Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Земањето суплементи секој ден може да биде корисно за здравјето, особено ако исхраната не ги содржи сите потребни хранливи материи. Сепак, експертите предупредуваат дека прекумерното внесување додатоци во исхраната може да има спротивен ефект и да го загрози здравјето, особено срцето. Лекарите д-р Питер Брукнер и д-р Мајкл Лахеј истакнаа четири вида додатоци во исхраната со кои треба да бидете особено внимателни. Витамин Е Иако витаминот Е е ...
Максимална казна добија фудбалерите што тепаа противнички голман во неделата, нивниот клуб нема да може да игра на стадионот на кој беше направен инцидентот 10 натпревари, а ќе мора да плати и парична казна. Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради ...
Во изненадувачко и значајно отстапување од заедницата на активисти за климатски промени која предупредува за „крајот на светот“, Бил Гејтс, еден од водечките застапници за намалување на емисиите на јаглерод, објави есеј во кој тврди дека средствата мора да се пренасочат од борбата против климатските промени. Наместо тоа, верува Гејтс, светските филантропи треба да ги зголемат инвестициите во други напори насочени кон спречување на болести и ...
Пораки во шише напишано од двајца австралиски војници неколку дена по заминувањето со брод на фронтот во Франција за време на Првата светска војна се пронајдени повеќе од еден век подоцна на брегот на Австралија. Шишето од брендот Schweppes е пронајдено веднаш над линијата на водата на плажата Вартон во близина на Есперанс во државата Западна Австралија од страна на Питер Браун, кој со својата ќерка Фелисити бил на една од редовните семејни ...
Незадоволни од резултатите, раководството на Јувентус одлучи да направи тренерска промена. Игор Тудор е отстранет од клупата на „Старата дама“, а негов наследник ќе биде Лучано Спалети, објави секогаш добро информираниот Фабрицио Романо. Тој наводно усно се согласил да соработува со италијанскиот клуб до крајот на сезоната, со опција да остане уште една година доколку клубот од Торино обезбеди место во следното издание на Лигата на шампионите ...
Дваесет и осумгодишна жена од Кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР. Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително. По неколку неуспешни обиди да го контактира, ...
Во вторникот вечерта, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно ...
Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција. Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукѓоз. Причината за уривањето сè уште не е ...
Некогаш нарекуван наследникот на Пеле, сега отслужува 9-годишна затворска казна во затворот Тремембé. Бразилецот Робињо имаше чудно патување, од Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан..., и сето тоа го уништи поради силувањето што го изврши со неколку други лица во Италија во 2022 година. Новата жалба на Робињо неодамна беше одбиена, ќе продолжи да ја отслужува затворската казна, а поранешниот фудбалер сè уште тврди дека има доволно докази за да ...
В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата. „Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот. Според него, постојат докази дека ...
Постојат многу начини за ослободување од стрес - од вежбање до техники на дишење, но кај членовите на генерацијата Z во Кина се појави бизарен тренд. Имено, многу од нив користат цуцли за борба против стресот. Според South China Morning Post, онлајн трговците на мало тврдат дека продаваат сè повеќе цуцли за возрасни. Некои тврдат дека цицањето им обезбедува „психолошка удобност“, додека други велат дека цицањето им помогнало да се откажат од ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за поддршката и ја опиша кампањата како генерациска борба. „Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки! Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за поддршката ветувајќи дека заедно ќе направат многу за Скопје. „Благодарам од срце за огромната поддршка! Се покажа дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите, дека сакаат дела и резултати. Заедно ќе направиме многу за ...
Кристијано Роналдо сè уште ќе го чека својот прв трофеј со Ал Наср откако беа елиминирани во осминафиналето на Кралскиот куп синоќа. Подобар од Ал Наср беше Ал Итихад, предводен од легендарниот Карим Бензема, а конечниот резултат гласеше 2:1. Судирот на поранешните соиграчи во Реал Мадрид ги оправда очекувањата, но на крајот Французинот имаше повеќе среќа, но и знаење, со оглед на тоа што играа со играч помалку во текот на целото второ ...
Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно, па дури можат да апсорбираат и непријатни мириси. Затоа вреди да се знаат неколку едноставни трикови. Ако сакате сè да биде уредно и на свое место во вашата кујна, не заборавајте да пробате некои од овие трикови. Топла сапуница Наједноставното решение е да наполните мијалник или сад со топла ...
Милвоки Бакс гo победи Њујорк Никс со 121:111 на домашен терен, а Јанис Адетокунбо повторно беше незапирлив за победничкиот тим. Грчката суперѕвезда одигра уште еден брутален настап и речиси сам го фрли Њујорк на колена. Јанис имаше 37 поени, 8 скокови и 7 асистенции за 33 минути на паркетот. Постигна 16 од 21 обид за два поена, шутираше 5/7 од линијата за слободни фрлања и еднаш промаши тројка. Поддршка имаше од Рајан Ролинс, кој постигна 25 ...
Утрото ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени. Времето во наредните денови Следува ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Френклин Рузвелт“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од „Орце Николов“ до „Благој Давков“ (општина Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. – Поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата „Венијамин Мачуковски“ ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Во периодот од 7:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот „Партизански Одреди“ бр.17 кон улица „Максим Горки“ (Општина Центар). · Во периодот од 7:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст, Јаболци, Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново ...
Размислувате да ја обновите врската со поранешен дечко? Во многу ретки ситуации тоа е добра идеја, најчесто бидејќи сигурно сте имале добра причина да раскинете. Но, сепак има неколку ситуации кога можеби инстинктот не ве лаже, особено ако со дечкото сте се разделиле, а не сте раскинале поради некоја непремостлива разлика. Како и да е, ова се петте ситуации што укажуваат дека можеби е добра идеја да се смирите со бившиот: Мислите на него во ...
Реал Мадрид успешно ја заврши исклучително напорната недела. Во два натпревари против два големи противници, постигна две победи, од кои Ел Класико против Барселона е особено важно. Се чини дека Чаби Алонсо го пронајде својот гала состав за најголемите натпревари во тој дуел. Четворица играчи во средниот ред и Мбапе и Винисиус во нападот, иако позицијата на Бразилецот се најде под знак прашалник по неговата бурна реакција кога беше заменет. ...
Battlefield 6 добива бесплатен режим Battle Royale денес (28 октомври). Потврдата доаѓа по бројните протекувања што се појавија откако главната игра беше пуштена во продажба на 10 октомври. Модот е именуван Battlefield: RedSec, а во меѓувреме на YouTube се појавија првите клипови што го прикажуваат гејмплејот. Она што е важно е дека е бесплатен за сите и дека не треба да ја купувате играта по полна цена за да добиете пристап до battle royale. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши интензивни напади врз Појасот Газа откако го обвини Хамас за кршење на примирјето. „Меѓу другото, по безбедносните консултации, премиерот Нетанјаху ѝ нареди на војската веднаш да изврши силни напади врз Појасот Газа“, се вели во соопштението од неговата канцеларија. Израел го обвини Хамас за „инсценирање“ на враќањето на телата и „презакопување на останките“, бидејќи двете ...
Прекумерното консумирање на витамин Ц може да има некои несакани ефекти - од благи дигестивни проблеми до некои сериозни здравствени проблеми. Витаминот Ц е клучна хранлива материја која се наоѓа во многу видови овошје и зеленчук и е неопходен за одржување на здрав имунолошки систем. Сепак, земањето премногу додатоци може да има некои несакани ефекти. Бидејќи нашето тело не складира или произведува витамин Ц, важно е да јадеме храна што го ...
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) изјави дека се надева дека ќе игра на Светското првенство во 2026 година, но дека ќе донесе одлука кога ќе биде сигурен дека е физички 100 проценти подготвен и дека може да придонесе за одбраната на титулата светски шампион со својата игра. „Посебно е да се игра на Светското првенство. Би сакал да играм следната година ако сум подготвен и ако сум во можност да играм улога што би ѝ помогнала на ...
Во последната деценија од нашата земја се отселија огромен број луѓе – млади, стари, студенти, работници, па и цели семејства. Можеби вие сте еден од оние кои го испратиле другарот во далечна земја, а можеби и самите сте се отселиле од родната земја. Каков и да е случајот, мора да одржувате здрава и редовна комуникација со пријателите, иако тие се далеку. Но, како да го направите тоа? На пријателството му е потребна постојана нега и внимание, ...
Неверојатен автогол беше постигнат во понеделникот во најдобрата бугарска лига на мечот меѓу ЦСКА 1948 и Лудогорец. Несреќниот стрелец, германскиот стопер Андре Хофман ни крив ни должен зад своето име запиша автогол, а главен виновник беше неговиот голман Димитр Шејтанов. Remote video URL Имено, при едно повратно додавање Шејтанов лошо ја процени топката и таа низ неговите нозе заврши в гол. Во тој момент ЦСКА 1948 водеше со високи 5:1, а ...
Јајцата се вистинско нутритивно богатство, полни со протеини, здрави масти, витамини Б12, А и селен. Сепак, нивниот нутритивен профил во голема мера зависи од начинот на подготовка. За да се задржат што е можно повеќе хранливи материи и да се избегнат непотребни калории, експертите ги препорачуваат овие методи, пишува Health.com. Како три најздрави методи за подготовка на јајца, експертите за здравство ги издвоија варењето, поширањето и ...
Солените топчиња се едни од најубавите и најпрактичните предјадења за трпезата за вашата слава или именден - декоративни, вкусни и лесни за подготовка. Бидејќи почна сезоната на слави и имендени, пробајте го овој одличен рецепт за солени топчиња или пратете му го некому кому му се ближи ваков празник. Солените топчиња од слава се совршено решение за секоја празнична пригода - брзо се прават, изгледаат привлечно и ќе ги воодушеват гостите. ...
Британските научници предупредуваат дека истурањето на остатоците од кафе во канализација може да има сериозно штетни последици за животната средина. Повод за ова предупредување е казната од 150 фунти што неодамна морала да ја плати една жителка на западен Лондон, откако во јавен одвод го истурила талогот од кафе. Според податоците, секој ден во Велика Британија се консумираат околу 98 милиони шолји кафе, а во целиот свет дури две милијарди ...