Многу фудбалски ѕвезди кои минатото лето заминаа во Саудиска Арабија, веќе почнуваат да се враќаат во Европа и бараат начин како да ги раскинат договорите со клубовите. Неколку фудбалери јавно го изразија незадоволството од условите за работа, како и самата организација на Про-лигата, а меѓу нив е и српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Долгогодишниот ас на римски Лацио се реши за премин во Ал-Хилал, но би можел уште во јануари ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече санкција кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заради недолично однесување за време на гостинската химна на Англија. Во извештајот на УЕФА стои дека исвиркана била националната химна на Гордиот албион за време на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра. Натпреварот меѓу Македонија и ...

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ вели дека секогаш е мирен на теренот, без разлика дали ќе постигне гол или не. Влаховиќ во неделата вечер беше херој на Јувентус со два гола во победата над Лече (3-0). По овој натпревар, новинарите го споредија со Кристијано Роналдо. „Да не претеруваме! Среќен сум што успеав да му помогнам на тимот. Без моите соиграчи немаше да постигнувам голови. Се надеваме дека ќе продолжиме така“, одговори Влаховиќ на ...

Нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов официјално се врати во редовите на Шалке каде ќе биде на позајмица од Барнли до крајот на сезоната 2023/2024. Да се игра за Шалке за Чурлинов нема да биде тотална непознаница зошто тој и претходно го носеше дресот на овој бундеслигаш. – “Задоволен сум што се враќам во Шалке, секогаш останав во контакт со клубот и навивачите. Сакам сега да му оддолжам на клубот за нивната верба во мене – по можност со ...

Microsoft одлучи да ја повлече апликацијата која е дел од основниот пакет од 1995 година. Во прашање е WordPad, кој не само што ќе биде отстранет од новите верзии на Windows 11, туку и нема да може повторно да се инсталира. „Почнувајќи од оваа верзија, апликациите WordPad и People веќе нема да се инсталираат. Во идното издание, WordPad ќе се отстрани за време на ажурирањата. WordPad не може повторно да се инсталира, тоа е застарена ...

Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на неделата ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните, информира УХМР. Утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. ...

Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах се здоби со тешка повреда и го очекува долга пауза, а тоа го потврди и неговиот менаџер Рами Абас. Абас кажа дека Салах го чека пауза од три до четири недели, а тоа е проблем за Ливерпул затоа што Египќанецот ќе пропушти неколку натпревари меѓу кои се и дербијата со Челси и Арсенал. „Повредата е посериозна отколку што мислевме, Салах ќе паузира од 21 до 28 дена и нема да пропушти само два ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 18 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени. Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до – 13, а максималните ќе достигнат до 3 степени. До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во 2023 година заврши како најдобар стрелец во светот и зад себе ги остави Килијан Мбапе и Хари Кејн, но „Златната топка“ му припадна на Лионел Меси. Роналдо е разочаран поради тоа што престижната награда повторно му припадна на неговиот вечен ривал и кажа дека „Златната топка“ го губи кредибилитетот. „Таквите награди го губат кредибилитетот. Мислам дека мора да ја анализираме цела сезона за да видиме ...

Италијанскиот гигант Интер славеше во дербито против Наполи со 1-0 во финалето на Суперкупот, кој се одигра во Ријад. „Нераѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар, додека актуелниот италијански првак успешно се бранеше од нападите на противникот сè до 91. минута кога Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на натпреваро. По голот на Мартинез, Наполи се обиде да стигне до израмнување, но немаше доволно време за да постигне гол и ...

До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст. Времето утре наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до ...

Имено, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров денес на реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед на поголемата гол разлика од победата во Скопје со резултат 32-29, „Лавиците“ од Ѓорче се пласираа во 1/4 финале од Европскиот куп. Самото Четвртфинале е големо достигнување за ѓорчепетровки, и воопшто за македонскиот женски ракомет, по речиси доста изминати години. Денес во таборот на ЖРК Ѓорче ...

Од таборот на Алмерија се гневни на случувањата на Сантијаго Бернабеу, кои водеа со 2-0, но на крајот го загубија мечот со 3-2. Алмерија пропушти водство од 2-0 на полувремето против Реал Мадрид. Фенерџијата во Ла Лига имаше убава шанса да освои барем бод против големиот противник, но наместо тоа си замина со празни раце. Во текот на второто полувреме ВАР трипати интервенираше и сите трипати беше во полза на Реал Мадрид. При досуден пенал за ...

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од -1 до 5 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ...

Денеска најладно било во Маврови Анови -6, па следуваат Лазарополе со -4, -2 Тетово, Крушево, Дебар, -1 Крива Паланка, Прилеп, Куманово, 0 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, Берово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Виница, 1 Велес, 2 Струмица, 3 Дојран, 4 Охрид, Гевгелија, и дури 8 степени се измерени во Претор. Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) имало во Маврови Анови 10, 7 Дебар, Лазарополе, 5 Попова Шапка, 4 ...

Ракометната репрезентација на Франција оствари уште еден триумф на Европското првенство (ЕП), откако денеска славеше против Исланд со 39-32 и е на чекор до полуфинале на шампионатот. Исланд даде отпор само на почетокот на мечот, кога двапати го израмни резултатот (4-4), по што Франција го диктираше темпото на игра и на полувреме замина со 17-14, а до крајот на средбата ја зголеми разликата на седум голови (39-32). Најефикасни во победничката ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти денеска дека е запозната со изјавите на играчите на француската репрезентација, кои наведоа дека биле цел на расистичките навреди од трибините за време на вчерашниот натпревар во Келн против Хрватска во рамки на главната фаза на Европското првенство, остро осудувајќи ги, притоа, сите облици на расизам, дискриминација и нетолеранција. „Однесувањето кое дискриминира или расистички навредува кон кои ...

Екипата на Интер си ја заврши задачата, убедливо го порази Лацио (3-0) и се пласира во големото финале од Суперкупот на Италија кој се одржува во Ријад. „Нераѕурите“ доминираа и му одржаа лекција на ривалот од Рим кој важи за братски клуб кога се говори за навивачките односи на двете екипи. Инзаги беше поуспешен од Сари на тактички план и така тимот од Милано ќе ја брани титулата. Се играше 17. минута кога Димарко го проигра Турам, а тој го ...

Времето наутро во оддделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, јавуваат од УХМР. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од ...

Му се заблагодари на Бога за освоениот бод. Новак Ѓоковиќ доста се мачи во 2. коло на Австралија опен против Алексеј Попирин кој игра навистина добро. Првиот сет му припадна на српскиот тенисер без поголеми проблеми, но во вториот Австралиецот блесна и израмни. На ист начин продолжи и во третиот сет, а во одредени моменти се чинеше дека српскиот тенисер не може да го пробие. Затоа откако освои поен за 40:30 на свој сервис, при резултат 3:2 за ...

Поранешната ѕвезда на Вардар, Тимур Дибиров, без разлика што веќе има 41 година сезонава е еден од најдобрите ракометари на Загреб, кој игра преродено во Лигата на шампионите, што беше причина за мега-интервју во еден од најчитаните портали, Индекс.хр. Тој на почетокот од минатата сезона дојде во хрватскиот гигант, по скоро една деценија во црвено-црниот дрес во кој на двапати беше најдобар во Европа – во 2017 и 2019 година. Поради тоа, голем ...

Од Управата за хидрометеорошки работи ( УХМР) известуваат дека во сабота не очекува значителна промена на времето. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

ФК Вардар на својата официјална страница го претстави новото засилување во зимскиот преоден рок. 26 годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара е нов играч на ФК Вардар. Доаѓа од екипата на Валета од Малта, а игра на позицијата лево крило. Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија) Шамбли (Франција) Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за ...

Македонската ракометна репрезентација со синоќешната победа над Швајцарија (29-27) го заврши настапот на ЕП 2024, но нашата држава и во продолжението ќе има свои претставници и тоа судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои добија делегирање за вториот круг од шампионатот. Тие се делегирани на средбата помеѓу домаќинот Германија и Исланд, кој се игра утре во Келн, каде што ќе се игра и самата завршница на континенталниот собир. Македонскиот ...

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло од Австралија Опен откако денеска славеше со 3-1 во дуелот со домашниот тенисер Алексеј Попирин. Мечот траеше нешто помалку од оној на Србинот во првото коло, Ноле на теренот помина три часа и 12 минути, но успеа да го скрши отпорот на жилавиот ривал. Клучен се покажа третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси четири сет-топки бидејќи на свој сервис, при резултат 4-5, имаше 0-40 и потоа предност за ...

Репрезентацијата на Швајцарија неочекувано ремизира на завчерашната средба против Франција (26-26), во меч во кој имаше напад и за победа, поради што се уште има теоретски шанси за пласман во следната рунда во пресрет на вечерашната пресметка со Македонија. На Швајцарците во дуелот со нашите момци им треба победа и тоа со огромна разлика, со оглед што имаат далеку полоша гол-разлика во однос на „галските петли“. Математиката вели дека за ...

Мартин Томовски имаше одличен настап за Македонија и заедно со неговиот колега Марко Кизиќ ја водеше репрезентацијата до победа против Швајцарија од 29-27. Младиот македонски голман кажа дека промените вродиле со плод и заслужено оствариле победа, по поразите од Франција и Германија. „Прекрасно е чувството по победата против Швајцарија. Променивме неколку работи во нападот, но и одбраната. Им честитам на моите колеги и нашата репрезентација ...

Македонија конечно блесна на Европското првенство (ЕП) и ја совлада незгодната Швајцарија со 29-27 за прв триумф на натпреварувањето. Селекторот Кирил Лазаров конечно се израдува на ова ЕП. Тој по мечот кажа дека неговите пулени одиграле квалитетен меч со голема борба и желба за победа. „Сакам да им честитам на моите момци за одлична борба во сите 60 минути. Моето прво чувство е дека одигравме квалитетен натпревар со голема борба и желба за ...

УХМР најавува врнежи и пораст на температурите во четврток и петок. Како што информира, врнежите ќе бидат од дожд и повремени, а ќе дува и засилен јужен ветер. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота, врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер. Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
79%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97