Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија. Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на ...

Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина. Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти. За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од ...

Директорот на Специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи, е приведен под сомнение дека примил мито за да овозможи хоспитализација на пациент. Неофицијално, се спомнува сума од 20 илјади евра, иако таа засега не е потврдена. Болницата згрижува возрасни пациенти во исклучително тешка здравствена состојба, со долги листи на чекање и ограничен број на кревети. Приведувањето е извршено во координирана акција на Основното јавно ...

Царината заплени 133 шишенца со раствор за инјекции со вкупна вредност од 529.872 денари на граничниот премин Деве Баир. Лековите биле пронајдени кај косовски државјанин кој патувал со автобус. „Мобилен тим на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус заплени 133 шишенца со раствор за инјекции Gadovist 1.0 mmol/ml од 15 ml, со вкупна вредност од 529.872 денари, за кои е потребна дозвола за увоз издадена од Бирото за лекови. ...

Општина Крива Паланка официјално ја започна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на планинскиот локалитет Калин Камен. Со оваа иницијатива се поставуваат темелите за развој на нова туристичка дестинација во источниот дел на државата, соопшти општината. Овој чекор претставува дел од поширока стратегија за ревитализација и валоризација на Калин Камен, кој од запоставен ...

Хана Икодиновиќ, ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, неодамна го прослави својот 18-ти роденден, а сега на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии од едно нејзино патување за време на „роденденскиот месец“. Хана, судејќи по објавите, уживала на планина, а освен во гастрономските специјалитети, нејзините следбеници уживале и во фантастичната глетка. Но, една фотографија особено го ...

Сузана Манчиќ, најпознатата лото девојка во поранешна Југославија, искрено проговори за причината поради која позирала за Плејбој и за реакциите на јавноста за нејзиниот потег. „Позирав за Плејбој како славна личност и тоа го сметам за мој личен успех – не затоа што имав 48 години и изгледав одлично во тоа време, туку затоа што ги надминав малограѓанските проценки. Само специјалните жени ги поместуваат границите и ги кршат табуата. ...

Кога пратеник на седница на Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски врз која основа јавно се заканува дека „ќе ги влече за уши“ обвинетите за криминал, Мицкоски му довикна – „според мој закон“. Нашиот крал Сонце ги достигна царските височини кога во парламентот ги извика овие три збора. Премиере, недостасуваше да замените само еден збор, па да се прогласите за Луј 14 на 21. век. Дали сте свесен што му дофрливте на пратеник во ...

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант” за проширување на ЕУ”, која се одржа во Брисел. Филипче, во својот говор, ...

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на ...

По повод Светскиот ден на здравјето, Форумот на жени на СДСМ организираше панел дискусија на тема „Здрави почетоци, силно општество“, посветена на актуелната состојба на здравствениот систем и значењето на здравите почетоци за секоја држава. Специјалистите и експертите на панелот, меѓу кои и проф. д-р Маја Мојсова Миовска, проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Маја Манолева, споделија свои искуства како и постигнувањата во здравствениот ...

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека премиерот Христијан Мицкоски не поставува услови за уставните измени, туку бара гаранции од Брисел и Вашингтон дека тие ќе бидат последниот чекор пред членството во Европската Унија. „Ме радува фактот што премиерот има одлични односи со САД и коректни односи со земјите од Европската Унија. ...

Домаќинките наскоро ќе го подготват еден од најважните празници, а за да го направите тоа како што треба, мора да следите важни правила. Велигден е еден од највеселите и најсреќните празници во нашиот календар, кој го симболизира враќањето на Исус Христос во живот. Овој значаен настан во христијанската традиција носи радост и надеж, а секоја година се одбележува со посебна радост и ентузијазам. Спротивно на тоа, Велики петок е ден на жалост ...

Еминем стана дедо. Ќерката на раперот ја објави среќната вест на Инстаграм, три недели откако родила здраво момче. Ќерката на Еминем, Хејли Џејд Скот (29) и нејзиниот сопруг Еван Меклинток го добија синот Елиот Маршал Меклинток. Хејли ја сподели радосната вест со милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, кои веднаш забележаа дека малиот го носи и името на неговиот славен дедо – Маршал. View this post on Instagram A post shared by ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство’’, соопштија од полицијата. На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој ...

Основното јавно обвинителство Куманово, денеска информираше дека предметот за загадување на Крива Река во Крива Паланка ќе го преземе Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што претходно информираа, кумановското обвинителството формираше предмет, во меѓувреме стигнала и кривичната пријава од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. -За актуелниот настан за загадување на Крива Река, ние сами ...

Александар Гавриловски (29), кој беше повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани која работела со фалсификувана лиценца и се лекуваше во Литванија починал денеска. Тој е 61-та жртва на трагичниот настан кој се случи на 16 март годинава, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите. Денеска почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Гавриловски беше во критична сосојба уште од почетокот. ...

Пред Кривичниот суд во Скопје, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, даде длабоко емотивен исказ, тврдејќи дека нема никаква поврзаност со обвинетите за грабнувањето и убиството на неговата ќерка. Неговото сведочење дојде по настапот на обвинетиот Влатко Кешишев. Немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе. Гледам кај нив гнев, а не вина,“ – изјави низ солзи таткото на убиената Вања. „Мијам очи за да не ги гледам обвинетите“ ...

Три години имала малолетничката која загина во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско. Со телесни повреди, неофицијално, се нејзината сестра која има една ипол година и родителите. Од МВР претходно информираа дека во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и автомобил „мерцедес“ со скопски ...

Со склучување на Договорот помеѓу Општина Крива Паланка и националниот постапувач со текстилен отпад друштвото ТЕКСОМАК отпочнуваат со реализација дел од активностите од договорот како што се спроведување на едукативни кампањи и спроведување на акции за собирање на текстилен отпад. За таа цел на ден 11.04 2025 година (петок) во Крива Паланка ќе се спроведе Голема еколошка акција за собирање на текстилен отпад насловена како,, Твојата стара ...

Ејнсворт, за кој се верува дека имал 40 години кога починал, работел за Викторија и Дејвид Бекам и нивното семејство од 2013 до 2015 година, кога живееле во лондонскиот Холандски парк. Тој исто така ги штител холивудските актери Џони Деп, Џенифер Лоренс и Арнолд Шварценегер, пренесува Метро. Мајката на поранешниот кралски маринец, Сали Ејнсворт, ја откри трагичната вест преку објава на социјалните мрежи за викендот, откако упатила итен апел ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска излезе со нови цени за горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 ...

Лимонот е една од намирниците полни со витамин Ц и бројни други хранливи материи и затоа често е присутен во секојдневната исхрана, но прекумерното внесување може да доведе до големи стомачни проблеми. Имено, високата киселост на лимонот може да предизвика иритација на слузницата на желудникот, зголемувајќи го ризикот од гастритис и чир. Овој проблем е особено изразен доколку лимонот се конзумира на празен стомак. „Киселината во лимонот може ...

Пастина е вид на мали тестенини кои се користат во Италија за подготовка на разни јадења. Ова е исто така името на популарната супа од зеленчук и тестенини. Со оглед на тоа што е обилно јадење полно со витамини, минерали и други хранливи материи, често нагалено го нарекуваат италијански пеницилин. Во супата можете да ставите само пилешки супа, но ако го подготвувате за некој кој треба да се опорави од некоја болест, можете да зготвите и малку ...

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од ...

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори. „Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните проблеми на луѓето. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област ...

Во петокот и во деновите од минатиот викенд (05.04 и 06.04) како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по ...

Телото на Карадаковски кој што бил управител на МММ Кафе дооел, кои пак управувале и со дискотеката Пулс, е предадено на Судска Медицина во Скопје за обдукција, а погребот ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани. Карадаковски беше најкритичниот пациент од пожарот кој се лекуваше во странство. Имал 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта ...

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако падна од надвозник на патот бегајќи од полициски контролен пункт, каде беше констатирано дека е во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет. Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега. Обидувајќи се да побегне, таа се качила на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1007
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.39
92%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.5
97%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
71%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
92%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

215504.98

Калај

46.06

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Бакар

11.83

Платина

67484.42

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Сребро

2497.79

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07