Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Шпанскиот тренер, Луис Енрике размислува да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од тековната сезона, и покрај тоа што постигна историски успех со клубот. Според германски „Билд“, Енрике не планира да го продолжи договорот, кој истекува во јуни, бидејќи бара нови предизвици во кариерата. Главната причина за неговото евентуално заминување лежи во желбата за нов професионален предизвик. Бидејќи ќе биде слободен тренер на крајот на јуни, Енрике ...
Сармата е едно од јадењата чија подготовка бара внимание на многу детали, бидејќи одредени грешки можат целосно да го расипат вкусот. Од изборот на зелката до начинот на готвење, ситниците ја прават разликата меѓу сочна, мека сарма и онаа преварена или без вкус. Една од најчестите грешки се случува уште на самиот почеток – ако зелката е пресолена или претврда, тоа може да го уништи целото јадење. Листовите треба да се исплакнат под млаз вода ...
Македонската пејачка Ивана Карајан ја издаде најновата музичка нумера „Светлина во Светлина“. Заедно со Иван Лозановски ги пишуваат музиката и текстот, додека Карајан е и изведувач на нумерата, која претставува божиќна порака и покана за внатрешна светлина, за мир и за добрина што може да ја носиме во себе преку целата година. „Песната „Светлина во Светлина“ настана сосема спонтано, речиси случајно, во еден здив. Зборовите сами течеа а ...
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани. Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни ...
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил Пинто, изрази благодарност до Русија за поддршката за лидерот на таа земја, Николас Мадуро, и за осудата на мешањето на САД во внатрешните прашања на Каракас. „Венецуела и Русија се братски земји и стратешки сојузници. Владата на Боливарската Република изразува длабока благодарност за изјавата на Русија со која ги поддржува барањата на суверената нација и ослободувањето на претседателот ...
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи. Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена ...
Гвинет Палтроу и денес негува посебни чувства кон филмот „Добриот Вил Хантинг“, со Оскар наградената драма што ја напишаа и во која глумат нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек и Мет Дејмон. Во недамнешно гостување во подкастот „Good Hang“, Палтроу ѝ откри на водителката Ејми Полер колку ѝ значи тој филм. „Го обожавам тој филм“, изјави Палтроу. „Совршен филм е. Толку многу го сакам.“ Иако 53-годишната актерка претходно соработувала со Робин ...
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари. Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку ...
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. ...
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“. Фиона Хил, тогашна ...
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си. Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи ...
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии. Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата ...
Европските лидери издадоа заедничка изјава во која се вели дека Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и дека само Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за неговата иднина. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот врвен советник Стивен Милер во последните денови повторно го отворија прашањето за преземање на арктичката територија од страна на САД. Изјавата доаѓа откако Трамп во интервјуа изјави дека на САД ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот. Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи. „Ќе ...
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор. Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина. Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина. Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“. Текстот Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новиот договор е „заеднички успех“ за Европа, Украина и САД. „Новата година започнува точно како што заврши старата – со интензивна мировна дипломатија за Украина“, рече Мерц. Тој додаде дека Европејците, Украина и САД „во триаголник“ продолжуваат да градат врз напредокот постигнат минатата година во Берлин. „Ова е заеднички успех“, рече тој. Мерц рече дека САД и коалицијата имаат „иста стратешка ...
Канадски научник предупредува дека напредните системи со вештачка интелигенција покажуваат загрижувачки модели на однесување. Еден од највлијателните светски експерти за вештачка интелигенција, канадскиот научник Џошуа Бенџо, предупреди дека најнапредните системи со вештачка интелигенција веќе покажуваат загрижувачки модели на однесување и дека луѓето мора да задржат апсолутна контрола врз нив, вклучително и можноста да ги исклучат. Бенџо, ...
Американскиот пратеник Стив Виткоф рече дека Соединетите Американски Држави се „подготвени да направат сè што е потребно“ за да постигнат мир. Зборувајќи по германскиот канцелар Фридрих Мерц, Виткоф упати многу попомирувачки тон од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон „неверојатен човек“. Виткоф рече дека тој и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, повторно ќе се сретнат со ...
Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани „силните безбедносни гаранции за цврст и траен мир“ во Украина, вклучително и распоредување на мултинационални сили по прекин на огнот, објави францускиот претседател Емануел Макрон. Безбедносните гаранции што земјите од коалицијата, првенствено европските, планираат да ги обезбедат со поддршка од САД по ...
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ја нарече средбата во Париз „многу голема пресвртница“, но предупреди дека трајниот мир бара „вистински заштитни мерки“. Зборувајќи на крајот од прес-конференцијата, Кушнер рече дека Володимир Зеленски и Доналд Трамп имале обемни разговори во Мар-а-Лаго минатиот месец за безбедносните гаранции и дека, според него, тие „ги решиле повеќето, ако не и сите отворени прашања“. „Но, ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Обединетото Кралство ќе учествува во мониторингот и верификацијата предводена од САД за какво било потенцијално примирје. Тој, исто така, најави дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени бази во Украина во случај на мировен договор со Русија. „Путин не покажува подготвеност за мир. Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Русија, вклучително и дополнителни мерки поврзани со трговијата со ...
Фармерките „цигара“, препознатливи по нивната тесна силуета и прав крој од коленото до глуждот, повторно ја освоија модната сцена. Како што сугерира нивното име, нивниот облик наликува на цигара, а нивната должина до глуждот буди носталгија за минатите децении што ги проткајуваат современите трендови. Овој модел, што го прославија некои од најголемите стилски икони, е совршена комбинација од популарни тесни и прави кроеви, пишува Vogue ...
Министерството за правда на САД се откажа од клучно и контроверзно тврдење што администрацијата на Трамп го користеше со години против венецуелскиот претседател Николас Мадуро – обвинението дека тој е водач на нарко-картел познат како Картел де лос Солес. Тоа тврдење беше основа на обвинението од 2020 година и послужи како оправдување за означување на групата како терористичка организација, прво од Министерството за финансии во 2025 година, а ...
Иако разбирањето на годишните пророштва има многу слоеви, исто како и секоја година од вашиот живот, оваа древна техника може да послужи како водич и поддршка додека се движите низ вашите подеми и падови. Дали некогаш сте се запрашале како астролозите можат да предвидат важни животни пресвртници со таква прецизност? Иако може да изгледа невозможно, астрологијата нуди алатки за предвидување клучни настани како што се свадби, раѓање деца или ...
Најмалку 25 лица се убиени во Иран за време на деветдневните протести што избувнаа на пазар во Техеран поради падот на националната валута и зголемената инфлација, според групите за човекови права. Властите признаа дека постојат економски тешкотии, но ги обвинија организациите поврзани со странски сили за протестите. Шефот на иранската полиција во вторник вети дека ќе „се справи со последните од овие бунтовници“. Протестот на трговците ...
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман. Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а ...
Не е тајна дека разводот на поп-дивата Џенифер Лопез од Бен Афлек ја остави скршена, но таа е и „отрезнета“. За време на концертот во Лас Вегас, Џенифер Лопез го отпеа својот хит од 1999 година „If You Had My Love“ и размислуваше за неговото значење денес. „Кога првпат ја отпеав, бев многу млада и полна со надеж. Со текот на годините, ја пеев и кога бев тажна и кога бев среќна. А денес ја пеам со сила“, рече таа. Кратко потоа, таа ја објави ...
Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и до Советот за безбедност на ОН денес, при што дури и клучните сојузници на САД предупредија дека киднапирањето на претседателот Николас Мадуро претставува опасен преседан во меѓународното право. Во услови на негативни реакции, американскиот сенатор Берни Сандерс сподели шест причини зошто верува дека операцијата на Трамп била ...
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров. „Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни. „Веруваме ...