
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Македонски Телеком ги отвора вратите на својот прв продажен простор од овој вид, со целосно нов и освежен концепт за корисничко искуство, поставувајќи нови стандарди во односите со своите корисници. Со новиот малопродажен концепт применет во продавницата во Капитол мол во Скопје, Телеком воведува отворен и пријатен амбиент без физички бариери помеѓу продажните агенти и корисниците, создавајќи простор за непосредна комуникација и консултации. ...
Како загревање за претстојниот празничен период, Веро традиционално ја организира новогодишната наградна игра за своите потрошувачи, која ќе кулминира со извлекување на многу вредна, главна награда – ваучер за шопинг од 500.000 денари. Наградната игра ќе трае до 29 декември. Покрај вредната главна награда, секоја сабота ќе се извлекуваат добитници на вкупно 24 вредносни ваучери од по 3.000, 5.000, 10.000, 15.000 и 30.000 денари. Сите ...
Иако Huawei ја доби титулата за „прв смартфон со тројно преклопување“ со својот Mate XT, Samsung уште во 2022 година на CES саемот ги претстави двата прототипа наречени Flex S и Flex G. Samsung првпат го претстави концептот на тројно преклопен телефон пред три години, на CES 2022 година, користејќи дизајн со двојно преклопување навнатре. Според најновите информации од јужнокорејските медиуми ETNews, се очекува Samsung да го лансира трократно ...
Повеќето луѓе веќе знаат како функционираат привремените мејл адреси, бидејќи многу сервиси денес нудат ваков вид инбокс, најчесто бесплатно. Затоа е изненадување што ниту еден од големите технолошки „играчи“ досега не ја понудил оваа можност, но ситуацијата наскоро би можела да се промени. Според Android Authority, во најновата Android апликација за Gmail се забележани референции за функција наречена Shield Email. Концептот е едноставен – ...
Популарната апликација WhatsApp конечно ќе ја добие функцијата Message Drafts, која ќе ги потсетува корисниците дека започнале да пишуваат порака, но не ја испратиле поради некоја причина. Функцијата Message Drafts функционира така што прикажува зелен индикатор „Draft“ на почетокот на пораката во листата со разговори, доколку корисникот започнал порака, но не ја испратил. Овој разговор ќе биде преместен на врвот од листата со разговори, што ...
Постарите лица се идеална цел за измамници кои се обидуваат да дојдат до нивните лични податоци и броеви од банкарските картички. Во последно време ширум светот има голем пораст на обидите за измами, а колку е драматична ситуацијата во Велика Британија покажува неодамнешното истражување објавено од телекомуникациската компанија Virgin Media O2. Според резултатите од тоа истражување, дури 22 отсто од луѓето се напаѓани од измамници секоја недела, ...
Aпликација со отворен код за Android паметните телефони, која помага во намалување на прекумерната употреба на уредите, со акцент на спречување на одвлекувањето на вниманието, особено ако лесно се губи концентрацијата при користење на содржини на различни социјални мрежи Паметните телефони одамна станаа неизоставен дел од нашето секојдневие, но како и секоја медала, и тие имаат две страни. Овие неодоливи дигитални уреди често доведуваат до ...
Според пријави од корисници на Reddit, ажурирањето на One UI 6 Watch за Galaxy Watch 6 ќе пристигне точно на 25 ноември. Samsung минатиот месец ја издаде стабилната верзија на One UI 6 Watch за бета-тестерите на Galaxy Watch 6 во САД и Јужна Кореја, а до крајот на месецот се очекува да биде достапна и за сите други корисници ширум светот. Според Aptivi, корисниците на Reddit пријавиле дека ажурирањето за Galaxy Watch 6 Manager донело нов ...
Најновото истражување на пазарот покажува дека просечната продажна цена на паметните телефони повторно ќе порасне во 2024 година, што укажува на забрзување на трендот кон премиум производи. Не е само ваш впечаток – смартфоните навистина стануваат сè поскапи! Според најновиот извештај за паметни телефони објавен од истражувачката агенција Counterpoint Research, се проценува дека глобалната просечна продажна цена (ASP) на мобилните телефони ќе ...
Претстојната Galaxy S25 серија на Samsung, која ќе биде претставена на почетокот на следната година (најверојатно на 23 јануари во Сан Франциско), ќе донесе разни подобрувања, како побрзи чипсети, нови функции со вештачка интелигенција и надградени камери. Меѓу новитетите ќе има и нешто што долго време се очекуваше – основниот модел од серијата ќе добие 12GB RAM наместо досегашните 8GB. Оваа информација произлегува од запис во базата на податоци ...
Кина планира да изгради база на Месечината со тули направени од месечевата почва, а дали тоа е возможно ќе покаже експеримент кој го започна во вселената. Примероци од тули, направени на Земјата од компоненти кои ја имитираат месечевата почва, ќе бидат испратени на товарна ракета кон кинеската вселенска станица „Тиангонг“, како дел од мисијата на Пекинг за испраќање луѓе на Месечината до 2030 година и изградба на постојана база до 2035 година. ...
Популарната апликација Google Maps добива нова корисна функција пред божиќните и новогодишните празници, а тоа се листи на производи од различни продавници. Ова значи дека корисниците на апликацијата ќе можат да пребаруваат производи од одбрани продавници директно преку лентата за пребарување во Google Maps. Производите ќе бидат ажурирани со листи на залихи, за корисниците да знаат каде и кога можат да ги подигнат. Резултатите од пребарувањето ...
Новите MacBook Pro модели со M4 генрацијата чипови користат Quantum Dot технологија на дисплејот, според аналитичарот за дисплеи Рос Јанг. Apple првпат користи филм со квантни точки наместо филм со црвен KSF фосфор, што претставува промена која обезбедува повибрантни и поточни бои. Јанг објаснува дека Apple претходно се одлучувал за KSF за моделите на MacBook Pro бидејќи не го содржеле токсичниот елемент кадмиум (типичен за квантни точки) и е ...
Истражувачите велат дека оваа технологија еден ден би можела да се примени и на други видови рак, вклучувајќи рак на белите дробови, простата, дојка, глава и врат. Кога неврохирург отстранува тумор од мозокот на пациент, ретко може да ја отстрани целата маса. Она што останува е познато како резидуален тумор, кој може да наликува на здраво мозочно ткиво. За лоцирање на тој остаточен тумор се користат различни методи, како магнетна резонанца или ...
Научната заедница повторно е воодушевена од ново откритие: диносаурус со крилја слични на лилјак! Ова неверојатно суштество нè враќа во времето кога диносаурусите експериментирале со летањето на начин досега непознат. Заборавениот пат на еволуцијата Првиот примерок од овој диносаурус е откриен во 2015 година. Тогаш кинеските научници ископаа остатоци од диносаурус наречен И Чи (翼奇 – чудно крило), но поради чудноста на откритието, научниот свет ...
Компанијата SpaceX се подготвува за шестиот тест на својата мегаракета Starship, кој ќе се одржи на 18 ноември. Горната фаза на ракетата веќе е поставена на лансирната рампа во базата Starbase во Тексас, за да биде тестирана пред лансирањето. Во вторникот беа објавени и фотографии, а на една од нив се гледа цртеж што ја краси леталката направена од нерѓосувачки челик. Станува збор за пикселизиран насмеан цртеж на банана, која во раката држи ...
Апликацијата ChatGPT сега е достапна за сите корисници на Windows на бесплатното ниво, додека најновата бета верзија за Mac вклучува развојни алатки како VS Code, Xcode, Terminal и iTerm2. Со овој потег, ChatGPT станува директен конкурент на Copilot, олеснувајќи ја употребата за корисниците на Windows и додавајќи нови моќни функции за корисниците на Mac. За Windows, апликацијата сега е достапна за сите корисници на бесплатното ниво, ...
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“. Интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени е прв и единствен на ...
Huawei Mate 70 серијата го носи новиот Sony LYT-900 сензор за камера и напредни AI функции за подобри фотографии и видеа на флегшип моделите. Извори од синџирот за снабдување откриваат дека флегшип варијантите на моделите Huawei Mate 70 ќе користат нов главен сензор за камера произведен од компанијата Sony. Новиот сензор би можел да биде подобрена верзија на IMX989 примарната камера, која се појави со паметниот телефон Pura 70 Ultra. Претходно ...
Европската комисија изрече уште една огромна парична казна за американската компанија Meta, која изнесува речиси 800 милиони евра. Поточно, станува збор за казна од 797,72 милиони евра, која Meta ја доби затоа што практично го наметнала Marketplace на секој корисник на социјалната мрежа Facebook, без разлика дали тој тоа го посакувал или не. Според Европската комисија, ова претставува наметнување на неправедни услови за тргување на други ...
Ноемвриската полна месечина, позната како Beaver Moon, ќе биде видлива вечерва и ќе биде последната супер месечина за 2024 година, поголема и посветла од обичната полна месечина. Месечината изгледа како полна кога нејзината позиција е директно спротивна на Сонцето, а Земјата се наоѓа помеѓу нив. Овој момент во астрономијата се нарекува „опозиција“. За време на ноемвриската супер месечина, нашиот природен сателит ќе биде во соѕвездието Овен. Во ...
HyperOS 2 глобално пристигнува со серијата телефони Xiaomi 14T, носејќи напредни функции како AI камера, оптимизации за игри и подобар мултитаскинг, достапни на повеќе модели. Изгледа дека Xiaomi прави значаен чекор во технолошкиот свет, бидејќи основачот и извршен директор на компанијата, Леj Џун потврди дека глобалното лансирање на оперативниот систем HyperOS 2 е во подготовка. Ова е првпат најновиот оперативен систем на Xiaomi да биде ...
Вклучувајќи четири победници за „Најдобра иновација,“ наградите претставуваат признание за инвентивноста на Samsung во областите на AI, дизајн и корисничко искуство Samsung Electronics, глобален лидер во технологијата, објави дека неговите најнови производи и услуги добија признание од престижните CES® 2025 Innovation Awards, вклучувајќи четири добитници на наградата за „Најдобра иновација,“ од страна на Consumer Technology Association (CTA)®. ...
Корејските медиуми наведуваат дека Samsung ќе ја претстави новата Galaxy S25 флегшип серија на 23. јануари 2025 година на Unpacked настанот во Сан Франциско. Според најновите информации, претходните тврдења дека Samsung S25 серијата ќе дебитира порано се демантирани. Корејскиот медиум The Financial News цитира извори запознаени со ситуацијата, кои наведуваат дека Samsung планира да го одржи настанот Galaxy Unpacked 2025 во Сан Франциско, на 23 ...
Apple објави значителни ажурирања за својата апликација за видео едитирање Final Cut Pro, дизајнирана за Mac и iPad уредите. Final Cut Pro беше во верзија 10 од 2011 година, но по 13 години, Apple конечно го претстави Final Cut Pro 11. Apple првпат ја најави новата верзија на Final Cut Pro при претставувањето на новите M4 Mac модели во октомври, а сега ажурираниот софтвер е достапен за преземање со бројни „интелигентни“ подобрувања. Со Final Cut ...
Vivo овој месец ќе претстави два смартфони и тоа моделите Vivo S20 и S20 Pro. Спецификациите на основниот модел „протекоа“ уште во октомври, а сега се познати и деталите за Pro моделот. Според Digital Chat Station, S20 Pro ќе користи 6,67-инчен LTPS OLED екран со резолуција од 1.260 x 2.800 пиксели и заоблени рабови на сите четири страни. На предната страна ќе има селфи камера од 50 MP, додека на задната страна ќе биде поставена главна камера од ...
Нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата, а за тоа придонесува и изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста. „Откритието дека помалите честички, особено ситните честички – PM2.5, како и азотниот оксид, кои се создаваат при согорувањето на ...
Новата верзија на Chrome за iOS донесува повеќе нови функции преземени од Android верзијата, вклучувајќи истовремено пребарување на слики и текст преку Google Lens. Chrome за iOS веќе овозможуваше користење на Google Lens за пребарување на слики на iPhone или слики снименени со камерата, но сега е можно да се додаде и текст за попрецизно пребарување во само еден чекор. На пример, корисниците можат да прикачат фотографија од маица која им се ...
Самостојната апликација Gemini нуди подобрени функционалности, вклучувајќи поддршка за Gemini Live и функции специфични за iOS, како интеграција со Dynamic Island. Google ја лансираше својата специјализирана апликација за вештачка интелигенција Gemini за корисниците на iPhone, проширувајќи ја интеграцијата што претходно беше ограничена само на главната Google апликација. Самостојната апликација нуди подобрени функционалности, вклучувајќи ...
Преку својата долгогодишна општествено-одговорна кампања „Вози право, вози здраво“, Стопанска банка продолжува да ја збогатува понудата на урбана велосипедска опрема во Скопје на задоволство на децата и семејствата од градот. Деновиве беше предаден во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во еден од најубавите паркови во државата, паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни. Како надополнување на бројните спортско-рекреативни ...