Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%. Најмалку информирани за ...

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026). Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, ...

Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево. Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено ...

Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. – Примарната цел на проектот е да ги поттикне младите девојки и жени – на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија, да преземат ...

Соња Танеска Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што за време на инаугурацијата во Собранието го направи ...

Загадувањето е глобален проблем. Секоја година, околу 300 милиони тони пластика се фрлаат ширум светот (податоци на УНЕП), од кои помалку од пет проценти се рециклираат. Едно од решенијата за овој проблем е биоразградливото пакување. Нова технологија за синтеза на гликолна киселина, која често се користи во производството на биоразградливи пакувања, користи легура на паладиум. Ова го елиминира токсичниот формалдехид од суровината, што го ...

На 11 мај 2024 (сабота) „Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето. Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат. Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел ...

Денеска е промовирана книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. „Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за создавање читачки навики кај оваа публика. – ...

Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле”, со чартер лет на холандскиот туроператор „Корендон“ од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx” каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија”, партнер на туристичкиот оператор „Корендон” од Холандија. Од денеска се ...

Коментирајќи ги резултатите од изборите и идните очекувања, професорката Ана Чупеска во интервју за Слободен печат оцени дека оправдани се стравувањата за можни идни загрозувања на демократските вредности. „Ние имаме реални причини да мислиме дека демократијата може да биде загрозена и тоа се повеќе причини. Прво и најважно, тоа е искуството што го имаме со авторитарниот популизам што Груевски успеа да го наметне и трауматското искуство на ...

Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на ООУ „Коле Неделковски”. Доградбата на училиштето опфаќа 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, 2 кабинета, една библиотека и една просторија за администрација. Во доградениот дел исто така поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет како и тоалет за нивните потреби во приземниот дел. Градежните зафати на ...

Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлцијата годинава ќе забави на 3,5 отсто. Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година ...

Оваа пролет цело Скопје е зараснато во треви и плевел. Кејот на реката Вардар, но и зеленилото долж булеварите и парковите се неискосени. Таква е состојбата и во општина Чаир, од каде граѓаните испратија редакцијата на Градска.мк доби фотографии. Викендов децата едвај можеле да си поиграат на убавото време надвор поради тревата но и поради опасноста од змии и инсекти. -Навистина е ужасно, парковите се обраснати со трева и никој не доаѓа да ...

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои ...

Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија. Иако во текстот на свечената изјава стои „Република Северна Македонија“, претседателката Сиљановска Давкова рече дека „функцијата претседател на Македонија ќе ја извршува совесно и одговорно…“. Сиљановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста, а во фокусот на нејзиното обраќање ...

Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“. Во фотофинишот на „Евровизија“ Немо беше на второто место на обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место. Немо Метлер (25) на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо е всушност првата небинарна личност која победила на Евровизија, а ова е неговата ...

Обрасната трева, а врз неа инсекти, ова е првото нешто што може да го забележите на кејот на реката Вардар. Вчера беше сончево и убаво време, граѓаните спортуваа и се рекреираа на кејот, а одговорните почнаа да ја косат тревата, дури сега на средината на месец мај, пренесува Телма. „Обраснатата трева на кејот на реката Вардар започнаа да ја косат, меѓуота проблемот со комарците останува нерешен.“, изјавува еден загрижен граѓанин за Телма. ...

МВР апелира да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници В недела, 12 мај, од 8:30 до 10:30 часот изутрина во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Мерки за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, а кои имаат стартна позиција на булевар ‘Илинден’ кај Фонтана, ќе ...

Додека евровизиските фанови со нетрпение го очeкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација. Во шведскиот град Малме, во тек е одржувањето на најпопларното шоу, што го организара Европската радиодифузна ...

Во март годинава, потрошувачките цени на кафето во Европската унија беа на годишно ниво плус еден процент, наспроти 13,5 отсто во март 2023 година, објави Евростат. Ова го доближи мартовскиот раст до јули 2021 година, кој беше 0,8 отсто. Стапката на инфлација на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога беше највисока од 17,4%, по значителното зголемување кое започна од 2% во октомври 2021 година. Иако растот на цената на кафето е ...

За наставните програми, фондот на часови и учебниците што ги употребуваат на часовите разговараа денеска наставници по македонски јазик од основни и средни училишта во Скопје, на трибина што ја организираше Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Скопскиот универзитет по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај. Учесниците на трибината сметаат дека покрај вежбите што се застапени во учебниците, во практичната ...

Семејства или поединци често сонуваат за посета на атрактивни туристички локации на планетата Земја, а кога сонот се остварува, тогаш чувството не може да се опише. Такви се впечатоците на битолското семејство Игор, Весна и Филип Неделковски по престојот во Свалбард, последно населено место на северниот дел од планетата Земја, но и по престојот во Силфра, на Исланд, место каде се спојуваат две тектонски плочи од земјината топка, евро-азиската ...

Ова се сцени од поларната светлина што синоќа можеше да се видат на небото над Хрватска. Црвената боја преовладува „Имаше серија силни ерупции од сончевите дамки, имаше силно коронално исфрлање. Тој материјал стигна до Земјата за два дена, ја предизвика поларната светлина која сега е видлива со голо око. Тоа требаше да се случи пред утрото, но тоа веќе е видливо. Фантастична активност“, рече Борис Штромар, раководител на Астрономското ...

Претседателот на ДИК Александар Даштевски денеска ги објави претседателските избори за завршени и константираше дека за Гордана Силјановска Давкова е нов шеф на државата, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата, а уверението на Силјановска Давкова ќе и биде ...

По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно. Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме. -Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто ќе имаат свое обраќање. Маршот ќе започне од пред седиштето на ...

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник. Прогноза за 13.05.2024 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 18°C до 25°C Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Планината Кучај ја крие единствената прашума во Србија. А со овој феномен, истокот на нашите соседи уште еднаш ја покажува својата посебност. Овој посебен природен резерват со темна букова шума се наоѓа на 640 до 800 метри надморска височина и е скриен скапоцен камен сè уште непознат за голем број луѓе. До Винатовача е многу тешко да се стигне. Од Деспотовац, преку Лисин по макадам, 15 километри до самиот центар на планината Кучај, а всушност ...

Белгија стана првата земја во светот која усвои закон за договори за вработување на сексуалните работници, пишува Телеграф. Според законот, ако сексуалната работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во текот на шест месеци, макрото може да иницира интервенција на државен посредник, но не може да ја отпушти работничката. Исто така, сексуалните работници би имале право на здравствено осигурување, пензии, семејни парични надоместоци, годишен ...

Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните 321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28