Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. -Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението. Предлогот ги наведува ...
Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен иинспекторат, велат од Левица. Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за кардиохирурхија, ...
Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки ...
Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба. Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот. – ...
И покрај тоа што во првите три месеци се реализирани нешто под 10 отсто од предвидените средства, реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Од вкупно 47,2 милијарди денари предвидени во државниот буџет за капитални инвестиции во 2025 година, заклучно со 8 април реализирани се 4,49 милијарди денари. „Слабата реализација во првите месеци е очекувана поради ...
Променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер ќе имаме до петок, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што велат, за време на најголемиот христијански празник Велигден кој е за време на викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, изјави дека Софија е целосно подготвена да потпише договор со Скопје и да започне со изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, кој се смета за стратешка врска меѓу Црното и Јадранското Море. „Очекуваме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор. Доколку нема забелешки, подготвени сме веднаш да го потпишеме и да почнеме со работа“, изјави ...
Месар со 15-годишно искуство изјави шокантни детали за тоа што сè може да се најде во меленото месо кое секојдневно се продава во маркетите и месарниците. „Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 15 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат“, напиша тој, додавајќи дека знаел да направи мелено месо кое изгледа совршено свежо – од месо старо и ...
Банкротираната продавница за украси Депо затвора најмалку стотина продавници во Германија оваа година и се обидува да започне од почеток. Во првите три месеци, 45 филијали се веќе затворени, а уште 54 се планира да се затворат во текот на април и мај, изјави сопственикот Кристијан Грис за германската новинска агенција dpa. Преговорите со индивидуалните станоиздавачи сè уште се во тек, па списокот на затворени простории може дополнително да се ...
Во ексклузивно интервју за Сандеј Тајмс, Мелинда Френч Гејтс, која ги одбројува деновите до објавувањето на нејзината книга The Next Day, откри детали за распадот на нејзиниот брак со Бил Гејтс, кој официјално заврши во 2021 година. Според неа, пресвртниот момент дошол во 2019 година, откако Њујорк Тајмс објави статија за поврзаноста на Бил со осудениот сексуален предатор Џефри Епстејн. „Написот покрена сериозни прашања во врска со ...
Глобалната суперѕвезда Лана Дел Реј го објави својот нов сингл „Henry, Come On“ за дискографската куќа „Polydor Records“. Песната ја најавуваше повеќе од една година, а првиот клип го сподели на својот Инстаграм профил во јануари 2024 година. Синглот „Henry, Come On“ бил создаден во соработка со кантри продуцентот и текстописец Лук Лерд, познат по неговата работа со уметници како Кери Андервуд, Кејси Масгрејвс и Раскал Флет, а кон ...
Општина Крива Паланка во соработка со МВР и компанијата „ДУО Греен Роад“ ДООЕЛ Скопје, започнува акција за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини на територијата на општината. Во изминатиот период беа мапирани 53 напуштени и нефункционални возила на улици, паркинзи, тротоари и други јавни простори. Со тоа не само што се узурпираат јавни паркинг-места, туку се загрозува безбедноста на пешаците и сообраќајот, како и ...
Сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел од овој петок, 18 април, ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат. Најдоцна до 10 часот наутро, трговците ќе имаат обврска да ги ажурираат цените на стоката што ја имаат во дуќаните и тоа секој работен ден. Објави на социјални ...
Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи, велат од СДСМ. Кривичната одговорност е нешто што треба да го утврди истрагата, за ...
Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Постапката за избор ќе ја врши Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права. Надлежностите на оваа Комисија се да распише јавен оглас за избор на кандидати, да ја спроведе постапката за избор и истата по добивање на ...
Истражувачите во DomainTools набљудувале веб-страници хостирани на неодамна регистрирани домени кои служат за дистрибуција на SpyNote, моќен тројанец за далечински пристап (RAT). Овие веб-локации имитираат легитимни страници на апликациите на Google Play Store и имаат за цел да ги убедат корисниците да преземаат заразени датотеки под изговор дека инсталираат популарни апликации. Истражувачите велат дека сајтовите вклучуваат елементи како што ...
Нестабилните временски услови исто така имаат големо влијание врз човечкото тело. Населението се повеќе се жали на пролетен замор. Додека природата се менува, временските услови се нестабилни, а човечкото тело не стои. Се повеќе граѓани се соочуваат со проблеми поврзани со пролетниот замор. „Го чувствуваш, ти влијае. Апатија, тешко стануваш наутро, стануваш уморен, мислам дека е поради времето“, „Станувам како трактор да ме прегазил, но не се ...
За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега од оние коишто се директно одговорни по закон во делот на безбедноста а тоа се функционерите во МВР кои на денот на трагедијата биле на позиции, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360″. -Има закони кои јасно ја пропишуваат одговорноста на функционерите во МВР и тоа функционери во различни делови и оддели на ...
Независниот советник Венко Крстевски е избран за в.д. Градоначалник на општина Кочани. На денешната седница советниците избираа помеѓу двајца кандидати, Крстевски и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков. -Јас ќе бидам мост меѓу граѓаните и институциите. Фокусот ќе биде на младите и затоа ги повикувам сите млади со креативни идеи, кабинетот секогаш ќе биде отворен за нив, рече Крстевски откако беше констатиран за нов в.д. градоначалник. ...
Вчера околу 23.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, а со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и уште еден сопатник Д.Л.(36) од Куманово, констатирани во Општата ...
Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје, тврдејќи дека е невин и киднапиран од судот. Ако сакав пари, вели Палевски, имам хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да ...
Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на ...
Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: -моторен бензин еуросупер БС-95 71,50 (денари/литар), -моторен бензин еуросупер-98 74,00 (денари/литар), -дизел-гориво еуродизел БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар), -масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар) и -мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм) Од ноќеска на полноќ, за 2,5 денари поевтинува бензинот еуросупер БС-95, а за два денара бензинот еуросупер ...
Најден е починат планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа исчезна на ридот ГРООТ. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше за смртта на планинарот, но засега нема информации за причините кои довеле до тоа. „Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска ...
На 13.04.2025 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик. М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Кај Ј.Н. ...
Ноќва во 01.55 часот на улица „116“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(91) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син Л.С.(66) од Тетово дека пукал со огнено оружје. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и на местото бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.65мм и една рамка со 6 неиспукани куршуми, сопственост на ...
Градскиот совет на Барселона најави дека ќе изгради специјална „селфи зона“ до Саграда Фамилија за да се намали гужвата пред туристичката атракција. На овој начин посетителите ќе можат да здивнат и да направат селфи пред да влезат во оваа недовршена католичка црква, дизајнирана од архитектот Антони Гауди. Потребата за „селфи зона“ се појавила поради огромните гужви пред црквата, каде туристите позирале, па дури и излегувале на патот за да ...
Мозокот е центарот на нашето тело, одговорен за сè, од меморија и расположение до фокусирање и координација. Исто како и остатокот од телото, мозокот се менува со возраста. Иако одредено когнитивно опаѓање е нормално, некои животни навики, здравствени состојби или надворешни фактори можат да го забрзаат овој процес, што доведува до претходни когнитивни проблеми. Всушност, постојат знаци кои може да укажуваат на тоа дека нашиот мозок старее ...
И оваа година Општина Крива Паланка, во соработка со клубот „Олдтајмер Витези“ од Куманово, го организира „Ретро шоуто на олдтајмери“. Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота, 19 април, од 11.00 до 15.00 часот, по втор пат ќе биде епицентарот на стил, класа и автомобилска историја која предизвикува голем интерес кај граѓаните и љубителите на класични автомобили од регионот и пошироко. Возилата ќе пристигнат во 10:30 часот на паркингот ...
Во изминатиот викенд (12/13.04) продолжувајќи со засилениете сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната ...