Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Xiaomi овозможува 100 W PPS полнење дури и на постари уреди со едноставна команда, при што го отвора и Surge Charge протоколот без лиценцни надоместоци. Xiaomi ја воведе целосната поддршка за универзалниот 100W PPS (Programmable Power Supply) протокол кај флегшип серијата Xiaomi 17. Благодарение на тоа, екстремно брзото полнење сега е достапно и со стандардни PPS полначи од други производители, а не само со оригиналните Xiaomi адаптери. ...
Извршниот директор на Netflix, Грегори Питерс, во јануари најави дека стриминг-сервисот ќе воведе забавни и кооперативни игри кои ќе можат да се стримаат онлајн. Сега, на конференцијата Bloomberg Screentime во Лос Анџелес, тој откри дека неколку вакви игри, кои корисниците ќе можат да ги играат директно на својот телевизор, ќе пристигнат за време на празничната сезона. „Создаваме сосема нов начин на играње – едноставен како стримањето серија ...
Секој ден низ македонските патишта, аеродроми и граници минуваат стотици пратки, од храна и облека до суровини и индустриски материјали. Сето тоа се движи благодарение на компании коишто не управуваат само камиони, туку цели процеси. Тие се посредниците во товарниот транспорт, ги поврзуваат производителите со превозниците, ги координираат царините, складиштата и документите, и се грижат секоја пратка да стигне точно каде што треба. Без нив, ...
Новото AI копче на Honor Magic 8 смартфоните нуди повеќе функции преку едно физичко копче, со помош на вештачка интелигенција. Серијата паметни телефони Honor Magic 8 ќе биде претставена на 15 октомври, а во пресрет на официјалното лансирање компанијата откри нови детали за иновативното AI копче. Малото копче на страната од телефонот, како што открива Honor, ќе им овозможи на корисниците полесен пристап до различни функции и секојдневни ...
Snapdragon 8 Elite Gen 5 for Galaxy треба да се произведува во погоните на Samsung, и тоа во 2-нанометарски GAA процес. По неколку години пауза, изгледа дека Qualcomm и Samsung повторно се здружуваат во производството на мобилни чипсети за Galaxy уредите. Според извештаите на јужнокорејските медиуми, засилената верзија на Snapdragon 8 Elite Gen 5 for Galaxy треба да се произведува токму во погони на Samsung, што претставува своевидно враќање ...
Откако Германија најави дека ќе се спротивстави на предлогот за контроверзните правила за масовен надзор, данското претседателство со Советот на ЕУ го повлече од дневниот ред планираното гласање за оваа недела. Контроверзната регулатива наречена „Уредба за спречување и борба против сексуална злоупотреба на деца на интернет“, попозната како Chat Control, требаше оваа недела да биде на дневен ред на Советот на ЕУ, со кој во моментов претседава ...
Нов проект на NASA предвидува изградба на самоодржливи стаклени куполи од месечева прашина, кои би служеле како домови за астронаутите. NASA го претстави планот кој би можел да ја промени иднината на истражувањето на вселената: изградба на проѕирни стаклени куполи на Месечината, направени директно од месечева прашина. Американската вселенска агенција го финансира истражувањето на овој концепт во рамките на програмата NASA Innovative Advanced ...
Vivo официјално ја претстави својата нова X300 серија, која ги вклучува моделите vivo X300 и vivo X300 Pro. Двата модели ги напојува најновиот MediaTek Dimensity 9500 чип, носејќи значителни подобрувања во перформансите, камерата и енергетската ефикасност. Vivo X300 Pro – премиум модел со врвна камера и голема батерија Vivo X300 Pro доаѓа со тројна Zeiss камера на задната страна, предводена од 50MP Sony LYT-828 главен сензор (1/1.28″) со ...
Најголемиот технолошки саем во светот „Gitex Global“ го избра Белград за домаќин на првиот саем на оваа престижна организација во Југоисточна Европа, кој ќе се одржи под името „Gitex AI Serbia“ во 2027 година за време на специјализираната изложба „Expo 2027“. Оваа одлука беше донесена денес на отворањето на 45-от по ред саем Gitex Global во Дубаи и ја потврдува позицијата на Србија како растечки центар на иновации и нови технологии во овој ...
Google воведува нова функција во својот прелистувач Chrome за корисниците на Android и десктоп компјутери, која автоматски ќе ги исклучува известувањата за веб-страници што корисниците веќе ги игнорираат. Функцијата Security Check во Chrome веќе нуди слична функционалност за дозволи за пристап до камерата и следење на локацијата. Оваа нова функција за автоматско оневозможување се заснова на слична Android функција која веќе им овозможува на ...
Иако iPhone 18 Pro е сè уште далеку од официјалното претставување, се појавија првите гласини – Apple наводно планира помал Dynamic Island, делумно проѕирен MagSafe дел и камера со променлив отвор на блендата. До претставувањето на iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max останува речиси една година, но веќе се појавуваат информации за нови функции и дизајнерски измени. Според податоци од кинеската платформа Weibo, Apple планира низа суптилни, но ...
Според најновите информации од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple планира да објави нови производи во текот на оваа недела. Се очекува компанијата се очекува да ги освежи моделите iPad Pro, Vision Pro и веројатно 14-инчниот MacBook Pro, сите со најновиот M5 процесор. За разлика од претходните лансирања, Apple најверојатно нема да одржи посебен настан. Наместо тоа, новите производи ќе бидат претставени преку соопштенија на ...
Дополнителен 24-инчен или 27-инчен Full HD Smart TV како подарок при купување на одбрани Samsung телевизори Samsung Electronics со големо задоволство ја најавува својата најнова Dual Screen промоција, која трае од 13 октомври до 9 ноември 2025 година. Оваа возбудлива кампања им овозможува на купувачите да го удвојат своето искуство при гледање, така што со купување на одбрани Samsung телевизори добиваат помал телевизор (24-инчен или 27-инчен ...
Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата. Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, ...
Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите. Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат. Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата ...
Болниците ширум светот забележале загрижувачки пораст на вообичаени инфекции отпорни на антибиотици, а лекарите предупредуваат дека бројот на смртни случаи предизвикани од отпорност на лекови нагло ќе се зголеми во наредните години. Според податоците, една од шест лабораториски потврдени бактериски инфекции била отпорна на антибиотски третмани во 2023 година, при што повеќе од 40 проценти од антибиотиците ја изгубиле својата ефикасност против ...
Samsung W26 е ексклузивен преклопен телефон наменет за кинескиот пазар, кој нуди сателитска комуникација, повеќе RAM меморија и луксузни бои што го издвојуваат од Galaxy Z Fold 7. Samsung го претстави новиот преклопен модел во Кина – W26, кој се заснова на Galaxy Z Fold 7, но носи неколку уникатни додатоци. Најважната новина е можноста за директна сателитска комуникација за итни повици и пораки преку кинескиот систем Tiantong, со што W26 ...
Контроверзниот израелски стартап NSO Group, една од најпознатите, но и најозлогласени компании во областа на сајбер-безбедноста, ќе добие нови сопственици од САД. NSO Group, израелска софтверска компанија која се претставува како „производител на технологии за спречување и истражување на тероризмот и криминалот“, повеќе не е во израелска сопственост. Компанијата е позната на пошироката јавност како создавач на софистицираниот шпионски софтвер ...
Комисијата бара од компаниите да достават информации за нивните системи за проверка на возраста, како и за тоа како ги спречуваат малолетниците да пристапат до нелегални производи. Во согласност со овластувањата што ѝ ги дава Законот за дигитални услуги, Европската комисија покрена проверка на мерките за заштита на малолетниците на платформите Snapchat, YouTube, Apple App Store и Google Play. Комисијата бара од компаниите да достават ...
На шеснаесеттото стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс ’25“, кое ги обедини највлијателните имиња од рударската и геолошката фела, особено внимание предизвика панел-дискусијата посветена на „Патот кон одржлив развој во рударството“. Ивица Карапетров, заменик генерален директор на рудникот за бакар „Бучим“, со проф. д-р Зоран Панов и Андреј Кепески, менаџер за експлоатација на каменоломи и развој на минерални суровини, ...
Здравјето е највредното нешто што го имаме. Ниедно богатство не може да го замени, ниту да го спаси човекот кога телото ќе се побуни. Затоа и не е случајна изреката ‒ подобро да се спречи, отколку да се лечи. Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што оваа вистина станува дел од секојдневието. Таа не е само простор со полици полни со лекови, туку првата станица кога здравјето ќе се наруши. Таму фармацевтот е од доверба, а зад ...
Иако многу корисници не беа воодушевени од Liquid Glass на Apple, другите производители веќе во голема мера го користат како инспирација за своите кориснички интерфејси. Vivo на својата годинешна конференција за развивачи го претстави OriginOS 6, најновата верзија на својот оперативен систем, која нема да биде резервирана само за кинескиот пазар, туку ќе биде достапна и за корисниците ширум светот. Новата верзија на оперативниот систем носи ...
Новата апликација на OpenAI за генерирање видеа, во првите денови забележа побрз раст од популарниот ChatGPT, достигнувајќи еден милион преземања за помалку од пет дена, и покрај ограничената достапност. Новата апликација на OpenAI за генерирање AI видеа од текст и шаблони- Sora, постигна значителен успех веднаш по лансирањето, надминувајќи ја дури и стапката на раст која првично ја имаше нивниот мегапопуларен ChatGPT. Sora достигна милион ...
Од iFixit велат дека Pixel Watch 4 е дизајниран внимателно и со намера да може лесно да се поправи – нешто што ретко се среќава кај паметните часовници. Google Pixel Watch 4 доби признание од познатиот сервис за расклопување и оценување на уреди, iFixit, кој го прогласи за најпоправлив паметен часовник некогаш произведен. За разлика од најновиот Apple Watch, Pixel Watch 4 им овозможува на корисниците и на сервисерите целосен заден пристап до ...
Samsung го надградува One UI 8.5 со четири нови Galaxy AI опции: Meeting Assistant, Smart Clipboard, Social Composer и Touch Assistant. Samsung ја подготвува следната голема верзија на својот кориснички интерфејс — One UI 8.5, која ќе донесе четири нови функции засновани на вештачка интелигенција. Откако Galaxy AI дебитираше со серијата Galaxy S24 и One UI 6.1, секоја наредна верзија на системот воведува проширувања во доменот на паметните ...
Google започнува да го интегрира Gemini во Google Maps, заменувајќи го досегашниот Assistant со нови функции базирани на вештачка интелигенција за гласовна навигација. Google започна со тестирање на својата Gemini вештачка интелигенција во рамки на апликацијата Google Maps, со што започнува постепено укинување на класичниот Google Assistant од навигацијата. Во бета верзијата 25.41.03.815390258, корисниците можеле да ја активираат новата ...
Европа го претстави својот прв автономен AI ловец: CA-1 Europa, развиен од германската воена индустрија. Европската одбранбена индустрија го претстави CA-1 Europa, првиот автономен борбен ловечки авион со вештачка интелигенција во природна големина, развиен од германскиот стартап Helsing. Авион од класа 3–5 тони е дизајниран за надзвучни борбени операции и масовно производство, со цел да се постигне технолошка независност на европската ...
iPhone 17 Pro Max не функционира толку мазно во реална употреба како водечкиот Android модел – Galaxy S25 Ultra Иако iPhone 17 Pro поседува моќен процесор A19 Pro и оптимизиран iOS систем, најновиот тест покажува дека сепак флегшипот на Apple не е најбрзиот уред на пазарот. Интересно е што во овој тест, YouTube каналот PhoneBuff користел прецизна роботска рака која истовремено управувала со iPhone 17 Pro Max и Samsung Galaxy S25 Ultra, ...
Intel е првиот што започна масовно производство на 2-нанометарски чипови во својата фабрика Fab 52 во Аризона, користејќи ја најновата 18A технологија. Intel официјално започна масовно производство на чипови изработени со 2-нанометарска технологија, со што ги претекна Samsung и TSMC. Компанијата објави дека фабриката Fab 52 во Аризона, која користи напреден 18A процес, влезе во целосна оперативна фаза. Овој процес овозможува изработка на ...
Претстојното ажурирање на оперативниот систем носи промени насочени кон побрз пристап до апликациите преку нови прегледи и дизајн кој автоматски се прилагодува на големината на екранот, што треба да го направи користењето поинтуитивно. Microsoft на својот блог ги опиша претстојните значајни измени во Start менито на оперативниот систем Windows 11, кои засега се достапни во Windows 11 Insider Preview Build 27965, во развојната Canary верзија. ...