда за Оливера Јовановска, втора награда за Ивона Даноска, а трета награда за Сузана Рулеска. Награди “8-ми септември” за нивните поетски дела беа доделена на Александра ...

20.09.2024 р , е билатерална , На средбата, министрите се согласија дека меѓу двете држави има одлични билатерални односи во сите општествени сфери, со акцент на економијата и културата. Во пријателска и конструктивна атмосфера, Љутков и Вречко го отворија прашањето за културно-информативни центри во двете држави. Министерот Љутков ја информираше својата колешка за позитивните искуства што нашата држава ги има со културно-информативните центри ...

21.09.2024 Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 45. издание. Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филмот „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА 300. Годинашен добитник на наградата Златна камера 300 за животно ...

21.09.2024 Четвртото издание на стручното музејско списание „Славишки зборник“ на Локалната установа Градски мзуеј Крива Паланка денес беше промовирано во големата сала на општината. Изданието посветено на Кривопаланечкиот регион (Славиште) во времето на доминација на Османската империја, периодот од 15 до 19 век, 15-19 век), го промовираше академик Драги Ѓоргиев, османлист. „Навистина се ретки публикациите и изданијата за историјата на ...

Симе Георгиевски е Преспанец кој повеќе од половина век живее во Сиднеј, познат музичар, пејач, хармоникаш и радио водител. Легенда на Преспа. Има објавено и неколку албуми и околу 50 песни во кои преовладува мотивот на македонската традиција. Со години е познат по тоа што ја води програмата на Македонското радио. Ова лето со својата сопруга Вера е повторно во Македонија. *Годинава по пауза од две години повторно ни дојдовте во Македонија ...

Најпознатата италијанска глумица Софија Лорен на 20.09.2024 година го прослави својот 90 роденден, вест што ја пренесоа сите италијански и сите светски медиуми, и се прославуваше во нејзината родна земја. Софија Лорен е родена на 20 септември 1934 година, во Рим. Нејзиниот татко бил инженер, а нејзината мајка учителка по пијано. Израснала во сиромашни услови, во градот Поцуоли, близу до Неапол, за време на Втората светска војна. На 15 години, ...

На денешната конференција (18.09.2024) на Европските денови на културното наследство, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави учесниците истакнувајќи го значењето на конференцијата, која е еден од најшироко прифатните културни настани кој ги обединува луѓето од целиот европски континент. „Македонската култура е симбол на континуитет и еволуција, која го збогатува заедничкиот европски идентитет со својата автентичност, ...

“Во воздухот се насетуваат стихови кои ширум ги отвориле прозорците, ја ослободиле куќата од сите врати, го откорнале прагот и сега слободни и свои се закануваат да се рашират во секоја пора на градот. В сабота, треба да бидеме подготвени да ги прифатиме овие бунтовни зборови и да склучиме примирје. Време е! Оти, кога не знаевме, не умеевме да видиме и да слушнеме, си свртевме грб, се напуштивме и…”, со овие зборови модератор на настанот Силвана ...

СКОПЈЕ, 19.09.2024 Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со Профундис под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Заедно, тие ќе изведат возбудлива, сложена и технички најпредизвикувачка програма која вклучува ремек-дела од композитори како Паганини, Сарасате и Чајковски. За програмата, маестра Дашиќ истакна дека утревечер ќе бидат изведени некои од најсложените дела од класичната ...

На 23 септември 2024 година со почеток во 12 часот, НУ Кинотека на Р. С Македонија ќе биде домаќин на конференција на тема „Примена и креирање на видеосодржини за наставни цели“. Конференцијата е дел од проектот „..и Акција!“ во рамки на програмата на ЕРАЗМУС +, подржан од Европската Унија. На самата конфереција Кинотеката на Р. С. Македонија, која е една од петте партнери во овој проект, ќе учествува со свои излагачи: м-р Игор Старделов, ...

СКОПЈЕ, 19.09.2024 Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со Профундис под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Заедно, тие ќе изведат возбудлива, сложена и технички најпредизвикувачка програма која вклучува ремек-дела од композитори како Паганини, Сарасате и Чајковски. За програмата, маестра Дашиќ истакна дека утревечер ќе бидат изведени некои од најсложените дела од класичната ...

Академик Драги Ѓоргиев ќе биде промотор на најновото стручно музејско списание „Славишки зборник „ што го издава ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а кое е посветено на Кривопаланечкиот регион во времето на Османлиската Империја (15-19 век). Промоцијата ќе се одржи утре, петок, 20 септември 2024 година, со почеток во 12,30 часот , во големата сала на Општина Крива Паланка. „Во ова 4-то издание на Славишки зборник ќе бидат претставени 20-тина ...

18.09.2024 Неодамна, во издание на Институтот за македонска литература беше објавена книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним ...

18.09.2024 По повод 30 гпдини од култниот филм “Пред дождот” на својата фејсбук страница, славниот режисер Милчо Манчевски објави реплики од овој светски славен филм, кои станаа дел од популарната култура. – Во Македонија, реплики од „Пред дождот“ станаа дел од популарната култура. На крајот на 1990-те на зградата на Македонската опера и балет стоеше графит со дијалогот: „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа, сега Запад ...

Вчера,17.09.2024, по повод “8. Септември – Денот на независноста”, Амбасадата на Република Северна Македонија во Црна Гора во соработка со Секретаријатот за култура на Главниот град Подгорица беше отворена изложбата „Моја Македонија“ на македонскиот фотограф Милан Џинго. На отворањето присутните ги поздравија секретарката на Секретаријатот за култура на Подгорица, Снежана Томановиќ, амбасадорот Зеќир Рамчиловиќ и авторот на изложбата Милан ...

Во петок, на 20 септември 2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица- Троеручица, од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје. Во сабота, на 21 септември 2024 ...

Утревечер, 14 септември, со почеток во 19,30 часот, во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе биде отворена самостојна изложба на истакнатиот академскиот сликар Роберт Цветковски. На изложбата ќе бидат поставени околу 50 дела од најновиот творечки опус на Цветковски, кој после долгогодишните циклуси „Порака, „Инсомниа“, „Помеѓу денот и ноќта“, последните 4 години се втурнува во нови форми на истражувања и нови сфери кои ги ...

Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност- Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно ...

Филмот “Бизнисот на задоволството” во кината низ Македонија почнува да се прикажува на 19.09.2024 година во 19.30 часот. Во Скопје премиерата ќе биде во кино Синеплекс. „ Бизнисот на задоволството”: откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсесивно работи на својата цел да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува ...

12. 09.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Националниот конзерваторски центар, најстарата матична стручна институција од областа на заштитата на културното наследство, констатираше дека низ годините е доведена до многу лоша состојба, и од кадровски и од технички аспект „НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава и, како што ...

На 18 септември 2024 година во салата за промоции на Општина Новаци, се организира промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска- Велјановска“ чиј автор е м-р Елизабета Јончиќ. Издавач на оваа книга со книжевно научни- согледби од областа на морфологијата и зборообрзувањето е Македонското научно друштво Битола. Рецензенти на книгата се: проф. д-р Виолета Јанушева, проф. д-р Весна Мојсова- Чепишевска и Гордана ...

17.09.2024 НУ Кинотека на Р. С Македонија во соработка партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ програмата изработија веб-платформа насловена Andactionproject.eu која е достапна е за сите граѓани. Оваа платформа нуди обука за креирање видеосодржини за наставни цели. Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е ...

17.09.2024 НУ Кинотека на Р. С Македонија во соработка партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ програмата изработија веб-платформа насловена Andactionproject.eu која е достапна е за сите граѓани. Оваа платформа нуди обука за креирање видеосодржини за наставни цели. Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е ...

Разговараме со многу познат признат и плоден продуктивен бугарски уметник, кој деновиве го посети и Македонскиот центар во Софија. Ние се запознаваме на поетското читање во Нишвил, ова лето, на Нишвил jazz & book’s session, каде уметникот имаше многу убава симпатична изложба од само неколку впечатливи колоритни, но мошне интересни апстрактни слики, кои веднаш го привлекоа вниманието на присутните поетеси и поети од цел Балкан. -Господине ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
42%
1027
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1027
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
38%
1027
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.66
27%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
65%
1027
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.15
35%
1023
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
19%
1023
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1024
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
34%
1026
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976