Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст и тоа и за мажи и за жени. Ваква препорака стои во Фискалната стратегија 2025-2029 година што ја изготви Фискалниот совет, а ја усвои Собранието, Фискалниот совет е државна институција чиј основач е Собранието. Советот беше формиран лани, на барање на меѓународната заедница, со цел да биде контролен механизам на власта против високи буџетски дефицити и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација. „Повторно ќе кажам, не гледам причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба. ...

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти цените за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија, како и цената на операторот на пазарот на електрична енергија. „Оној дел што е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата, таму имаме намалување за 7 %“, истакна Бислимоски. Во однос на другите просечни ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 % во однос на одлуката од 25.11.2024 година. Од 3.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар) Масло за ...

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 101 извршител за работа на неопределено време. Како што е наведено во огласот, се бараат: – 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС; – 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно ...

Со почетокот на празничната сезона, многумина ќе уживаат во чоколадата, но новите тестови на Consumer Reports (CR) откриваат дека значителен број чоколадни производи се контаминирани со тешки метали, како олово и кадмиум, кои се поврзани со сериозни здравствени ризици. Тестовите покажале дека оваа контаминација е присутна во 1/3 од чоколадните производи, вклучувајќи какао во прав, чоколадни чипови, млечни чоколади и други чоколадни мешавини. ...

Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден, се вели во соопштението на ДУИ. „Кога институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани и кога молчат пред ваквите дела на омраза, пораката што ...

На 01.12.2024 во 09.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.Ј.(52) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива ...

Регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 11 илјади денари К-15. За вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде околу 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а законски може да почне да се исплаќа од мај. Услов за исплата ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари. На последниот тендер на ЕВН Хоум беше понудена цена од 62 евра за мегават часови од страна на АД ЕСМ што е за две евра повисока во однос на досегашната цена што ЕСМ ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена најмногу влијае врз цената на струјата што домаќинствата ќе треба да ја плаќаат од 1 јануари. Премиерот Христијан ...

Контраверзното дело „Комичар“ на италјанскиот уметник Маурицио Кателан, попознато во јавноста како „бананата залепена на ѕид“, неодамна беше купена од триесет и четиригодишниот бизнисмен Џастин Сун. Кинескиот бизнисмен го купи делото за 6,2 милиони долари. Минатиот петок, на 29 ноември, тој конечно и ја изеде бананата во луксузен хотел во Хонгконг, во присуство на новинари и инфлуенсери. Откако го заврши оброкот, Сун изјави дека бананата од ...

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, рече дека љубовта е најголемиот подарок што луѓето можат да си го дадат едни на други во порака до гостите кои ќе присуствуваат на нејзината годишна божиќна служба во Вестминстерската опатија во Лондон следната недела. Концертот на Божиќните песни на 6 декември, четвртиот што таа го води, е и повод за нејзиното најзначајно враќање на кралските ангажмани откако беше подложена на превентивна хемотерапија за рак. ...

Ријана полуде многумина во новиот комплет долна облека Savage x Fenty. Светската музичка ѕвезда Ријана полуде многумина во новиот комплет долна облека „Savage x Fenty“. „Нејзиното тело е беспрекорно“. Брендот Savage x Fenty на Ријана ја претстави новата колекција Lavish Lace, а сега на Инстаграм објави и видео со кое ги воодушеви своите фанови. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Пејачката во ...

Дознајте што ви планираат ѕвездите на љубовно поле за последниот месец од оваа 2024 година. Последниот месец од годината е секогаш попосебен од останатите. Полн со настани, собири, забава, нови одлуки, промени… Може да биде судбоносен кога е во прашање вашата љубовна ситуација. Што ви носи декември? Во декември Овенот ќе почувствува силна потреба за возбуда во љубовта. Ако сте во врска, ќе внесете повеќе страст и ќе се обидете да ја освежите ...

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК на МВР, во соработка со надлежен јавен обвинител и истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчеравечер (30.11.) реализираа случај во којшто од слобода се лишени четири лица. Имено, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела – „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други ...

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори во Будва. Како што соопштија за „Вијести“ од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват. По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски ...

На денешната прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, повика на лидерска средба како можност за обединување на сите политички субјекти со цел Македонија да остане стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите. “Ова е време кога политиката треба да го покаже своето најдобро лице – лице кое обединува, кое создава доверба и кое промовира единство. Граѓаните од нас, политичарите, очекуваат да бидеме ...

Проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“ кој го реализираа Здружението Активум од Куманово во соработка со Локалниот центар за демократија Суботица и Агенцијата за локална демократија Никшиќ имаше за цел да го зголеми младинското учество во дијалогот и соработката со локалните власти за младинските акциски планови, и зголемување на можностите за професионално зајакнување и вработување. Граѓански Центар Активум во ...

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на најголемиот затвор во државава. Веста за неговата смрт е објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се простуваат од него. Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе ...

Мнозинството граѓани на Северна Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска ...

На 29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид ...

За да се заштитите од сезонскиот грип и да го зајакнете имунитетот, особено во зимските месеци, важно е да се водите грижа за вашето здравје и да се фокусирате на правилната исхрана. Според доктор Дејв Николс, кој ги објасни најважните витамини и минерали за имунолошкиот систем, витаминот Д игра клучна улога во борбата против болестите. Недостатокот на витаминот Д може да ја зголеми веројатноста за настинки и да го продолжи времето на ...

Интелигентните луѓе често умеат да се забавуваат на неконвенционални начини што можат да бидат несфатливи за околината, но за нив тоа е сосема доволно. Според неодамнешна анкета, тие полесно се препуштаат на забава, што доведува до зголемен наплив на адреналин и ендорфин – хормони што ги прават среќни, опуштени и задоволни. Нивниот стил на забава се карактеризира со: • Помала грижа за тоа што мислат другите. • Полесен и опуштен пристап кон ...

Денеска во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ бил пронајден починат 43-годишниот А.А., информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска. Таа појаснува дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска ...

Српскиот фолк пејач Аца Лукас си ја разголи душата и проговори за својата зависност од коцкање, но и за помалку познатите детали од неговиот живот. Тој раскажа што се случило и кога дознал дека неговиот син се дрогира, но и за посетата на борделите. Во едно интервју, фолкерот признал дека изгубил милиони на коцка, кои можел да ги искористи за да купи „цела населба во Белград“. „Има еден сајт кој направил студии колку ВИП личности на Балканот ...

Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено. Ако било така Тошковски треба да одговори: Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се ...

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на ...

Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар. ...

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година. Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
41%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
39%
1023
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941