Кинеската тенисерка Женг Кинвен, актуелна олимписка шампионка, ќе направи кратка пауза од настапите на ВТА турнејата, откако беше подложена на операција на десниот лакт. Женг, која има 22 години, неодамна беше елиминирана уште во првото коло на Вимблдон од страна на чешката тенисерка Катержина Синјакова. Овој неуспех дојде по успешната 2023 година, кога Женг го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, а во почетокот на 2024 година ...

Женската младинска репрезентација на Македонија го освои претпоследното 23. место на Европското првенство во Црна Гора, со победа над Литванија со 39-38. Нашите ракометарки во неколку наврати имаа високо водство, но како предвреме да почнаа да слават, па шампионатот го завршија со минимална победа. Литванија имаше шанса да извлече реми и да се бори потоа за победа, но Софи Гошевска го одбрани последниот напад на ривалот. Најдобри стрелци кај ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Ереван на седумнаесеттото место, откако ја победи Словачка (65-64) во мечот за пласман. Нашиот национален тим до победата дојде во последниот квартал. Имаше Македонија блесок во вториот период кога избега двоцифрено, но лошата трета четвртина ни донесе драма и неизвесен финиш. Во последните минути кога се „кршеше“ резултатот, ...

Потенцијалниот трансфер на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг во Арсенал се наоѓа на работ да пропадне. Португалскиот клуб останува цврсто на својата позиција – бара минимум 80 милиони евра за да се раздели со 27-годишниот голгетер, додека од Арсенал веќе шест дена нема никаков сигнал или понатамошен чекор. Првичната понуда на „топчиите“ изнесувала 55 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси, но Спортинг дури не ја разгледал ...

Кошаркарот на Далас Маверикс, Клеј Томпсон, уште еднаш потврди зошто важи за еден од најдобрите шутери во историјата на НБА. Во текот на подготовките за новата сезона, 35-годишниот бек одржа индивидуален шутерски тренинг кој го воодушеви кошаркарскиот свет. Томпсон успеа да погоди дури 72 тројки по ред од истата позиција – ќошот. Со прецизност и ритам што потсетуваат на машина, без промашување, го демонстрираше своето чувство за шут и техничка ...

Навивачите на евролигашот Макаби од Тел Авив ѝ порачаа на управата дека е крајно време да замине од клубот, затоа што сметаат дека не создаваат конкурентен тим за елитното натпреварување. Овие пораки доаѓаат откако најголемиот ривал, Хапоел, поптиша со искусниот српски плејмејкер Василије Мициќ, па на виделина излегоа и другите проблеми кои се провлекуваат во таборот на „израелската гордост“. „Драги господа, вие навистина мора да заминете од ...

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го запиша својот прв настап за швајцарскиот Лугано во контролен натпревар против италијанскиот тим Про Верчели. Средбата заврши со победа од 2-0 за швајцарскиот претставник. Алиоски настапи со голема енергија и сигурност, покажувајќи дека брзо се адаптира на новата средина. Ова е охрабрувачки старт за играчот и неговиот клуб пред почетокот на новата сезона, а се очекува тој да има важна улога во тимот ...

Со стартот на подготовките за сезоната 2025/26, второлигашот Охрид влезе во ново поглавје исполнето со енергија, посветеност и љубов кон фудбалот. Тимот веќе тренира со висок интензитет, со јасна цел – да ја донесе радоста на фудбалот назад во градот крај езерото. Охрид летово се засили со Кофиловски, Глигоров, Димитриевски, Симевсми, Попоски и Серафимов. Во следните недели ќе се одиграат неколку контролни натпревари кои ќе бидат клучни за ...

Екипата на Пелистер продолжи со пријателски мечеви и во Битола ги одмери силите со Трајал Крушевац од Србија. Новиот тренер Димитар Капинковски ги проба повеќето играчи, а мечот заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат 0-0. Ова беше втор контролен дуел за „зелените“, по оној со Струга Трим Лум. Здравковиќ и Ристовски, кои дојдоа оваа недела, не добија шанса, а радува доброто издание на повеќето млади фудбалери во ростерот. Капинковски и ...

Американецот со азербејџански пасош, Донта Хол, официјално го засили грчкиот евролигаш Олимпијакос. Хол пристигна од екипата на Басконија, која за трансферот доби сума од 600.000 евра и потпиша тригодишен договор со вкупна заработка од 2,5 милиони евра. Доскорешниот играч на Басконија минатата сезона имаше просек од 7,4 поени и 5,2 скока во домашното првенство, а во Евролигата беше нешто подобар, со учинок од 8,7 поени и 5,4 скокови по ...

Крилниот фудбалер на австралската репрезентација, 19-годишниот Нестори Иранкуда, е ново засилување на англискиот второлигаш Вотфорд, откако пристигна од редовите на Баерн Минхен. Иранкуда потпиша договор на пет години, а според информациите трансферот изнесува околу три милиони евра. Младиот талент минатата година се пресели од Аделаида Сити во германскиот гигант во рекорден трансфер за еден австралиски клуб, но не доби шанса да дебитира за ...

Екипата на ФЦСБ е следен ривал на Шкендија во Лигата на шампионите, а тимот го одигра лигашкиот меч во рамки на 2. коло од романскиот шампионат и дојде до првата победа. ФЦСБ имаше тешко гостување кај Петролул Плоешти, а мечот заврши со триумф на екипата од Букурешт со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Флорин Танасе во 75-тата минута од мечот. Ова беше подготвителен меч за ФЦСБ за мечот со Шкендија во ЛШ, кој се игра во Скопје во вторник од ...

Со почетокот на новата сезона, Реал Мадрид влегува во нова ера со освежена лидерска структура. По заминувањето на Лука Модриќ и Лукас Васкез, капитенската улога ќе ја преземе Дани Карвахал, секогаш кога ќе биде на теренот. Искусниот десен бек, родум од Леганес, ќе ја дели оваа одговорност со уште тројца соиграчи – Феде Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жуниор. Според очекувањата, Валверде ќе добие значителна минутажа, особено додека Карвахал ја ...

Фудбалскиот клуб Шкупи го потврди назначувањето на Флорим Муча за нов генерален директор, кој се враќа во чаирскиот прволигаш по нешто повеќе од една година. Со претходно искуство во спортски и менаџерски структури, Муча доаѓа со јасна визија за стабилизирање и унапредување на функционирањето на клубот, како на теренот, така и надвор од него. Фокусот ќе биде ставен на унапредување на спортската инфраструктура, професионализација на управувањето ...

Швајцарска Лозана одигра последен контролен натпревар пред официјалниот старт на новата сезона против белгискиот РВДМ Брисел. Натпреварот се одигра во проширен формат од 120 минути, а и покрај добрата игра во поголемиот дел од мечот, тимот од Швајцарија загуби со 2-4. Лозанскиот состав беше доминантен во првото полувреме, создавајќи неколку прилики преку Диаките и Кустодио, но недостасуваше реализација. Противничкиот тим успеа да поведе преку ...

Италијанскиот прволигаш Болоња денеска официјално го претстави Федерико Бернардески како најново засилување во тимот. 31-годишниот офанзивец пристигнува како слободен агент откако неодамна го раскина договорот со канадскиот клуб Торонто. Со тоа, „рособлу“ продолжуваат со амбициозната трансфер-стратегија, откако претходно го ангажираа и напаѓачот Чиро Имобиле, кој исто така пристигна без обештетување по заминувањето од турскиот Бешикташ. ...

Исландската ракометна легенда Арон Палмарсон ќе се прости од активната кариера со посебен натпревар што ќе се одржи во петок навечер, на 29 август, во салата Каплакрика во Хафнарфјордур. Како дел од своето проштално чествување, Палмарсон ќе настапи за два тима – својот матичен клуб Хафнафјердур и унгарскиот ракометен гигант Веспрем, каде што помина значаен дел од својата блескава кариера. Натпреварот ќе претставува симболично збогување со играч ...

Белгискиот голман од редовите на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го продолжи договорот со „кралскиот“ клуб и ќе остане верен на белиот дрес најмалку до 2027 година. Претходната соработка истекуваше следното лето, па затоа управата реши да повлече потег и да го задржи кај себе одличниот чувар на мрежата. Куртоа е во Мадрид од 2018 година и беше еден од најзаслужните за многу освоени трофеи, меѓу кои и два во Лигата на шампионите. Трипати триумфираше во ...

Анадолу Ефес и тренерот Игор Кокошков добија уште едно одлично засилување за следната сезона. Клубот го потврди доаѓањето на турскиот репрезентативец, Шемхус Хазер, кој минатата година играше за Башахшехир. Просечно бележеше 10,4 поени, 2,5 скока и 2,6 асистенции во првенството, додека во Еврокуот постигнуваше 9,6 поени, три асистенции и 2,6 скока по натпревар. 26-годишниот Хазер е висок 191 сантиметар и ги покрива бековските позиции. Со Ефес ...

Управата на новиот европски шампион, Фенербахче, го продолжи договорот со капитенот на тимот, Мелих Махмутоглу. Кошаркарот е во Фенербахче од веќе далечната 2013 година, што значи дека следната сезона ќе биде тринаесетта за него во овој дрес. Минатата година не играше премногу поради неколкуте повреди што го мачеа, но сепак забележа солиден просек од 9,6 поени во домашното првенство. Махмутоглу е двократен европски шампион со Фенер, а исто така ...

Иранецот Саид Хаидарирад го напушти белградски Партизан и од следната сезона најверојатно ќе настапува за македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер, јавува „Моцартспорт“. Чуварот на мрежата имаше важечки договор со „црно-белите“, но го раскина и реши да ја напушти Србија и можно е да се пресели во Битола, каде повторно би имал можност да настапува во Лигата на шампионите. Според изворот, преговорите се во тек и наскоро се очекува потврда на ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш одигра повеќе од успешен пријателски натпревар со турскиот суперлигаш Анталијаспор и победи со убедливи 2-4! Избраниците на тренерот Ѓорѓи Мојсов беа во одличен ритам и постигнаа „покер“ од погодоци, а во листата на стрелците се запишаа Љоренте, Стојанов, Мишов и Спасов. За одличното издание на кавадарчани доволно говори и бесната реакција на тренерот Емре Белозоглу, кој имаше што да им каже на своите фудбалери по ...

Кевин де Брујне ќе ја носи „десетката“ во Наполи, бројот што клубот своевремено го повлече во чест на иконата Диего Армандо Марадона. Белгиецот ова лето го напушти Манчестер Сити по цела деценија и се реши за нов предизвик во Неапол, а потегот да го наследи овој број предизвика силни реакции. И самиот признава дека бил изненаден што клубот му понудил да го носи дресот кој има речиси божествен статус меѓу навивачите. „Не мислам дека ќе бидам под ...

Навивачите на англискиот Њукасл Јунајтед уште еднаш ја потврдија својата безрезервна љубов за својот клуб. Дури 10.000 членови на популарната „Toon Army" отпатуваа на пријателски натпревар во Глазгов, каде нивните миленици се сретнаа со екипата на Селтик. Навистина неверојатни бројки кога се работи за гостување, особено ако се земе предвид дека во прашање е обичен контролен меч во рамките на летните подготовки. Њукасл минатата сезона ја заврши ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија од денес е посилна за уште еден центар, бидејќи Теодор Симиќ одговори на повикот на селекторот Марјан Илиевски. Во „базата“ во Гевгелија со задоцнување пристигна овој млад центар, па по доаѓањето ги сподели своите први импресии и очекувања. „Па, ако ништо друго, нема да имам потреба за „адаптација“ на овие услови за работа овде во Гевгелија... Пред нас е оној најважен дел до подготовките во кој треба ...

Македонските претставници во евро-куповите, Вардар и Шкендија, ги пуштија во продажба влезните билети за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите и Конференциската лига. Тетовчани информираа дека билетите се пуштени преку мрежата на „МкТикетс“, а исто така можат да се купат и во клупските канцеларии. Цената за една влезница изнесува 300 денари. Македонскиот шампион ќе се соочи со екипата на Стеауа Букурешт (ФЦСБ) на ...

Турските медиуми објавија дека Жозе Мурињо и Фенербахче добиваат две големи засилувања во еден ден и тоа двајцата доаѓаат од ПСЖ. Станува збор за Марко Асенсио и Милан Шкрињар, а двете нови имиња се очекуваат на потпис во Истанбул. Шпанското крило нема минутажа кај тренерот Луис Енрике, па затоа реши да се пресели во Истанбул, каде се очекува да биде огромно засилување. Минатата полусезона ја мина во дресот на Астон Вила, каде одигра 13 ...

Угледниот „Атлетик“ објави дека управата на шпанската Барселона веќе постигнала договор за едногодишна позајмица на Маркус Рашфорд, кој ќе пристигне од редовите на Манчестер Јунајтед. Англискиот офанзивец ќе може да остане во каталонскиот гигант ако клубот реши да го откупи неговиот договор, но сето тоа ќе зависи од прикажаниот перформанс сезонава. Самиот фудбалер веќе дал „зелено светло“ за трансферот и се очекува само да се „испеглаат“ ...

Марк Маркез победи на спринт трката за Големата награда на Чешка на патеката во Брно. Шпанскиот фаворит тргна од втората позиција, ама успеа уште во првиот круг да го мине Франческо Бањаја кој не ја одбрани пол-позицијата. Маркез успеа да победи по единаесетти пат на спринт трките, во вкупно дванаесет колку што се возеа сезонава. На второто место спринтот го заврши Педро Акоста, а на подиумот се пласира и Енеа Бастианини. Човекот кој тргна од ...

Литванскиот гигант Жалгирис ја информира јавноста дека потпишал договор со талентираниот центар Азулас Тубелис, кој добива двегодишен договор. Тубелис има 23 години и важи за еден од најдобрите играчи во својата генерација, а минатите две години ги мина во дресот на Литвос Ритас, каде просечно бележеше 12,9 поени, шест скокови и една асистенција по натпревар. Пред овој трансфер, во Жалгирис пристигнаа Најџел Вилијамс-Гос, Мозес Рајт и Дастин ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
41%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
39%
1023
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941