EPA/GEORGI LICOVSKI Фудбалерите на Шкендија го дознаа противникот во плеј-офот, во Конференциската лига. Ждрепката што се одржа во Лозана, ја „спои“ Шкендија со турскиот претставник Самсунспор. Полузесоната, Самсунспор ја заврши на шестото место во турската Суперлига. Тимот што го тренира Германецот Томас Рејс (52), лошо играше во финишот, претрпе три последовни порази, а во последните пет рунди од полусезоната освои само два бода. Шкендија ...

Познатата манекенка Жизел Бундхен веќе некое време ужива во љубовта со Жоаким Валенте, со кого неодамна се омажи на интимна церемонија во семејниот дом откако го добија своето прво заедничко дете. Жизел веќе има две деца од бракот со Том Брејди, а сега има син со Валенте, чие средно име е познато само како Ривер. Популарната Бразилка сепак успеа да го чува името на детето во тајност, но „случајно“ ја откри првата буква, или барем така се ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави: „Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“ Премиерот ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата. „Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во ...

Лекарска комора на Република Северна Македонија изрази поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, оценувајќи дека тие се во насока на унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи. Од Комората посочуваат дека лекарите секојдневно се соочуваат со последиците од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад, кои, како ...

Миењето раце е една од основните хигиенски навики, но негата на кожата на рацете станува уште поважна во текот на зимските месеци. Покрај раширеното ширење на вируси како настинки и грип, за кои правилната хигиена е најдобриот метод на превенција, постојат и недостатоци, кои често ги сушат и иритираат нашите раце. Па, како да ја прилагодите негата на рацете на потребите на зимските месеци? Покрај наоѓањето добар крем за раце, важно е и да ...

Полска предупреди дека Европската Унија не треба избрзано да ги обновува дипломатските канали со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека секој иден контакт со Москва мора да се води исклучиво преку институциите на Унијата. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави во Брисел дека ЕУ веќе има јасна контакт-точка со Русија преку високата претставничка за надворешна политика Каја Калас и дека не треба да се ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес во просториите на општината оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу општината и Унгарија. Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата ...

Холивудската актерка Мерил Стрип (76) и Мартин Шорт, кој е две години помлад од неа, минатата година предизвикаа гласини за врска, а потоа беа видени заедно кај Том Хенкс. Сето тоа беше доволно за гласините да бидат незапирливи, а според изворите, двојката дури размислува и за брак. Можеби уште поинтригантно е што Мерил се држи до доброто старо правило и со децении не открива ништо за својот приватен живот. Meryl Streep ‘couldn’t help but ...

Вештачката интелигенција (AI) би можела да стане „оружје за масовно уништување на работни места“ доколку не се контролира правилно, изјави градоначалникот на Лондон, Сер Садик Кан. За време на својот годишен говор во Меншн Хаус, Кан изрази загриженост за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот во Лондон, нагласувајќи дека се потребни итни мерки за да се спречи „нова ера на масовна невработеност“, објавува Би-Би-Си. ...

На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми. Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс. Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето ...

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани претставува политички сигнал и предупредување, а не техничка пауза, порача СДСМ на денешната прес-конференција. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека оваа одлука е аларм кој покажува дека политиките на изолација скапо ја чинат државата. Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски изминатите 24 часа не дал ...

Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец. Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори ...

Рускиот амбасадор во Данска го обвини НАТО дека се обидува да го милитаризира Арктикот поради барањата на САД за контрола врз во голема мера автономната територија Гренланд, која е дел од Кралството Данска. Земјите на НАТО, вклучително и Данска, користат руски или кинески закани за да го прошират своето воено присуство во регионот, изјави амбасадорот Владимир Барбин за руската државна новинска агенција ТАСС. Барбин рече дека Копенхаген зазема ...

Луѓето родени под еден хороскопски знак ќе ве привлечат многу, а во исто време ќе молите за ослободување. Дали знаете кои се тие и зошто љубовта со овие луѓе е толку „опасна“. Хороскопскиот знак Овен е управуван од елементот оган и планетата Марс, а нивната природа е страсна, доминантна, а понекогаш дури и заповедничка. Тие секогаш се подготвени за битка, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар во спортот, постигнување на ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, ...

Ред Бул го претстави автомобилот за претстојната сезона на спектакуларен начин. Во Детроит, на Централната станица во Мичиген, чешкиот пилот Мартин Шонка, кој направи кариера во акробатски летови, маневри со кобра во екстремно ладни временски услови и со брзина од 200 километри на час, го претстави новиот автомобил на Ред Бул. „TB22“ е еден вид почит кон автомобилот од 2005 година, кога Ред Бул се врати во шампионатот во Формула 1. 2026 ...

OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve. Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и на ...

„Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на јануари и ќе влијае на поголемиот дел од Европа“, најавуваат метеоролозите. Додека Србија веќе се подготвува за доаѓањето на сибирскиот антициклон, постудено и понестабилно време најавуваат и италијанските метеоролози. Метеорологот Матија Гусони објави на порталот „iLMeteo“ дека зимата „ја менува брзината“ кон крајот на јануари. „Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на ...

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид. Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални ...

„Од вчера со полна пареа започна кампања против западот – против европската интеграција и против стратешкиот партнер САД. Откако САД воведоа блокада на визите, ВМРО преку своите сателити, така наречени портали, мали коалициски тендер-партнери, „независни“ експерти, сателит-партии и контролираниот дел од опозиција – тргна со сите сили да ги напаѓа САД, а со тоа и ЕУ“, велат од СДСМ. „САД не воведоа санкции без причина, туку поради политиките ...

Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во Дубаи раскажа за бруталното задушување на протестите, тврдејќи дека припадниците на Револуционерната гарда „ги застрелале сите во глава“, пишува Скај њуз. „Беше војна“, беа зборовите што ги употреби една млада Иранка за да ги опише сцените што ги видела на улиците на Техеран. Проверката на настаните во земјата стана ...

Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31). Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен. Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина. 39-те поени на 27-годишниот ас Лука ...

На 5 август, под отворено небо, Дупер за првпат ќе застанат на сцената на Античкиот театар во Охрид. Ова е прво појавување на Дупер на најсимболичната летна сцена во Македонија. Дупер носат автентичен урбан израз, силни текстови и емоција што директно комуницира со публиката. 5 август, „Антички театар“ – Охрид. Прв концерт на Дупер на оваа сцена. Картите се веќе пуштени во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК ...

СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски. „Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата. Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и ...

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава ...

Кубанската државна телевизија вчера наутро го емитуваше во живо враќањето на останките на 32 кубански државјани кои загинаа во американските воздушни напади врз Венецуела за време на операцијата рано наутро на 3 јануари, насочена кон апсење на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро. Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, покриени со кубанското знаме. Со години, Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, која пак ја ...

Фудбалерот на ПАОК, поранешен репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен, како гостин во емисијата „Другата страна на медалот“, одговарајќи на бројни прашања, мораше да се потсети на финалето на Светското првенство што го играше со Хрватска против Франција во 2018 година. За потсетување, Хрватска, во Москва, го загуби тоа финале со 2:4. Светската титула ја освои Франција. „Никогаш не го гледав тој натпревар, ги гледав само резимеата и ...

Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски го најави новиот материјал. Неговиот нов албум „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Head High”. Песната ...

По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден. „За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник. Сите заинтересирани ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Калај

46.91