IT.mk, како најголема ИТ заедница во Македонија, стартуваше официјален Discord сервер. Серверот е наменет за дискусија, дружење, вмрежување и забава, со примарен фокус за приближување на медиумот кон т.н. генерација Z, но секако и за сите останати. Што е Discord? Серверот е структуриран со повеќе канали: Зошто Discord? Discord стана популарна платформа за комуникација меѓу Generation Z, демографската група родена помеѓу средината на 1990-тите и ...

Најголемата вест викендов од светот на стартапите, за жал не е ChatGPT-4, напредокот на AI или некој си нов хардвер или стартап. Наместо ова, целото внимание е на банката која ја поддржуваше ИТ и стартап индустријата во САД, Silicon Valley Bank (SVB), која пропадна за помалку од 48 часа. Ова е најголем колапс на банка во САД од 2008 година и втор најголем по крахот на банката Washington Mutual. Како последица на ова, дел од новите стартапи ќе ...

Скоро година и половина како YouTube повеќе не дозволува да имате увид колку корисници не сакаат одредено видео, односно колку пати е кликнато копчето Dislike. И ден денес, меѓутоа, доколку некое видео не ви се допаѓа, можете да кликнете на копчето Dislike, но не и да видите колкумина го направиле тоа, што знае да биде проблем доколку сакате да се поврзете со браќата хејтери. Причината поради која и понатаму може да се кликне копчето Dislike е ...

Ако сте дел од сопствениците на поновите телефони на Samsung и сте биле импресионирани од фотографиите на Месечината, немате никаква причина за ова. Samsung користи тон едитирање на сликите и не само што ја изострува сликата туку во додава детали кои не постојат. Ibreakphotos на Reddit има одлично објаснување што се случува со фотографиите. Samsung вели дека користи вештачка интелигенција за да ги подобри фотографиите, но ова не е случај, барем ...

Не е никаква тајна огромното напредување што се прави во поглед на вештачката интелигенција. Во последно време, често се споменува револуционерното достигнување при користење вештачка интелигенција за да се создаде музичка подлога. Целиот процес е автоматизиран, опфаќа само неколку чекори, а резултатите знаат да бидат повеќе од импресивни. Згора на тоа не бара од корисникот никакво познавање за музичките креативни процеси; сè се сведува на ...

Познато е дека ChatGPT-4 ќе биде достапен за употреба во првата половина на 2023-та година. Microsoft, еден од главните инвеститори во стартапот OpenAI кој е специјализиран за вештачка интелигенција, потвди дека новиот јазичен модел ќе биде достапен за целиот свет оваа недела. Додека многу технички детали се чуваат во тајност до официјалното објавување, веќе се шпекулира дека GPT-4 ќе биде мултимодален. Што значи мултимодален? Chat GPT-4, ќе има ...

Добар дел од денес успешните стартапи и компании започнале со решавање на некој недостаток во постоечките индустрии. Uber го направи ова за такси превозот, Airbnb со изнајмувањето станови, а македонскиот стартап Howitzer, кој во декември, 2022-ра го прогласивме за .мк стартап на месецот по нивната инвестиција од 500.000 US, ќе се обиде да надмине проблем кој агенциите го имаат со outreach на друштвените мрежи. Стартапот стана препознатлив со ...

Во React, секој дел претставува компонента. Компонентите овозможуваат разложување на секој голем кориснички интерфејс во помали, поискористливи делови кои може да се менуваат. Секоја компонента има своја состојба и однесување, повеќе комбинирани компоненти креиираат еден покомплексен кориснички интерфејс. JSX JSX е синтаксичка екстензија за JavaScript која овозможува пишување код сличен на HTML, во JavaScript. Во React се користи за дефинирање ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [февруари, 2023]: Native Teams е глобална FinTech платформа за плаќања и регулирање на статус на вработување, поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка која помага при работата на секој фриленсер, вработен на далечина или компанија. Native Teams ...

Повеќе од една година речиси без престан војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Оваа недела ја одбележува руската офанзива во источна Украина. САД и дел од државите од Европската унија се обидоа да направат притисок врз Русија преку санкции, но истите не вродија со плод, а веројатно една од причините за ова е што Русија успеа да пронајде начини да ги заобиколи. Еден од најпроблематичните производи во овие санкции се чиповите и ...

Во случај да често држите онлајн предавања или пак снимате туторијали, тогаш знаете дека е исклучително важно курсорот да е видлив и визуелно да ги истакнува сите движења, кликнувања и одбележувања. Најновата верзија на MouseCast ви помага одлично да го насочите вниманието на гледачите така што ја менува формата на курсорот во голем концентричен црвен круг кој ја менува дебелината секојпат кога ќе кликнете. Дополнително, секојпат кога ја ...

Криминалци и измамници пронајдоа нов начин да изнудат пари од жртви користејќи ги последните трендови – вештачка интелигенција. Испраќаат гласовни пораки генерирани од вештачка интелигенција тренирана на гласовите на членовите на семејството. Жртвите кои се измамени исплаќаат илјадници долари. Најтешкиот дел од измамата е да дојдат до доволно голем сет на податоци на кој може да се тренира моделот. Податоците во случајот се аудио записи со чија ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [јануари, 2023]: Pixyle AI – продукт базиран на вештачка интелигенција кој го олеснува визуелното пребарување и продуктно категоризирање во модната индустрија Pixyle AI е решение кое им ја олеснува работата на брендовите од модната индустрија, а истовремено ...

Листата на Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата за 2022 година која ја објавивме оваа недела активираше поголем број дискусии на тема родова еднаквост, застапеност како и потребата од таква тематика по социјалните медиуми. Најевидентна е дискусијата која се води на постот кој го споделивме во групата Сојузен комитет на програмери на Република Македонија на Facebook, приватна група која има скоро 16.000 членови и е составена претежно од ИТ ...

Денеска е меѓународниот ден на жените, денот кога се одбележува борбата за рамноправноста помеѓу половите и ден кога се величи храброста, истрајноста, интелигенцијата и решителноста на жените! Една уметничка форма во која доаѓаат до израз сите овие квалитети е во гејминг индустријата, а она што следи се најдобрите игри со женски хероини, наслови кои сведочат за нивната сила и непоколеблива воља да се исполнат замислените цели! Horizon Zero Dawn ...

Одлични вести за сите љубители на видеоигрите. Microsoft и официјално ја проширува листата на држави во кои ќе биде достапен сервисот. Македонија е на листата држави од Европа, Африка и Азија во кои љубителите на видеоигри ќе имаат пристап до стотици игри. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека за прв пат досега носиме преглед на PC Game Pass во 40 нови земји.“ Од некоја причина Microsoft го усложнил целиот процес за тестирање, иако првата ...

На крајот на 2021 година NASA во партнерство со ESA и CSA ги лансираа Вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Телескопот регистрира инфрацрвено зрачење од далечни вселенски тела. Џејмс Веб може да детектира зрачење од објектите кои се настанати по големиот-прасок. „Џејмс Веб“ е најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба досега. Телескопот е 100 пати помоќен од неговиот претходник Вселенскиот телескоп Хабл. Во првата година од ...

Отпуштањата на илјадници вработени во период во кој Twitter се обидува да направи трансформација секако не можеше да помине без никакви проблеми. Корисниците на Twitter кои ја посетија платформата на почетокот на неделата видоа сосем нефункционален микроблог. Линкови кои не функционираат, непостоечки слики во твитовите, беа еден дел од грешките. Обидот за отворање на било кој линк, па дури и оние кои требаа да ја објаснат грешката или водеа до ...

Facebook, Twitter, TikTok. Ова се едни од апликациите кои најчесто го привлекуваат нашето внимание и негативно влијаат на нашата продуктивност. AppBlock е апликација за iOS и Android, а се испорачува и како екстензија за прелистувачот Chrome. Целта на апликацијата е едноставна и се залага да го отсече вашиот пристап до непродуктивните апликации и веб сајтови кои вампирски го цицаат слободното време. Откако ќе ја инсталирате апликација, можете да ...

Правењето вкусни јадење не е едноставна работа. Знаете како викаат, не е еден ден па да се снајдеме, се работи за секој ден, три пати во денот. Згора на тоа, често се чувствувате како да немате доволно намирници за да направите нешто што личи на достоен ручек. Во таа ситуација, зошто да не дозволите вештачката интелигенција да преземе целосна контрола. ChefGPT е веб сајт кој ќе ви понуди рецепти за оброци според намирниците кои ќе ги внесете, ...

Без разлика дали ве интересираат паметни телефони, дронови, процесори, oваа недела изобилува со куп интересни хардвер вести. Неделава во Барселона се одржи Mobile World Congress. Иако настанот веќе ја нема привлечноста од пред неколку години, сѐ уште може да ги видиме трендовите во индустријата. Nokia G22 Паметните телефони на Nokia одамна не е се произведуваат од истоимениот производител. Сопственик на брендот сега е финската компанијата HMD ...

Често пати кога ќе се започне дискусија за визуелно-импресивни постови, флаери и постери, Canva е алатката која се споменува. Но, Canva не е целосно бесплатна алатка и за одредени понапредни функции, односно дизајни, потребно е да се претплатите. Polotno Studio е целосна бесплатна алтернатива на Canva и доколку и пружите шанса, ќе забележите дека воопшто не е за потценување. Првиот оддел – Templates е воедно и најважниот затоа што тука ќе ...

Оваа недела Брисел објави дека нема да се фокусира на обвинувањето дека Apple ги принудува развивачите на апликации да го користат нивното плаќање во апликациите. Сепак ова не е сосем добра вест за американската компанија. Комисијата за заштита на конкуренцијата, ќе се фокусира на начините на кои Apple ги ограничува девелоперите да ги известат корисниците за алтернативни начини за плаќање или претплата. Истрагата и обвинувањата на Комисијата се ...

Каде што има чад, има и оган. Крипто светот почна да чади во моментот кога цените почнаа да паѓаат, а огнот ги зафати скоро сите сфери од Web3 индустријата. Штом се шири паника, активностите на големите институции како централните банки и регулаторните тела почнуваат да се движат. Криптото е тука само неколку години, а банките и регулаторните тела се присутни со векови и знаат како да ја искористат секоја економска прилика многу подобро. Како ...

Независно од верзијата на Windows оперативниот систем кој моментно го користите, општото мислење е дека иконите на фолдерите и документите се премногу монотони и статични, нешто што е неизбежно кога со години клкнувате на едни исти работи :) Доколку сакате да го смените изгледот на иконите, самиот Windows оперативен систем ви нуди лесни можности за брза замена на стандарната икона со некоја друга, но Dr. Folder е апликација која се залага да ...

Многу пати кога работиме на лаптоп би можеле да посакаме да имаме дополнителен монитор приклучено. Во ситуација кога немате монитор, би можеле да го поврзете вашиот телефон или таблет. Да, мал телефон или таблет не можат да ги заменат предностите кои доаѓаат од голем монитор, но подобро нешто отколку ништо. SpaceDesk e апликација која ефикасно поврзува две или повеќе направи така што ви дозволува првин да ги инсталирате соодветните апликации, а ...

Месецот март е полн со игри кои се закануваат да ги задоволат и најзагрижените гејмери. На самиот старт, Dark Souls/ Elder Ring ентузијастите ќе пробаат да го добијат нивниот фикс преку Wo Long: Fallen Dynasty – акциона RPG игра која ќе биде бесплатна за Game Pass претплатниците. На самиот крај од месецот, пак, ќе излезе долго-очекуваната Resident Evil 4, заедно со VR верзијата која бесплатно ќе се понуди на сите VR фанатици. Што не очекува ...

Минатиот викенд во Македонија се одржа 11-тото издание на хакатонот за креирање на видеоигри Global Game Jam Македонија. „Традиционално“ Global Game Jam е во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, кои се одлични домаќини секоја година. Настанот се одржа на локации во Скопје и Битола, а беа направени 20 видеоигри. Домаќин на креаторите во Скопје беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ...

TakeItDown е нова aлатка од Meta која треба да помогне да се спречи ширењето на интимни фотографии на лица помлади од 18 години. Алатката овозможува отстранување на слики и видеа без истите да бидат аплоудирани онлајн и да станат дел од некоја поголема база на податоци. TakeItDown е обид да се прекинe онлајн „сексторцијата“ кај помладите. Сексториција е форма на злоставување со која под закана дека ќе се објават нечии интимни фотографии или ...

Google најави купување на хрватскиот стартап PhotoMath, едукативна апликација со над 300 милиони преземања. Веста за купувањето доаѓа од Европската комисија, која треба да даде потврда за да се финализра зделката. Европската комисија постави рок до 28 март, до кога треба да ја донесе конечната одлука. Ако се реализира, ова може да биде најголемо купување на компанија во Хрватска. Вкупната сума би можела да надмине над 130 милиони евра (1 ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
23%
1014
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
6.17
29%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 33ᴼ
3.09
29%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 29ᴼ
4.12
25%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
6.15
17%
1016
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
5.14
40%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
26%
1013
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.63
22%
1011
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
24%
1018
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
29%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
12.35
100%
1014
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088