„Секој ден барем 30 минути полнење на душата и тајм аут од стресови“ -Кои се вашите утрински ритуали и навики? Секое утро е борба со алармот, потоа нормално урбана медитација со утринско кафе. Првото кафе го пијам сам, затоа што тоа ми е моментот каде ги правам сите работни планови. Второто со колеги каде дискутираме за агендата и идните проекти. -Како тече еден ваш работен ден? Mојот просечен ден на работа, го започнувам со проверка на ...

Во борбата против топлината, исхраната може да игра голема улога. Треба да се избегнува „тешка“, мрсна и претерано зачинета храна, но затоа има намирници кои треба да се консумираат што почесто и во поголеми количини. Овие денови дневните температури надминуваат 30 Целзиусови степени. Сладоледите и замрзнатите десерти можат да делуваат како одлично освежување, но ефективни се само во моментот – веќе по 15 или 20 минути ефектот е сосема ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...

Економско заживување, зголемување на пензиите и платите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на ...

Христијан Мицкоски ќе биде 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата. Новата Влада што ја предлага Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Во новиот владин состав ќе има 20 мажи и само три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Најстариот има 66 години, а најмладиот 33. Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ...

Пасијата кон колекционерството и пишаниот збор гостиварецот Јанко Билбилоски ги преточува во уникатна домашна библиотека, за која е премалку да се каже дека е богата со книги од секакви жанрови, ретки, а и први изданија, на различни јазици. За да ја почувствувате магијата на ова катче, сместено во селото Беловиште, треба да се најдете опколени со сите тие книги, грижливо и педантно подредени на полиците според тематиката, периодот на издавање, ...

Деновиве термометрите ќе покажат температури повисоки од 30°С. Во такви денови, важно е да внимавате да не поминувате премногу време на отворено, да немате многу ненадејни премини од климатизирана просторија на надворешна температура, како и да се заштитите од силната сончева светлина. Никогаш не оставајте деца и домашни миленици во автомобили, правете ги собите во домот што е можно поудобни и носете лесна облека од природни материјали. Важно е ...

Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс. -Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос во сообраќајот поради неработење на семафорите, објавија медиумите. Официјално соопштение за причината од ...

Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС). Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем’. Не се знае кога проблемот би можел да се реши. Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја. Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и ...

Албанија нема официјални податоци за корисници на дрога, но експертите тврдат дека потрошувачката на наркотични супстанции достигнала застрашувачки размери, објави Топ чанел. Се проценува дека има околу 70.000 корисници, но бројките се поголеми. Уште позагрижувачка е употребата на наркотични супстанции, класични форми на канабис, но и нови дроги од страна на тинејџери и ученици, момчиња и девојчиња. „Мозокот на адолесцентите се развива а ...

Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер. „Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште ...

Денес е петок, 21 јуни 2024 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 193 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и о1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 15 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. ...

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 ...

Времето може да игра улога во предизвикување одредени здравствени проблеми. Високите температури и високата влажност се два фактори кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици за луѓето со висок крвен притисок и срцеви заболувања. Високите температури и високата влажност може да предизвикаат зголемен проток на крв кон кожата. Ова предизвикува срцето да чука побрзо бидејќи циркулира двојно повеќе крв во минута отколку во нормален ...

Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто. Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your ...

Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент не може да се користат. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. ...

Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Сè – од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Вредноста на СМК за јуни 2024 година во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари зголемена е за 3.162 денари односно за 5,5 проценти. За храна и пијалоци синдикалата кошница ...

Од денеска до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша договор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој вклучува ветување за взаемна одбрана, што е еден од најзначајните потези на Русија во Азија во последните години. Путин рече дека Русија и Северна Кореја ги подигнале меѓудржавните односи на „ново ниво“, ветувајќи дека ќе си помагаат меѓусебно доколку некоја од нациите биде нападната во новото партнерство објавено за време на посетата на ...

Децата единци често се соочуваат со посебен надзор и предизвици во нивните семејства. Овие предизвици, за разлика од оние што ги доживуваат децата со браќа и сестри, се особено изразени. Често, родителите на единците се посветуваат целосно на нив, што може да создаде дополнителен притисок врз детето. Недостаток на споредба Без браќа и сестри, единците не можат да ги споредат нивните перцепции за семејните настани или да бараат поддршка. Во ...

Континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа е императив во борбата за намалување на загубите на вода од извор до чаша, која согласно податоците за 2023 година на ниво на цела држава во просек изнесува над 60 проценти. Ова беше истакнато на 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG (European water regulators), што се одржува денеска во Скопје. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и услуги ...

Гостиварци изминатиот период секојдневно реагираат на преполни контејнери и насобрано ѓубре околу нив од каде се шири и непријатна миризба. Реакциите доаѓаат речиси од сите делови на Гостивар, но особено се нагласени оние од периферните населби како Малеарди, Дутлок и други, во кои се споделува дека подолго време отпадот стои и само се натрупува. Според надлежните во ЈП „Комуналец“ , застојот во празнењето на контејнерите и расчистување на ...

Во пресрет на христијанскиот празник Задушница кој се одбележува во знак на сеќавање на починатите, Гостиварското архиерејско намесништво ги информира верниците за распоредот на свештените лица на вечните почивалишта во Гостивар. „Дежурни свештеници во петок (21.06.2024) на старите градски гробишта ќе има од 10 до 14 часот, а на новите гробишта и најновата парцела во Млаки од 11 до 13 часот. Во сабота (22.06.2024) на старите гробишта свештеник ...

Пријави за видени змии се евидентираат и во населени места, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК), нагласувајќи дека нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување. Од ЦУК замолуваат за разбирање, зашто во сезона на пожари, како што велат, пожарникарите не можат да се користат секогаш плус и за специфични други случаи. „Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, ...

Возило удрило во мечка на патот Гостивар-Охрид, при што животното било усмртено. Повредени луѓе во несреќата нема. Во продолжение информацијата од ЦУК за сообраќајката: „Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. ...

Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во ...

Република Словенија изминативе години за македонските студенти стана една од најпосакуваните земји за студирање. Идните студенти се одлучуваат за тамошните универзитети поради привлечните струки, условите коишто ги нудат и перспективите што понатаму им се отвораат. Дваесет и три годишната Анастасија Јосифовска од Гостивар е една од повеќето млади чиј избор за високо образование паднал на словенечки универзитет. Таа дипломирала инженерство по ...

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, откако во неделата вечерта Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди петнаесетте членови. Мицкоски нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, бидејќи како што рече, изминативе седум години земјава била заробена од неколкумина властодршци. – Штотуку ја поднесов ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
48%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
0.48
60%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
55%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.76
78%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
64%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
73%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
49%
1017
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
87%
1018
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62