
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Максималните температури денеска беа 24 Берово, 26 Крива Паланка, 27 Штип, 28 Охрид, Претор, 29 Тетово, 31 Скопје-Петровец, Битола, 32 Струмица, 34 Демир Капија. Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 9 Штип, 4 Струмица, 1 Крива Паланка. Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни ...
Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за ...
Повторно за денес се предвидува повремен пороен дожд и грмежи особено во источните делови од земјава. Според УХМР се очекува да дува умерен ветер од северен правец, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде како во изминатите денови. Ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе ...
Синот на Леброн Џејмс, Брони е избран како 55. пик на НБА драфтот, но целата ситуација околу него ја следеа низа контроверзи. Неговиот агент Рич Пол на сите клубови, освен Лејкерс и Феникс, им испрати порака да не го бираат Брони и ги предупреди дека ако го направат тоа, идната сезона тој ќе замине да игра во Австралија. Познато беше дека Лејкерс ќе бираат како 55. и тоа место беше резервирано за најславниот син-кошаркар во моментов. Со ова, ...
Се зголемува македонската колонија во шкотското првенство, по Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во оваа земја, Кристијан Трапановски стави потпис на договор со Данди јунајтед. Тоа што беше најавувано подолго време, сега и официјално се оствари, Трапановски се пресели во Шкотска. „Данди јунајтед со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Кристијан Трапановски на двегодишен договор со опција за дополнителни ...
Во следните неколку дена се очекува конечно да „пукне“ долго најавуваната бомба поврзана со најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот клуб Вардар, откако сѐ погласни се шпекулациите дека австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик и спонзор на црвено-црната чета. Речиси се околу овој дил веќе е ставено на хартија и се чека само прецизирање на последните детали околу повеќегодишниот договор по што истиот ...
На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки ...
Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти ...
Нестабилна облачна маса од запад и северозапад навлегува во Скопската Котлина од која има поинтензивни процеси во форма на невреме. Нестабилно, наместа со поинтензивни процеси е и во делови од Пелагонија, Мариово и Тиквешијата, велат од УХМР. Максималните температури денес во земјава беа 27 Охрид, 28 Претор, Тетово, Берово, Крива Паланка, 29 Скопје-Петровец, 30 Битола, 31 Штип, 32 Струмица, 33 Демир Капија, велат од УХМР. Наврнат воден талог за ...
Едно лице, странски државјанин, денеска паднало во непристапен терен во близина на хотел „Десарет“ во Охрид. При падот лицето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итната медицинска помош. Случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што информира ЦУК, поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира. – Од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ ...
Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници. Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински ...
На 26.06.2024 во 20.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал–Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.О.(29), Џ.О.(58) и Ј.О.(27), сите од Скопје. Добиена била претходна пријава дека околу 14.10 часот на подрачјето на Чаир, по претходни недоразбирања, физички го нападнале нивниот роднина М.К.(31) од Скопје, при што му го оштетиле возилото кое го управувал и му одзеле лични предмети. По целосно ...
Денеска (27.06.2024) во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за ...
Невремето кое го погоди Скопје, Тетово, Куманово резултираше со големи штети… Поплавени куќи, дворови, подруми, гаражи, паднати дрвја, оштетени автомобили, откачени лимови, проблеми со снабдување со електрична енергија. Една од најголемите последици од невремето е поплавата во хируршките сали на третиот кат, во ГОБ „8 Септември“. Директорот на клиниката д-р Христијан Костов, во изјава за Тв 24, вели дека имало пробивање на водата во оперативниот ...
Репрезентацијата на Грузија вчера оствари истори успех и со победата против Португалија се пласираше во осминафиналето на Европското првенство. Во победата од 2:0 головите за Грузијците ги постигнаа Квича Кварацхелија и Жорж Микаутадзе. Кварацхелија е добро познат во фудбалската јавност со оглед на тоа дека блескаше во Наполи кога овој тим го освои Скудетото, додека Микаутатдѕе настапува за Мец. Иако на Европското првенство настапуваат големи и ...
Две лица се застрелани, а тројца се тешко ранети во населбата во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти полицискиот портпарол. Истрелите биле испукани во близина на кафуле во бриселскиот кварт Сен Жил. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство. Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата. Округот беше ...
В.Н. (43) на 26.06.2024 во 17.40 часот пријавил во Полициска станица Центар дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Еден час подоцна, во 18:30 часот, П.Ч. (64) пријавила во Полициската станица Кисела Вода дека и таа била нападната од куче скитник на улицата „Пржино“, додека пак во 22:45 часот, М.П. (21) пријавила во Полициската станица Карпош дека била касната од куче скитник додека се движела по улицата „Шекспирова“. ...
Италија во понеделникот во последните секунди од мечот со Италија стигна до израмнување (1-1) и пласман во осминафинале на Европското првенство (ЕП), а на прес-конференцијата Лучано Спалети навреди еден новинар. Спалети беше мотивен на прес-конференцијата за новинарите и го нападна Дарио Ричи за формацијата 5-3-2, меѓутоа италијанскиот селектор потоа се „оладил“ и решил да му се извини на новинарот. „Во 2 часот по полноќ добив повик од непознат ...
На социјалните мрежи кружи видео од казиното „Марина Беј Сендс“ во Сингапур, каде неименуван маж го доби џекпотот во саботата, 22 јуни. Откако освоил околу 3,8 милиони евра, човекот почнал да скока од радост, а потоа драматично паднал на подот. Гостите во паника и персоналот на казиното веднаш притрчале напомош, а јасно било дека доживеал срцев удар, пренесува британски „Сан“. Во друштво на несреќниот маж имало и една жена, а на снимката се ...
Италијанскиот тренер Антонио Конте потпиша договор со Наполи и најави дека ќе се бори за Скудетото, а во меѓувреме достави и листа со недопирливи фудбалери. На списокот на Конте се наоѓаат четворица фудбалери, а тоа се Кварацхелија, Ди Лоренцо, Лоботка и Ангиса. „Можеби некои играчи ќе заминат, но четворица од нив сигурно ќе останат. Ја доставив листата со управата, а на неа се Кварацхелија, Ди Лоренцо, Лоботка и Ангиса. Тие се недопирливи ова ...
Фудбалската репрезентација на Грузија се пласираше во осминафиналето на Европското првенство во Германија, откако во последниот трет натпревар од групата Ф во Гелзенкирхен ја совлада Португалија со 2:0. Во вториот натпревар во групата Ф, Турција во Хамбург ја победи Чешка со 2:1 и се пласираше во нокаут фазата. И токму кога во Хамбург владееја големи тензии, нервозата го зафати фудбалерот на поразениот тим Томаш Чори, кој сакаше да се пресмета ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку ...
Четириесет и седумгодишен прилепчанец доби кривична пријава бидејќи упатувал заканувачки пораки на странска амбасада. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 16.05.2024 од странска амбасада било пријавено дека пријавениот ...
Наместо на интервенција во зграда во Кисела Вода, екипа на брзата помош заврши на скопските клиники. Според очевидци, роднина на сега веќе почината жена, прво се јавил да го пријави случајот, а подоцна се симнал пред влезот за да ги пречека лекарите. Сите заедно се упатиле во лифтот, при што почнал неконтролирано да се движи надолу и се заглавил во подрумскиот дел од зградата. На терен веднаш била повикана и екипа на противпожарната бригада која ...
Имено, на 25 јуни, 20-годишна девојка пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал. „На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода“, објави МВР. Од него е одземен и телефонски апарат со кој го ...
Научниците открија дека на Сатурн во тек е огромна сезонска енергетска нерамнотежа. Откритието претставува пресвртница во нашето разбирање за времето и климата на планетите, гасните џинови, нивната долгорочна еволуција и промените што се во тек, пишува „Саенс алерт“ (Science Alert). „Ова е првпат глобалната енергетска нерамнотежа во сезонски размери да биде забележана на гасниот гигант. Не само што ова ни дава нов увид во формирањето и ...
Поранешниот југословенски репрезентативец Раде Богдановиќ немаше милост кон селекторот Стојковиќ по ремито со Данска што значеше елиминација на Србија од ЕП. Фудбалскиот аналитичар истакна дека репрезентацијата на Србија нема поим од победата против Португалија која обезбеди пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. „Не постои вчера во фудбалот и во сексот. Постојано треба да се докажувате“, изјави Богдановиќ. Новинарот на РТС ...
Словенија за првпат во својата историја ја помина групната фаза на едно големо натпреварување, словенечкиот селектор Матјаж Кек вели дека не очекувал ваков успех. Во група со Англија, Данска и Србија, Словенците успеаа како третопласирани да се пласираат во осминафиналето, групната фаза ја завршија пред Србија. Ова е нивниот најдобар пласман на Европско првенство. Националниот тим на Словенија докажа дека заслужува место меѓу најдобрите состави ...
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го коментираше однесувањето на англиските навивачи на натпреварот со Словенија (0:0) на Евро 2024 година. Навивачите на Англија по натпреварот свиреа и фрлаа пластични чаши кон тренерот. https://www.youtube.com/watch?v=V0j6m1nUAec Јас го разбирам тоа. Сепак, нивните постапки нема да ме оддалечат. Најважно е да останеме тим. Го разбирам чувството против мене. Се создава необична атмосфера околу тимот, изјави ...
Вчера во 03.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Цветово-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“. По насоки од Јавен обвинител, од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево била известена Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје и заедно со претставници од установата од ...