Се стравува дека стотици луѓе се мртви и повредени откако земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди суровата североисточна покраина Кунар во Авганистан, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите пребаруваа низ урнатините на домовите за преживеани. Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви во едно село е 30, соопшти Министерството за здравство, но додаде дека точниот број на жртви сè уште не е утврден во областа на ...

Целото население на Газа ќе биде преместено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на Трамп, објави „Вашингтон пост“. Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната со Хамас, ќе биде претворена во протекторат управуван од САД најмалку 10 години, објави весникот. Една од целите на планот, моделиран според претходно зацртаната визија на Трамп, е да ја претвори Газа во ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 01.09.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: · од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Манолев, општина Бутел; · од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Чангов, општина Аеродром. Текстот Делови од Бутел и ...

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во Форд Бронко кога нивното возило било удрено од друго возило во американскиот град Манчестер. Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во која детално ја опишува сериозноста на неговите повреди: „Му беше ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Времето во наредните денови Во следните ...

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес. Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска. Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, ...

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1. Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам. Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен во ...

Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0. Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ. Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот. Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати ...

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ). Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје. Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи ...

Најновиот преклопен модел на Motorola, Razr 60 Ultra, е добитник на овогодинешната награда EISA FOLDABLE SMARTPHONE. Motorola razr 60 ultra е телефон кој, како што вели Motorola, „ги спојува врвните перформанси и практичноста во компактна форма“. Напојуван од најновиот 3nm Snapdragon 8 Elite чипсет со 16GB RAM меморија, тој без напор се справува дури и со најсложените задачи, како што се игри и мултитаскинг. Со 25% помала потрошувачка на ...

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат. Текстот Се врати во функција бројот 192 на МВР е превземен од ...

Ливерпул го доби дербито против Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Дуелот на „Енфилд“ го реши Доминик Собослај со спектакуларен гол во 82.минута. Дербито на „Енфилд“ донесе натпревар со многу темпо, но со малку квалитетна игра. Мечот лошо започна за Арсенал, Вилијам Салиба, клучниот деганзивец во четврртата минута поради повреда го напушти теренот. Ливерпул беа премногу резервирани во првиот дел, Арсенал ја контролираше играта, но дојде ...

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Кавадарци кај селото Фариш каде повторно е потпалена ниска вегетација и во Општина Гази Баба кај поранешната депонија Вардариште каде гори ѓубриште, инфорира Центарот за ...

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Холандија, 15-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1, прва по летната пауза. Во Зандворт, Австралијанецот ја забележаосвои својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако водеше од почетокот до крајот. Најблиску до Пјастри беше миленикот на локалната публика Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето ...

Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. -За било каква пријава или информација, граѓаните на Скопје можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 или телефонските броеви на полициските станици во населбите каде живеат, посочуваат од СВР Скопје и додаваат дека се преземаат мерки бројот 192 што побрзо да се врати во функција. Текстот Полицискиот број не е во функција, ...

Попладнево се одиграа два натпревари од третото коло на Премиер лигата. Брајтон го победи Манчестер сити како домаќин, додека Вест Хем славеше во Нотингем против Форест. Манчестер сити и покрај големите вложувања во летниот преоден рок и враќањето на Родри, се уште е во модот од минатата сезона. „Граѓаните“ во три кола имаат два порази. Во Брајтон домашниот тим славеше со пресврт во вториот дел, откако Сити во првиот дел поведе преку Ерлинг ...

Словенија ја победи Белгија со резултат 86:69 во третото коло од Групата Д на Евробаскетот. По два порази, Словенците ја оствари својата прва победа на ова првенство и без никакви проблеми ја оправда улогата на фаворит. Брилијантниот Лука Дончиќ се истакна, ја водеше Словенија до победа со трипл-дабл од 27 поени, додаде 10 скока и 11 асистенции. Бекот на Лејкерси не започна во вистински ритам, влезе во серија промашувања, но кога го најде ...

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. -Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено ...

Американскиот милијардер Илон Маск поднесе барање за отфрлање на граѓанската тужба од Комисијата за хартии од вредност на САД, во која го обвинуваат дека предолго чекал во 2022 година за да го открие својот голем удел во платформата Twitter, подоцна преименувана во X. Во тужба поднесена во федералниот суд во Вашингтон во јануари, Комисијата за хартии од вредност тврди дека Маск ги прекршил федералните закони за хартии од вредност со тоа што ...

Поладнево во Глазгов, вечните ривали Ренџерс и Селтик го одиграа 447-ми „Олд Фирм“. Прв пат во кариерата Македонија имаше претставник во еден од најголемите дерби мечеви во светот на фудбалот. Бојан Миовски дебитираше за Ренџерс. Дербито ги разочара сите буквално ништо не се случи на теренот за 90 минути игра. Без шанси, без интензитет, дури и без „оган“ на теренот меѓу играчите. Во првото полувреме, Ренџерс беа малку поконкретни, додека Селтик ...

Постои растечка контроверзност околу смртта на францускиот стример Рафаел Гравен, бидејќи француските власти почнаа да преземаат мерки против платформата за стриминг Kick. Рафаел Гравен беше еден од најпопуларните стримери на Kick пред неговата смрт, со над милион следбеници. Тој беше рангиран како четвртиот најгледан канал во светот. Иако започна да игра видео игри како повеќето креатори, неодамна почна да учествува во контроверзни „стримови за ...

56-годишен маж починал од природна смрт во гарсониера во градот Л’Аквила, Италија, каде престојувала 58-годишна проститутка. По неговата смрт, жената се обидела да го „постави“ телото, го избришала со влажни марамчиња и го облекла, а потоа замолила случаен минувач да повика брза помош и избегала. Инцидентот се случил околу полноќ, пред две ноќи, на улицата Виа Стринела. Полицијата брзо ја лоцирала жената и ја реконструирала целата ситуација. ...

Додека навивачите на Галатасарај, доцна синоќа, ја славеа победата над Ризерспор, од другата страна на Босфорот дојде шокантната вест: „Едерсон е наш!“ Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо, објави дека дека голманот на Манчестер сити го избрал Фенербахче пред најголемиот ривал Галатасарај. Италијанецот тврди дека Фенер влегол во преговори со Сити откако во Истанбул се проширила веста дека понудата на Галата од десет милиони евра ...

Министерството за дигитална трансформација денеска од Охрид ја почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk, преку кој граѓаните можат да добијат повеќе од 200 електронски услуги. Стартот на кампањата го означи ресорниот министер Стефан Андоновски, кој најави дека промоцијата на порталот ќе продолжи во сите градови низ државата, на плоштадите во парковите, но и на универзитети, училишта, работни места… – Очекувам интересот ...

Жозе Мурињо, пред три дена доби отказ, повеќе не е тренер на Фенербахче. Откакзот ќе внесе дополнителна и не мала сума пари на неговата сметка. Португалскиот стручњак една година се задржа на клупата на Фенербахче. елиминацијата од Бенфика, во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, но е неколкуте изјави што ги даде на почетокот на сезоната беа доволни да добие отказ. Мурињо има уште една година од договорот, што значи дека добро ќе го ...

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска и информираше дека во ...

Според новите податоци од Counterpoint Research, Huawei за прв пат го престигна Apple во глобалните испораки на паметни часовници. Извештајот на Counterpoint за вториот квартал од 2025 година покажува дека глобалните испораки на паметни часовници пораснале за 8% на годишно ниво, прекинувајќи го падот од пет квартали. Испораките на Huawei скокнаа за 52% во кварталот, во голема мера поттикнати од силната побарувачка во Кина. Компанијата доби на ...

Листата од најголеми шест светски маратони од годинава е зголемена за уште еден – маратонот во Сиднеј. Со тоа овој град се додаде на листата најголеми маратони во светот, заедно со оние во Токио, Берлин, Лондон, Чикаго, Бостон и Њујорк. Првото издание на маратонот во Сиднеј, како дел од светската маратонска елита се одржа денес, учествуваа дури 35.000 луѓе од целиот свет, а меѓу нив беше и Македонецот Филип Поповски, од клубот „091 Run Crew“. ...

Италија е потресена од скандал откако порнографската веб-страница Phica објави фалсификувани фотографии од бројни познати италијански жени, вклучувајќи ја премиерката Џорџа Мелони и лидерот на опозицијата Ели Шлајн. Италијанците реагираа со негодување на веб-страницата Phica.eu, со нејзините стотици илјади корисници, откога се дозна дека сексистичката онлајн-платформа со години собирала, уредувала и менувала фотографии од жени, без нивно знаење ...

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја. Како што пишува „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на неименувани извори од Соединетите Американски Држави, Богдановиќ поради повреда нема да може да и помогне на својата репрезентација. Му била дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата, тврди претходно споменатиот извор, поради што нема ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
38%
1026
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
58%
1027
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
60%
1026
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1027
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
35%
1026
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
39%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
68%
1023
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
57%
1024
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
50%
1025
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
52%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941