Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од ВЛЕН. За него не е важно што ...

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43 053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен бележи пораст од 9,6 проценти. Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во неколку клучни сектори. Тоа се: ...

Магазинот „Пипл“ го лансираше изборот на најубавите луѓе на светот во 1990 година. Целта на проектот е да ги доближи читателите до познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавина и на тој начин ги инспирираат другите. Историски има некои од водечките холивудски ѕвезди на денешницата, вклучувајќи ја првата насловна ѕвезда Мишел Фајфер, како и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други. Оваа година титулата за најубава личност ...

Јачменот е хранливо богато жито кое паднало во сенка на другите, попопуларни видови. Но, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу влакна и затоа е добра за интестиналниот мотилитет, на организмот му ги обезбедува потребните витамини како што се витамините Б, А и Е. Исто така, јачменот содржи голема количина лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежно ткиво ...

Турција ги забрани планираните (немедицински оправдани) породувања со царски рез во приватните здравствени установи според новите правила објавени од Министерството за здравство минатата недела, пишува Turkish Minute. Одлуката, која наиде на остри критики од опозициските политичари и организациите за човекови права, уследи по жестоката национална дебата за практиките на породување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго време го ...

По Велигден на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење. Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели. Но, тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ...

За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации. Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека ...

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Најзначајната новина е вклучувањето на интернет-порталите како официјални медиуми, со обврска да се регистрираат во посебен Регистар што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Со овие измени, порталите што сакаат да се идентификуваат како медиуми ќе мора да достават ...

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи. „Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира повеќе системски слабости во работата на Бирото за развој на образованието, кои ги објавува во извештајот за Извршената ревизија на регуларност за 2024. Според ДЗР, за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години, извршени биле исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски ...

Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ...

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф. -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, потврдуваат од МВР. Од МВР додаваат ...

Им забраниле да му пишат казна на куварот под дејство на алкохол оти лично баџанакот на Мицковски дошол да ургира. Настрадале полицајците ?! Настанот се случил на ден 02.03.2025 год, по полноќ од 01:30 до 02:00 часот, место на стопирање – Булевар во Струмица. Собраќајна полиција запира возач- учесник во собраќај – Славе Ристов, вработен како главен кувар во ресторантот Шалом. Ресторант добро познат кој е сопсвеник баџото на Премиерот ...

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме, оцени денеска Венко Филипче, претседателот на СДСМ на дебатата на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027. Тој во своето обраќање на отворањето на дебатата истакна дека ...

Регулаторната комисија за енергетика излезе со најновата одлука за цената на горивата и нафтените деривати. Според неа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг. Од 23.4.2025 година од 00:01 часот, максималните цени на ...

На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнр кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. -Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото ...

На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час. Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на ...

За големиот празник Велигден уживавме во четири дена одмор, а по овој продолжен викенд во кој не послужи и времето, следува уште еден неработен ден. Следен неработен ден е 1 Мај кој се паѓа во четврток. За сите граѓани на РСМ 1 мај (четврток), Ден на трудот 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на ...

Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја лажираат возраста на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа. „Мета“ веќе извесно време користи вештачка интелигенција за одредување на возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ сега, како што е наведено, проактивно ќе проверува профили за кои постои сомневање дека им ...

Според последниот извештај на Светската туристичка организација, бројот на меѓународни патувања во 2024 година се вратил на нивото пред пандемијата, со неверојатни 1,4 милијарди патници кои патуваат низ светот. Ова закрепнување на туризмот ветува светла иднина, а која земја била најпосетувана минатата година? Франција, со својата софистицирана комбинација на вина, сирења и незаборавни багети, повторно го зазеде првото место, привлекувајќи ...

Актерката Марго Роби се породи пред околу шест месеци, а неодамна беше фотографирана на плажа во Квинсленд, каде што уживаше во сончевите денови со својот сопруг Том Акерли и нивниот син. Имено, ѕвездата од филмот „Барби“ беше фотографирана во дводелен костим за капење во пастелно сива нијанса со кој ја истакна нејзината неверојатна фигура. View this post on Instagram A post shared by Margot Robbie. 🌷 (@margtrobie) Додека шеташе по плажата, ...

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: ...

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница завчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој се здобил со повреди. Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил 35 минути пред полноќ. – На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и ...

Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, ...

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми. Овој пат и без плата, реагираат од Синдикатот на културата. Како што велат, за државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според ...

Ако во 80-тите во Кочани се сееле по околу 6 илјади хектари ориз, сега таа површина изнесува околу 4 илјади хектари. Половина од ланската произведена реколта на оризова арпа стои непродадена во магацините на производителите. Иако од ДПМНЕ ветија дека ќе откупат арпа за стоковите резерви, таа уште не е откупена. Деновиве треба да почне овогодишната сеидба на ориз. Каналите за наводнување не само што не се исчистени и обновени, нема ни доволно ...

Посетителите на Венеција од денеска мора да платат влезница до 10 евра за еднодневна посета на градот, што е двојно повеќе од сумата што се бараше минатата година кога беше воведен овој систем, јави ДПА. Надоместокот важи за сите денови до првиот викенд во мај, а потоа за сите викенди од петок до недела до крајот на јули. Севкупно, годинава таксата ќе се бара за 54 дена, што е речиси двојно повеќе од лани. Посетителите мора да добијат QR-код ...

Маж почина откако во домот во Кавадарци му се запалила плинска боца. Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило. Присутни биле и екипи на ...

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да ги отстранат некоректните одредби од предлог Законот за енергетика за да се обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка на електрична енергија, вели здружението ИНРМ. Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот семеен буџет, се вели во соопштението ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.09
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.26
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Сребро

2497.79

Алуминиум

3.07

Бакар

11.83

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Злато

159436.20

Иридиум

215504.98