Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, објавува Euronews. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. ...
„СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. „Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за ...
Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес (26). Еден од хероите на Светското првенство на Шпанија сега е на еден чекор од заминување во Париз, а договорот вреди вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се согласија за клучните услови по интензивните преговори, пишува Catalan Sport. Преговорите не беа лесни. ПСЖ прво ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус десет милиони бонуси, но ...
Горгина Родригез помина долг пат од релативно анонимна девојка која работела како продавачка во Мадрид до една од најпрепознатливите жени во светот. Нејзината љубовна приказна со Кристијано Роналдо трае веќе осум години, а на 11 август 2026 година двојката ја круниса врската со брак на приватна церемонија во Португалија. Денес нејзиниот живот го следат повеќе од 74 милиони луѓе на социјалните мрежи, а Горгина изгради сопствена кариера како ...
„Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој ...
Едно лице загина, а 172 беа спасени откако избувна пожар на ферибот што пловеше од Бали рано во среда. Несреќата се случи во морето покрај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште ја пребаруваат областа за евентуално исчезнати лица, објави Ројтерс. Спасувачка операција Фериботот КМ Путри Јасмин исплови од пристаништето Падангбаи на Бали кон пристаништето Лембар во Ломбок. Според Мухамед Харијади, раководител на локалната служба за ...
Епидемија на западнонилска треска е прогласена во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери. Од вирусот досега се заболени 26 лица, а еден пациент починал. Од Министерството за здравство велат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска. Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, ...
Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој е во сериозни финансиски проблеми. Информацијата ја објави францускиот L’Équipe, а доаѓа во време кога иднината на клубот од Кнежевството е целосно неизвесна. Монако минува низ една од најтешките финансиски кризи во својата историја. Долговите беа проценети на 24 милиони евра во јуни, а клубот веќе се ...
Познатата невропсихијатарка и неврофизиолог Наталија Бехтерева, која голем дел од својот живот го посветила на проучување на човечкиот мозок, често ја нагласувала важноста на активноста, целите и постојаното учење. Нејзе ѝ се припишува и пораката: „Не умираме сè додека имаме цел. Староста не постои. Сè престанува кога ние ќе го посакаме тоа.“ Зад ваквото размислување стои идејата дека човечкиот мозок ја задржува способноста за приспособување ...
Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе отпатувале во Шпанија за да го набљудуваат целосното затемнување на сонцето денес, а хотелите во таа земја објавија дека патници од многу земји од светот го резервирале својот смештај неколку месеци однапред. Се очекува дека повеќе од 300.000 од нив ќе се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да го бараат најдоброто место за набљудување на затемнувањето на сонцето, а ...
„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „За жал, ...
Еден од најдобрите фудбалери на 21 век, Кристијано Роналдо, се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез. Двојката ја круниса својата 10-годишна врска со брак. Свадбената церемонија се одржа во Каскаис во близина на Лисабон. А голгетерот на Ал Насра објави слика на својот Инстаграм, на која се гледаат две раце со венчални прстени. За само половина час, сликата доби дури три милиони лајкови. Двојката се запознала пред 10 години во ...
Дневниот хороскоп за 12 август 2026 година носи динамичен ден за повеќето хороскопски знаци. Некои ќе имаат можност да се докажат на работа, други ќе добијат шанса за ново љубовно познанство, а кај дел од знаците ќе биде потребна поголема внимателност во комуникацијата и финансиските одлуки. ОВЕН На деловен план, Овните ќе имаат добри идеи и можност да ги покажат своите способности. Сепак, треба да избегнуваат инсистирање на сопствениот став ...
Европската Унија ќе испрати два милиони евра помош за Колумбија за да ѝ помогне да се опорави од катастрофалниот земјотрес што ја погоди јужноамериканската земја во неделата. Ова го објави во вторник претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Euronews. Одговорот на Европската Унија „Додека операциите за пребарување и спасување се во тек, ЕУ ја поддржува Колумбија со сите расположиви ресурси“, рече фон дер Лајен. ...
„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или ...
Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда, објавија српските медиуми. Станковиќ поднел оставка по елиминацијата од Хапоел Бер Шева и се збогувал со играчите во соблекувалната, со што практично ставил крај на неговиот втор мандат на црвено-белата клупа. Црвена Звезда објави непосредно пред полноќ, а во текот на денот по состанокот на Управниот одбор на клубот, а се очекува одлуката на Станковиќ да биде потврдена на тој состанок. На ...
Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше на платото пред Офицерскиот дом во Битола каде пристигна караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден”, по повод 35 години независност на Македонија. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски ...
Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет ...
Откако потпиша за Челзи, Пеп Чаварија беше претставен во специјално видео во кое пие кафе. Pep Chavarría's welcome video featuring Alonso's Cafe. (Source: @ChelseaFC) pic.twitter.com/SdBSfdv9Mr https://t.co/10qIL76xMs — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2026 Челзи го донесе Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, а шпанскиот лев бек потпиша договор до 2031 година. Лондонскиот клуб ќе му плати околу 19 милиони евра. Чаварија има 28 ...
Џенифер Лопез ужива во европското лето, а нејзиното последно патување во Италија повторно го привлече вниманието на јавноста. Пејачката на Инстаграм сподели серија фотографии од одморот, на кои позира во бел сатенски комплет, со што уште еднаш го истакна својот препознатлив моден стил. „Сезоната на Лавот продолжува“, напиша Лопез покрај објавата, алудирајќи на својот хороскопски знак. 57-годишната пејачка престојуваше во Италија со своите ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на ...
Мали промени би можеле да доведат до враќање на керамичкото куќиште на новите часовници, заедно со нови бои и опции за ремени. Apple планира голема реконструкција на својата линија на паметни часовници, но сè уште не е јасно каде оди, според Марк Гурман од Bloomberg. Иако не очекуваме големи промени со претстојните модели на Apple Watch од серијата 12 и Ultra 4, компанијата наводно разгледува неколку опции за евентуален редизајн на својот ...
Ријана сподели редок семеен момент со своите три деца, откако за време на престојот во Барбадос ги однесе на местото каде што поминала дел од детството. 38-годишната музичка ѕвезда во понеделникот објави фотографии на Инстаграм со синовите RZA (4) и Riot, како и со 10-месечната ќерка Rocki Irish, направени на поранешната улица Westbury New Road. Улицата на која Ријана пораснала во меѓувреме е преименувана во „Rihanna Drive“. „Во еден момент ...
Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
Фудбалот беше животот што го посакуваше Фатен Бен Омар Ел Азизи. Долго време играше во мароканската регионална лига за Атлетико Тетуан од Магреб, клуб чии дресови потсетуваат на боите на шпанскиот Атлетико Мадрид. На денот кога се удави минатиот месец, една од речиси 150 жртви на масовниот обид за премин во шпанската енклава Сеута, на нејзината мајка ѝ било кажано дека Фатен штотуку добила виза за Шпанија, објавува „Гардијан“. Тренерот на ...
Пазарот на паметни телефони доживува нов пад, поттикнат од зголемувањето на цените на меморијата. Според извештајот на агенцијата FDM CCS Insight, глобалните испораки на паметни телефони се намалија за 7% во вториот квартал (Q2) во споредба со истиот период во 2025 година. Во споредба со првиот квартал (Q1) од оваа година, имаше пад од три проценти. Генерално, FDM прогнозира пад од 12% на глобалните испораки на паметни телефони во 2026 ...
Неделата во Холивуд донесе неколку вести кои привлекоа големо внимание – од нови детали за приватниот живот на Бред Пит, преку почетокот на снимањето на втората сезона на „Heated Rivalry“, до необичната роденденска прослава на Марта Стјуарт. Бред Пит неодамна во интервју за „Esquire“ откри дека по седум години трезвеност повторно почнал да консумира алкохол. Актерот, кој во 2016 година се раздели од поранешната сопруга Анџелина Џоли, во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна ...
Дигиталното неверство сè почесто станува проблем во љубовните врски и браковите, особено во време кога голем дел од комуникацијата се одвива преку мобилни телефони, социјални мрежи и различни апликации. За некои луѓе, допишувањето со друга личност, испраќањето интимни пораки, криењето разговори или одржувањето близок однос преку интернет може да претставува исто толку сериозно нарушување на довербата како и физичкото неверство. Други, пак, ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...