Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
„Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид, Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава ‘Силно светнал ден’. Со ова поразен е и Филипче кој 7-ми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев во Грција од ...
Амал Клуни уште еднаш го привлече вниманието со својот беспрекорен моден избор, овојпат за време на семејно појавување покрај езерото Комо во Италија. Познатата адвокатка и активистка беше забележана со сопругот Џорџ Клуни и нивните деца во Вила Пасалаква, од каде што семејството се упатило на вечера организирана за собирање средства за Фондацијата за правда на Клуни – Clooney Foundation for Justice. За свеченоста во вторникот, Амал избрала ...
Телото на Португалецот кој исчезна заедно со уште тројца, ноќта кон средата, беше пронајдено утрово. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, а двајца се пронајдени живи. Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по повеќечасовно пребарување во Велебитскиот канал, додека интензивната потрага продолжи по преостанатите двајца од групата од четири члена. Групата исчезна во среда навечер откако испловила со мал гумен чамец од камп ...
„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. ...
Принцот Хари и Меган Маркл привлекоа големо внимание на свеченоста по повод 40-годишнината од Фондацијата на Дејвид Фостер, која викендов се одржа во Викторија, Канада, а еден особено емотивен момент од вечерта го сподели пејачката Пиа Тоскано. Тоскано, која со познатиот музички продуцент Дејвид Фостер соработува од 2017 година, настапила на гала-вечерта со песната „Feeling Good“. Откако го завршила настапот, таа им пришла на Хари и Меган, ...
Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала, соопштија руските власти рано утрово. Михаил Развожаев, гувернерот на Севастопол поставен од Москва, изјави дека градот останал без електрична енергија по „масивниот“ украински напад, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Sevastopol, the largest city in Russian-occupied ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиот период целосно се ...
Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но, дали начинот на подготовка навистина прави разлика кога станува збор за хранливата вредност? Нутриционистката Ен Гери, извршна директорка и директорка за едукација за исхрана во „Health Coaches Academy“, за „Daily Mail“ анализирала 14 различни начини на подготовка на јајца и ги рангирала според нивниот ...
„Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е ‘талог’“, велат од СДСМ. „Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија ...
Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле во Тексас, предизвикувајќи пожар, соопштија официјални лица. Несреќа во округот Бел Несреќата се случи во округот Бел, околу 100 километри северно од главниот град на Тексас, Остин, изјави Клиф Колман, портпарол на шерифот. Окружниот мртовечник ги прогласи двајцата членови на екипажот за мртви, додаде Колман. A ...
Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската новинска агенција dpa. Затворањето на аеродромот беше повторно продолжено во среда, само неколку часа откако компанијата што го управува соопшти дека летовите ќе останат суспендирани до 16 часот во четврток. Не се исклучуваат дополнителни продолжувања. Прекинот се случи во средината на врвот на туристичката ...
Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на земјата. Средбата се одржа на ракетниот крстосувач „Варјаг“ во Јужно-Сахалинск, пренесува ТАСС. Да се обезбедат сите граници Путин разговараше со командантот на Тихоокеанската флота Виктор Лиин, началникот на граничниот оддел на ФСБ за регионот Сахалин Сергеј Махори и вршителот на должноста ...
Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма, општина Илинден. · во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците околу стара Џамија и позади општината во Сарај, општина Сарај. Текстот Без струја денеска делови од општините Илинден и Сарај е превземен од МАКФАКС. Би можело ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија Суперкупот на УЕФА откако во Салцбург беа подобри од победникот на Лигата на Европа, тимот на Астон Вила. Натпреварот на „Ред Бул Арена“ заврши со резултат 2:1 (1:1). Головите ги постигнаа Хвича Кварацкелија во 20-та минута и Дезире Ду во 61-та минута за ПСЖ, а 17-годишниот дебитант Брајан Маџо во 45-та минута за Астон Вила. Интересно е што натпреварот се одигра на 56-тиот роденден на Пари Сен ...
Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, објави Фудбалскиот сојуз на Холандија. Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец го наследи Роналд Куман и потпиша четиригодишен договор со челниците на ФС Холандија. Чави ќе дебитира на клупата на „Лалињата“, на 24 септември против Германија во Лигата на нации, а во истото натпреварување ќе гостува во Белград три дена подоцна. Интересно е што 46-годишниот Чави ќе го замени ...
Шпанецот Алберт Ријера ќе биде новиот тренер на српскиот шампион, Црвена звезда. Неговата промоција ќе биде во четврток, кога и ќе биде потпишан договорот, најверојатно на две сезони. Ријера ќе биде промовиран на стадионот „Рајко Митиќ“, а на истото место ќе дебитира во четврток, 20 август, кога Црвена Звезда ќе се сретне со Викторија Плзењ во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Алберт Ријера беше кандидат за клупата на Звезда и ...
Затемнувањето на Сонцето на 12 август 2026 година привлече огромно внимание, но експертите предупредуваат дека набљудувањето на овој небесен феномен без соодветна заштита може да предизвика сериозно и во некои случаи трајно оштетување на видот. Според НАСА, целосното затемнување на 12 август беше видливо во делови од Гренланд, Исланд, северна Русија, Шпанија и мал дел од Португалија, додека делумно затемнување можеше да се набљудува во голем ...
Новата ерупција на вулканот Етна предизвика големи проблеми во воздушниот сообраќај на Сицилија, особено на аеродромот во Катанија. Од 8 до 11 август биле откажани околу 700 пристигнувачки и поаѓачки летови, а за денеска се очекува откажување на уште 52. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други сицилијански аеродроми. Поради вулканскиот пепел, аеродромот во Катанија ги прекина сите полетувања и слетувања до утре во 16 часот. Од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над стратешки важниот Ормутски теснец и дека ќе ја задржат. „САД имаат целосна контрола над Ормутскиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме“, напиша Трамп на „Truth Social“. Тој додаде дека американската поморска блокада ја нарекуваат „челичен ѕид“ и дека Иран не може ништо да направи против неа. Иран, од друга страна, тврди дека контролира поголем дел од пловниот ...
Потрагата по двајцата мажи кои исчезнаа во морето продолжува, а спасувачките служби веруваат дека ќе ги пронајдат живи. Претходно биле пронајдени две лица, додека по преостанатите двајца интензивно се трага. Координаторот за спасување Мирко Рашиќ од Националната централа за координација на потрагата и спасувањето на море, за централниот дневник на ХТВ изјави дека веруваат оти исчезнатите се живи. Одлуката дали потрагата ќе продолжи во текот ...
Денес во Јуроп хаус, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одбележа Меѓународниот ден на младите со настанот насловен „Можности без граници“, посветен на младинското учество, европските можности и личните приказни на младите кои преку различни програми ги прошириле своите знаења, искуства и хоризонти. Настанот беше отворен со обраќања на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, министерот за ...
Гласините за тоа кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд не престануваат, а сега во јавноста се појави ново име кое, според информациите што ги сподели познатиот телевизиски водител и продуцент Ричард Осман, сериозно се разгледува за новиот агент 007. Станува збор за 36-годишниот шкотски актер Џек Лоуден, кој на публиката ѝ е најпознат по улогата на Ривер Картрајт во серијата „Slow Horses“. Осман во подкастот „The Rest Is ...
Украинските сили годинава ослободиле 745 квадратни километри територија што била под руска окупација, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Според него, украинската војска повторно ставила под контрола 26 населени места во Дњепропетровската, Доњецката и Запорошката област, долж околу 60 километри од фронтот. „Нашата офанзивна операција беше изведена прецизно – точно според планот“, напиша Зеленски на „Икс“. Украинските сили во ...
Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е активен и ќе продолжи во текот на ноќта, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Денес дејствуваа трите ер-трактори, кои успеале да го забават ширењето на огнот, но пожарот сè уште не е изгаснат. На терен имаше и припадници на Противпожарната бригада и возила на ДЗС. Гаснењето продолжува. Текстот Пожарот кај Студеничани сè уште активен – долга е линијата на огнот ...
Една од најпознатите песни во кариерата на Ози Озборн постигна уште еден голем успех. Култната „Crazy Train“, објавена во 1980 година, надмина една милијарда слушања на Spotify и официјално влезе во ексклузивниот „Billions Club“ на платформата. Станува збор за импресивно достигнување за песна стара речиси половина век и уште една потврда дека музиката на легендарниот Ози и понатаму успева да допре до нови генерации слушатели. „Crazy Train“ ...
Целосното затемнување на Сонцето денеска почна над Исланд, а сенката продолжува кон Пиринејскиот Полуостров. Патеката на целосното затемнување ги опфаќа Гренланд, Исланд и делови од Португалија и Шпанија, додека во останатиот дел од Европа феноменот ќе се гледа делумно. Во Македонија затемнувањето почна околу 19.30 часот. Текстот (Видео) Небесен спектакл над Европа: почна затемнувањето на Сонцето е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве ...
Ако често по ручекот посегнувате по чоколадо, колач или друг десерт, причината не мора секогаш да биде само навика или љубов кон слатките. Според нутриционистите, силната желба за благо може да биде поврзана и со недоволен внес на одредени хранливи материи, но и со недостиг на сон или енергија. Сепак, самата желба за слатко не е доказ дека на организмот сигурно му недостига конкретен витамин или минерал. Потребно е да се погледне целокупната ...
Членките на НАТО денеска одржаа состанок посветен на недамнешните упади во воздушниот простор на Полска и Романија, при што заклучија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите. Во последните недели неколку дронови влегле во романскиот воздушен простор, додека на 29 јули во Полска падна вооружено беспилотно летало, за кое се претпоставува дека е руско. „Овој инцидент е уште еден непромислен чин на Русија и опасна последица од ...
Најмалку 44 лица загинаа откако преполн траект се преврте на езерото Кариба во Зимбабве, соопшти полицијата. Пловилото било регистрирано за 90 лица, но според продадените билети на него имало 114 патници и пет членови на екипажот. Еден член на екипажот, сепак, за националната телевизија изјавил дека во моментот на несреќата на траектот имало вкупно 153 лица, меѓу кои и непознат број деца. Траектот се преврте вчера, а според сведоштвата, ...