
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Snapdragon оваа недела го претстави новиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор; Nvidia проверува зошто каблите за напојување со топат на RTX 4090. Сепак оваа недела, фокусот на хардверот е на „Black Friday“, и попустите кои ќе бидат достапни наскоро. RTX 4090: Лабави конектори причина за прегревање и топење Скапата и супер моќна графичка картичка од Nvidia разочара некои од првите купувачи. Дел од нив јавуваат дека картичката го растопила приклучокот за ...
Традиционално и оваа година не изостануваат попустите на македонската веб продавницата Смартус. Електрични велосипеди, траки за трчање, паметни часовници, прочистувачи на воздух, роботски правосмукалки и многу други смарт уреди за сечиј вкус со екстра попусти во пресрет на Black Friday. Заштеди на цена, а не на квалитет. Погледни ја тука Black Friday понудата и нарачај го твојот смарт уред по супер намалена цена > ...
Светското фудбалско првенство 2022 FIFA World Cup во Катар во моментов е во фокусот на вниманието на сите љубители на фудбалот. За жал, понекогаш само една грешка на судиите е потребнa да се одлучи победникот на натпреварот, а со тоа репрезентацијата која е оштетена да се врати дома. Вакви грешки имало многу во минатото. Без разлика дали станува збор за недосудениот гол на Украина против Англија; „божјата рака“ на Марадона; голот на Англија ...
Мапирањето на ИТ индустријата во Македонија открива дека MySQL полека го губи бројот на корисници при примарен избор на датабаза. Споредбено со резултатите од мапирањето во 2019-та, во 2022-та MySQL, иако сѐ уште на првото место, бележи пад од 1.09% процентни поени. Можеби процентот не делува голем, но ако се земе предвид порастот на PostgreSQL од 6.67% процентни поени, тогаш лесно може да се заклучи дека PostgreSQL е на добар пат да доминира во ...
Царинската управа во скоро време ќе отпочне со користење на систем базиран на VR (виртуелна реалност) технологија за обука на цариниците. Системот за обука е обезбеден од Светска царинска организација (WCO) и Царинската служба на Кореја (CCF) и се состои од софтвер, слушалки, очила и контролен уред, а истиот ќе биде инсталиран во дирекцијата на Царинската управа, поконкретно во Регионалниот центар за обука кој е основан 2009-та година во ...
Flashlight by whistle е интересна апликација која го вклучува блицот од вашиот телефон секојпат кога ќе свирнете. Ова знае да биде корисно во ситуации кога се наоѓате во темен простор, но не сте во можност да користите прсти или пак сакате побрзо да вклучите блиц. Исто така, во ситуации кога не можете да си го најдете телефонот, со свиркање би можеле да ја откриете локацијата на телефонот. Нешто на што треба особено да внимавате доколку сакате ...
Самиот Windows оперативен систем има одлична вградена алатка за автоматско менување позадини. Но, што доколку сакате целава оваа ситуација да ја издигнете за еден дополнителен степен и да наместите позадината да се менува во зависност од песната која ја слушате во моментот? Третата верзија на AlbumPaper се поврзува со Spotify, односно Last.fm преку употреба на API клучеви, и потоа секојпат кога ќе пуштите музика од некоја од овие две алатки, и ...
Вчера, пишувавме за алатка која ја менува позадината на вашиот десктоп во зависност од музиката која ја слушате. Овојпат, повторно ни е на нишан дестоп-от, но од малку поразличен агол. OK.It’s.Raining.Men е алатка со која добивате анимирана десктоп површина на која паѓа дожд и се прават концентрични кругови со секоја падната капка. Паралелно со ова, секојпат кога ја движите вашата стрелка се праваат соодветни анимации, како стрелката физички да ...
Како во изгледот, така и во функционалноста, Before I play е веб сајт кој е осмислен во духот на Wikipedia, но со една огромна разлика. Сајтот специјализира само во одделот за видео игри и ви ги кажува работите што треба да ги знаете пред да започнете со играњето. Доколку сте гејмер тогаш сигурно ви се случува да ја играте одредена игра на „погрешен“ начин, како премногу да се задржите во одреден реон, да не отклучите важно оружје или пак да ...
Доколку уживате во играње на класичниот крстозбор, тогаш Words on Words би можела да биде игра само за вас. Се работи за iOS апликација која вметнува целосно нова димензија во класичниот крстозбор така што ви дозволува да играте врз веќе постоечки плочки со зборови за да создавате нови зборови и да добиете повеќе поени. Поради механиката која ви дозволува да ставите уште дополнителни две плочки врз веќе постоечката, можностите за непресушни ...
Во гејмерската индустрија, месецот октомври е обично еден од најексплозивните месеци, резервирани за огромни и долго очекувани хитови. Се чини дека ни овој октомври нема да биде исклучок и уште од утре доаѓа на голема врата Overwatch 2! Жал ни е што денот кога O2 стапнува на сила, серверите на едицицата згаснуваат, но така решиле дека е најдобро од Blizzard, за да „не се делат гејмерите“. Критичарите, меѓутоа, побрзаа да ја прикажат двојката ...
Гејмерите кои ја користат мобилната апликацијата Steam, неодамна беа пријатно изненадени со значителна надградба, како на визуелно, така и на функционално поле, со бројни опции за уредување на приказот. Сега, можете да влезете во вашиот Steam акаунт користејќи напредни и уникатни форми на идентификација. Едната е преку скенирање QR код, со што се прескокнува потребата за внесување корисничко име и лозинка. При пријавувањето, пак, се бара потврда ...
Навлегувањето во претпоследниот месец од годината е пропратено со запрепастувачко висок број игри, почнувајќи со Lego Star Wars: The Skywalker Saga Galactic Edition, движејќи се кон монументалната God of War Ragnarok и пријатно завршувајќи со релаксирачката Just Dance 2023. Но, ова е само дел од феноменалните игри кои ќе се натпреваруваат за вашето внимание. Тука некаде, спортските ентузијасти ќе се забават со Football Manager 2023, а ...
Полека навлегуваме во последниот месец од 2022-та година. Во поглед на нови и возбудливи игри, годината никако не потфрли и секој месец имавме по нешто нови и интересно за играње. Во пресрет на новогодишните празници, ни во месецот декември нема да се седи со скрстени раце. Подгответе го вашиот топол пијалак и спремете се за се загреете со некој од следниве наслови: Игри кои ќе излезат во декември: Добивај известувања 0 View all comments ...
Традиционално, како и претходните години, Epic се подготвува за секојдневно подарување по една игра. Последните две недели од месецот декември, сите што секојдневно ќе ја посетуваат Epic Store ќе можат да зграпчат по една бесплатна игра која ќе биде на понуда. Игрите се врзуваат за вашиот Epic акаунт и можат да се преземаат и играат преку нивниот клиент. Чисто за споредба, во 2019 година, Epic подари 12 игри во декември, а во 2020 и 2021 година ...
Најновото и последното DLC за Far Cry 6 излезе денеска и доколку сте расположени за продолжување на адреналинската акција, но во вознемирувачно извртена верзија на Јара, тогаш додатокот е само за вас! Lost Between Worlds се одликува со нова приказна, „нова“ мапа и „нови“ непријатели и оружја. Причината поради која што ставивме толку многу наводници е затоа што зборот ново е отворен за интертација од многу аспекти. Имено, иако мапата е значително ...
Кажете што сакате за овогодишните the Game Awards 2022, факт е дека се прикажаа запрепастувачко огромен број трејлери. Некои од трејлерите интимно не запознаа со долго-очекуваните наслови, а, некои пак, ги шокираа гледачите со неочекуваните најави. Она што следи се најдобрите трејлери кои се прикажаат на настанот! Armored Core VI, од FromSofware, креаторите на Elder Ring Horizon Forbidden West добива експанзија со име Burning Shores Cyberpunk ...
Стравот од неможноста за играње на Call of Duty на PlayStation 5 ја натера Федералната комисија за трговија да размисли да го сопре купувањето на Microsoft на Activision Blizzard. Activision Blizzard е американска холдинг компанија за издавање видеоигри со седиште во Санта Моника, Калифорнија. Основана е во 2008 година со спојување на Activision, Inc. и Vivendi Games. Двете компании се договорија во јануари минатата година за сума од 68,7 ...
Иако во моментов фокусот на сите фанови на спортот се финалните натпревари на Светското фудбалско првенство во Катар каде што финишот станува се поинтересен, истовремено во Денпасар, Бали, во Индонезија се одржа 14-тото Светско првенство во е-спорт. Додека во Катар немаме репрезентација, во Индонезија имаме претставници, и тоа најдобрите! Викендов е-спорт тимот BLUEJAYS во состав Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел ...
Десетина дена пред официјално да излезе Raptor Lake серијата процесори од Intel, компанијата потврди дека BIOS сорс кодот на Alder Lake процесорите е објавен онлајн. Минатата недела Twitter корисник со псевдоним „freak“ објави дека сорс-кодот на Alder Lake UEFI фирмверот е објавен на 4chan. Линкот води до GitHub „repository“ со име „ICE_TEA_BIOS“ Alder Lake е името на 12-тата и сѐ уште актуелна последна генерација на Intel процесори. Intel ги ...
Microsoft е извор на едно од најголемите протекување на податоци последниве неколку години. Во над 2,4 терабајти податоци се вклучени фактури, договори, информации за договори, електронска пошта на 65000 компании, од последните 5 години. Протекувањето на податоци го открија и споделија безбедносните експерти на SOCRadar. Протекувањето е откриено благодарение на „Cloud Security Module“ развиен од SOCRadar. „Податоците од BlueBleed вклучуваат ...
Веќе трет месец по ред наставата на учениците во Скопје редовно се прекинува со дојави за поставени бомби. Дојавите пристигаат и во другите градови, а освен училишта, бомби започнаа да „се дојавуваат“ и во државни институции, на железничката станица, во трговски центри… Иницијалните дојави на почетокот од оваа сага доаѓаа од ProtonМail. Единствениот приведен за овој случај, всушност беше невин и наскоро беше ослободен. Во периодов се ...
Групата која работи на развој и одржување на популарната Python библиотека за машинско учење PyTorch имаше „возбудливи“ Новогодишни празници. Администраторите на PyTorch ги предупредија сите корисници кои инсталирале PyTorch-nightly да го проверат својот систем. Верзијата на PyTorch-nightly која беше достапна од 25-ти декември до 30-ти декември доаѓа со компромитирана депенденси (dependency). Дел од „torchtriton“ во оваа верзијата на ...
Во 2019-та инспирирани од како тоа го прави StackOverflow, решивме да започнеме слично истражување на локално ниво наречено “Мапирање на ИТ индустријата во Македонија” преку метод на анонимна анкета во кое тогаш учествуваа повеќе од 1.000 лица и ни дадоа корисен фидбек за индустријата во земјава. Резултатите беа бесплатно јавно споделени и сè уште се достапни на овој линк. Оваа година, решивме да го повториме истражувањето и да направиме еден ...
На 15-ти јуни го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа ги добивме таргетираните 1.000 учесници. Ви благодариме на довербата! И покрај стартниот успех, одлучивме да го истераме истражувањето заклучно со 10-ти јули, до 23.59 часот, па по тој повод би сакале да упатиме последен повик до сите оние ИТ професионалци кои се уште го немаат пополнето ...
Топ три примарни програмски јазици кај македонските програмери и девелопери се JavaScript, Java и C#. Оваа статистика ја потврдува мапирањето на ИТ индустријата – издание 2022, во кое 22.41% од интервјуираните ИТ професионалци (1.785 валидни одговори за ова прашање) во сегментот програмирање/девелопмент го избраа JavaScript како примарен програмски јазик, додека за 14.45% од нив изборот беше C#, а на трето место со 13.89% е Java. 50% од ...
Програмерите кои користат алатки базирани на вештачка интелигенција како Github Copilot или Facebook InCoder, пишуваат понебезбеден код од програмерите кои не користат вакви алатки. Како дополнителен проблем програмерите кои користат вештачка интелигенција, веруваат дека пишуваат безбеден код. Ова го покажа истражувањето на Универзитетот Станфорд. Резултатите од истражувањето се објавени во труд со наслов „Дали корисниците пишуваат понебезбеден ...
Кога се работи за дигитална симулација на животи, нема подобра игра од која било игра од The Sims серијалот. The Sims 4 е исклучително комплексна и детална симулација која стануваше се подобра со секоја експанзија. Се чини дека конечно доаѓа времето играта да биде проверена од повеќе играчи. Од 18 октомври, The Sims 4 ќе биде бесплатна на сите платформи, почнувајќи со Mac, движејќи се кон PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, and Xbox Series ...
Шпионски скандал во Грција ја принуди владата на оваа соседна земја во целост да ја забрани трговијата со шпионски софтвер. Предлог законот кој пред пратениците треба да се појави наскоро, доаѓа откако весникот Documento објави листа на 30 имиња кои биле следени. Новинарите тврдат дека помеѓу следените луѓе има политичари, бизнисмени и министри, а следењето го правеле државни агенции. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го обвини весникот за ...
Twitter најави многу промени кои треба да ја направат платформата значително попрофитабилна во иднина. Целта на овие промени е микро-блогот да ја удвои својата заработка до 2023 година. „Super Follow“ е прв „производ“ од Twitter за кој корисниците ќе треба да платат. Ова е нов начин на кој корисниците ќе можат да ги поддржат своите омилени креатори на содржина. Од дел од споделените слајдови може да се забележи дека претплата ќе чини 5 долари, ...