
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож во главата и ногата и во тешка здравствена состојба е пренесен во една од градските болници. Повредени се и ...
Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 24. Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер со максимална ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во соработка со пожарникар, спасил девојче од можно стампедо по финалето на Мастерсот во Париз каде го совлада Бугаринот, Григор Димитров. По мечот, Ѓоковиќ тргна да се поздрави со дел од своите навивачи, но кон него тргнале и оние од погорните редови на трибината во Берси кои буквално го загубиле паметот во обидот да го допрат тенискиот бог. Во таков налет, тие не гледале што се случува пред нив и ...
Вo четврток (9 ноември), Макаби ќе го одигра својот прв евролигашки натпревар како домаќин во Белград откако неодамна раководството на клубот ја прифати поканата од српската престолнина таму да ги пречека своите ривали. Прв противник ќе биде Баерн, а натпреварот ќе се игра без публика бидејќи само на тој начин би се гарантирала безбедноста на сите учесници. Тоа не значи дека и на следните дуели на Макаби нема да има публика на трибините на ...
Метеоролозите излегоа со најави дека кон крајот на следната недела со натамошно заладување во ридско-планинските предели од регионот може да има и снег. Од средината на неделата полека но сигурно ќе навлегуваме во поинаков тип на време кое се повеќе ќе наликува на доцна есен. Според долгорочните прогнози на Акуведер, еден од најпознатите светски сервиси за метеорологија снегот во градовите во Македонија би можел да дојде на 23 ноември 2023 кога ...
По триумфот на Мастерсот во Париз, се чини дека нема таква болка и тој здравствен проблем што може да го спречи Новак Ѓоковиќ да го направи она што го наумил, а тоа е секогаш, исклучиво патот до титулата. Талон Грикспор, Холгер Руне и Андреј Рубљов му земаа по сет, но и во тие моменти веројатно никој не се осмели да помисли дека српскиот ас ќе загуби некој од тие мечеви. Иако во тој момент беше со милји оддалечен од својот најдобар тенис, пот на ...
Дербито меѓу Шкупи и Вардар (2-0) во Чаир го одбележа однесувањето на домашните навивачи и нивните изливи на национализам и шовинизам, по што следеше реакција од најтрофејниот македонски клуб. Вардар го осуди вчерашното националистичко дивеење на трибините од страна на домаќините, кои неколку пати ги гаѓаа вардаровите фудбалери и со пиротехнички средства. „Црвено-црните“ побара реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фудбалската ...
Навивачите на екипита Шкупи на синоќешниот фудбалски дерби натпревар на стадионот во скопската населба Чаир истакнаа провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина. „Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – се вели на една од паролите. Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, што е уште потешка форма на говор на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му честиташе на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за освоената 40-та титула на Мастерс во кариерата. Вучиќ на Инстаграм напиша дека Ѓоковиќ уште еднаш покажал дека е меѓу најдобрите и дека само небото е граница за напорна работа и силен карактер. „Честитки за маестрално освоениот турнир во Париз и 40. Мастерс титула во кариерата! Уште еднаш покажавте дека сте најдобри меѓу најдобрите и дека само небото е ...
Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 25 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Денеска и утре наутро ќе биде свежо со услови за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ...
Во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Женеиро, популарните „триколори“ го совладаа синоќа аргентинскиот гигант Бока Јуниорс по продолженија со 2-1. Бразилскиот тим поведе во 36 минута со голот на Аргентинецот Герман Кано, а Бока израмни преку Луис Адвинкула во 72 минута. Во деветтата минута од продолженијата, финалето го одлучи Џон Кенеди, кој натпреварот го почна од клупата за резерви, а при прославувањето на голот доби втор жолт картон. ...
Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето на мастерсот во Париз победувајќи го Андреј Рубљев. Русинот имаше 13 „винери“ повеќе и три грешки повеќе, а Ноле играше лошо, па мораше да го подигна нивото на игра и да покаже зошто денеска ќе може да го постави личниот рекорд по број на титули на еден мастерс. Во Париз моментално има шест од нив. „Знаев дека е одличен и еден од најбрзите тенисери, но и дека има еден од ...
Европскиот одбор за заштита на податоците донесе обврзувачка одлука со која забранува да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. „Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), пренесува France 24. Наредбата доаѓа откако Мета ...
Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Во својот седми настап оваа сезона, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна првиот гол во Серија А. Наполи славеше на денешното гостување кај Салернитана со 2-0, а нашиот фудбалер погоди во 82. минута и го постави конечниот резултат. Пред него, противничката мрежа ја затресе Распадори во почетната фаза од натпреварот. Со ова Наполи ја продолжи серијата без пораз на гостински терен и во досегашниот дел од сезоната надвор од својот ...
Пелистер ја загуби дерби пресметката со Беса на домашен терен со 1:2 во контроверзен натпревар на кој гостинот беше подобар ривал на теренот, иако двата гола се постигнати од спорни моменти. Пеналот е сомнителен а и голот постигнат од игра е спорен поради ифсајд ситуација. Пелистер беше немоќен и очаен а Беса ги искористи спорните моменти, но и идеалните 2-3 прилики за гол од кои беше потешко да се утне голот. Но Маријан Младеновски е скопскиот ...
И покрај негодувањата на голем број фудбалски фанови, Лионел Меси убедливо ја освоил осмата Златна топка во кариерата. Со оглед на тоа што оваа награда ја доделува магазинот Франс фудбал, во неа гласаат новинари од речиси сите држави во светот, а тие му дале огромна поддршка на аргентинскиот ас. На крајот, Меси освоил 462 бода, дури 105 повеќе од второпласираниот Ерлинг Халанд, додека Мбапе кој заврши на третото место, добил 270 бода. Од ...
Новак Ѓоковиќ кој синоќа имаше дуел со париската публика, вели дека понекогаш тоа го гледа како храна која му дава дополнителна мотивација во мечот. Ѓоковиќ по голема борба вчера го победи Холгар Руне со 7-5 6-7 и 6-4 и се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Париз. Во текот на мечот Ѓоковиќ имаше дуел со публиката, која го исвиркуваше Србинот и скандираше „Роџер, Роџер…“ алудирајќи на тоа дека Федерер е најдобриот тенисер. По крајот на ...
Брилијантниот Бразилец не пропушти ниту една минута на теренот во десет натпревари од новата сезона на англиската Премиер лига, а за The Guardian ја откри тајната на својата долговечност. Како што рече Силва има седум вработени кои се грижат за неговата форма и кариера воопшто. Тимот од седум експерти го сочинуваат лекар, физиотерапевт, нутриционист, агент, адвокат, ПР менаџер и личен тренер. Силва на персоналот гледа како на инвестиција и ...
Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР. Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на ...
Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс известуваат за силни бранови на хрватското крајбрежје, како и ...
Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час), соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат ...
Викендов не очекува облачно и посвежо време со врнежи од дожд. Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, соопшти УХМР. Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе ...
Хаим Гозали е некогашен ММА борец од Израел, кој сега почесто се занимава со бокс без ракавици. Во својата кариера тој во неколкуи наврати имаше препукување со Хабиб Нурмагомедов за политички теми, но и со некои други борци од исламска вероисповест. Познат е како тежок израелски националист. Но она што го направи денови во врска со војната меѓу Хамас и Израел, едноставно го шокира светот, а посебно спортскиот свет. Тој постираше една фотографија ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност, попладне ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 12 степени, а максималната ќе достигне 24 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ...
Вчера во СЦ „Кале“ во Скопје почна новото издание на проектот на ФИБА „Заедно до 16 години“, а уште на првиот ден од турнирот на кој учествуваат кошаркар(к)и родени во 2009 година и помлади, Бугарите направија скандал. На последниот натпревар од првиот дел во кој играа Македонија и Бугарија, селекторот на нашиот источен сосед реши да го повлече тимот од теренот. Бугарите се повлекоа од теренот од натпреварот против Македонија, кога на 3.33 ...
Сѐ уште релативно топло за ноември, но есенски променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд најавуваат метереолозите за денеска. Претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветар од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со ...
Минатиот месец бил најтоплиот октомври во Грција во изминатите 15 години, согласно податоците од мрежата од 51 метеоролошка станица на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува Метео, во октомври годинава просечната вредност на максималните дневни температури варирала на екстремно високи нивоа речиси низ целата земја, споредено со просекот од периодот 2010-2019 година. Најголемите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 21 ...