
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Како што велат од Агенцијата, лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година. „Особено позитивен е растот од 12.9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за ...
Кина изјави дека верува оти коронавирусот можеби потекнува од Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Вашингтон за избегнување на одговорност откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за појавата на COVID-19. Пекинг вчера објави таканаречена „бела книга“ за својот одговор на пандемијата. Кинеската влада го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината на Вухан. „Значајните докази сугерираат ...
Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“. Наместо да ...
Михаел Шумахер, легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, минатиот месец потпишал специјална кацига за да ја поддржи добротворната организација „Трка против деменција“ (Race Against Dementia) на неговиот соиграч Џеки Стјуарт. Станува збор за кацига потпишана од сите дваесет живи светски шампиони во Формула 1. Шумахер, кој се повлече од јавниот живот откако претрпе сериозна повреда на мозокот во несреќа при скијање во декември 2013 ...
Microsoft, сопственикот на Skype, соопшти дека за три дена официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење. Како што наведоа, целта е да ја поедностават својата понуда за корисниците и да се фокусираат на нивната моќна бизнис платформа Teams, каде што милиони преостанати корисници на Skype ќе бидат пренасочени во наредните денови, објави The Independent. Во соопштението со кое го објавуваат крајот на ...
Осумгодишниот А.Џ., кој има здравствени проблеми, се оддалечил од местото каде што престојувал со својот татко. За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето. Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје. Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на ...
Ако јадете многу храна што доаѓа од кеса или кутија, веројатно имате премалку калиум во вашето тело, тврди нутриционистката Лорен Блејк од Медицинскиот центар Векснер во Охајо. Калиумот обезбедува правилна контракција на мускулите во телото, ги регулира телесните течности и рамнотежата на минералите во телото. Покрај тоа, ги ублажува ефектите од прекумерната консумација на сол, што е проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот. Покрај тоа, ...
Пролет е: температурите растат, алергиите може да се зголемат, а расположението се менува. Но, постои уште еден феномен што многу луѓе го забележуваат токму во ова време од годината: зголемено опаѓање на косата. Овој феномен е особено забележлив кај жените бидејќи почесто носат долга коса, па опаѓањето е полесно да се забележи. Но, мажите можат да го доживеат истото, иако можеби не е толку забележливо. Добрата вест е дека не е загрижувачко, а ...
Ивица Зубац одлично го чуваше Никола Јокиќ и со тоа даде огромен придонес во домашната победа на Лос Анџелес Клиперс над Денвер Нагетс со 111:105 во шестиот натпревар од првото коло од НБА плејофот. Клиперс на тој начин го израмнија резултатот на 3:3 во серијата од четири победи. Тие избегнаа испаѓање и го добија седмиот, одлучувачки натпревар, кој ќе се игра во Денвер во ноќта од сабота кон недела. Со помош на Николас Батум, Ивица Зубац одигра ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги искористил 15-те минути со претседателот на САД, Доналд Трамп, на погребот на папата Франциск за да се обиде да го убеди да заземе поостар став кон Владимир Путин и да се фокусира на прекинот на огнот, дознава известувачот на Аксиос, Барак Равид од два извори запознаени со средбата. Според овие извори, украинскиот претседател имал сериозни сомневања дали воопшто треба да се согласи на уште една ...
Бракот отсекогаш бил еден од најзначајните чекори во животот на секој човек. Тој претставува симбол на љубов, доверба, партнерство и заедничка иднина. Но, во денешното брзо и динамично време, кога вредностите и приоритетите се менуваат, сѐ повеќе луѓе се прашуваат: „Дали навистина сум подготвен/подготвена да кажам ДА?“ Ова прашање не е едноставно, бидејќи одговорот бара длабока саморефлексија, искреност кон себе и партнерот, како и јасна визија ...
Поголемиот дел од луѓето мислат дека знаат колку се силни. Но, кога навистина ќе го тестираат тоа, резултатите можат да бидат изненадувачки, смета личниот тренер Тајлер Рид. Силата, особено мускулната издржливост и контрола, зборува повеќе за кондицијата отколку тоа колку тешко нешто можете да кренете или колку брзо трчате. „Овој тест од 60 секунди е едноставен, брз и немилосрдно искрен. Не ги мери само вашите мускули, туку и вашата издржливост, ...
Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на првомајскиот протест повика на зголемување на платите за работниците. Беа побарани достоинствени услови за работа и почитување на колективните договори. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. „Денеска ...
Приведен е полицаецот А.Б.(52), кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од ...
Повеќето луѓе денес не внесуваат доволно влакна. Се препорачува да се консумираат 28 до 34 грама влакна дневно, но многумина не го прават тоа бидејќи често консумираат храна и пијалоци што не ги содржат. Важно е да се знае дека недостатокот на влакна не само што влијае на варењето; влакната помагаат во одржувањето на здрава телесна тежина и го намалуваат ризикот од голем број хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес тип 2, срцеви заболувања и ...
Легендарниот Чарлс Баркли остро го критикуваше Словенецот Лука Дончиќ по елиминацијата од НБА плејофот од Минесота Тимбервулвс. Минесота Тимбервулвс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 103:96 во петтиот натпревар од четвртфиналето на НБА, со што остварија водство од 4:1 во серијата и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Најдобар играч за Лејкерс беше Лука Дончиќ, кој имаше проблеми со грбот во текот на целиот натпревар, но го ...
Генералот на пакистанската армија, Сајед Асим Мунир, ги посети позициите на пакистанската армија на линијата за разграничување со индиската армија, при што беа прикажани утврдувањата, односно бункерите, и одбранбениот систем во областа. Линијата за разграничување меѓу Пакистан и Индија стана доста загреана во последните денови, со оглед на секојдневните артилериски и пешадиски дуели меѓу двете армии. Во овој поглед, пакистанскиот генерал Сајед ...
Вчера во 10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Р.(19) од с. Синичане, затоа што на автопатот Скопје- Тетово управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час. Во 18 часот, пак, на патот Гостивар-Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој ...
Дневните потреби за вода значително варираат - од еден до шест литри, а во екстремни случаи и до 10 литри. Водата е главна состојка на човечкото тело и се смета за есенцијална хранлива материја што не може да се произведе во доволни количини во метаболизмот. Вообичаената препорака е да се пијат 8 чаши вода на ден. Нова студија, објавена во списанието Science, прецизно утврди колку вода се внесува и исфрла од телото дневно. Истражувањето, ...
Сигурни сме дека за денеска имате планирано скара, а што оди подобро со печено месо од свежа салата. Предлагаме салата од домати со млад кромид која се прави брзо и лесно. Состојки: 5 домати млад кромид парче тврдо сирење малку сол За прелив: 3 лажици масло 1 лажица сенф Подготовка: Доматот исечкајте го на парчиња, исечкајте го младиот кромид. Измешајте ги во длабок сад, додајте го ренданото сирење и малку сол. Во помал сад измешајте ги маслото ...
Бразилката Ина Канабаро Лукас која беше прогласена за најстарата личност во светот почина на 117-годишна возраст. Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде ги помина последните години, објави BFM. Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонецот Томико Итока во јануари, кој почина на 116 години. Својата духовна кариера ја започнала на 16-годишна возраст кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, ...
Нутриционистката Ели Бречер, кој е водител на подкастот „The Gut 360“, предупредува дека „многу луѓе честопати дури и не знаат дека имаат високо ниво на кортизол“ и ги сподели знаците на кои треба да се внимава. Кортизолот е примарен хормон на стрес и има многу важни функции во телото, но прекумерните количини можат да бидат штетни. Бречер истакнува дека „високите нивоа на кортизол можат да предизвикаат различни симптоми во телото, а тие ќе ...
Ламин Јамал (17) е роден 12 дена откако Тјери Анри потпиша за Барселона во летото 2007 година како еден од најдобрите голгетери во светот во последните децении. 17 години и 10 месеци подоцна, Јамал одигра брилијантно за Барселона во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3). Постигна прекрасен гол, двапати ја погоди пречката и безброј пати ги излуди бековите со својот дриблинг. По натпреварот, тој се придружи на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28°C. Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе ...
Над ова мало шпанско село се издигнуваат импозантни карпи високи 200 метри и буквално го кријат, создавајќи пејсаж од кој застанува здивот. Селото Агуеро (Agüero) е рај за планинарите, алпинистите, спелеолозите и љубителите на природата. Се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија во регионот Уеска во автономната покраина Арагон, недалеку од границата со Франција. Ова село не се разликува многу од останатите типични шпански села, барем не на прв ...
Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со ДиСи Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми. Според Washington Post и Athletic, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради т.н. правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство. Еден клуб може ...
Гејминг индустријата продолжува да отпушта работници и да откажува игрици, а сега пристигнаа брутални вести од EA. ЕА во вторникот соопшти дека одлучила да „направи целни прилагодувања во тимот“, а Bloomberg објави дека помеѓу 300 и 400 работни места биле „укинати“, вклучувајќи 100 во Respawn Studios, и дека ненајавената игрица Titanfall е откажана. Повторно... Тоа е игра интерно позната под кодното име R7, која не беше ни блиску до излез на ...
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, по победата над Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето, изјави дека верува оти неговиот тим може да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите. Шпанскиот стручњак смета дека неговиот тим одиграл одличен натпревар во англиската престолнина, но исто така нагласи дека работата за пласман во финалето сè уште не е завршена. „Тешко е да се анализираат вакви натпревари. Атмосферата во тимот беше ...
Министерството за култура известува дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија ...