
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Ако сте на автобуска релација Прилеп-Скопје, и обратно, сигурно ќе ја сретнете Жаклина Андоноска. Патиштата се нејзино секојдневие, сигурноста на патниците – аманет. Со решителност својствена на жените и упорност и сигурност како мажите во светот на возачите, прилепчанката Жаклина Андоноска, сигурно, катадневно, го вози автобусот и им пренесува смиреност и спокој на 50-тината патници на релацијата од 160-тина километри. Жаклина е единствен ...
Ова се 15-те важни датуми од 2017 година до денес од современата промоција и верификација на македонскиот јазик, пишува во својата објава на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, координатор за Отворен Балкан и за регионална соработка во владата на Северна Македонија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. 01. 1 август 2017 година – На македонски јазик и на бугарски јазик е потпишан Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу ...
Јосип Броз Тито беше човекот кој изгради своја варијанта на социјализам среде Европа поделена од две спротивставени сили кои се борат за светска доминација. Јосип Броз Тито несомнено беше една од најмаркантните личности на 20 век, не само на Балканот туку и низ земјите од двете страни на Железната завеса. Слично како и секоја истакната историска личност, овој комунистички лидер покренува многу различни мислења. Дури и денес, повеќе од четириесет ...
Велигден или Воскресение е најголем христијански празник, со кој се одбележува денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите. Велигден се празнува три дена и претставува т.н. мобилен празник, што значи дека неговиот датум се менува секоја година, но секогаш мора да биде во недела. Кога се прославува Велигден? Велигден се слави првата недела по полна Месечина по пролетната рамноденица. Исто така, православниот Велигден не може да се празнува ист ...
Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година. Во соопштението од оваа седница за оваа одлука пишува: На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална ...
Делницата на експресниот пат од Дреново до клучка Градско практично се спојува со еден од најфреквентните патни правци во земјава, Градско – Прилеп. Со тоа ги поврзува источниот и западниот дел на државата и обезбедуваме комуникација и кон север и кон југ. Неговата изградба, затоа, е од големо значење за подигнувањето на нивото на безбедноста во сообраќајот во овој регион. А како дел од паневропскиот Коридор 10, односно крак 10 – д, патот од ...
Успешни политики за унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми им овозможи на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации. Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот ...
Македонија одбележува 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и борец за слобода Гоце Делчев. И годинава на улицата „Самоилова“ која води до црквата „Свети Спас“ каде што се наоѓа неговото вечно почивалиште беа поставени барикади, забележливо беше засиленото полициско присуство, а движењето беше строго определено. Пред саркофагот на великанот Делчев се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Стево Пендаровски, ...
Пред 20 години Чесите по пат на референдумско изјаснување станаа дел од европското семејство. На 13 и 14 јуни 2003 година, 55 отсто од чешките гласачи излегоа на гласачките места за да одлучат за иднината на земјата и членството во Европската Унија. Тоа беше прв и досега последен референдум во Чешка. Високи 77,3 отсто или 3,4 милиони граѓани гласаа за влез во ЕУ, додека еден милион Чеси одбија да се приклучат. Чешка се приклучи на Европската ...
Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост. ⁰ Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни ...
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, за 18 месеци ќе добие нов изглед со реконструкцијата што ја започна Министерството за образование и наука. Студенсткиот дом ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди. Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Република Северна ...
Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа на 36 место, што е за две места подобор од 38 место претходната година. „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. ...
После речиси една година, односно од 12. мај кога избувна голем пожар, мостот Беласица од денеска е одново отворен за сообраќај. Откако ги издржа безбедносните тестови, мостот кој ја поврзува железничката и автобуската станица со „Ист Гејт Мол“, и кој беше еден од важните мостови во Скопје, повторно е отворен. Мостот беше делумно пуштен во употреба во септември минатата година и сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента и со дозвола само ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо ...
„Слободата не е за потценување. Мораме да сме одговорни кон неа затоа што денес е под најголема закана од 2017 година наваму. Да го запаметиме овој извештај, може да е скапоцен и последен од неколкугодишниот демократски раст во низа. Слобода никогаш доволно, но и никогаш не сме имале поголема медиумска слобода. Дали ќе ја зачуваме?“, напиша на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионална соработка ...
Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите: -Светол патот, татко мој. Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност. Како што во минатото за ,,Фокус” изјави сопругот на сестрата на Тоше, Славен ...
Комарците почнаа да ги напаѓаат скопјани, а градоначалничката Арсовска е повеќе зафатена со предизборната кампања отколку со градските работи и грижата за здравјето на граѓаните.Градот Скопје минатата година на 13 април ја апочна првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, сега сме веќе мај, а граѓаните веќе реагираат на социјалните мрежи дека е навистина отежнат престојот надвор бидејќи комарците ...
Откако и официјлно стигна допис од Турција, дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, деновиве се очекува тој да биде вратен во Македонија. Сега останува само да се организираат деталите околу безбедносниот протокол и да се утврди денот. -Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската полиција се превземаат мерки за ...
Студентите од осмиот семестар на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ), отсек Сликарство организираат групна изложба – „Четирите мајстори на модернизмот“. Таа ќе се отвори во петок (10 мај) во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток во 20 часот. Изложбата е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и ...
Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. – Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото ...
Зоолошката градина Скопје доби нов жител. Алпаката Фелиција вторпат стана мајка, а Дина која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. Во краток временски период од само неколку дена, Зоолошката градина во Скопје доби два нови члена. Пред неколку дена се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан, а кратко по камилата пристигна и новото бебе алпака. Мајката алпака Фелиција сега има две деца, постарата алпака е Дина која има 3 години, а ...
По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на ...
Меѓународниот ден на трудот (1 Мај) се слави како меѓународен празник на работничкото движење и се одбележува како спомен на големите работнички протести одржани во Чикаго на 1 мај 1886 година. На овој ден во 1886 година стотици илјадници американски работници излегле на улиците на Чикаго барајќи осумчасовно работно време. Тогаш во судирите со полицијата загинале неколку работници, а осум работници биле осудени на смрт. Експлоатација на ...
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година. Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродроми беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и доплнителни сезонски авиолинии во летна сезона или ...
Улиците на Газа се преполни со урнатини од уништените згради и објекти, меѓутоа на овие урнатини се појавуви неочекувана фигура: разиграно маче украсено со црвена панделка. Овој скапоцен камен од улична уметност не е ништо друго туку препознатливиот допир на познатиот уметник Бенкси, кој додава малку живот на пејзажот на пустош. Мачето на Бенкси, со своето крзно и љубопитните широко отворени очи, е еден вид на отпорност среде хаос, како да вели: ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот за време на претстојните празници. Како што се наведува во соопштението оттаму во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите, затоа апелираме на -Со цел зачувување на безбедноста ...
Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. -Во период од ...
Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина Центар е носител на иновациите кои носат бројни бенефити на ...
„Јас сум верник, но не сум религиозен. Што значи тоа? Тоа значи дека верувам, но малку сум скептичен за организираната религија, бидејќи организираната религија е многу блиску до политиката и е многу блиску до контролирање на луѓето и нивните мислења и ставови“, вели музичарот Влатко Стефановски во интервјуто на Хрватската телелевизија. Тој објаснува дека организираната религија ги контролира луѓето, нивните мислења и ставови. „Порано можев да ...
ТИНА ИВАНОВА Желбата за враќање на некое изгубено време, истражувањето низ остатоците од колективнитеи личните сеќавања, врежаните слики кои оживуваат во фантазијата со тажен крик дека нештата коишто биле добри, завршиле, се нарекува носталгија, иако неретко не е само тоа. Тоа е често копнеж или вресок по нешто што во меѓувреме се уништило, изумрело, без идеја да се сочува како трајна вредност, или без цел да се претвори во подобро, поинакво, ...