Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Со години, раководителите на најголемите компании за вештачка интелигенција предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да замени милиони работници и фундаментално да го промени пазарот на трудот. Меѓу најгласните поддржувачи на ова гледиште беше извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман. Сепак, денес тој се чини многу порезервиран. Што се случи и зошто човекот зад ChatGPT признава дека можеби грешел? Зошто сега Сем Алтман вели дека ...
Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации. -Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ, денес изјави дека од грчките власти добиле уверување дека на граничниот премин Евзони ќе се воспостави нова работна организација. „Очекуваме дека ќе бидат отворени две или дури три колони за туристички автобуси, што во голема мера би спречило толку долги чекања“, изјави тој за РТС. Тој додаде дека се очекуваат големи толпи за време на викендот поради ...
Благодарение на добрата организација, во моментов не само што има доволно керозин за домашните аеродроми, туку ги снабдуваме и соседните. Ова го соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој во гостување во подкаст, рече дека земјата моментално целосно го снабдува аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш со керозин, нагласувајќи дека благодарение на добрата организација во Скопско, работењето на овие два аеродрома е поддржано и од ...
Деновиве деловните банките повторно почнаа да испраќаат информираа до граѓаните и своите клиенти за нови, повисоки провизии и тоа на очиглед на Народната банка, која законски ја има улогата на регулатор во секторот. Но, наместо на дело да се види таа регулаторна улога, првиот човек на Народна банка остана како што вели „непријатно изненаден од двоцифрените процентуални зголемувања“. Славески вели дека не постојат причини за зголемување на ...
Млекара АД Битола (Бимилк) се издвојува како убедлив предводник во индустријата за 2025 година, остварувајќи трипати поголеми приходи од своите најблиски конкуренти. Клучни играчи се Бучен Козјак, Трница и Здравје Радово, Покрај локалните гиганти, споменати се и меѓународни групации како Лакталис, кои имаат значително влијание на домашниот пазар. Генералните податоци за секторот покажуваат стабилен раст и висока профитабилност на најдобрите ...
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две лица, инвеститор и инспектор од општина Куманово, бидејќи инвеститорот градел без одобрение за градба, а инспекторката постапила несовесно. Инвеститорот уништил куќа-заштитен објект на културно наследство. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не”. Па да му објасниме, велт одСДСМ во соопштението, кое ви го пренесуваме во целост:. -Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Во руските воздушни напади врз главните украински центри, вклучувајќи ги Киев, Днепар и Харков, загинаа најмалку 11 лица, десетици беа повредени, а други останаа заробени под урнатините од зградите. Руските експлозии и проектили завршија во станбени згради, како и во близина на две градинки. Украинските воздухопловни сили од страна на Русија евидентирала 73 ракети и 656 дронови кон Украина. Главни цели на нападите беа Киев, централниот град ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина рано изутрината тргна од аеродромот во Сараево, летајќи преку Франкфурт за САД. Крајната дестинација на репрезентацијата на БиХ е Сент Луис, каде што ќе одигра пријателски натпревар против Панама на 6 јуни, што ќе послужи како генерална проба за настапот на селекторот Сергеј Барбарез на Светското првенство. Пред заминување, капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един ...
Песната „Ружа са југа”, која Бобан Рајовиќ – едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на ...
Десет денови пред почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто објави денеска ја извршила најголемата заплена на фалсификувани фудбалски дресови во канадската историја. Како што е соопштено, полицијата запленила фалсификувана стока во вредност од над 3,5 милиони канадски долари од магацин во Мисисага, вклучувајќи повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со лажни логоа на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и два фалсификувани ...
Н 6 и 7 јуни во Штип ќе се оржи Dance Cup Stip, е интернационален натпревар и кој ќе се одржува по 6-ти пат во НУЦК “Ацо Шопов” во Штип. Организатори на натпреварот се Ана Марија и Стефан Габроски основачи на студиото за модерни танци Urban Crew. На 6-ти јуни на рограмата се Street Dance & Latin Style дисциплините , доека на 7-ми се современ и класичен балет. -Оваа година имаме над 1500 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија , ...
Нови 20 амбасадори во исто толку земји во светот, вклучително и во земјите од регионот до Сенатот вчера предложи американскиот претседател Доналд Трамп. На оваа листа нема предлог-име за нов амбасадор во Македонија, што значи дека по заминувањето на Ангела Агелер, времено функцијата амбасадор и натаму ќе ја врши заменичката-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс. На подолгата листа на номинации се имињата на Даглас Холдер ...
Штипјанец вложува во Берово над 10 милиони евра – ќе гради мултифункционален комплекс „Green Gate Berovo“ со апартмани, туризам и старечки дом со капацитет за 200 лица и медицински персонал Во Берово се најавува изградба на нов голем повеќенаменски комплекс „Green Gate Berovo“, кој ќе опфати станбени апартмани, туристички сместувачки капацитети и старечки дом со организирана здравствена нега. Станува збор за инвестиција вредна над 10 милиони ...
Постарите генерации добро го паметат името на „Филмске новости” – збир на информации за случувањата во Македонија и пошироката федерација СФРЈ, кои се прикажуваа пред почетокот на секој филм во кината. Журналот, кој се подготвуваше и прикажуваше во периодот од 1957до 1972 имаше снимени материјали од животот случувањата во тогашната Република Македонија. Овие материјали од историско и општествено значење за државата, со финансиска донација од ...
Аудио снимка на состанок во кабинетот на Претседателот на целиот државно-политички врв на кој присуствувале и амбасадорите на САД и на ЕУ била направена од страна на вработен во кабинетот. Како што потврди поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“, неовластеното снимање го направил припадник на „огнената група“, која подоцна го формираше движењето ВРЕДИ. „Тој, гледајќи дека на состанокот доаѓа и ...
По долго боледување Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој почина пред неполни осум месеци. Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во ...
Во писмената оставка до премиерот Мицкоски, Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење напиша: “Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро владеење до премиерот. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна. Дали сум ...
Малта се разбуди рано утрово од силна експлозија што одекна низ голем дел од островот. Околу 6:30 часот наутро, фабриката за пиротехника Та’Лурдес експлодирала во областа Магхаб, а детонацијата била толку силна што жителите на бројни места пријавиле тресење на згради, скршени прозорци и силен ударен бран. Според информациите од малтешките власти, во експлозијата повредени се двајца мажи на возраст од 47 и 67 години кои биле на блиските полиња ...
Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер, Игор Џамбазов. Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата ...
Три мачки врзани со јаже, чувала 49-годишна жена од Солун, која е уапсена и казнета со 17.600 евра, согласно одредбите од Законот за заштита на животните, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, мачките биле врзани со јаже на балконот од станот на жената, а полицијата вчера попладне ја уапсила. Против 49-годишната жена биле изречени предвидените административни казни во вкупен износ од 17.600 евра, а паралелно ќе ...
Некогаш, сè што ви требаше за да добиете место покрај морето беше пешкир и малку среќа. Но, денес, на многу плажи низ светот, лежалките се резервира исто како маса во ресторан или хотелска соба. Со апликација, депозит и седиште во првиот ред… Трендот на резервирање лежалки станува светска пракса. Во земји како Италија, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати, процесот сега се смета за сосема нормален. На организираните плажи на Ибица или Дубаи, ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Казните за брзо возење и во текот на мај доминираат во казнената евиденција на МВР. Од вкупно издадените 16885 платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон. -По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило”, санкционирани се 70 возачи за возење под дејство на алкохол, ...
Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече ...
Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител Газменд ...
Полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за да пропушти на граница кое било украдено и се наоѓало на „стоп листа“. Внатрешната контрола му поднесе кривична пријава, а е побарано и негово отстранување од работното место. Настанот е од 5 април, годинава. Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно ...