Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда. Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на ...

Најголемата македонска прехранбена компанија во својот бизнис план за оваа 2024 година очекува висок раст на приходите од продажба, како на домашниот пазар, така и на странските пазари. Според објавениот финансиски и бизнис план за 2024 година усвоен од Одборот на директорри на крајот на минатата година се вели дека компанијата планира годинава да ја заврши со вкупни приходи од продажба од 80,18 милиони евра, што е големо зголемување од близу ...

Десет македонски производители и извозници на овошје и зеленчук изложуваат на саемот FRUIT LOGISTICA кој се одржува од 7 до 9 февруари во Берлин. Баџо, Виториа Фруит, Вардар Градско, Флора Фреш, Атон Фруитс, Туран, Дојрана Фреш, Ксенос, Фреш лајн и Хортена се македонските компании кои се присутни на годинешното издание на FRUIT LOGISTICA, кој важи за најголем и најзначаен саем за свежо овошје и зеленчук во светот и на кој компаниите имаат ...

Македонските компании бараат државата да стане членка на Европската економска заедница за да се отвори заедничкиот европски пазар кој нуди безброј можности за раст и проширување на бизнисот, што ќе повлече и напредок на македонската економија во целост. Ова прашање беше отворено на работната средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и извршниот директор на компанијата „Лион“ Ристе Ристевски при посетата ...

Како дел од својот „Пакет за помош на малите и средните претпријатија“, Европската комисија во вторникот (12-ти септември) претстави нова регулатива за борба против задоцнетите плаќања меѓу бизнисите, заменувајќи ја постара директива на ЕУ што се покажа како неефикасна. Со новата регулатива, плаќањата меѓу бизнисите ќе треба да се извршат во рок од 30 дена од издавањето на фактурата. Доколку плаќањето се одложи повеќе од тоа, на компаниите ...

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава ...

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. ...

Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Со правилна комбинација на политиките, економиите од Западен Балкан можат да обезбедат ниска инфлација и долгорочно забрзување на конвергенцијата на регионот кон ЕУ. За справување со инфлацијата, треба да се задржи цврстата монетарна позиција, со поддршка од фискалната политика. За ценовната стабилност важна е и финансиската стабилност и затоа неопходно ...

Скопје денеска беше домаќин на регионалниот хибриден настан “Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU” во организација на Европската комисија, а во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Western Balkans 6 Chamber Investment Forum (WB6CIF). Заедно со високи претставници на Европската комисија и ЕУ Делегацијата во РС Македонија, настанот го отвори г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора. ...

Одржувањето на стабилноста на домашната валута, успорувањето на инфлацијата на едноцифрени стапки и одржувањето на финансиската стабилност се најдобри показатели за соодветноста на монетарната политика која ја води Народната банка во контекст на неколку последователни кризи. Ова беше заклучено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска со директорот на ММФ за ...

Банките играат голема улога во обликувањето на локалната и глобалната економија. Тие имаат сериозна општествена и еколошка одговорност преку проектите кои ги кредитираат, бидејќи со тоа го поттикнуваат растот на одговорните или неодговорните компании во бизнис заедницата, а во однос на физичките лица, влијаат директно врз одржлива економска состојба на семејствата или напротив – кон неконтролирано задолжување. Во денешниот свет тешко е да се ...

ИНТЕРВЈУ МИЛАН ДАМЧЕВСКИ, член на Управен одбор во ПроКредит Банка ПроКредит Банка слави 20 годишен јубилеј во Македонија. Започнавте од нула, а денеска сте значаен субјект во македонскиот банкарски сектор. Како гледате на досегашното работење во земјава низ призма на бројките и резултатите и што сметате дека е најголем успех кои сте го постигнале? Дамчевски: Токму така, ПроКредит Банка е основана пред точно две децении како германска ...

Квалитетната услуга и одлуката за тоа каде да ја добивате платата се клучни кога станува збор за избор на банка. Токму за овој сегмент ПроКредит Банка во соработка со Мастеркард ја отпочна кампањата „Направи ПРОмена за да добиеш повеќе“ со која ја претстави својата специјална промотивна понуда наменета за сите нови клиенти кои ќе одлучат да ја примаат својата плата преку банката, пакет со кој добивате 12 месеци бесплатни банкарски услуги, ...

Oлабавувањето на монетарната политика во идниот период ќе зависи од три фактори − движењето на инфлацијата, на девизниот пазар, како и политиката на Европската централна банка, имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Дневникот на МТВ, посочува дека трендовите кај инфлацијата и девизниот пазар се поволни, со раст на девизните резерви до нивото ...

„Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за „Блумберг Адрија“. Таа истакнува дека идната поставеност на монетарната политика ...

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск вели дека кинеските компании за електрични возила ќе ги „уништат“ ривалите без трговски бариери. Кинескиот ривал BYD го престигна Tesla како најпродавана компанија за електрични возила во светот минатиот квартал. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, рече дека кинеските производители на автомобили ќе ги „уништат“ глобалните ривали без трговски бариери, нагласувајќи го притисокот со кој се соочува лидерот ...

Црвеното Море, Црното Море и Панамскиот канал: УНКТАД алармира за нарушувањата на глобалната трговија Телото за трговија и развој на Обединетите наци (ОН), УНКТАД, изрази длабока загриженост поради ескалацијата на нарушувањата на глобалната трговија. Од УНКТДАТ посочуваат дека неодамнешните напади на бродови во Црвеното Море, во комбинација со геополитичките тензии кои влијаат на поморсскиот товарен транспорт во Црното Море и влијанијата на ...

Германското здружение за автомобилска индустрија VDA објави анализа на прогнозите за овогодинешниот пазар на автомобили, фокусирајќи се на продажбата на електрични автомобили. Додека вкупната продажба на автомобили се очекува да се намали многу малку, за електричниот сегмент песимизмот е поголем, поради законските измени, се вели во анализата. Производителите на автомобили во Германија веруваат дека продажбата на електрични автомобили ќе падне ...

Европската комисија во вторникот препорача ЕУ да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 90% до 2040 година, амбициозна цел што ќе ја тестира политичката волја за борбата на регионот против климатските промени пред изборите во ЕУ. Климатската агенда на Европа влегува во тешка фаза бидејќи почнува да ги допира чувствителните сектори, како што е земјоделството, додека во исто време традиционалните индустрии се соочуваат со жестока зелена ...

Европската комисија се откажа од предлогот за намалување на употребата на пестициди за да се задоволат земјоделците кои веќе неколку недели протестираат и блокираат патишта и градови во земјите од Европската унија. Таа одлука на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е најновиот показател дека ЕУ е подготвена да ги жртвува еколошките приоритети за да ги смири земјоделците и да ги држи на своја страна. И покрај отстапките, ...

Дефицитот на глобалниот пазар се очекува да предизвика речиси 20% зголемување на цените на суровиот шеќер до 2024 година, според анкетата на Ројтерс. Цените на суровиот шеќер се очекува да забележат годишен раст од речиси 20% во 2024 година, бидејќи се очекува дефицит на глобалниот пазар следната сезона, покажа анкетата на Ројтерс од 12 трговци и аналитичари. Шеќерот се очекува да ја затвори годината на 24,5 центи за фунта, 5% над затворањето ...

Германската индустриска комор ДИХК предупреди дека најголемата европска економија ќе се намали за 0,5% оваа година, што би било втора година на рецесија и најголем пад во последните две децении. Анкетата на DIHK на повеќе од 27.000 германски компании покажа дека од анкетираните, 35% очекуваат дека бизнисот ќе се влоши во следните 12 месеци, а само 14% очекуваат подобрување, бидејќи високите цени на енергијата, бирократијата, недостигот на ...

Продажбата на нови автомобили во Европската унија (ЕУ) се зголеми за 12,1% на годишно ниво во јануари, поттикната од двоцифрениот раст во Германија и Италија, покажаа најновите податоци објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Вкупните регистрации во двата најголеми европски производители на автомобили Volkswagen и Stellantis се зголемија за 11,5% и 15% соодветно во јануари, но беа намалени за 2,9% во Renault, ...

Во текот на следните 10 години, Африка, Блискиот Исток, Кина, Југоисточна Азија, Западна Азија и Латинска Америка ќе играат клучна улога во поттикнувањето на глобалната трговија преку зголемување на побарувачката за храна. Ова се наведува во извештајот на американското Министерство за земјоделство (USDA). Кина најверојатно ќе остане најголемиот увозник на земјоделски производи во следната деценија. Значително зголемување на увозот се очекува ...

Данската транспортна компанија „Маерск“ ги повика своите клиенти да бидат подготвени за фактот дека поради ситуацијата во Црвеното Море и Аденскиот Залив, времето на транзит на товар ќе остане подолго од вообичаеното, а прекините во снабдувањето исто така ќе продолжат. „Нашите тимови продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу Црвеното Море и Аденскиот Залив. Заради безбедност на нашите бродови, екипажи и товарот на клиентите, сите ...

Откако БДП се намали за 0,3% во четвртиот квартал од 2023 година, надежите за мал пораст на БДП во првиот квартал од 2024 година исчезнуваат, вели германскиот институт за економски истражувања (DIW). Германскиот институт за економски истражувања (DIW) прогнозира дека економијата на земјата ќе продолжи да се намалува во првиот квартал од оваа година. Економистот на DIW, Тим Бонке, истакна дека германската економија се бори да најде излез од ...

Глобалниот пазар на производи од приватна марка во индустријата за храна и пијалоци се очекува да расте со просечна годишна стапка од 6,39% помеѓу 2023-2027 година, кога се очекува дека ќе достигне вредност од 281,15 милијарди долари. Приватните марки се марки или брендови во сопственост на трговски ланци кои ангажираат производители за производство на производи само за нивниот бренд. Во САД, продажбата на храна и пијалоци од приватна марка се ...

Во 2023 година, Мароко се позиционираше како втор најголем снабдувач на домати во Европската унија, после Холандија, пренесува Hortoinfo. Според Еуростат, пазарниот удел на Мароко се зголеми за 18,86% во последните пет години. Во истиот период, пазарниот удел на Шпанија падна за 25,2% (со што падна на третото место), додека уделот на Холандија падна за 18,62%. Во 2023 година ЕУ увезла 2.643,83 милиони кг домати, односно 3,21% помалку од 2019 ...

Соседна Грција минатата година извезла сирење во вредност од 805 милиони долари, со што е рангирана на 13 место на листата најголеми извозници на сирење во светот, и најголем извозник во регионот, покажуваат податоците од Worldtopexports. Иако лани Македонија лани имала 54% раст на вредноста на извозот на сирење, извозот е се уште многу мал и изнесува само 3,7 милиони долари. Грција има импресивни резултати во извозот на сирење во изминатите ...

Годишната инфлација во еврозоната се олади на најниското ниво од октомври 2021 година, паѓајќи на 4,3% во септември, покажаа блиските бројки во петокот. Во август инфлацијата во еврозоната изнесуваше 5,2%, додека на месечно ниво инфлацијата се намали од 0,5% на 0,3%. Базичната инфлација – која ги исклучува енергијата, храната, алкохолот и тутунот, а креаторите на монетарната политика внимателно ја следат – падна на 4,5% на годишно ниво во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1011
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1009
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1012
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.02
85%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
96%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
47%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
73%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
5.66
84%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
72%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56