Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека неговиот тим бил надигран во борбата за титулата. По поразот од 1:0 по продолженијата, стратегот на „гаучосите“ не се обиде да го намали успехот на новиот светски шампион. „Тажни сме, но знаеме дека дадовме се од себе. Има многу што би можел да кажам за нашиот пат до финалето, но сега тоа не е важно. Вечно ...

Шпанија се искачи на светскиот фудбалски трон, откако во големото финале на Светското првенство 2026 ја совлада Аргентина со 1-0 по продолженија на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси и ја обедини европската и светската титула. Херој на „црвената фурија“ беше Феран Торес, кој влезе во игра во 62. минута наместо Микел Ојарсабал, а во 106. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот. По одличната акција на Нико Вилијамс, кој со глава му ...

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако на почетокот успеа да ја задржи смиреноста, Меси „се скрши“ во моментот кога требаше да се качи на импровизираната бина да го прими медалот. Лео Меси и „Гаучосите“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар. Ова е второ изгубено финале на Меси (2014, 2026) во неговата кариера, а ...

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата, Славко Винчиќ. Шпанија, ја освои втората светска титула во својата историја, откако во финалето ја победи Аргентина со 1:0, со голот на Феран Торес во 106-та минута. Аргентинските играчи Леандро Паредес и Тијаго Алмада беа во центарот на инцидентот. Паредес доби директен црвен картон за своето однесување по ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија Аргентина по продолженија со 1:0. Херојот на „Црвената фурија“ е Феран Торес, кој го совлада изворедниот Дибу Мартинез во 106-та минута. За Шпанија ова е втора светска титула, правата ја освоија во 2010 година, во Јужна Африка. Шпанија апослутни ја заслужи победата, беа подобри во текот на сите 120 минути, ...

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави два нови рекорди штом стапна на теренот, што само сведочи за неверојатната долговечност на неговата кариера на највисоко ниво. Со 39 години и 25 дена, Меси стана најстариот играч што некогаш играл во финале на Светско првенство. Со тоа, тој го сруши рекордот на Швеѓанецот Гунар Грен, кој имаше 37 ...

Несекојдневна животна авантура го донесе Холанѓанецот Петер Лоопстра во Охрид, откако со велосипед помина дури 3.700 километри од Холандија до Македонија. Лоопстра, кој има македонски корени по мајка, тргнал од својот роден град Алфен ан ден Рајн (Alphen aan den Rijn), а по повеќедневно патување низ повеќе европски држави успешно пристигнал во Охрид. Неговото патување не било само спортски предизвик, туку и лично патување исполнето со емоции ...

Spotify најави нова функција базирана на вештачка интелигенција која ќе им овозможи на премиум корисниците да комуницираат со AI асистент и преку разговор да добиваат персонализирани препораки за музика, подкасти и друга аудиосодржина. Новата можност првично ќе биде достапна како бета-верзија за корисниците во САД, Ирска и Шведска, на уредите со iOS и Android, а ќе можат да ја користат лица постари од 18 години. Во првата фаза асистентот ќе ...

Хрватската пејачка Северина повторно ги привлече погледите на социјалните мрежи, откако објави нова серија фотографии и видео од летниот одмор во Пељешац. Пејачката престојува во Оребиќ, од каде со своите следбеници сподели моменти од луксузниот хотел и релаксацијата покрај базенот. Објавата ја проследи со краткиот опис „Клуб 54“, алудирајќи на својата возраст, а за кратко време собра илјадници лајкови и бројни позитивни коментари. На ...

Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“, повикувајќи се на информации на „Волстрит журнал“ и „Њујорк тајмс“. Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух. Американски претставници ...

Холивудскиот актер Мет Дејмон, кој ретко зборува за својот приватен живот, направи исклучок за време на промоцијата на новиот филм „Одисеја“ и откри што ја одржува неговата речиси две децении долга брачна заедница со сопругата Лусијана Баросо. Дејмон и Лусијана се запознале во април 2003 година, а две години подоцна стапиле во брак. Денес имаат четири ќерки – Алексија, Изабела, Џиа и Стела – и успешно го комбинираат семејниот живот со ...

Финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија ќе донесе неколку податоци кои ќе останат запишани во историјата на светскиот фудбал. Дуелот помеѓу Лионел Меси и Ламин Jамал привлекува најголемо внимание. Меси е постар од Јамал 20 години и 19 дена, што е најголемата разлика меѓу двајца стартери во историјата на Мундијалите. Интересно е што овие двајца се единствените фудбалери на овогодинешното Светско првенство кои ...

Samsung ќе претстави нови Galaxy производи во Лондон на 22 јули, вклучувајќи нова генерација на преклопни телефони. Како што вели Samsung во соопштението, новите модели, кои го продолжуваат развојот на линијата на преклопни телефони, ќе комбинираат напредни функции на вештачка интелигенција со подобрен дизајн и ќе им понудат на корисниците поперсонализирано искуство. Врз основа на претходните години, најочекувани се новата генерација на ...

Принцот Хари и Меган Маркл, заедно со нивните деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет – неодамна се сретнаа со британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила, првпат по четири години и првпат откако монархот објави дека боледува од рак. Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната резиденција на кралот во Глостершир, а Бакингемската палата потврди дека таа се случила, но најави дека фотографии од семејното дружење нема да бидат објавени. ...

Јонас Вингегорд, еден од главните фаворити за победа на Тур де Франс, мораше да се повлече од трката по тешкиот пад во 15-таа етапа. Данецот падна 22 километри пред целта на делницата од Шампањол до Плато де Солезон. Во десна кривина на кружниот тек, неговиот велосипед се лизна, по што падна на десното рамо и не можеше да продолжи. Првите информации сугерираат дека станува збор за скршена клучна коска. Двократниот победник на Тур де Франс ...

Неколку часа пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, пред стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси се создадоа огромни редици, а навивачите чекаат и повеќе од два и пол часа за влез. Причина за застојот се засилените безбедносни контроли, кои овојпат ги спроведува американската полиција поради присуството на бројни високи функционери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп. Дополнителен проблем создава тоа што истите ...

Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои ...

Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...

По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...

Гигантот планира да продолжи со производство и поддршка на физички дискови, но со еден важен услов. Во документ неодамна објавен како дел од тековната правна битка помеѓу Федералната трговска комисија (FTC) и Microsoft, откриени се нови детали за плановите на Sony за иднината на конзолите PlayStation и физичките медиуми. Овие информации сугерираат дека следната генерација на конзолата PlayStation (потенцијално PlayStation 6), за која истите ...

По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, јавноста изрази ...

Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми на својот болид. Трката во Белгија не донесе многу ...

Свадбата на музичката суперѕвезда Тејлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси, која се одржа за време на празничниот викенд по повод Денот на независноста на САД во легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“, продолжува да биде тема во светските медиуми. Нови детали откриваат дека гостите биле изненадени уште на самиот почеток од церемонијата, кога актерот Адам Сендлер се појавил како официјален водител на венчавката. Извршниот директор на ...

Лионел Меси не се запиша меѓу стрелците во полуфиналната победа на Аргентина над Англија, но уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Капитенот на Аргентина забележа две асистенции во големиот пресврт на својата репрезентација, со што вкупниот број негови асистенции на Мундијалите се искачи на 12. Дури 10 од тие 12 асистенции ги остварил во нокаут-фазата, а ниту еден друг фудбалер во историјата нема повеќе од осум вкупно. Во текот ...

Џејден Џејмс Федерлајн, 19-годишниот син на поп-ѕвездата Бритни Спирс, јавно проговори за долгогодишната теорија на заговор според која неговата мајка наводно била клонирана, оценувајќи дека станува збор за апсурдна и целосно неоснована приказна. За време на директен пренос на TikTok, Џејден изјави дека бил шокиран кога видел видео со повеќе од 1,2 милиони допаѓања во кое се поставува прашањето: „Дали Бритни Спирс сè уште е жива?“ „Отворам ...

Летните вечери поминати на тераса, во двор или покрај море честопати ги расипуваат комарците. Додека некои луѓе речиси и да не добиваат убоди, други секојдневно се соочуваат со чешање, црвенило и непријатни реакции. Научниците велат дека причината не е случајност – комарците внимателно ги „избираат“ своите жртви врз основа на повеќе фактори. Според експертите, на тоа колку еден човек е привлечен за комарците влијаат мирисот на телото, ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област. Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители. Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација. Текстот Русија тврди дека зазела уште едно село во Украина е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Руското ...

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. На Педијатриското одделение ...

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53