
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА. – Целта е да се задржат производствените капацитети на Фолксваген, да се спречат отпуштањата и да се преземат потребните инвестиции за иднината, вели Хајл во коментар за весникот „Аусбургер Алгемајн“. Министерот за труд планира да продолжи државната помош што им се ...
Руските трупи продолжуваат да напредуваат во границите на градот Угледар. По интензивниот оган, руските напаѓачки групи неодамна влегоа во градот и заземаат се повеќе позиции. Украинските сили, откако ја загубија способноста да изведуваат контра удари, оперираат главно од подготвени позиции. А најмногу се работи за подрумите на повеќекатните згради, меѓу кои се движат низ инфраструктурни и комуникациски тунели и ровови кои самите ги ископале. ...
Четворица Штипјани нападнале полицајци во атарот на манастирот „Воскресение Христово“ во Штип, каде што била пријавена кражба. Во обид за расчистување настанот полицајците биле нападнати, а еден полициски службеник и испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода. „Притоа кај местото викано „Елките” полицјаците забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и ...
Снимките од дрон покажуваат што откопа полицијата од скопско Арачиново. Со багери, детектори за метал, под земја, но и во шупи, во дворови на куќи и празни плацови се бараше што има скриено криминалната група Беланоца. Куп експлозиви, 14 гранати, 200 грама ТНТ, автоматско оружје криеле под земја и во напуштени објекти членовите на Беланоца во Арачиново. Копајќи со багери веќе неколку дена во атарот на оваа скопска општина, експлозивите беа ...
На 22.12.2024 во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л.(28) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра. Лицето било предадено во ...
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен ...
48-годишен скопјанец ја тепал сопругата со тврд предмет. – На 22.12.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Б.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, соопштија од полицијата. По целосно ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и во повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Во Скопје, облачно и студено ...
Масар Омерагиќ е седмиот претседател во историјата на ФФМ по осамостојувањето на Македонија. „Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структутире на ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на својата веб-страница објави предупредување за обилни снежни врнежи. Од УХМР наведуваат дека во текот на наредната недела се очекуваат големи врнежи од снег, кои во ридско-планинските делови на Македонија можат да достигнат и солидна висина. „Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта, соопштија од УХМР. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 75 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Во ...
Oд редовите на Вардар денеска го потврдија 25-годишниот Михаил Маневски од Тиквеш за ново засилување. Покрај Тиквеш, Маневски претходно настауваше во екипите на: Брегалница, Академија Пандев, Силекс, Гостивар и Шкендија. Посебно е одличен во дефанзивата и се очекува да биде одлично засилување за Вардар. Претходно за Вардар потпишаа словачкиот дефанзивец од Шкупи, Михал Пинтер и Георги Јанкулов од Брера. Вардар е во сериозни преговори да донесе ...
Кошмарот за Манчестер сити продолжи и во денешното гостување кај Астон вила во рамките од 17. коло. Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа уште еден слаб натпревар и беа поразени со 2-1. Победата на домашниот тим ја најави Дуран со голот по само 16 минути игра. Манчестер сити тешко доаѓаше до противничкиот гол и едвај создаваше прилики, додека домаќините трпеливо ја чекаа својата шанса. Неколку пати сериозно се заканија двапати ја погодуваа и ...
Манчестер Јунајтед е елиминиран од Карабао купот откако синоќа загуби во драматична пресметка на гости кај Тотнем (3-4), но главен акцент на натпреварот беше одлуката на тренерот Рубен Аморим повторно да го изостави Маркус Рашфорд од тимот. Англискиот напаѓач, кој има 27 години, неодамна изрази желба да го напушти клубот, а португалскиот менаџер по средбата изјави дека не жали за својата одлука да го остави надвор од составот. „Сметам дека ја ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. ...
В сабота во саудискиот Ријад за три од четирите големи појаси за светски шампион ќе боксуваат Олександар Усик и Тајсон Фјури. Предвидено е борбата да започне во 22 часот, а во неа Усик влегува како светски шампион додека Фјури ќе се обиде да му се реваншира за поразот во првата борба на 17 февруари оваа година. Саудискиот промотор Турки Алашик кој е десна рака на принцот Мухамед Бин Салман и важи за алфа и омега во саудискиот спорт на ...
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се ...
Мнозинството од клубовите членки на Собранието на КФМ денеска сакаа да го сменат Перо Антиќ од функцијата предводник на македонската кошарка, но поради неговото играње на „кондиција“ и упорно занемарување на нивната желба, по речиси пет часовен маратон го оставија со празни раце, односно со неизгласен финансиски извештај што во иднина може да му донесе проблеми со државните органи. На собирот присуствуваа 46 клубови и претставници на здруженија ...
Откако во претходните пет кола оствари само една победа, европскиот шампион Панатинаикос вечерва го истури сиот гнев врз Олимпија Милано. На домашен терен, ПАО славеше со 103-74, а натпреварот помина во знакот на фантастичниот Кендрик Нан кој имаше своја вечер. Мечот го заврши со 39 поени, 7 скока и 2 асистенции, а погоди осум тројки од 16 шута. Во првата четвртина Нан го собори рекордот на Евролигата, реализирајќи седум тројки со само едно ...
Во март треба да почнат квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а ФИФА се соочи со проблем кој се заканува да создаде многу неволји. Фудбалската федерација на Норвешка, преку својата претседателка Лисе Клавенес соопшти дека репрезентацијата на оваа земја не сака да игра со Израел, поради војната на Блискиот Исток. „Никој од нас не може да остане рамнодушен на нападите кои Израел веќе подолго време ги врши врз цивилното население во ...
Како што најавив и претходно, во петок на 20 Декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 Декември територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран од север, и истиот е поврзан и со циклонска активност со центар над Средоземјето. Во ваква ситуација ќе има нови пообилни врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места до околу, па и под 1000 метри, а во сабота понекаде и во пониските места, особено ...
Во екот на резултатската криза во која се најде Барселона, нов проблем на тренерот Ханси Флик му создава еден од најдобрите играчи во тимот Ламин Јамал. Тинејџерот не го дочека крајот на синоќешниот натпревар против Леганес затоа што доживеа повреда на скочниот зглоб на десната нога и во 75. минута го напушти теренот. Настапот на Јамал на дербито против разиграниот Атлетико сега е под знак прашалник, а во текот на денов ќе бидат извршени ...
Сите селектори на репрезентации од цел свет гласаа во изборот на ФИФА за најдобрите фудбалери, со исклучок на предводникот на хрватскиот национален тим Златко Далиќ. Ова не е исклучок, туку веќе правило, бидејќи трета година тој не учествува во гласањето на The Best. Во 2022 година Далиќ изјави дека ФИФА нема респект кон хрватските фудбалери и резултатите на оваа репрезентација и оттогаш ја бојкотира светската фудбалска организација. За разлика ...
Навивачката група „Комити“ ги обвини Ракометниот клуб Пелистер и СВР Битола за физички напад врз нејзините припадници пред и за време на вчерашното дерби од ракометното првенство на Македонија. Вардар гостуваше во салата „Боро Чурлевски“, а стотина навивачи на скопскиот тим се упатија кон Битола за да му дадат поддршка на својот клуб. Сепак, пред салата, „Комити“ биле нападнати од домашното обезбедување при што имало и повредени, а во контекст ...
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски конечно ќе дебитира за Валенсија во шпанската Ла Лига, а тоа го потврди екипата пред мечот против Валјадолид. Димитриевски ќе го искористи отсуството на Гиорги Мамардашвили, кој се здоби со посериозна повреда на десната нога. Македонецот досега бранеше на два меча за „лилјаците“ во шпанскиот Куп каде што Валенсија оствари победи. Валенсија по 14 одиграни меча се наоѓа на претпоследната позиција во ...
Португалскиот стручњак Рубен Аморим за 40-тина дена два пати го совлада Манчестер Сити, еднаш како тренер на Спортинг и еднаш на Јунајтед. Синоќа, во своето прво градско дерби на клупата на „црвените ѓаволи“, Аморим дојде до триумфот благодарение на пресвртот во последните минути откако речиси цел натпревар Јунајтед беше во подредена позиција. Победата не донесе прогрес на табелата за тимот од Олд Трафорд, но секако ќе има големо влијание за ...
Денеска се навршуваат две година од смртта на легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој на 54-годишна возраст почина на 16 декември 2022 година во Рим, по долга борба со леукемија. Тој беше еден од највпечатливите фудбалски ликови на Балканот и пошироко, познат по својата извонредна техника, моќни слободни удари и борбениот дух што го пренесе и како тренер. Неговата кариера започна во Војводина и кулминираше со триумф во ...
До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Утре минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег, особено во источните делови. Наместа ќе има појава на слаба магла. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 50 км/час). До крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат и облачноста делумно ќе се намали. Воздушниот притисок ќе бележи значителен пораст и до ...