Борко Ристовски нема да биде дел од Вардар во наредната сезона, поранешниот голман, а денешен директор на клубот објави дека заминува. „Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа ...

Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Денеска ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава ...

На 19.06.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(23) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од ...

Секторот за внатрешни работи Битола – Отсек за општ криминал при СВР Битола денеска (20.06.2024) поднесе кривична пријава против Г.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик. На 18.06.2024 во 22.30 часот на бензинска пумпа во Битола, по претходна расправија со вработените во агенција за обезбедување во објектот, ...

Фудбалската федерација на Македонија по повеќе од 15 часа излезе со реакција на однесувањето на Мирлит Даку на Европското првенство во натпреварот против Хрватска. Даку преку мегафонот по завршувањето скандалозно скандираше и испраќаше пцовки кон Македонците. ФФМ го осуди ваквото однесување, побара извинување, но исто така е испратен и допис до УЕФА. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички ...

Балканските репрезнетации се главни на Европското првенство барем кога се работи за казните кои ги добиваат поради испадите на своите навивачи, па така по првото коло Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Хрватска, Србија, Албанија… Сите казни се поради непримерното однесување на навивачите на трибините. Освен стандардните казни поради фрлање на предмети и палење факели, тука се и казните поради неспортско и националистичко навивање. Дека тие ...

Синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ почина професионалниот војник А.Ј. (25), соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија. Војникот беше еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили, одржуван во изминатите дваесетина денови на армискиот полигон „Криволак“. На крајот од последната дисциплина на курсот, марш на долго растојание, војникот почувствува ненадејно ...

На предлог на Обвинителството а со одлука на судот, врховниот судија Наке Георгиев ќе остане уште 30 дена во притвор. Георгиев е осомничен дека зел 10.000 евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за да му обезбеди погодности на таткото, обвинет во предметот познат како „Чибук“ за шверц со марихуана. Неговиот бранител Александар Тумановски за Телма потврди дека поднел жалба на ваквата одлука во Апелацискиот суд. Бара ...

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса ...

Фудбалот е во центарот на вниманието ова лето. Додека Словенија, Словачка, Романија, Србија.. силно им се спротиставуваат на фаворитите на ЕП, во Македонија гледаме и влечеме поуки за во иднина. А, сега малку за домашниот наш фудбал и ФК Вардар. Вардар, нашиот бисер и најтрофеен фудбалски колектив во Македонија чека многу подобри денови. Ветувања и најави за подобри денови има многу, што oд новата владеачка гарнитура, што од локалната власт, па ...

Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството. УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите. Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“. Казната доаѓа откако Србија веднаш по натпреварот испрати жаллба до ...

Поранешниот македонски репрезентативец Милко Ѓуровски апсолутно го оправдува револтот на Душан Тадиќ од натпреварот против Англија. Она што се случи на неделниот меч се уште е главна тема во српскиот фудбал, а свое видување даде и некогашниот играч на Партизан и Црвена Звезда кој смета дека Тадиќ бил и премногу фин. „Тој е капитен, рече само дека би сакал да игра од почетокот и дека ја почитува одлуката. Не кажа дека е лут или дека нема повеќе ...

Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024. Натпреварот го одбележа срамното навивање од двете страни „уби уби Србина“ Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен пресврт на Хрватска со два гола за ...

Почнувајќи од 24 јули 2024 година, „Нетфликс“ ќе престане да нуди поддршка за својата апликација на повеќе од 10 модели на телевизори произведени во 2014 година. Оваа мерка следи по претходната имплементација која влијаела на уредите произведени помеѓу 2011 и 2013 година, со цел да се оптимизираат перформансите на поновите уреди. Нетфликс тврди дека оваа одлука е неопходна, за да се подобри корисничкото искуство и да се фокусира на уреди со ...

70 годишник со „ланд ровер“ се забил во бетонска ограда и паркиран „фиат“. – На 18.06.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – с.Горобинци, светиниколско, С.С.(70) од с.Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, ...

Хрватска и Албанија одиграа одличен натпревар и си поделија по еден бод (2-2) во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП). Албанија по одлична акција постигна гол за водство преку Лачи во 11. минута, а мрежите мируваа сè до 74. минута кога Крамариќ ја врати Хрватска во игра за победа. Само две минути подоцна Албанија си постигна автогол и Хрватска го презема водството кое го чуваше сè до 95. минута. Албанците постојано се ...

Седумкратниот светски шампион од редовите на Мерцедес, Луис Хамилтон ги доведе во прашање новите правила во Формула 1 истакнувајќи дека новиот мотор кој ќе се користи од 2026 година е „храбар чекор“. Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти дека од 2026 година болидите во Формула 1 ќе бидат помали и еколошки прифатливи. Според новите правила кои стапуваат на сила од 2026 година болидите ќе бидат за 30 килограми полесни, 10 ...

Google воведува нова опција наречена „Listen to this page“ која може гласно да ви чита веб-страница од прелистувачот Android Chrome. Функцијата доаѓа со контроли за репродукција слични на оние што ќе ги најдете во музичките плеери или подкаст, што ви овозможува да паузирате, да ја менувате брзината на читање, брзо напред или да прескокнете напред или назад за 10 секунди. Можете исто така да го емитувате гласот што го користи, како и јазикот. ...

Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=9 Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе ...

На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни ...

Денеска (19.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од с.Бозовце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 18.06.2024 во 14.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од ...

Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола во официјален став испратен до редакцијата на „Слободен печат“ тврди дека родилката Зимбрета Тунтевска чие бебе Лука ненадејно почина во саботата – имала неконтролирана бременост. Меѓутоа, гинекологот доктор Тони Анастасиевски за „Слободен печат“ тврди дека тоа не е вистина и дека Зимбрета барем 6 пати, во периодот од 15-тата до 35-тата гестациска недела имала редовни контроли кај него, во неговата ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови ...

Пет лица од Злокуќани со метални шипки и дрвени палки натепале скопјанец во дворот на Клинички центар по што скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против нив. Како што информираат од ОЈО Скопје, на 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две ...

На патниот правец Гостивар-Охрид рано утринава е усмртена мечка откако во неа удрил автомобил. Сообраќајната несреќа, која била пријавена на единствениот број за итни случаи 112, се случила во 5:37 часот изутринава кај вториот каменолом на патот Гостивар-Охрид. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираат дека на местото на несреќата се полициски службеници од станицата во Гостивар и увидна полициска екипа. За ...

Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на ...

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така ...

– Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети. Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј.(52) со ...

Репрезентацијата на Хрватска во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП) ќе се соочи против Албанија, а селекторот Златко Далиќ доби ужасни вести пред мечот. На последниот тренинг пред дуелот со Албанија, Далиќ дозна дека повеќе не може да смета на услугите на Никола Влашиќ кој отпадна од ЕП поради повреда. „За жал, Влашиќ доживеа нова повреда и можам само да му се заблагодарам што даде сè од себе за да се врати на теренот. Му ...

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневните температури, како што посочуваат од УХМР, насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
19%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
29%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
32%
1022
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.3
27%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
35%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.6
48%
1015
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
19%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
31%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
29%
1022
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.77
38%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60