Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко. „Тоа се портали, кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, кој сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот круг. ...
За да некој има 1,17 промили алкохол во крвта доволно е да испие три чаши жесток алкохол од 0,05 со волуменски процент од 45 до 55, објаснува за Blic токсикологот Радомир Ковачевиќ. Токму оваа доза довела синоќа, еден час по полноќ, до сообраќајна несреќа во Белград во која загинаа сообраќајниот полицаец Б.Ж. (43), неговата сопруга Д.К. (38) и син М.Ж. (9). Несреќата се случила на Нов Белград кога на нивниот автомобил налетал Audi со босански ...
Пристапот до фотографии од апликацијата Google Messages на Android е релативно едноставен, но би можело да биде полесен. Отворете Google Messages и допрете ја која било претходна порака. Лево од полето за внесување текст има тркалезно копче со знак плус [+] во него. Допрете го тоа копче и ќе се појават овални симболи со икони внатре. Има осум опции: Gallery Camera GIFs Stickers Files Location Contacts Schedule Send Изберете Gallery и ќе ги ...
Првото големо дерби помеѓу двата главни кандидати за титулата заврши со победа на скопски Вардар од минимални 1:0. Понеделнички, во многу непопуларен термин од 13:30 часот кога сите се на работа или на училиште, Шкендија и Вардар го одиграа првото големо дерби за титулата оваа сезона. Дербито понуди интересен фудбал со неколку сериозни шанси, а можеби поконкретни беа оние на домаќините, како онаа во 31. минута кога Давор Талески го одбрани ...
Почна сезоната на слави, па еве шанса да ја освежите вашата трпеза со поинаков начин на сервирање. Без разлика дали славата е посна или мрсна, најголемо внимание се посветува на предјадењето, неговото сервирање и декорација. Богатите предјадења се полесни за сервирање, бидејќи има поширок избор на состојки. Ако ја славите Света Петка - салама, печеница, чајна, шунка, разни сирења... имате на располагање широк избор на бои и форми што можете ...
Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието по бурното Ел Класико во неделата, во кое Реал Мадрид ја победи Барселона на Сантјаго Бернабеу. Иако неговиот тим славеше, Винисиус предизвика контроверзии реагирајќи луто на замената и учествувајќи во тепачката по натпреварот, која наводно започнала со судир на неговите соиграчи со младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, објави Goal.com. Винисиус не ја прифати добро ...
Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата се приведени во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, или како што појаснуваат, станува збор за загрозување на животната средина и природата со отпад. „Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично ...
Хрватскиот стручњак Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус, а за ова утрово го информирале челниците на торинскиот гигант, според бројни сигурни извори од Италија. Тудор наскоро ќе биде официјално отпуштен, а за негов наследник ќе биде именуван Масимо Брамбила, кој ќе биде привремено решение на клупата на „Старата дама“. Брамбила моментално го предводи вториот тим на клубот, наречен Јувентус Некст Џен, кој се натпреварува во третата лкига, ...
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 28 октомври од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажните цени на Еуродизел ...
За повеќе да не пропуштите ниту еден Reels - Instagram воведе историја на прегледувања! Колку пати сте „изгубиле“ видео на Instagram? Колку пати сте се обиделе да го пронајдете, а апликацијата се преправала дека никогаш не постоело? Таа агонија заврши - Instagram конечно ја воведе функцијата што сите ја чекавме: историјата на видеата од Reels што сте ги гледале. Веста за овој корисен додаток ја донесе самиот Адам Мосери, раководителот на ...
Иако некои можеби мислат дека сировиот зеленчук е најздрав, некои зеленчуци се всушност похранливи кога се зготвени. Готвењето може да ја зголеми достапноста на витамини, минерали и антиоксиданси и да ги намали соединенијата што се мешаат во нивната апсорпција. Диететичарите истакнуваат дека топлината не мора нужно да ги уништи хранливите материи - всушност, во некои случаи, може да ги направи уште покорисни за телото. Значи, според ...
Осумнаесетгодишната ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, наскоро ќе го финализира купувањето на еден од најпознатите имоти во светот на спортот и забавата, вилата каде што некогаш живееја Жерард Пике и Шакира. Сместена во ексклузивниот кварт Сиутат Диагонал во Есплугес де Љобрегат, луксузниот имот е познат по својата врвна приватност и безбедност, како и по близината до домовите на други играчи на Барса, како што се Алехандро Балде и Роналд ...
Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Со оваа победа, Лацио скокна на 10-тото место со 11 бодови, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе. Екипата на Игор Тудор со овој пораз ја продолжи серијата од 8 последователни натпревари без победа, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Тренерот е жестоко критикуван, но легендарниот капитен на ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно ...
Лос Анџелес Лејкерс ноќеска го победи Сакраменто Кингс со 127:120, благодарение на неверојатната партија на Остин Ривс. Бекот на Лејкерс достигна рекордни 51 поен, 11 скокови и 9 асистенции против Кингс и беше на чекор од трипл-дабл. Тој стана само четвртиот играч во последните 40 години кој постигнал најмалку 50 поени, 11 скокови и 9 асистенции во еден натпревар, придружувајќи им се на Лука Дончиќ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден. Remote video ...
По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби, велат од ВЛЕН. „Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија лажниот патриотизам на ...
Холанѓанката Фемке Бол и Швеѓанецот Арманд Дуплантис се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2025 година. Церемонијата на доделување награди се одржа во Батуми, Грузија, под покровителство на Европската атлетска федерација. Ова е трет пат Бол и Дуплантис да ја освојат оваа престижна титула, а единствениот друг спортист кој ја освоил повеќе пати е Британецот Мохамед Фарах. Арманд Дуплантис, кој годинава повторно стана светски шампион ...
Иако секој родител сака најдоброто за своето малечко, понекогаш нивните ненамерни грешки можат да доведат до тоа почесто да се разболуваат. Во својата желба да ги одржат своите деца здрави, родителите прават некои грешки кои, наместо да го зајакнат здравјето на детето, имаат спротивен ефект, вклучувајќи прегревање на децата, прекумерна дезинфекција на површините, забрана за контакт со животни, забрана за играње во природа и прибегнување кон ...
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“. Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје. Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична ...
Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промени што му се потребни на главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. ...
Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј, вчера изјави дека убедливата победа на неговата партија на изборите претставува пресвртница и вети дека ќе спроведе реформи за кои неговата влада сè уште верува дека се потребни. „Денес поминуваме низ пресвртница“, рече Милеи по резултатите, додавајќи дека гласачите покажале желба неповратно да го променат патот напред за втората најголема економија во Јужна Америка. Ги покани гувернерите на разговор ...
Повеќе од 8.000 летови вчера беа одложени низ САД поради штрајковите на контролорите на летање поради буџетски проблеми бидејќи финансиската блокада на федералната влада влезе во својот 26-ти ден. Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, изјави дека Федералната администрација за воздухопловство се соочува со проблеми со персоналот на 22 локации, додавајќи дека се очекува дополнителните штрајкови на контролорите да доведат до повеќе ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, славеше синоќа на Големата награда на Мексико, забележувајќи ја својата шеста победа сезонава и со тоа го презеде водството во генералниот пласман. Норис водеше од почетокот до крајот, но зад него владееше хаос, бидејќи Шарл Леклер заврши втор, а Макс Верстапен трет и покрај тоа што на стартот беше петти. Оскар Пјасти заврши само петти и така падна од врвот на генералниот пласман и сега е само еден бод зад ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во Општина Карпош порача дека е време за промена и крај на, како што рече, годините на „бетонизација и приватни интереси“ во оваа општина. Во своето обраќање, тој се осврна на односите со актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, за кого рече дека „ја изневерил довербата на граѓаните и коалицијата“ уште по изборите во 2021 година. Мицкоски се наврати на 2021 година, кога, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен погон е „несоодветна“. „Треба да ја завршите војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го правите, а не да тестирате ракети“, им рече Трамп на новинарите на авионот Air Force One. Што објави Путин вчера? Рускиот ...
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално ...
Џанлуиџи Донарума, италијанскиот голман кој имаше можност да ја дели соблекувалната со две од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, конечно одговори на прашањето што ги мачи фудбалските фанови: кој има посилен шут, Ерлинг Холанд или Килјан Мбапе? Неговата пресуда, заснована на искуството со двајцата играчи, има посебна тежина во дебатата што продолжува да ја дели јавноста, пишува Goal.com. Голманот на Манчестер Сити се приклучи на ...
Рускиот претседател Владимир Путин посети едно од командните места на здружената група на сили, каде началникот на Генералштабот Валериј Герасимов извести за клучните воени успеси, вклучувајќи го тестирањето на новата ракета Буреве́стник и „значајниот напредок на бојното поле во Украина“, пишува РИА Новости. Путин истакна дека за време на вежбите на стратешките офанзивни сили биле тестирани ветувачки модели на оружје, нагласувајќи дека Русија ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во повеќе општини, но и дека има места каде резултатите се послаби, што, како што рече, е јасен показател за тоа што треба да се менува. „Јас лани ја затекнав партијата во навистина тешка и лоша состојба, после еден пораз со разлика од 300.000 гласови. Во изминатата година и пол интензивно работев во сите ...
Оваа недела открива динамична и трансформативна космичка енергија, со влијание на Скорпијата и транзитот на Меркур во Стрелец. Оваа недела носи мешавина од страст, јасност и нови перспективи. Владетелите како Марс, Јупитер и Сатурн создаваат хармоничен тригон што ќе им помогне на сите знаци да воспостават рамнотежа помеѓу акција и стабилност. Од 27 октомври до 2 ноември, универзумот ни подготвува недела исполнета со движечки енергии, ...