09.10.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз. На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, ...

Сабота, 12 октомври, 20:00 во АудиоКултура Во пресрет на 43. Скопски џез фестивал (17-20 октомври), се организира слушачка промоција на новото (52) ЦД-издание на SJF Records, албумот „Ruh“ на групата Next to Silence. Вториот студиски проект на NEXT TO SILENCE (Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов – тапани) е сочинет од 5 нови композиции во кои тие вешто ја ...

АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го одбележи првото одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје! Настанот ќе се одржи на 18 октомври (11.00) и ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. Локација: Ѓорѓи Сугаре 14, Општина Кисела Вода,(веднаш до училиштето Невена Георгиева Дуња- Месна заедница 11 Октомври- ЗГРАДИ). Поправките играат важна улога во зачувувањето на ...

09.10.2024 „Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска. Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката ...

Националниот „Поетски слем Македонија“ 2024 годинава по 14-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 10 до 13 октомври. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе се отвори на 10 октомври во 18:30 часот со изложба на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, насловена „Hello Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again“ во НУЦК „Марко Цепенков“. За годинешниот поетски натпревар пријавени се ...

Иван „Иво“ Андриќ ( 9 октомври 1892, Долац- 13 март 1975, Белград) е југословенски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родна Босна за време на отоманското владеење. Неговата родна куќа во Травник е музеј, како и неговиот стан во Белград каде е „Музејот Иво Андриќ“ и „Фондацијата Иво Андриќ“. *** Роден е на денешен ден, 9 октомври во 1892 година во Долац ...

Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи се повеќе се зголемува. Деликатно направениот избор на модерни ракотворци е со единствена цел да се поддржи занаетчиството на оригинални производи. Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детал од нивната работа. На четиридневниот базар ќе земат учество брендови, ...

8 октомври 2024 Камерниот оркестар на Националната опера и балет ќе одржи концерт во познатата „Ehrbar Saal“ (Почесна сала) во Виена, Австрија, на 8 октомври 2024 година. Овој исклучителен концерт претставува значаен момент за македонската култура и музика, нудејќи на меѓународната сцена дела од еминентни македонски композитори. Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, публиката ќе има можност да ужива во богатата ...

7.10.2024 Во ЛУ Градски музеј Крива Паланка отворена е мултимедијална изложба насловена „Дневник“ на ликовниот уметник и графичар Стефан Јакимовски-Стеф. На изложбата, која претставува магистерски труд на Јакимовски, се поставени повеќе ликовни, визуелни и мултимедијални дела во различни техники и тоа 19 графики, 100 бетонски објекти со основа на квадрат и вметнати разни материјали, како и 20-тина бележници (дневници). Делата се инспирирани од ...

Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води. Овој проект има повеќекратна корист за локалното население затоа што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен ...

Михаил Ренџoв (25.08.1936, Штип- 8.10.2024 Скопје) е поет, прозаист и преведувач. Поет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Творештво Иселеник на огинот, (поезија, 1965) Ноќно растење на ...

На 5 октомври 2024 (сабота), во рамките на одбележување на 20. годишниот јубилеј на манифестацијата „Бела ноќ“ во организација на Универзалната сала во Скопје, Националната галерија традиционално се приклучува кон ноќта во која се бдее над уметноста и со задоволство ги најавува проектите кои ќе бидат дел од богатата програма на културната понуда. ДАУТ ПАШИН АМАМ „120 години од раѓањето на Томо Владимирски“ На задоволство на љубителите на ...

Во галеријата на Културно- информативниот центар во Софија, на 3 октомври (четврток) 2024 ќе биде отворена изложбата „Мотиви од полошко поднебје“ на ликовните уметници Илирјан Беќири и Агрон Абдули. Двајцата уметници од Тетово ќе изложат околу дваесетина дела од нивниот најнов сликарски опус. На изложбата ќе можат да се видат сликите на Илирјан Беќири, изработени во техниката маслени бои на платно и сликите на Агрон Абдули, изработени во ...

(фото: vladojanevski.mk) На најновото издание на светскиот сајбер фестивал World song contest гласачите од преку 50 земји ќе ја слушнат најновата песна на Владо Јаневски “Прекрасен ден”. Таа песна е испратена како претставничка на Македонија во најновото издание на изборот. И светски познати пејачи се во конкуренција за првото место, меѓу кои Леди Гага, Бруно Марс, Алесандра Аморосо од Италија, Деси Слава од Бугарија, годинешниот евровизиски ...

(фото: vladojanevski.mk) На најновото издание на светскиот сајбер фестивал World song contest гласачите од преку 50 земји ќе ја слушнат најновата песна на Владо Јаневски “Прекрасен ден”. Таа песна е испратена како претставничка на Македонија во најновото издание на изборот. И светски познати пејачи се во конкуренција за првото место, меѓу кои Леди Гага, Бруно Марс, Алесандра Аморосо од Италија, Деси Слава од Бугарија, годинешниот евровизиски ...

8.10.2024 На 91 годишна возраст почина американската соул пејачка Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон, и добитничка на Греми награда . Нејзината снаа Пет Хјустон за „Асошиејтед прес“ потврди дека пејачката починала во нејзиниот дом во Њу Џерси, поради Алхајмерова болест. Сиси Хјустон е родена како Емили Дринкард на 30 септември 1933 година во Њуарк. Пораснала во музичко семејство и ја започнала својата кариера пеејќи во црковниот хор, ...

И плачот се умори од мене И очите ми откажаа од верното другарување Рацете и нозете се сложија да ме напуштат Сонот ме остави… Шепотот од испуканите усни мрморат за прошка Но која?! Од кого?! За кого?! И јас не знам, но не знае и денот, мракот… Залутав некаде по водите на сушите, По сонцето на северот, По бесконечноста на крајот, Заиграв со музиката на тишината, Стигнав и до љубовта на омразата, Калабалак околу самотијата кружи да ме скрие од ...

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа… до небото“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата “Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10.2024 година. Претставата е работена според пиесата на Бернар- Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на ...

7 октомври 2024, Скопје: На претпоследниот ден на 12. „Џифони Македонија“, во рамките на Edu Cuts конференцијата, учесниците на фестивалот ќе имаат можност да се запознаат повеќе со можностите што ги нуди CinEd – Европската филмска едукативна програма. Веднaш потоа пред младите ќе се претстави „Аспирин продукција“, како дел од младинската филмска продукција, нова генерација филмски македонски филмски ентузијасти. CinEd – европската програма за ...

8-ви октомври 2024 година 20:00 часот Македонскиот народен театар -Со голема радост ве покануваме на концертот на нашиот оркестар и студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. Заедно да го проследиме овој настан кој ќе ги обедини на иста сцена искуството и младешкиот дух и ентузијазам, објавија од Националниот џез оркестар. Билетите со цена на чинење од 500 денари може да ги набавите online – ...

7.10.2024 Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” ја имаше својата светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал“, еден од најголемите жанровски фестивали во светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, воглавно со најмладата публика која енергично ја дочека ...

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“. Славење на Културата Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз! Проектот е остварен во соработка со Здружението ...

Започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година. Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето. Штип 8.10.2024 г. (вторник) ...

Националната опера и балет ќе ја отвори сезоната со моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, на 16 октомври 2024 со почеток во 20.00 часот. Билетите се распродадени. Публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, кореографијата и либретото се на Кан Арслан од Турција, ...

На 6 октомври 1943-та година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките и германските сили загина Јосиф Јосифовски – Свештарот. Јосиф Јосифовски- Свештарот (Гевгелија, 2 август 1915- с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 1943) – македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој. Роден е на 2 август 1915 година во Гевгелија Починал на 6 октомври 1943 година (на возраст од 28 години) во Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски е роден во ...

6.10.2024 Со претставата „Боинг Боинг“, во изведба на Општинскиот театар од Ќустендил Бугарија, беше спуштена завесата на 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој традиционално се одржува во салата на НУ Центар за култура Крива Паланка. Во 9-те фестивалски вечери бројната публика уживаше во театарските остварувања и настапите на исклучителни актерски екипи од земјава и од регионот. Имаше многу возбуда, ...

6.10.2024 Екипата на НУ. Народен театар Битола за време на своето гостување во Полска, беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска г-дин. Јасмин Ќахил. Во една пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Имено претставата “Хамлет- денот на убиствата” од Бернар Мари Колтес во режија на Марјан Неќак, ќе се прикаже вечер на ...

6.10.2024 Националната установа „Музички Ансамбл”- Тетово вчера со преполна сала за двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“, на македонски и албански јазик, го реализираше вториот проект од Годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Над илјада деца во Центарот за култура уживаа во маестралното дело на Сергеј Прокофјев, оркестрирано и диригирано од палката на Ангел Спировски и Агона Чупи, со нарација на ...

На 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје најголемата македонска музичка легенда Тоше Проески го одржа својот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти), пред точно 17 години. Средствата од тој концерт беа посветени на ревитализација на македонското школство. На концертот биле присутни повеќе од 40.000 посетители. На самиот концерт кажа дека за своја биографска песна ја смета “Цреша”, со што, иако не беше спречено ...

5.10.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје- европска престолнина на културата 2028 година“. На средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1026
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1028
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
49%
1028
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
41%
1028
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.43
28%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
68%
1028
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
8.05
38%
1023
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
20%
1023
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
35%
1026
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
47%
1026
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
31%
1025
Currency

61.535

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976