ИНТЕРВЈУ БЛАГИЦА ТРПЕЗАНОВСКА, генерален директор на Кине и Нагел Македонија Благица Трпезановска е во компанијата Кине и Нагел Македонија (Kuehne+Nagel Macedonia) од нејзиното основање во 1996 година. На позицијата генерален директор, пак, е од 1999 година. Во ексклузивно интервју за едицијата Топ 100 Извозници таа зборува за предизвиците низ кои минува логистичката индустрија во изминатите години, за дигитализацијата и зелената логистика, ...

Како дел од активностите за општествена одговорност, компанијата „Алкалоид“, квеќе неколку години наназад презема повеќе активности, кои, меѓу другото, се насочени и кон заштита на животната средина. Значаен дел од тие активности е фокусиран на енергетската ефикасност, со цел оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на штетните емисии. Како резултат на тие активности „Алкалоид“ АД го доби првиот ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТ за ...

Македонските компании во текот на јануари на странските пазари извезле стоки во вредност од 550 милиони евра, што е за 11,4% помалку во споредба со истиот месец минатата 2023 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е втор најголем месечен пад на извозот од пандемијата навами, по падот од 11,8% во август минатата година. Во изминатите 12 месеци, статистиката измерила месечно намалување на извозот во шест ...

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании особено во делот на заеднички проекти во градежништвото и иновациите. „Ова е почеток на една многу важна соработка. Очекувам дека во следниве ...

Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% годишно, ...

Данскиот бродски гигант „Маерск“ најави дека наскоро ќе им дозволи на своите бродови повторно да транзитираат низ Црвеното Море по паузата заради зачестените напади и конфликти кои оштетија неколку товарни бродови. Најавата од Маерск доаѓа по веста дека е формирана безбедносна иницијатива, предводена од САД, која ќе има за цел да им овозможи на трговските бродови повторно и побезбедно да транзитираат низ Црвеното Море, Аденскиот Залив и ...

Цените на товарниот поморски транспорт се зголемуваат по ракетниот напад и обидот за киднапирање на бродот „Маерск“ викендов, што ги натера превозниците да ги прекинат плановите за рестартирање на транзитот низ Црвеното Море, клучна артерија на виталната трговска рута на Суецкиот канал. Милитантите Хути со седиште во Јемен напаѓаат товарни бродови во Црвеното Море од ноември во знак на поддршка за палестинската исламистичка група Хамас која се ...

Јапонската групација Nippon Express Holdings (Nx Group) објави дека и официјално го заврши процесот на преземање на австриската логистичка компанија cargo-partner. Овој значаен настан беше објавен на посебно организиран настан за клиентите и партнерите кој се одржа на 8 јануари во Виена . Посебната конференција за новинари на која менаџментот на двете компании дискутираше за стратешката визија на новата компанија ја проследи и порталот ИзвозМК, ...

Глобалната трговија се намали за 1,3% од ноември до декември 2023 година, бидејќи нападите на милитантите врз трговските бродови во Црвеното Море доведоа до пад на обемот на транспортен товар во тој клучен регион, објави германскиот економскиот институт IFW во четвртокот. Во моментов околу 200.000 контејнери се транспортираат преку Црвеното Море дневно, што е помалку од околу 500.000 дневно во ноември, соопшти институтот IfW од Киел. ...

Германската индустрија очекува штрајкот на машиновозачите да предизвика големи проблеми за компаниите, вклучувајќи го и товарниот сообраќај. Шестдневниот прекин на работата се заканува со сериозни ограничувања, дури и со прекин на производството во одредени сектори, изјави за ДПА Тања Генер (Гонер), генерален директор на Сојузната асоцијација на германската индустрија (БДИ). „Не е нереално да се очекуваат загуби до една милијарда евра“, додаде ...

Пишува: Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Р.С.Македонија Изминатите три години, на глобалната економска сцена, сведоци сме на тектонски промени со големи економски и социјални последици. Појавата на пандемијата на ковид-19, денешните сериозни ризици од геоекономската фрагментација, но и сѐ поголемите видливи последици од климатските промени јасно ни посочуваат дека мора да се приспособиме на окружување во коешто ...

ИНТЕРВЈУ ЖИВКО МУКАЕТОВ, претседател на Управен одбор и генерален директор на “Алкалоид” АД Скопје Најуспешната македонска компанија “Алкалоид” годинава ќе ја заврши со извоз од околу 180 милиони евра, што се високи 70% од вкупните консолидирани продажби на компанијата. Живко Мукаетов, првиот човек на “Алкалоид” очекува тешка, но успешна година за компанијата, која и покрај бројните предизвици во изминатиот период успеа значително да го ...

ИНТЕРВЈУ СЛОБОДАН КУТРЕВСКИ, прв извршен директор на “Пекабеско” Развојниот пат на “Пекабеско” е вистинска успешна бизнис приказна со која Македонија може да се гордее. Во последниве 20-тина години во развојот на Пекабеско се инвестирани 30 милиони евра, со што денеска компанијата е лидер производството на сувомеснати производи, но и успешен извозник во регионот. Првиот човек на Пекабеско, Слободан Кутревски во интервју за специјалната Топ ...

ИНТЕРВЈУ СТЕФАН БОГОЕВ, директор на Царинска Управа на Р.С.Македонија Од неодамна сте на чело на Царинската управа на РС Македонија. Успеавте ли да ги поставите правците и приоритети по кои ќе се развива Царинската управа под Ваше раководство? Богоев: Работењето на Царинската управа се темели на три елементи, фискален елемент (прибирање приходи), заштита и безбедност на општеството (спречување обид на внес на опасни материи, оружје и ...

ИНТЕРВЈУ ВИКТОР МИЗО, претседател на Совет на странски инвеститори и директор на КОСТАЛ Македонија .. Виктор Мизо, директорот на КОСТАЛ Македонија неодамна беше избран за претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора. Во интервју за специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ тој зборува за активностите на новото раководство на Советот за подобрување на бизниси климата и зголемување на инвестициите, за забавувањето на ...

ИНТЕРВЈУ ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ, генерален директор на “МАКПРОГРЕС” : . “Макпрогрес” е една вистинска победничка бизнис приказна во македонската економија. Повеќе години наназад, Макпрогрес е најголем извозник од прехранбената индустрија. Но, тежината на овој податок е многу поголема ако се знае дека станува збор за семејна компанија. “Макпрогрес” е основана на почетокот на 90-те години од страна на Александар Цветанов, на почетокот како трговска ...

Интервју на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, за The Economist –Aлкалоид наскоро ќе одбележи 90 години од своето постоење. Како успевате да го задржите и одржите врвот во фармацијата на национално и регионално ниво? Чинам дека Алкалоид е дел од мојата ДНК. Мојот татко, учител и ментор, но и еден од основоположниците на модерниот Алкалоид, Трајче Мукаетов, во компанијата помина 34 години од својот ...

Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда. Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на ...

Најголемата македонска прехранбена компанија во својот бизнис план за оваа 2024 година очекува висок раст на приходите од продажба, како на домашниот пазар, така и на странските пазари. Според објавениот финансиски и бизнис план за 2024 година усвоен од Одборот на директорри на крајот на минатата година се вели дека компанијата планира годинава да ја заврши со вкупни приходи од продажба од 80,18 милиони евра, што е големо зголемување од близу ...

Десет македонски производители и извозници на овошје и зеленчук изложуваат на саемот FRUIT LOGISTICA кој се одржува од 7 до 9 февруари во Берлин. Баџо, Виториа Фруит, Вардар Градско, Флора Фреш, Атон Фруитс, Туран, Дојрана Фреш, Ксенос, Фреш лајн и Хортена се македонските компании кои се присутни на годинешното издание на FRUIT LOGISTICA, кој важи за најголем и најзначаен саем за свежо овошје и зеленчук во светот и на кој компаниите имаат ...

Македонските компании бараат државата да стане членка на Европската економска заедница за да се отвори заедничкиот европски пазар кој нуди безброј можности за раст и проширување на бизнисот, што ќе повлече и напредок на македонската економија во целост. Ова прашање беше отворено на работната средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и извршниот директор на компанијата „Лион“ Ристе Ристевски при посетата ...

Како дел од својот „Пакет за помош на малите и средните претпријатија“, Европската комисија во вторникот (12-ти септември) претстави нова регулатива за борба против задоцнетите плаќања меѓу бизнисите, заменувајќи ја постара директива на ЕУ што се покажа како неефикасна. Со новата регулатива, плаќањата меѓу бизнисите ќе треба да се извршат во рок од 30 дена од издавањето на фактурата. Доколку плаќањето се одложи повеќе од тоа, на компаниите ...

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава ...

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. ...

Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Со правилна комбинација на политиките, економиите од Западен Балкан можат да обезбедат ниска инфлација и долгорочно забрзување на конвергенцијата на регионот кон ЕУ. За справување со инфлацијата, треба да се задржи цврстата монетарна позиција, со поддршка од фискалната политика. За ценовната стабилност важна е и финансиската стабилност и затоа неопходно ...

Скопје денеска беше домаќин на регионалниот хибриден настан “Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU” во организација на Европската комисија, а во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Western Balkans 6 Chamber Investment Forum (WB6CIF). Заедно со високи претставници на Европската комисија и ЕУ Делегацијата во РС Македонија, настанот го отвори г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора. ...

Одржувањето на стабилноста на домашната валута, успорувањето на инфлацијата на едноцифрени стапки и одржувањето на финансиската стабилност се најдобри показатели за соодветноста на монетарната политика која ја води Народната банка во контекст на неколку последователни кризи. Ова беше заклучено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска со директорот на ММФ за ...

Банките играат голема улога во обликувањето на локалната и глобалната економија. Тие имаат сериозна општествена и еколошка одговорност преку проектите кои ги кредитираат, бидејќи со тоа го поттикнуваат растот на одговорните или неодговорните компании во бизнис заедницата, а во однос на физичките лица, влијаат директно врз одржлива економска состојба на семејствата или напротив – кон неконтролирано задолжување. Во денешниот свет тешко е да се ...

ИНТЕРВЈУ МИЛАН ДАМЧЕВСКИ, член на Управен одбор во ПроКредит Банка ПроКредит Банка слави 20 годишен јубилеј во Македонија. Започнавте од нула, а денеска сте значаен субјект во македонскиот банкарски сектор. Како гледате на досегашното работење во земјава низ призма на бројките и резултатите и што сметате дека е најголем успех кои сте го постигнале? Дамчевски: Токму така, ПроКредит Банка е основана пред точно две децении како германска ...

Квалитетната услуга и одлуката за тоа каде да ја добивате платата се клучни кога станува збор за избор на банка. Токму за овој сегмент ПроКредит Банка во соработка со Мастеркард ја отпочна кампањата „Направи ПРОмена за да добиеш повеќе“ со која ја претстави својата специјална промотивна понуда наменета за сите нови клиенти кои ќе одлучат да ја примаат својата плата преку банката, пакет со кој добивате 12 месеци бесплатни банкарски услуги, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
75%
1018
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.29
59%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.0
88%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
60%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
0.89
63%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
78%
1012
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74