Баерн и Реал ќе почнат од ,,нула” во Мадрид

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2-2 во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите, и двете екипи беа во водство, на крајот мечот заврши нерешено.
На Реал Мадрид му припадна првото полувреме. Резултатот беше отворен во 24. минута кога по една фантастична асистенција од Крос, Винисиус излезе сам пред Нојер и погоди за водство од 1-0.
По осум минути игра во второто полувреме, Сане постигна одличен погодок со силен шут откако претходно влезе во шеснаесетникот со една соло акција.
Четири минути подоцна се случи комплетен пресврт, Хари Кејн реализираше пенал за водство на Баерн Минхен од 2-1.
Баварците сепак не го сочуваа водството, пенал беше досуден и за Реал Мадрид, погоди Винисиус од белата точка во 83. минута за конечни 2-2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…