Германската индустрија се соочува со најголем пад на вработеност во последната деценија. Според новата анализа на EY, над 114.000 работни места во германската индустрија се изгубени во рок од една година. Од нив, 51.500 или речиси половина се во автомобилскиот сектор, што е речиси 7% од работната сила во овој сектор. Ниту еден друг сектор не е погоден толку силно. Овој тренд отвора сериозни прашања за иднината на германскиот индустриски ...

Во 2024 година, Кина се позиционира како најголем извозник на јаболка во светот, со извезени 980.846 тони, што претставува раст од 23,2% во споредба со претходната година. На второ место е Италија, со извоз од 945.516 тони (+9,4%), а веднаш зад неа се САД со 897.421 тони, Полска со 784.142 тони, и Франција со 671.183 тони. Интересно е да се забележи дека пред само три децении, во 1994 година, Кина извезувала скромни 114.000 тони, рангирана ...

Во 2024 година, во ЕУ биле произведени 62,2 милиони тони свеж зеленчук, што претставува зголемување од 6% во однос на 58,8 милиони тони произведени во 2023 година. Шпанија (14,8 милиони тони), Италија (13,9 милиони тони) и Франција (5,8 милиони тони) беа најголемите производители на свеж зеленчук во ЕУ, кои заедно произвеле со 55% од вкупното производство на зеленчук. Во 2024 година, собраното производство на неколку клучни зеленчуци во ЕУ се ...

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ и Бугарија договорија заедничко вложување во изградба две фабрики за производство на оружје. Инвестицијата вредна 1 миилијарда евра предвидува изградба на фабрика за барут и за гранати од калибар 155 милиметри, ќе бидат изградени на местото на државниот погон за производство на муниција „ВМЗ“ во Сопот, во јужна Бугарија. Инвестицијата ја обави Бојко Борисов, лидерот на најголемата партија во ...

Од октомври 2025, македонските камионски превозници ќе се соочат со нови административни бариери за влез во ЕУ, што може да предизвика економски последици и губење на договори, но и товар за македонските извозници. Европската Унија воведува два нови дигитални системи — EES (Entry/Exit System) и ETIAS (European Travel Information and Authorization System) — кои ќе го трансформираат начинот на кој граѓаните од земји надвор од ЕУ влегуваат во ...

Економската слабост на Германија продолжува да се продлабочува. Според најновите податоци од Федералниот завод за статистика (Destatis), Бруто домашниот производ (БДП) на земјата се намалил за 0,3% во вториот квартал од 2025 година — значително поголем пад од првично проценетите 0,1%, покажуваат податоците од Федералниот завод за статистика на Германија, Дестатис. Најголем удар претрпе индустриското производство, особено во секторите за ...

Вицепремиерот Александар Николоски оствари работна средба во Комората на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески, на која присуствуваа и членовите на Управниот одбор Иван Бошковски, од Фершпед, АД Скопје и м-р Радош Вукичевиќ од Алкалоид, АД Скопје, и дел од раководството на СКСМ, извршниот директор м-р Антони Пешев, Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор и Даниела Михајловска Василевска, советник за активностите поврзани со извозот, ...

Компанијата Амфенол Технолоџи Македонија официјално ја пушти во употреба новата производна хала во Кочани, со што го продолжува својот инвестициски циклус во земјава. Во моментот, компанијата вработува околу 3.050 лица, а со новите инвестиции бројот на вработени ќе достигне 3.700 до крајот на 2026 година. „Амфенол“ е дел од глобална корпорација која, како што истакна директорот Сашко Наков, има силна доверба во македонското деловно ...

Од октомври 2025, македонските камионски превозници ќе се соочат со нови административни бариери за влез во ЕУ, што може да предизвика економски последици и губење на договори, но и товар за македонските извозници. Европската Унија воведува два нови дигитални системи — EES (Entry/Exit System) и ETIAS (European Travel Information and Authorization System) — кои ќе го трансформираат начинот на кој граѓаните од земји надвор од ЕУ влегуваат во ...

Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) во четврток го финализираа рамковниот трговски договор постигнат минатиот месец, со кој се воведува царина од 15% за увозот на повеќето европски стоки во САД — вклучувајќи автомобили, фармацевтски производи, полупроводници и дрва. Документот, долг нецели четири страници, има за цел да спречи ескалација на глобална трговска војна. Еврокомесарот Марош Шефчовиќ го презентираше во ...

Градежната компанија „Гранит“ во првото полугодие од 2025 година оствари приходи од 22 милиони евра, што е пад од 38% во споредба со истиот период лани. Приходите на домашниот пазар се намалени за 37%, додека на странските пазари падот е 51%. И покрај значителниот пад на оперативната добивка, компанијата оствари нето-добивка од 2,48 милиони евра, благодарение на растот на финансиските приходи. Најголемата македонска градежна компанија ...

Инфлацијата ќе остане висока во светот во наредните години, под влијание на трговските тензии. Источна Европа, повеќе погодена од остатокот од континентот Економистите ширум светот очекуваат инфлацијата да остане висока во наредните години, според најновото истражување на економски експерти, спроведено oд Институтот ifo. За 2025 година, експертите проценуваат просечна глобална стапка на инфлација од 4%, во согласност со прогнозите од ...

Најголемата прехранбена компанија „Витаминка“ објави дека во првата половина од 2025 година остварила вкупни приходи од продажба во износ од 31,2 милиони евра, што претставува раст од 9% во споредба со истиот период минатата година, покажува најновите консолидирани финансиски извештаи објавени на Македонската берза. Околу две третини од приходите, односно 63%, се остварени на домашниот пазар, каде што продажбата бележи раст од 16% и ...

Трамп најави царини за челик и полупроводнички чипови во наредните недели САД го проширија списокот на стоки што подлежат на царини од 50% според Член 232 за увоз на челик и алуминиум, со додавање на стотици деривативни производи на списокот на стоки што подлежат на царини. Во известувањето дадено доцна во петокот, Министерството за трговија соопшти дека Бирото за индустрија и безбедност додава 407 кодови на производи во Хармонизираниот ...

Данската DSV, најголемата логистичка компанија во светот според приходи, објави стабилни перформанси во вториот квартал од 2025 година, откако започна со интегрирање на неодамна купената компанија Schenker во услови на нестабилни глобални услови. Според меѓуфинансискиот извештај на компанијата, оперативната добивка (EBIT) пред посебни ставки достигна 634 милиони евра, што е зголемување во однос на 550 милиони евра претходната година. Ова ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата размислува зголемувањето на платите да биде врзано со растот на продуктивноста. „Во делот на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста, односно поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по презентацијата на новопристигнатата опрема од САД во касарната ...

Според FDI Intelligence, Северна Македонија е лидер во групата земји во развој во Европа. Северна Македонија е највисоко рангирана земја во земјите во развој во годинешниот Индекс на перформанси на странски директни гринфилд инвестиции ( Greenfield FDI Performance Index 2025), рангирајќи се на шестото место во генералниот пласман, пишува FDI Intelligence. Со население од помалку од 2 милиони жители и номинален БДП за 2024 година од околу 16 ...

Забраната на ЕУ за автомобили со внатрешно согорување од 2035 година се соочува со се поголем притисок. Извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус, се спротивставува на планот на ЕУ за забрана на возила што емитуваат јаглерод диоксид CO2 од 2035 година. „Ни треба проверка на реалноста. Инаку, одиме со полна брзина во ѕид“, рече тој. Противењето на планираната забрана на Европската унија за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно ...

Извозот на земјоделски производи од Албанија достигна 570 милиони евра во 2024 година, што претставува речиси четирикратен пораст во споредба со 150 милиони евра во 2013 година. Според министерката за земјоделство и рурален развој, Анила Денај, овој раст е резултат на тековните напори на владата, поддршката за земјоделците и спроведувањето на политики за подобрување на производството и стандардите. Владата има за цел да го зголеми извозот ...

Од 1 септември целосно се укинува системот за контрола на увозот ICS1 и започнува со примена системот за контрола на увозот ICS2, врз основа на одредбите од Царинскиот законик на Европската унија. Тоа значи дека сите патни и железнички превозници што влегуваат во ЕУ, потребно е да поседуваат целосна влезна збирна декларација (ENS) со детали за стоките што ги внесуваат во Унијата или ги превезуваат преку нејзина територија до крајната ...

Пад на извезените количини зеленчук за 10% во споредба со истиот период лани. Во првата половина годинава, од Македонија биле извезени нешто над 83 илјади тони зеленчук, во вредност од 62 милиони евра. Извезените количини се намалени за 10% во споредба со истиот период лани, додека приходите се зголемени за 18%, што се должи на повисоките извозни цени и ефектите од инфлацијата. Анализата на статистичките податоци покажува дека најпродаван ...

Глобалниот пазар на производи без глутен бележи забрзан раст, поттикнат од зголемената свест за целијачната болест, чувствителноста на глутен и популарните здравствени диети. Според анализата на Grand View Research, вредноста на пазарот моментално изнесува 7,75 милијарди долари, со годишна стапка на раст од 10%. До 2030 година, се очекува да достигне 13,67 милијарди долари. „Индустријата за производи без глутен забележа значителен раст во ...

Индустриското производство во Македонија во јуни 2025 година бележи минимален раст од 0,5 % во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Во првите шест месеци од годинава, кумулативниот раст изнесува 2,8 %. Секторски резултати: Пад на производството во енергетиката и металните производи Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни ...

Зделката е вредна 3,8 милијарди евра, новиот глобален играч ќе има комбинирани приходи од над 22 милијарди евра и продажба од над 540 илјади единици. Предложеното преземање ќе се изврши преку доброволна јавна понуда за преземање по цена од 14,1 евра по акција, под услов да добие регулаторно одобрение и да се заврши одвојувањето на одбранбениот оддел. Индискиот Tata Motors има намера да ги спои операциите за комерцијални возила на Iveco Group ...

Индустријата за производство на автомобилски делови претставува еден од најзначајните сегменти за македонската економија — со силно учество во вкупниот извоз, вработеноста и технолошкиот напредок. Станува збор за компании во странска сопственост, целосно ориентирани кон извоз и длабоко интегрирани во синџирите на снабдување на европската, особено германската автомобилска индустрија. Но, европскиот автомобилски сектор веќе подолг период се ...

Економијата на Германија се намали за 0,1 % во вториот квартал. БДП малку се зголеми во првите три месеци од годината. Другите земји од еврозоната објавија значително подобри бројки. Економијата на Германија повторно се намали во вториот квартал. Бруто домашниот производ (БДП), прилагоден за ценовни, сезонски и календарски ефекти, се намали за 0,1 процент во споредба со претходниот квартал, според прелиминарните бројки од Федералниот завод ...

На 29 јули 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. “На седницата беше одлучено каматните стапки да бидат непроменети, односно каматната стапка на ...

Најуспешната македонска компанијата “Алкалоид” објави силни финансиски резултати за првата половина од 2025 година, со вкупни консолидирани продажби од 164,2 милиони евра, извоз од 108,4 милиони евра и инвестиции во основни средства од над 10 милиони евра. Според единечниот биланс на успех, продажбите во периодот јануари – јуни 2025 година достигнуваат 6,75 милијарди денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. ...

Mercedes-Benz претрпе пад на профитот од 55,8% во првата половина од 2025 година. Приходите и продажбите исто така се намалени. Производителот на автомобили очекува слаба вкупна година и спроведува програма за реструктурирање и намалување на трошоците. Профитот на Mercedes-Benz падна за повеќе од половина во првата половина од годината. Заработката на групацијата се намали за 55,8 % на годишно ниво, од приближно 6,1 милијарди евра на ...

Ова е трета година по ред за Ауди, кој е дел од Volkswagen групацијата, првата половина од годината да е полоша од претходната. Царините на претседателот Трамп, трошоците за реструктуирање на компанијата и слабото работење во Кина предизвикаа пад на профитот на Audi во првата половина од годината. Audi, која е дел од групацијата Volkswagen, која исто така ги поседува Bentley и Lamborghini, објави пад на профитот од 37,5% на 1,3 милијарди ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.31
47%
1022
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
63%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
80%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.78
60%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.27
51%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.33
90%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.79
42%
1020
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
53%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
63%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.62
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Иридиум

253540.09

Бакар

12.73

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Платина

53498.84

Родиум

257205.97

Сребро

2087.39

Алуминиум

3.40

Злато

133769.08