Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. -Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во ...

По минатогодишниот охридски концерт за кој сѐ уште се зборува и се памети како една од најемотивните музички вечери на Античкиот театар, Јелена Розга повторно се враќа пред македонската публика. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, регионалната музичка ѕвезда ќе одржи голем концерт во Охрид, а овојпат со себе ја носи и својата нова песна „Љуби ме”, која веќе предизвикува огромно внимание кај публиката низ регионот. Новата песна ...

Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири, составено од истакнати театарски уметници, на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“ („Драмите на Кољада“), кој се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во ...

Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз, што ви го пренесуваме во целост. -Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе ...

Хрватска го заврши својот настап на СП 2026. На начинот на Турција во 2008 година, Шпанија во 2012 година и Португалија во 2016 година, Хрватска повторно беше шокантно елиминирана во последните моменти од натпреварот. Клучниот момент се случи кон крајот на натпреварот, кога голот на Хрватска беше поништен по интервенцијата на ВАР, пишува 24сата.хр. Одлуката веднаш започна дискусии за тоа дали „Ватрените“ останаа без заслужено продолжување, а ...

По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг”, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на Кукиќ во Струмица, каде што настанува и најголемиот дел од неговото авторско ...

Американските претставници индиректно ги предупредиле шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денеска „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на американски претставници. Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да ги ...

Во присуство на бројни колеги, естрадни уметници, музичари, новинари, пријатели и почитувачи на македонската традиционална музика, во ресторанот „Рагуза Rooftop 360“ во Скопје се одржа долгоочекуваната и најавувана промоција на маестро Александар Ицов, со која виртуозот свечено одбележа десет години успешно творење на македонската музичка сцена. Настанот, кој помина во исклучително свечена и емотивна атмосфера, го водеше младата и ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на следните парламентарни избори и да продолжи со реализација на владините политики. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...

Даци и Александар денес го промовираа винилот „Уште ми фалиш“ и, како што рекоа, ја посветуваат на Драган Б. Костиќ, кој почина во декември. Во негово име плочата ја зем неговата ќерка Елена, која на промоцијата беше со брат и Бане. -Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на неговото семејство, рече ...

Девет полицајци и пет демонстранти повредени, 18 лица приведени, оштетени полициски возила, е билансот од судирите меѓу демонстрантите и полицијата денеска попладне пред албанскиот парламент, а пратениците влегуваа во СДобранието за да ја одржат редовната собраниска седница. Пратениците беа гаѓани со јајца поради што полицијата мораше да интервенира, на што демонстрантите почнаа со насилно однесување, фрлаа камења кон полицајците, отстранија ...

МВР за овој како и за сите останати случаи ги презеде сите оние дејствија коишто се во рамки на негова надлежност, односно најпрвин постапи во насока на разговор со жртвата и нејзиниот родител, потоа беа повикани сите инволвирани во случајот, како оние што имаат преземено директно насилство врз жртвата, така и оние што беа сведоци на настанот, како и за оние кои го документираа, односно го снимаа настанот. Тие дечиња беа повикани и нивните ...

Претседателот на Венецуелското национално собрание, Хорхе Родригез, во обраќање на државната телевизија изјави дека 11.267 лица се повредени во земјотресите и дека 6.461 лице е спасено, објави „Ел Паис“. Според него, бројот на жртви се искачи на 2.295 лица. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот, почнувајќи од оваа среда, според шпанскиот весник. На 24 јуни, ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при вчерашните претреси во Демирхисарско лишени се од слобода четири лица откако кај нивните домови е пронајдено оружје. -Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 ...

Денеска е 1000-тиот ден од војната во Појасот Газа, која започна кога милитантната палестинска група Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, и во која досега загинаа повеќе од 73.000 луѓе. Во регионот има војна во Иран и постојани немири во Либан, а не е постигнато трајно и цврсто примирје, додека привремените договори често се прекршуваат. Судбината на повеќе од два милиони Палестинци во Газа, кои се претежно раселени и живеат ...

Обилните врнежи од дожд што вчера го зафатија Куманово предизвикаа поплавување на подрумски простории и навлегување вода во станбени и деловни објекти на повеќе локации во градот. Надлежните служби информираат дека интервенциите се завршени, состојбата е стабилизирана. Во Општина Куманово беа евидентирани повеќе пријави за поплавени подруми и навлегување вода во објекти, при што е причинета материјална штета. Според информациите на ...

Вчера во скопската населба Аеродром се случи уште едно врсничко насилство врз дете, каде додека го тепаа 30-тина други дец навиваа. Денес, пак, Вишото јавно обвинителство во Штип донесе решение во кое родителите на децата насилници,кои тепаа друго дете во Штип, утврдило дека „родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело -Запуштање и малтретирање на дете, затоа што не биле ...

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ, напиша претседателот Венко Филипче на Фејсбук. Тој во објавата понатаму вели: -Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и ...

Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво”, што се вели, уште на прво слушање е новата музичка приказна на Огнен Здравковски насловена „До неба” што тој деновиве ѝ ја претставува на јавноста. Нумерата носи силна емоција, современ звук и атмосфера што долго останува да се врти низ мислите на оние што веќе ја слушнале. По период исполнет со многу работа, посветеност и музичко созревање, Огнен се враќа со песна која уште по првите тонови ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално. „Чекај малце премиере… На лидерската средба ...

Четири лица смртно настрадаа во масовната прослава што уследи по пласманот на Мексико во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, соопштија синоќа властите во престолнината Мексико Сити. Триесетгодишен маж починал од срцев удар откако доживеал епилептичен напад. Другите жртви биле прегазени во стампедо додека толпата народ се собрала пред споменикот „Ангел на независноста“ во центарот на градот, јавија мексиканските медиуми. Градската ...

Соединетите Американски Држави го продолжуваат настапот на Светското фудбалско првенство, кое заедно го организираат со Канада и Мексико, откако триумфираа во шеснаесетфиналето во Сан Франциско над Босна и Херцеговина со 2-0 (1-0). Американските фудбалери заслужено се пласираа во осминафиналето со головите на Фоларин Балогун во 45. и Малик Тилман, во 82. минута од слободен удар. Босна и Херцеговина имаше фудбалер повеќе на теренот од 64. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...

Попладднево Скопје го зафати силно невреме со пороен дожд и , како што секогаш бива, Скопје се поплави. Улиците се наполнија со вода, автомобилите застанаа и чекаа екипи на Град Скопје да дојдат да ги расчистат. И додека неја испумпаат водата во „скопското море“ граѓаните ја искористија шансата малку дда пливаат и тоа на душек. Скопјанец уживаше под железничкиот мост на булевар „Србија“, кој е една од црните точки за поплава во градов. ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството ги изведе доказите кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а на следното рочиште, кое е на 6 јули, како што е најавено, ќе се изведуваат листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази на ...

Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии, велат од Левица во соопштение кое Канал 77 го пренесува интегрално: Една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на изборната кампања, којшто ...

„Од Божји нишан не се бега, збогум, стар пријателе. Некој асфалт – кај и да е и таму ќе ме однесе..“, велеше Владо Јаневски во неговата песна „Булки“. Како во песната, така беше и денес на неговото последно патување. Додека неговото тело лежеше во капела, а неговите блиски со цвеќе дојдоа да го испратат и да му запалат свеќа, свиреа неговите песни. И на погребот немаше многу луѓе, како всушност и во неговиот живот, освен најблиските роднини и ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...

Првиот човек на украинската војска, генерал Олександр Сирски, вчера изјави дека неговите сили се подготвуваат за можен нов руски напад од север, но дека е малку веројатен секој нов обид за напредување кон Киев. Во разговор за украинската телевизиска станица ТСН, тој, исто така, рече дека напад од соседна Белорусија е малку веројатен, по неколку недели украински тврдења дека Москва се обидува да го принуди својот сојузник да игра поголема ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54