
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Денеска се навршуваат две година од смртта на легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој на 54-годишна возраст почина на 16 декември 2022 година во Рим, по долга борба со леукемија. Тој беше еден од највпечатливите фудбалски ликови на Балканот и пошироко, познат по својата извонредна техника, моќни слободни удари и борбениот дух што го пренесе и како тренер. Неговата кариера започна во Војводина и кулминираше со триумф во ...
До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Утре минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег, особено во источните делови. Наместа ќе има појава на слаба магла. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 50 км/час). До крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат и облачноста делумно ќе се намали. Воздушниот притисок ќе бележи значителен пораст и до ...
Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во ...
Александар Стевановски, еден од поновите текстописци веќе го освојува балканскиот музички пазар. Релативно млад, но на домашна сцена веќе докажан како текстописец, Александар Стевановски се пробива и надвор од границите на Македонија барајќи поднебје кое што е далеку поплодоносно од овдешното. Вели дека му е навистина жал што во Македонија текстописците од стариот ков можат да се избројат на прстите од една рака, а нови речиси и да нема, па ...
Поранешниот голгетер на Црвена звезда, Дарко Панчев многу емотивно го прифати несреќниот пораз на белградскиот клуб од Милан на „Сан Сиро“ со 1:2 во пресметката од шестото коло во Лигата на шампионите, на чиј исход пресудно влијаеше спорниот судија. одлука. Кога се чинеше дека избраниците на Владан Милојевиќ цврсто го имаат бодот во свои раце, домашните победија во 87. минута благодарение на голот на Теми Абрахам, на кој му претходеше очигледен ...
Милано продолжи со одличната форма во Евролигата, односно ја запиша шестата победа по ред откако ја надигра Барселона со 94-81 во 15. коло од кошаркарската елита. Барселона имаше подобар почеток на мечот и предност од 24-16 по првите 10 минути, меѓутоа Милано почна да ја топи негативата во втората четвртина, кога на паузата стигна до 40-43. Италијанскиот тим беше фантастичен во третата четвртина, кога со неверојатна серија од 20-0 стигна до ...
Индискиот шахист, Домарају Гукеш, кој вчера испиша историја откако стана најмладиот светски шампион во историјата, пред три години беше член на македонскиот клуб ШК Прилеп. Тогаш 15-годишниот индиски велемајстор имаше блескав настап на Европскиот шаховски клупски куп во Струга и беше најдобар меѓу сите 277 шахисти од 38 клуба, од 37 држави. Ги одигра сите 7 партии, сите на првата табла, без пораз, со три реми и четири победи. Ремизира со рускиот ...
Хрватскиот првак Динамо Загреб одигра без голови со Селтик во последниот меч од Лигата на шампионите за оваа година и остана со теоретски шанси за пласман во следната фаза. На „модрите“ сега им треба победа против Арсенал или Милан во последните две кола, но мора да се знае дека денеска беше максимално десеткуван, а сепак успеа да извлече бод. Тоа го потенцира и поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски по вечерашниот меч. ...
Утре претпладне, по некои котлини ќе се појави магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР. Во сабота попладне и навечер, како и во недела, ќе се очекува промена на времето под влијание на влажен бран. Ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои повисоки места, врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и понеделник се прогнозира засилен ...
Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот од серијата 500 во Доха, потврдија организаторите. Оваа вест е само уште еден доказ дека српскиот ас има големи планови за следната сезона. Навивачите на Новак Ѓоковиќ немаа голема шанса да го гледаат српскиот ас минатата сезона, но тоа ќе се промени во наредната година бидејќи великанот на сите времиња сака да игра многу повеќе. – Лани, по Австралија опен, Новак го видовме дури во март на Индијан Велс, но оваа ...
Поранешната трета тенисерка во светот, Елена Свитолина во моментов се наоѓа на фронот во Украина, а тоа го потврди со фотографии од Харков каде што се појави во воена униформа. Свитолина се врати во татковината за да им даде поддршка на своите сонародници во борбата против Русија, а притоа се фотографираше со пушка и испрати емотивна порака на социјалните мрежи. „Харков има посебно место во моето срце. Град кој продолжува да ми дава топлина во ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар загуби со 0-1 од Силекс на последниот меч од есенскиот дел во Првата лига, но притоа беше забележан голем пропуст во таборот на „црвено-црните“. Вардарецот Горан Закариќ на теренот не се појави во дрес, туку мораше да игра во бела маица, па очигледно станува збор за голем пропуст во соблекувалната на скопскиот тим. Вардар по 18 одиграни кола се наоѓа на 11. место во македонскиот шампионат со 13 ...
Кипарската маркетиншка агенција „Медиер“ го тужи славниот боксер Мајк Тајсон за 1.5 милион долари тврдејќи дека го прекршил договорот со учеството во борбата со Џејк Пол. Компанијата со седиште во Лимасол ја промовира обложувалницата „Рабона“, а тужбата била испратена на адреса на судот во Лондон. „Причината поради која Тајсон и неговата компанија „Тајрани“ забрзано го раскинаа договорот е затоа што Мајк прифати договор и спонзорство со ...
Бејзбол играчот Хуан Сото со новиот договор со Њујокр Метс стана играчот со најбогатиот договор во историјата. Во прашање е договор од 15 години според кој Сото ќе заработува 51 милион долари по сезона или вкупно 765 милиони долари. Покрај основната плата во неговиот договор има и бонуси според кои заработката на Сото може да достигне и до 800 милиони долари. Претходно сличен договор имаше Шохеи Охтани кој оваа година се обврза на деветгодишна ...
Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 степени во Гевгелија. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд, 19 литри на метар, ...
Никола Јокиќ еден ден откако оствари рекорд на кариерата со 56 поени одигра уште еден фантастичен натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот. Денвер беше гостин на Атланта, а српскиот кошаркар ја заврши средбата со 48 поени, 14 скока и осум асистенции со што неговиот тим запиша триумф од 141:111. Со овие 48 поени, Јокиќ стигна до бројката од 104 поени во само 24 часа што е навистина неверојатен ефект, па дури и за негови стандарди. Јокиќ ...
Силекс со 1-0 го победи Вардар и како прв го заврши есенскиот дел од сезоната, Шкендија одигра 0-0 во дербито против Гостивар, а Работнички со убедливи 3-0 беше подобар од Пелистер. Дури три екипи се на врвот на табелата во ПМФЛ со ист број на бодови, Силекс за само еден гол повеќе има најдобра гол разлика. Покрај кратовци, со 37 бодови на контото завршија и Шкендија и Работнички. Пред почетокот на натпреварите Шкендија беше во пол позиција за ...
Утрово во речиси цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Попова Шапка, -7 степени. Во Скопје беше -4 степени, -3 во Куманово и Крушево. -7 Попова Шапка, -4 Скопје-Петровец, -3 Куманово, Крушево, -2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Прилеп, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, -1 Струмица, Кавадарци, 0 Берово, Битола, Дебар, Претор, 1 Охрид, Виница, Гевгелија. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 37 ...
Романската тенисерка Симона Халеп зборуваше за тешкотиите со кои се соочува откако се врати на тенисот по деветмесечната суспензија поради допинг. – Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам. Мислев дека знам што доживуваат играчите, знаев како треба да тренирам. Но, одеднаш ми стана тешко да се справам со емоциите пред натпреварите. Отсекогаш сум била нервозна пред натпреварите, но сега добивам непријатно чувство во стомакот. Бев ...
Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во Формула 1, трката за Големата награда на Абу Даби, неговиот триумф значеше и титула во конструктори за Мекларен. Првпат по 1998 година Мекларен се радува на титулата за конструктори. Неа ја завери Ландо Норис со одлично возење. Тој прв ја мина целта во Абу Даби и запиша нова победа. Зад него со 5,8 секунди заврши Карлос Саинц, а место на подиумот имаше и за другиот возач на Ферари, Шарл ...
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, официјално се согласи да го продолжи договорот со клубот за уште две години, ставајќи крај на шпекулациите за неговата иднина. Оваа вест е големо олеснување за навивачите на „црвените“, особено по неодамнешните гласини за можен трансфер во Пари Сен Жермен. Салах, чиј претходен договор истекуваше на крајот на тековната сезона, бил предмет на долги преговори меѓу неговиот агент Рами Абас и управата на клубот. ...
Белград ги слави кошаркарите на Партизан, кои успеаја да го срушат европскиот шампион Панатинаикос во 14. коло од Евролигата, а на овој натпревар беа видени и многу интересни и неверојатни сцени. Покрај френетичната атмосфера во салата, медиумите успеаја да го забележат и синот на Матијас Лесор, кој навиваше против својот татко и во раката држеше шал со логото и боите на Партизан. Младиот Матсон Лесор очигледно не ги заборавил навивачите на ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има ...
Драматична снежна бура доаѓа од Атлантикот кон Европа, покажува анализата на Severe Weather. Невремето може да предизвика проблеми во сообраќајот во делови од Европа. Над западна и централна Европа се очекува да се формира циклон кој ќе донесе обилни и бурни врнежи од снег. Сериозно време соопшти дека снег се прогнозира за многу области, вклучувајќи го и северниот дел на Велика Британија, северниот дел на Пиринејскиот полуостров, алпскиот ...
Времето е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од државата, со над 15 литри на квадратен метар. УХМР информира дека на планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Според прогнозата на УХМР, почнувајќи од западниот дел на државата, ...
Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров. Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември, во пресрет на финалето од Европското првенство за жени на кое учествуваше и Македонија. Во Куќата на славните ќе влезат 7 ракометарки и 14 ракометари, кои ќе им се приклучат на повеќе од 50 легенди кои беа први примени во ...
Времето денес променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб променлив ...
Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд, соопшти УХМР. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува ...