Италијанските медиуми најавуваат дека Марио Балотели ќе замине од Џенова незадоволен од минутажата, а веројатно кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Џенова го промовираше Балотели како ново засилување на крајот од октомври, но досега тој не се изнаигра. Балотели има право да ја напушти Џенова до крајот на годината, а се шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде Мексико. Клубот кој сака да го донесе Балотели во своите редови е Круз Азул. ...

Екипата на Манчестер сити се наоѓа во најголемата криза во ерата на богатите газди од Блискиот Исток, откако оствари само една победа во последните 13 меча, што го загрози дури и настапот во Лигата на шампионите во следната сезона. Поради тоа, менаџерот Пеп Гвардиола изрази загриженост за моменталната форма на тимот, признавајќи дека кризата трае подолго од очекуваното. „Порано или подоцна ќе се вратиме. Се потсетувам колку бевме добри порано, ...

Според прогнозите на УХМР, времето на последниот ден од годината ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 13 степени. Утрото, следниот неработен ден на 1 јануари, ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот, времето ќе биде сончево и ...

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на 29 декември 2013 година доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи. Додека скијал надвор од патеката во ски-центарот Мерибел, изгубил контрола и паднал удирајќи со главата во карпа. Иако носел кацига, се здобил со сериозни повреди на главата. По несреќата, Шумахер со хеликоптер бил пренесен во болницата во Гренобл, каде му биле извршени две операции на мозокот и бил ...

Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас беше мета на грабеж, а сега медиумите објавуваат и детали за случајот. Имено, од домот на НБА ѕвездата бил украден накит во вредност од 30.000 долари, а полицијата информираше дека сторителот влегол преку скршен прозорец од бањата во моменти кога во домот немало никого. Инцидентот се случил во периодот помеѓу 17 и 21 часо кога Дончиќ и членовите на неговото семејство не биле во домот. „Добро е што сите ...

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 0-3 на гостувањето во Сардинија кај екипата на Каљари. Покрај освоените три бода навивачите на Интер од овој натпревар сигурно ги радува и голот на Лаутаро Мартинез кој така го прекина голгетерскиот пост кој го имаше од 3 ноември. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а резултатот го отвори дефанзивецот Бастони кој мајсторски реагираше по нафрлувањето на Николо ...

Основниот суд во Барселона ја одби жалбата на Барса за регистрација на Дани Олмо. Поради финансиските проблеми, Барселона се мачи да го регистрира Дани Олмо, ако не успее тоа да го направи до 31. декември, тој ќе стане слободен играч. Барса најде дупки во законот па го регистрираше Олмо до крајот на декември, но за тој да продолжи да настапува за каталонскиот клуб, треба нова регистрација. Првата жалба на Барселона не помина, но „Мундо ...

Времето денеска изутрина е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со променлива облачност ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален дожд, на планините во северните и јужните делови со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно и студено со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен ...

Фудбалерот од средниот ред, Димитар Тодоровски, е најновото засилување за екипата на Вардар. Тој пристигнува од таборот на Брера, а кариерата ја започнал во фудбалската школа на Работнички, каде ги одиграл првите професионални минути. „Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од најголемиот фудбалски бренд во Македонија. Очекувам да се искачиме повисоко на табелата и да го освоиме Купот. Нашата цел е од следната сезона да го вратиме Вардар на ...

Далас маверикс вечерва загуби од Минесота тимбервулвс со 99-105, а притоа остана и без најголемата ѕвезда Лука Дончиќ, кој се пожали на повреда во првото полувреме. Двете екипи понудија возбудлив почеток, но проблемите за Далас започнаа во втората четвртина кога Минесота стигна до 57-40, а воедно Далас остана и без услугите на Дончиќ. Далас постојано бркаше негатива и конечно во последната четвртина намали на само два поени (99-101), меѓутоа ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од снег, а вдолж Повардарието од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината само од снег. Ќе дува умерен ...

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите спортисти во 2024 година, па така наградата за спортист на годината му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, додека кај дамите најдобра беше Милјана Рељиќ. Илиоски неодамна стана европски шампион во категорија до 86 килограми, па така втора година по ред го добива признанието – спортист на годината. „Чест и задоволство ми е што ја добив наградата за најдобар спортист во ...

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Вирџил ван Дајк наскоро ќе го продолжи договорот со својот клуб, тврдат англиските медиуми. Според нив, се е веќе договорено и останува само да се стави потпис. Ван Дајк ќе потпише договор до 2028 година што значи дека ќе комплетира една деценија на Енфилд имајќи предвид дека во Ливерпул дојде во 2018 од Саутемптон. Многу веројатно по истекот на договорот, Ван Дајк ќе замине во пензија бидејќи тогаш би имал ...

Министерството за спорт ја организираше церемонијата на која беа избрани најдобрите спортисти за 2024 година. По прогласување на Бобан Илиоски и Милјана Рељиќ за најуспешни во изминатата година, беше доделена награда и за најдобрите репрезентации. Најдобри репрезентации за 2024 година беа женската и машката ракометна селекција, додека наградата за тренер на годината му припадна на селекторот на ракометарите, Кире Лазаров. „Сакам да се ...

Денеска славиме роденден на еден од најзначајните македонски фудбалски херои – голманот Столе Димитриевски! Роден во Куманово на 25 декември 1993 година, Димитриевски е симбол на успешна кариера и спортски дух, претставувајќи ја Македонија на најголемите европски и светски сцени. Од Работнички до Валенсија – патот до успехот Столе ја започна својата професионална кариера во Работнички во 2010 година, каде брзо се истакна како талентиран голман. ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Во Скопје, облачно и студено од изутрина во делови од регионот со повремен снег кој во средината на денот ќе преминува во повремен дожд. Ќе дува ...

Англискиот весник „Дејли Мејл“ тврди дека Јирген Клоп уште пред две години почнал да има средби со Ред Бул кога се уште беше тренер на Ливерпул. Јирген Клоп под изговор дека веќе е уморен и нема енергија за работа си замина од Ливерпул, го испочитува договорот до крај, но не потпиша нов. Брзо потоа беше назначен за глобален директор на Ред Бул за фудбал. Информациите на „Дејли Мејл“ велат дека Клоп првиот контакт со Ред Бул го имал пред повеќе ...

Maкедонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ исплива уште една фантастична трка во која сруши рекорд. Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50 метарски базен под четири минути и тоа го направи на свои 17 години. Рекордот Ѓуретановиќ го постигна на меѓународното натпреварување во Ниш каде што исплива за време од 3:57.75. Претходно македонскиот рекорд го држеше Марко Блажевски со време од 4:00:53. ...

По официјалната смена и поставеното ново раководство на чело на ФФМ изгледа дека во репрезентацијата се враќа и Стефан Ристовски. Горан Пандев ќе биде новиот спортски директор на сите селекции во репрезентацијата и eден од неговите потези веројатно ќе биде враќањето на Стефан Ристовски во репреентација. Нема потврда, но како најава може да се смета фотографијата која Ристовски ја објави заедно со Аријан Адеми во националните бои на неговиот ...

Александар Стефанов, претседателот на РК Бутел Скопје ја поднесе својата кандидатура за претседател на македонската ракометна федерација на состанокот на Управниот Одбор на РФМ. Иако сум млад, верувам дека искуството кое го стекнав во ракометот и во РК Бутел, како и во Управниот Одбор, ми дава доволно основа да извршам позитивни промени. Со посветена работа и поддршка од околината, имам намера да помогнам во натамошен развој на нашиот спорт. ...

Денеска претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ оствари уште еден трипл-дабл, сега во победата на Денвер против Њу Орлеанс по продолженија со резултат 132:129. Она што е посебно интересно е што Јокиќ во првите 21 минута од натпреварот не постигна ниту еден поен. Првите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања кога намали на 47-59, а до крајот потоа уфрли 26 поени и додаде уште 14 скока и 10 асистенци. За Србинот ова беше десетти трипл-дабл во сезоната. ...

Гугл, еден од водечките технолошки гиганти, има функција која дозволува складирање на аудиоснимки од корисниците. Ова вклучува гласовни интеракции преку апликации како „Пребарување“, „Помошник“ и „Карти“, со цел подобрување на технологијата за препознавање глас. Како функционира оваа опција? Гугл ги собира аудиоинформациите од интернет-активностите на корисниците и од апликациите кои тие ги користат. Компанијата објаснува дека ова е со цел ...

Основачот и сопственик на продавниците за облека Манго, 71-годишниот Исак Андик, загина во саботата во Каталонија кога паднал од планина од височина од 150 метри, објави неговата компанија. Тој со сопругата и синот биле на патување на планинскиот масив Монсерат, на северо-источниот дел од Шпанија. Се лизнал на пешачка патека, и паднал во провалија висока 150 метри, поради што починал на местото на настанот. „Со длабоко жалење ве известуваме за ...

Голем инцидент се случи во претепоследниот круг од спринтот за Големата награда на Австралија меѓу Марко Бецеки и Маверик Вињалес. Двајцата возачи се бореа за петтата позиција во момент на инцидентот. Вињалес го премина Бецеки, по што Италијанецот направи грешка затоа што најверојатно сметаше дека неговиот ривал нема да запре толку рано. Победата во спринтот му припадна на Хорхе Мартин од Прамак Дукати, додека зад него беа Марк Маркез и Енеа ...

Минатата недела Ferrari го претстави својот нов врвен хиперавтомобил наречен F80, но за разлика од трите претходници, тој не се придвижува од V12, туку од V6 мотор со твин турбо. Сега обожавателите исто така можат да го слушнат звукот на оваа единица и да проценат дали е достоен за наследството. Пред неколку дена во Имола, Ferrari покажа како изгледа и звучи F80. Хибридниот хиперавтомобил правеше кругови на патеката, а потоа на YouTube се ...

Холандскиот “Pal-V” стои зад моделот “Liberty”, првиот летечки автомобил во светот, кој сега е официјално одобрен за употреба. Моделот е мешавина од трицикл и жирокоптер, мал летачки авион кој наликува на хеликоптер. Во главно, кога “Liberty” вози на земја, перките на роторот се преклопуваат и тогаш може да достигне брзина до 160 км/ч. Во воздухот ова возило користи 200 коњски сили и може да лета со брзина помеѓу 50 и 180 km/h. Досегот во ...

Првото место го зазеде “Tesla Model Y”, кој продаде околу 8.000 единици повеќе од најблискиот ривал. Ова е втор пат во 2024 година “Model Y” да ја зазема „шампионската позиција“ во однос на месечната продажба. Според извештајот објавен од компанијата “Dataforce”, “Tesla Model Y” се продала во 28.680 примероци во текот на септември, а останале да се соберат само податоците од Словачка и Унгарија. На второ место е “Volkswagen Tiguan” со 20.763 ...

Претстојната сабота (02.11.2024) во организација на општина Карпош, по повод одбележување на 48 годишнината од формирањето на локалната самоуправа, на плоштадот „Делфина„ во населба Влае ќе се одржи собир на олдтајмери – автомобили. Изложбата ќе биде во период од 10 до 13 часот. – Во оваа пригода ги повикуваме на дружба сите љубители на класични возила, да присуствуваат на манифестацијата и да уживаат во прекрасната атмосфера меѓу изложените ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
51%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
39%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
37%
1022
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
32%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
8.74
23%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
50%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.66
36%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
28%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
45%
1013
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60