Американската вселенска агенција NASA активно работи на својот програм Artemis и сега го најави планот за доделување демонстрациски мисии за две возила што ги одбра за слетување на астронаути на Месечината. SpaceX и Blue Origin добија договори за системот за човечко слетување на NASA (Human Landing System) и се во процес на дизајнирање на своите возила за враќање на астронаутите на површината на Месечината. НАСА сега соопшти дека овие компании ...

Со поддршка за Matter и Thread, новиот Echo Show може да го управува вашиот паметен дом Првиот ѕиден паметен дисплеј на Amazon доби значајно ажурирање. Компанијата го најави лансирањето на Echo Show 21, кој претставува надградба на Echo Show 15 кој беше претставен во 2022 година. Новиот модел има екран од 21 инч со резолуција од 1080p и цена од 399,99 долари. Amazon тврди дека овој модел има подобар аудио квалитет од оригиналниот Show 15 и ...

Најновите протечени информации сугерираат дека Samsung Galaxy S25 Ultra ќе добие нов дизајн со заоблени агли и рамни страни, напуштајќи го досегашниот изглед на Note. Како што ноември се ближи кон крајот, Samsung е на помалку од два месеци од претставувањето на серијата Galaxy S25. Настанот се очекува да се одржи на средината на јануари, а телефоните би требало да бидат достапни во продавниците две недели подоцна. Најновите протечени информации ...

Со фокус на доверливоста и разновидноста, Galaxy A06 е добредојден додаток на паметните телефони од популарната серија Galaxy A Samsung Electronics го најави лансирањето на Galaxy A06, паметен телефон кој комбинира врвни функции со сигурни перформанси по достапна цена. Galaxy A06 нуди голем екран, разновидна камера и издржлива батерија, со безбедносни функции Knox Vault, а сето тоа спакувано во модерен и елегантен дизајн. Голем екран за ...

„Шведска беше една од првите земји во светот што зазеде поинаков пристап во борбата против чадот од тутун – и се покажа дека тој пристап беше вистински, бидејќи земјата е на пат да стане првата непушачка земја во Европа“, рече Патрик Хилдингсон, потпретседател за комуникации и корпоративни работи на Swedish Match, најголемиот светски производител на орални никотински производи, на конференцијата „ReThink: Learning from Sweden“ организирана од ...

Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото успешно го реализираше настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на Програмата – ...

Немаше сомнение дека по премиерата на Redmi Note 14 серијата во Кина кон крајот на септември, Xiaomi ќе ја понуди и на меѓународните пазари, а сега знаеме кога ќе се случи тоа. Индиската филијала на компанијата објави дека подготвува настан на 9 декември, кога ќе ги објави уредите од Redmi Note 14 5G серијата. Да потсетиме, во Кина веќе беа претставени Redmi Note 14, Redmi Note 14 Pro и Redmi Note 14 Pro+, и најверојатно тие ќе бидат достапни и ...

Apple планира голема AI преобразба на Siri, која ќе го направи дигиталниот асистент сличен на ChatGPT на OpenAI и Google’s Gemini Live, според извештајот на Марк Гурман од Bloomberg. Асистентот, кој наводно ќе се нарекува „LLM Siri,“ ќе биде напојуван од AI моделите на Apple и ќе им овозможи на корисниците поприродни и разговорливи интеракции со Siri. Како дел од планот на Apple да ги вгради своите iPhone уреди со вештачка интелигенција, ...

Компактниот телефон на OnePlus ќе биде заснован на моментно најмоќниот мобилен процесор, Snapdragon 8 Elite, и ќе има OLED екран од 6,31 инчи. OnePlus работи на нов флегшип телефон со компактни димензии, наменет за кинескиот пазар, според извештај од доверливиот извор Digital Chat Station. Овој модел ќе биде опремен со чипсетот Snapdragon 8 Elite и OLED екран со резолуција од 1.5K. Разликата помеѓу OnePlus и Oppo Find X8 Mini моделот Иако Oppo ...

Некои корисници преферираат испраќање гласовни пораки наместо пишување, додека други го избираат спротивното, а сега апликацијата WhatsApp понуди многу корисно решение. Станува збор за функција која овозможува транскрипција на гласовни пораки, претворајќи ги во текст. Од WhatsApp велат дека гласовните пораки ќе бидат претворени во текст „за корисниците да можат да останат во тек со разговорот без разлика што прават истовремено“. „Транскриптите ...

Honor 300 серијата донесува компактен дизајн, моќни перформанси и ултратенки рамни екрани, со достапни опции за различни кориснички потреби. Компанијата Honor официјално потврди дека следната Honor 300 серија ќе има дизајн со рамен екран, со што се отфрлија сомнежите за изгледот на телефоните. Овој избор е спротивен на закривените екрани, кои во последните години станаа популарни. Информацијата ја објави Џианг Хаиронг, главен маркетинг директор ...

Дека Apple следната година ќе го претстави iPhone SE 4 е веќе позната информација, но се чини дека тоа ќе се случи порано од првично најавеното. Според најновите информации, iPhone SE 4 официјално ќе биде претставен во март, еден месец порано од претходната најава. Според извори од синџирот на добавувачи, MacRumors тврди дека смартфонот е практично потврден за првиот квартал од 2025 година и дека ќе биде опремен со 5G модем на Apple. Важно е да ...

Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку проектот „Одржлив и рамномерен регионалн развој“ фаза 2 во чии рамки се купија три специјални возила, опрема, а во функција ќе биде ставена и мобилна апликација за рана дојава на пожари, соопштија од Министерството за локална самоуправа. Министерот за локална самоуправа, ...

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ гордо ја освои наградата за најдобра Cloud трансформација на престижниот самит FUTURE OF AI & CLOUD 2024, одржан на 13-ти ноември во Истанбул Организиран од FUTURE OF CONSULTANCY во соработка со CXO Medya, самитот собра водечки фигури од индустријата и иноватори за да го прослави напредокот во вештачката интелигенција и Cloud решенијата. Натпреварувајќи се во категоријата Cloud Transformation, иновативниот проект на HALK ...

НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба. Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за ...

Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина Третата T Business конференција на Македонски Телеком, под мотото „За дигитални хоризонти“, се одржа во Скопје, пред повеќе од 300 посетители од деловниот свет и институционални корисници. Целта на конференцијата е да се објават најновите продукти од Македонски Телеком и да се поттикне користењето дигитални решенија за побрз напредок во дигиталната трансформација на бизнисите и на ...

Компанијата Microsoft наскоро ќе го подобри Copilot и во различните Office апликации. На конференцијата Ignite на Microsoft, софтверскиот гигант го претстави Copilot Actions, нов начин за корисниците на Microsoft 365 Copilot да автоматизираат повторливи задачи. Microsoft, исто така, додава AI агенти на SharePoint, овозможувајќи PowerPoint да преведува цели презентации и подобрувајќи го функционирањето на Copilot во Outlook за наоѓање најдобро ...

Оваа функција им овозможува на корисниците на Android да пренесат податоци од друг уред во било кое време, дури и по иницијалното подесување. Google објави дека револуционерната Android функција, моментно достапна само на Pixel 9 уредите, ќе биде воведена и на другите смартфони со нивниот оперативен систем во 2025 година. Оваа функција им овозможува на корисниците да пренесат податоци од друг уред во било кое време, дури и по иницијалното ...

Оние кои го поседуваат PlayStation Portal, наскоро ќе можат да го користат без PlayStation 5, но со неколку ограничувања. Речиси една година откако Sony го претстави PlayStation Portal, преносна конзола со функцијата PS Remote Play, донесена е одлука да може да се користи и без PlayStation 5. Оваа одлука ја посакуваа многу играчи со месеци, бидејќи за користење на Portal досега беше неопходно да се има и актуелната конзола на Sony. Сепак, треба ...

Ултракопактните 1.13 мм тенки микрозвучници Sycamore, од компанијата xMEMS обезбедуваат звук со полн опсег без потреба од затворено куќиште. xMEMS, компанијата што го создаде првиот звучник базиран на процесот за производство на микрочипови, се подготвува да ја пушти во продажба својата следна серија мали звучници. Микрозвучниците познати како Sycamore се најновиот модел, со дебелина од само 1,13 мм и тежина од само 150 милиграми. Тие се ...

Основачот и директор на компанијата SpaceX, Елон Маск е уверен дека во 2026 година ќе ги лансира своите ракети Starship кон Марс, а дел од товарот ќе бидат неговите роботи Optimus и електричните пикапи Cybertruck. Идеално би било на Марс да се воспостават автономни системи за производство на гориво и кислород, така што овие ресурси ќе бидат подготвени за доаѓањето на астронаутите, кои се очекува да тргнат на патување до Црвената планета во 2028 ...

Во духот на нашата поддршка за македонскиот спорт, Комерцијална банка обезбеди дополнителна финансиска поддршка од 2.000.000 денари за македонскиот фудбал со цел да го награди успехот на репрезентацијата во Лигата на нации. Комерцијална банка ѝ честита на македонската фудбалска репрезентација за освоеното прво место во Лигата на нации и за пласманот во поквалитетна група. Успехот на фудбалерите како спортско достигнување е инспирација за сите ...

Вселенското летало Juno на американската вселенска агенција NASA помина огромна далечина во период од пет години за да стигне во орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше. Од 2016 година, инструментот JunoCam на леталото Juno снима спектакуларни фотографии од гасовитиот џин, а најновите фотографии не се исклучок и може да се каже дека се меѓу најдобрите досега. Фотографиите вклучуваат придонес од научници и вселенски ентузијасти, кои ...

Компанијата најави низа подобрувања за својата апликација Facebook Messenger. Messenger конечно доби HD видеоповици, како и потиснување на позадинскиот шум и изолација на гласот со цел да се овозможат појасни и поквалитетни повици. Мета вети дека повиците на Messenger ќе нудат квалитет како лицето со кое корисникот разговара да е во истата просторија. HD ќе биде овозможен по дифолт за повици воспоставени преку Wi-Fi мрежа, додека ќе може рачно ...

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да ...

Следниот Galaxy Ultra модел на Samsung може да биде поскап од актуелниот Galaxy S24 Ultra. На тоа укажуваат нови информации од Кина, кои покажуваат дека цената на компонентите за Galaxy S25 Ultra ќе биде повисока за најмалку 110 долари. Според изворот, компанијата може да го компензира овој пораст со зголемување на цената на финалниот уред во некои региони. Сепак, цената во Кина најверојатно ќе остане иста поради големата конкуренција на тој ...

Треба да се искористи огромната компјутерска моќ за да се заштити и обезбеди веродостојноста на американската национална нуклеарна програма без нуклеарни тестирања. Американската национална лабораторија Лоренс Ливермор (LLNL) во соработка со Националната администрација за нуклеарна безбедност (NNSA), Hewlett Packard Enterprise и AMD, официјално го претставија El Capitan, најмоќниот суперкомпјутер во светот и првиот егзаскален систем посветен на ...

Компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенскиот брод Starship од Тексас. На промоцијата присуствуваше поранешниот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. НАСА планира да користи Starship за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Artemis, објави Ројтерс. – Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не ...

До 2030 година, Исланд би можел да стане првата земја во светот која ќе добива енергија од фотоволтаици директно од вселената. Пионерскиот проект изнедрен од соработката помеѓу British Space Solar и локалните компании Reykjavik Energy и Transition Labs, има за цел да ги надмине границите на традиционалната технологија (тука на Земјата), а пред сè, да ја елиминира интермитенцијата предизвикана од временските услови. Системот ќе собира сончева ...

Продажбата на најкористениот веб-прелистувач во светот е нешто што американските обвинители му го предлагаат на Google, за компанијата да се прилагоди на легалните пазарни услови и да го намали монополот. Пресудата донесена во август годинава, со која се потврдува дека Google дејствувал монополиски, сигурно ќе има далекусежни последици за оваа компанија. Тоа беше познато уште тогаш, кога започнаа шпекулациите дека Google, поради незаконското ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
31%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 31ᴼ
2.06
43%
1014
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
39%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.8
44%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.14
36%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
40%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
29%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
45%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
42%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.9615

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.48

Кобалт

42.99

Никел

15281.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.14

Сребро

1156.61

Злато

107167.78

Бакар

9.84

Паладиум

33340.32

Платина

37340.87

Родиум

179240.41

Цинк

2.65