Во Златибор која е една од најпосетените туристички дестинации во Србија, „Универекспорт“ го отвори својот втор по ред продажен објект. Од денеска сите посетители на Златибор, во објектот на аголот на Рујанска и Обудовице ќе имаат на располагање над 5.000 артикли од различни категории, распоредени во простор над 500 квадратни метри, соопштуваат од компанијата. Во новиот објект на располагање се оделите за овошје и зеленчук, за млечни производи, ...

Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и ...

„Нестле“ соопшти дека започна со тестирање на пристапни QR кодови на пакувањата на брендовите KitKat и Quality Street, кои би им помогнале на потрошувачите со слаб вид да имаат пристап за информациите за производите. Од компанијата соопштуваат дека само во Велика Британија над дава милиони луѓе живеат со оштетен вид, а околу 340.000 од нив се делумно или целосно слепи. Овие иновативни кодови се засновани на технологијата „Запар“, која ќе им ...

„Кауфланд“ донираше над 5.000 евра на доброволното противпожарно друштво „Цветковиќ“, со што го најави продолжувањето на кампањата „Без двоумење“. Целта на кампањата е да се даде поддршка на доброволните противпожарникарски друштва низ земјата, па така компанија на секоја од своите 50 продавници низ Хрватска (колку што ќе бидат до крајот на годината) ќе приклучи по едно противпожарникарско друштво. На секое доброволно противпожарно друштво ќе ...

Организацијата за меѓународна економска соработка и развој (ОЕЦД), повторно ги ревидира прогнозите за годинешниот економски раст на Германија. Во извештајот на ОЕЦД, за најголемата европска економија за годинава се прогнозира пораст од 0,1 отсто. ОЕЦД и во мајскиот извештај ги намали очекувањата за Германија, од февруарските 0,3 на 0,2 процентни поени. Во исто време, сега очекува пораст на глобалниот бруто домашен производ по стапка од 3,2 ...

Компанијата „Шпар“ инвестира 51 милион евра во проширувањето на својот дистрибутивен центар во Грац, за да ја задоволи растечката побарувачка. Со ова проширување ги засилуваме нашите логистички способности и ја потврдуваме нашата посветеност како сигурен локален добавувач. Остануваме фокусирани на тоа да бидеме водечки трговец со храна, давајќи им ја најдобрата услуга на нашите купувачи, изјави Ханс К. Реиш. Генерален директор на „Шпар“ – ...

Компанијата „Монделез интернешнл“ најави ширење на своето присуство на кинескиот пазар преку аквизиција на производителот на смрзнати печива и колачи „Евирт“. Компанијата „Евирт“ е основана во 2013 година и таа лидер во категоријата на смрзнати колачи и печива во Кина, која во моментов се проценува на 3 милијарди американски долари, со годишна стапка на пораст од околу 15 проценти. Оваа одлука претставува „важен чекор напред“ во стратегијата на ...

„Лидл“ – Хрватска ќе додели 20.000 пакети за новородените бебиња, во кои покрај производите од „Лидл“, тие ќе содржат и водич „Се што му треба на бебето“, во кој се содржани совети од педијатри, психолози и искуства од родители и стручњаци. За овие пакети родителите ќе можат да се пријават преку апликацијата „Лидл Плус“. Покрај поклон пакетите, компанијата ќе го поддржи и проектот „Невидлива“, изложба посветена на мајчинството во огранизација ...

„Лидл“ – Хрватска ќе додели 20.000 пакети за новородените бебиња, во кои покрај производите од „Лидл“, тие ќе содржат и водич „Се што му треба на бебето“, во кој се содржани совети од педијатри, психолози и искуства од родители и стручњаци. За овие пакети родителите ќе можат да се пријават преку апликацијата „Лидл Плус“. Покрај поклон пакетите, компанијата ќе го поддржи и проектот „Невидлива“, изложба посветена на мајчинството во огранизација ...

Компаниите „Ахолд Делез“ и „Џенерал милс“ потпишаа нов договор за партнерство во чии рамки ќе работат на намалување на емисите на гасови. За да се постигне таа цел, компаниите ќе ги поддржат земјоделците кои се дел од синџирот на снабдување и кои во своето производство сакаат да ги имплементираат процесите на регенеративно земјоделство. Ова партнерство нагласува колку стратешката соработка е клучна во решавањето на климатските последици и во ...

Тренинг центарот на Институтот за извоз, воспоставен во рамки на „Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој Комората го реализира во партнерство со УСАИД, почнува со две паралелни обуки од вкупно единаесет, во рамки на двете програми, „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и „Извозен менаџмент“. Во рамки на првите две обуки „Меѓународен бизнис и меѓународни односи„ и „Анализа, пристап и модели на влез ...

Според студијата на дигиталното здружение „Битком“ сѐ повеќе компании во Германија работат без употреба на хартија, а дури и факсот за кој до неодамна германските компании тврдоглаво го употребувале сега се користи сѐ помалку. Хартијата ја исфрлиле од употреба 15 отсто од компаниите што е речиси двојно повеќе отколку пред две години, а околу 24 отсто од компаниите моментално во користат само четвртина од хартијата во својата работа. Па така ...

Александра Оливера Кориши завршила студии од областа на економија и менаџмент во Белград, по што продолжила со специјализации во повеќе европски метрополи. Кариерата ја почнала во областа на образование на млади, а потоа се пренасочила кон стекнување искуство во областа на банкарството. Од 2006 година работи во dm, најпрво како менаџер на асортиманот, а потоа како прокурист за набавка и маркетинг, продажба, човечки ресурси и логистика. Во 2008 ...

Во присуство на претставници од Стопанската комора на Србија и голем број директори и менаџери од водечки компании од логистика, транспорт и трговија се одржа третиот по ред „Кастемерс деј“ на „Нелт“. Фокусот на овогодинешниот настан беше ставен на трансформацијата на целиот логистички сектор, интегрираните синџири на снабдување и интермодалниот транспорт, преку зајакнување на регионалните партнерства. „Нелт група“ на настанот ја најави ...

Во изминатите две години „Кооп“ асортиманот на своите приватни трговски марки го дополни со над 5.000 производи. Од компанијата наведуваат дека ваквото проширување доаѓа како одговор на инфлацијата, која доведе до промена во купувачките навики кај потрошувачите. Потрошувачката се промени, се купува сѐ помалку и се фаворизираат евтини производи. За да одговориме на овие промени, фокусот го насочивме на основната вредноста на нашата компанија: ...

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 996 евра или 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. Загрижува податокот во делот на трошоците за исхрана и пијалаци за месец септември кои изнесуваат 23.034,00 денари споредено со месец август, кога изнесувале 22 317 денари и истите како ...

Сојузниот завод за статистика „Дестатис“ објави дека во август има пад на извозот од Германија во САД и Кина, во споредба со истиот месец во 2023 година. Како што се наведува во извештајот, извозот во Кина во овој период имал пад за 15,2 отсто (7 милијарди евра), додека извозот во САД бележи пад од 3,2% (12,6 милијарди евра). Овој пад се припишува на слабата побарувачка, наведуваат од „Дестатис“. Вкупниот извоз на земјите надвор од ЕУ во август ...

Владината одлука за намалување на бруто профитната маржа на 73.прехранбени производи вчера беше објавена во Службен весник, а денеска прехранбените производи во маркетите треба да ја има ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Со есенската кошничка се опфатени брашното, лебот и пекарските производи, тестенините, оризот, зејтинот, месото, млечните производи, јајцата, овошјето и зеленчукот, теглите со ајвар, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе ...

Од први октомври „Кауфланд“ – Хрватска најави ново зголемување на платите за своите вработени. Компанијата ќе ги зголеми платите за сите вработени на неуправувачки позиции во продавниците во просек за 7%, а во логистиката во просек за 6%. Во ова зголемување ќе биде вклучење и зголемувањето на додатокот за исхрана кој од први октомври ќе изнесува сто евра. Летната сезона беше исклучително напорна за нашите вработени, но на крајот успешна. Во ...

„Максима група“ која управува со трговските синџири „Максима“ и „Барбора“ на Балтикот, „Стокротка“ во Полска и со „Т маркет“ во Бугарија, за првата половина од годианва пријави пораст на приходите за 4,7 отсто ( 3 милијарди евра) во споредба со истиот период од минатата година. Во соопштението од групацијата нaведуваат дека значителен придонес во овој пораст е тековната експанзија во Полска и Бугарија, како и зголемената продажба во Литванија и ...

ЦЕФТА (Централоевропски договор за слободна трговија) соопшти дека одлуката за олеснување на електронската трговија би требало да донесе бројни олеснување за економијата и граѓаните. Тоа е документ кој чека зелено светло на мешовитиот Комитет на ЦЕФТА, а кој доколку биде усвоен, ќе донесе бројни олеснувања во е-трговијата и ќе потврди дека сме чекор поблиску до европските стандарди, се вели во соопштението, кое го пренесе „Мина.“ ...

Обемот на малопродажбата во Велика Британија на месечно ниво бележи пораст од еден отсто во август, по зголемувањето од 0,7 проценти во јули. Според Заводот за национална статистика, супермаркетите и малопродажбата за облека забележале пораст благодарејќи на топлото време и распродажбите на крајот на сезоната, пренесува „Анадолу агенси“. На долгорочен период, обемот на малопродажбата е во пораст за 1,2 отсто во трите месеци до август, во ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе се зголемат цените на бензините еуросупер БС – 95 и еуросупер БС – 98 за 1,50 денари по литар. Од комисијата соопштуваат дека за 0,5 денари ќе се зголемат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари, а на еуродизелот цената ќе изенсува 67,50 денари. Маслото за горење ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе се зголемат цените на бензините еуросупер БС – 95 и еуросупер БС – 98 за 1,50 денари по литар. Од комисијата соопштуваат дека за 0,5 денари ќе се зголемат и цените на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари, а на еуродизелот цената ќе изенсува 67,50 денари. Маслото за горење ...

Малопродажниот синџир „Волгринс“ како дел од своите трговски марки лансира нова премиум линија за производи за нега на кожата. Како одговор на се поголемата побарувачка за врвни решенија за нега на кожа, „Волгринс“ го редефинира своето портофолио за козметички производи и понуди производи кои ветуааат врвен квалитет и достапност, соопштуваат од компанијата. Опсежните истажувања на компанијата покажале дека купувачите иако сакаат врвни производи ...

Малопродажниот синџир „Волгринс“ како дел од своите трговски марки лансира нова премиум линија за производи за нега на кожата. Како одговор на се поголемата побарувачка за врвни решенија за нега на кожа, „Волгринс“ го редефинира своето портофолио за козметички производи и понуди производи кои ветуааат врвен квалитет и достапност, соопштуваат од компанијата. Опсежните истажувања на компанијата покажале дека купувачите иако сакаат врвни производи ...

Федералната служба за контрола на пазарот на алкохол и тутун соопшти дека продажбата на алкохолни пијалоци во Русија (без пиво и сајдер) во првите осум месеци е зголемена за 2,4 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, на 14,9 милиони хектолитри. Продажбата на алкохол со јачина поголема од 9% во овој период е зголемена за 4,8%, на 7,8 милиони хектолитри. Значителен пораст е забележан кај продажбата на шампањ (за 11,6%, на 1,3 милиони ...

Управата за храна „Конаб“ соопшти дека производството на говедско месо во Бразил годинава ќе достигне рекордно ниво, благодарејќи на извозот и стабилноста на домашната потрошувачка. Најголемиот светски извозник ќе произведе годинава на 10 милиони метрички тони говедско месо, што е за 7,5 отсто повеќе отколку минатата година, што е и најмногу во историјата, соопштуваат од „Конаб“. Според „Конаб“ во 2025 година, сепак, производството треба да се ...

Компанијата „Колгејт – Палмолив“ ја претстави 100% рециклирачка амбалажа, која ќе се користи за асортиманот на „Палмолив“ во Австралија и Нов Зеланд. Со ваквата одлука ќе се елминираат над 1.900 тони на пластика, што е во согласност со целта за одрживост на компанијата. Во своите цели за одржливост до 2025 година, компанијата има за цел да елиминира една третина од употребата на нова пластика и да се префрли на пластична амбалажа која може да ...

По усвојување од страна на Владата на предлогот на Министерството за економија и труд за ограничување на маржата за дел од прехранбените производи, Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за магазинот Instore, појаснува зошто се одлучиле за ваква мерка, а не за замрзнување на цените. Владата го услови предлогот на министерството за економија и труд за ограничување на маржата за сто прехранбени производи. Зошто се одлучивте за ваква ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
42%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
77%
1023
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.33
57%
1021
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
72%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
49%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
25%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
46%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
60%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62