Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата за пратенички прашања оцени дека според податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) актуелната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната влада. – Нема да има ново задолжување од 350 милиони евра во јуни, рече Мицкоски посочувајќи дека со последното задолжување од 260 милиони евра ќе се доплати делот од еврообврзницата од 700 милиони евра и оти на тој начин ќе се намали и бруто и нето ...
Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, тоа не е несреќа, тогаш тоа е системско замижување, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. Наунов, во изјава за медиумите на паузата на ...
Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што Канал 77 ја пренесува интегрално. Наместо настанот да се организира во некој од домашните ...
Граѓаните плаќаат а владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста. Наместо да заобиколува и да се крие зад некакви договорни клаузули, Владата има обврска јавно да каже колку ќе ги чини граѓаните, кажа Кристијан Дојчиновски од СДММ на прес-конференција што Канал 77 ја пренесува интегрално. Ова само ги подгрева сомнежите дека станува збор за дил во четири очи позади кој се кријат дебели провизии. Сите детали мора да бидат ...
САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии. Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин. Во соопштението на ...
Пред дел од македонските медиуми, во опуштена атмосфера во Intermezzo Music Bar, Јован Јованов и Елвир Мекиќ вчера (27.05) одржаа прес-конференција на која открија детали поврзани со претстојниот концерт, закажан за 6 јуни во арената „Борис Трајковски“. Двајцата музичари, но и долгогодишни пријатели и соработници, признаа дека во моментов немаат трема, работат напорно, имаат проби со бендот и танчарите, но и дека се возбудени што нивните деца ...
Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, и главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, објавија дека повикале претставници на ФИФА на суд во врска со случајот со продажба на билети за Светското првенство во 2026 година, објави „EPSN“. Обвинителството побарало интерни информации за тоа како Светската фудбалска асоцијација продавала билети за осум натпревари од Мундијалот закажани да се одржат на стадионот „МетЛајф“ во Ист ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...
Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.К.(45), во која живеела и нејзината мајка М.В.(85). Од здобиените повреди во пожарот, М.В. починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска ...
На денешното рочиште од судењето за пожарот во дискотеката Пулс, присутен како јавност е и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката ...
На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...
Плоштадот во Валандово беше полн со љубители на македонската музика. Песни, новосоздадени и испеани низ годините од 39те истанија н Фолк фест „Валандово“. Блага Петреска, Мишко Крстевски, Марјан Коцев, Катерина Брезева, Елена Велевска и Кико Божинов не потсетија на многу од фестивалските хитови кои оставија белег низ годините. Некои наградени, некои не освоиле ниту една награда, но оставиле толку голем белег, што ги натера валандовчани да не ...
Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување”, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. -И.Д., на работно место „помлад полицаец” во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ...
Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...
Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите, со кое што ги осуди објавите на профили на социјалните мрежи со наводни токсиколошки анализи од загинатите во дискотеката Пулс, при што се прикажани имиња на починати и наводни концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите. Во своето Мислење, СЕММ посочува дека објавената „…содржина е длабоко спротивна на елементарните ...
Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...
Во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на „Античкиот театар„ во Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок групи, АРЕА која на 31. јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат ...
Џајковски, Северина, Иви Адаму се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на отворањето на Мега Шопинг Парк во Гевгелија, а кое ќе трае четири дена. Утре вечер (четврток) е првата вечер, а ќе ја отвори Тамара Тодевска. Концертот на Тамара е закажан за 20.30 часот, а ќе трае до 22 часот. По неа ќе настапи грчката ѕвезда Иви Адаму, а нејзиниот концерт ќе трае до полноќ. Вториот ден прославата ќе започне во 11 часот со програми за деца. Во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена. -На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски ...
СВР Тетово информира за тетовски демнач и двајца семејни насилници. Против нив се поднесени кривични. Ова се насилниците. -На 26.05.2026 во 20:35 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека следел и вознемирувал малолетничка од друго тетовско село. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по ...
Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, се вели во соопштението од ...
Вишото јавно обвинителство во Белград попладнево соопшти дека Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ доставил извештај за идентификација на остатоците пронајдени во буре во Инѓија, при што е утврдено дека станува збор за Александар Нешовиќ, чие исчезнување е пријавено на 13 мај. ДНК анализата утврдила дека станува збор за А. Н, чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година, соопштија од Обвинителството. Останките беа ...
Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...
Десет прекршувања на грчкиот воздушен простор, од турски воени авиони биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во областа на североисточниот и југоисточниот дел на Егејското море, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкиот воздушен простор биле забележани вкупно четири турски авиони, односно една формација составена од два Ф-16, кои биле вооружени и два поединечни авиони ЦН-235. ...
Речиси половина од вработените (46,7 отсто) се незадоволни од платата за која 49,7 проценти сметаат дека покрива само основни потреби или дури и помалку, а само 11,4 отсто сметаат дека се добро и фер платени – покажуваат резултатите за Грција од истражувањето спроведено од глобалната платформа Wherewework во пет земји – Бугарија, Романија, Унгарија, Молдавија и Грција – во однос на состојбата на вработените и пазарот на труд – јави ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на се зголемува За 0,330 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 51,144 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ...